Тајмс сквер
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Тајмс сквер е водечка трговска раскрсница и соседство во Мидтаун Менхетен, Њујорк, кај крстосницата на Бродвеј ( сега преобразена во пешачки плоштад) и Седмата Авенија и протегнат на Запад од 42 улица до Запад на 47 улица. Тајмс сквер – крунисан во ‘’Крстосница на Светот‘‘, ‘’Центарот на Универзумот‘‘ и ‘‘Белиот Свет ‘‘ – е јасно освелтен центар на Бродвејската театарска област една од најзафатените пешачки раскрници и голем центар на светската забавна индустрија. Во согласност со испитувањето на магазинот ‘’Travel + Leisure‘‘ во 2011 година, Тајмс сквер е најпосетуваната светска туристичка атракција, пречекувајќи над 39 милиони посетители годишно. Околу 300 000 луѓе дневно поминуват низ Тајмс сквер. Во минатото Лонгејкар сквер, Тајмс сквер беше преименуван во април 1904 година откако ‘’The New York Times‘‘ (анг. Дневен весник ) ги помести своите седишта во ново изградената Тајмс зграда- сега именувана во ‘’One Times Square’’ (анг. облакодер) – место на годишното спуштање на топката на новогодишната ноќ.
Северниот триаголник на Тајмс сквер од техничка страна е Дафи сквер, посветен на црковниот слуга Френсис П. Дафи дел од пешадискиот полк ‘’Борба 69‘‘ во 1937 година. Споменик на Дафи е поставен таму, покрај статуа на Џорџ М. Кохан и ТКТС -театарот и кабината за билети .
Скалестиот црвен покрив на театарот и кабината за билети исто така обезбедува места за седење за различни настани. Статуата Дафи и плоштадот беа наведени во Нациноналниот регистар за историски места во 2001 година. Додека пак толпата надвор на Њујорк Тајмс да го следи прогресот на борбата помеѓу Џек Демси – Жорж Шапрентие во 1921 година.
Рана историја
Пред и по Американската револуција, областа припаѓала на Џон Морин Скот, генерал на Њујоршката милиција во која служел под водство на Џорџ Вашингтон. Старата куќа на Скот била таму каде што моментално е 43 улица, опкружен од околина користена за земјоделство и одгледување на коњи. Во првата половина на 19 век, областа стана една од ценетиот имот на Џон Џејкоб Астор која што стана втора среќа продавајќи многу хотели и недвижнини што се однесува на тоа како градот наеднаш почна да се проширува. Од 1872 година, градот постана центар на превозната индустрија во Њујорк. Областа која што претходно не беше именувана, градските власти ја нарекоа Лонгакар Сквер по Лонг Акр во Лондон, каде што превозот на трговијата беше центрирана.
Ран 20-ти Век
Во 1904 година, издавачот на Њујорк Тајмс Адолф С. Окс го помести изработуваето на весникот во нов облакодер на 42та улица на Лонгакр Сквер. Окс го убеди градоначалникот Џоеџ б. МекКлелан Јуниор да изгради метро станица таму и областа беше преименувана во ‘‘Тајмс сквер‘‘ на 8 Април 1904 година. Само три седмици подоцна, се појави првата светлечна реклама на страната на банка на аголот на 46та улица и Бродвеј. Во согласност со Нолан, Њјујорк Тајмс во по пространи канцеларии западно од плоштадот. Зградата ‘‘Олд Тајмс‘‘ (анг. Old Times) потоа беше именувана во Елиед Кемикал (анг. Allied Chemical ) . Сега познат како Тајмс сквер, прославен по Тајмс сквер топката поставена на неговиот покрив секоја година на новогодишната ноќ.
Во 1913 година, Здружението за автпoпати Линколн, предводено од претрприемачот Карл Г. Фишер, го избра пресекот на 42та Улица и Бродвеј во југоисточниот агол на Тајмс сквер да биде источен завршеток на Линколн автопатот, првата магистрала преку Америка која првенствено спојуваше 3,389 милји (5,454 км) брег до брег преку 13 држави до неговиот западен завршеток во Линколн Парк, Сан Франциско –Калифорнија.
Како што продолжи зголемувањто на Њујорк, Тајмс сквер брзо стана културен центар полн со театри, музички сали и првокласни хотели.
Тајмс сквер брзо стана агора во Њујорк ( анг. јавно отворено познато место), место за собир и очекување на големи новости и притоа нивно прославување, без разлика дали е Светски серии или пак претседателски избори.
Познатите личности како Ирвинг Берлин, Фред Астер и Чарли Чаплин беа тесно поврзани со Тајмс свкер во 1910 и 1920те години од 20 век. Во текот на овој период областа беше именувана како Тендерлоан затоа што беше најпосакуваната локација во Менхетн. Сепак, баш во овој период областа била под опсада на криминалот и корупцијата, во форма на коцкање и проституција. Еден случај кој освоил големо внимание бил апсењето и понатамошното извшување на полицискиот офицер Чарлс Бекер.
Општата атмосфера се променила со почетокот на Големата Депресија во 1930-тите години. Тајмс сквер стекнал репутација како опасна област во следните децении. Од 1960-тите до раните 1990-ти, запуштеноста на областа, особено во го-го баровите, секс продавниците и театрите за возрасни, стана злогласен симбол на падот на градот.
Од 1980-тите до денес
Восочниот музеј ‘’Мадам Тисо’’ и ‘’Риплеј- Верувале или не!’’ , се две од поновите атракции на обновената 42 Улица.
Светла и реклами на јужниот крај на Тајмс сквер
Во 1980-тите, комерцијалното развивање на зградите (анг.- building boom) започна во западните делови на Мидтаун како дел од долгорочнот план за развој под водство на градочалниците Ед Коч и Давид Динкинс. Во средината на 1990-тите, Рудолф Џулијани направи обид да се исчисти областа, зголемувајќи ја безбедноста, затворајќи ги порнографските театри, преместувајќи ги непосакуваните притисоци и со отворање на повеќе туристичко – пријателски атракции и зголемувајќи ги првокласните установи.
Застапниците на обновувањето изјавиле дека областа е побезбедна и почиста. Клеветниците пак, се спротивставија дека промените го хомогенизирале или ‘‘Дизнизирале’’ ликот на Тајмс сквер и неправедно насочиле помал приход на Њујорчани од околните области како Пеколна кујна (ang. Hell Kitchen).
Во 1990 година, државата на Њујорк презеде шест од двет историски театри на 42-та Улица,а новата невладина организација на 42-та Улица беше назначена да ја надгледува нивната реставрација и одржување. Театрите беа подложни на реновирање за шоуа во Бродвеј, преобразувања за комерцијални цели или уривања. Театрите на Бродвеј и големиот број на ЛЕД знаци веќе долго време ги направија едни од иконските слики на Њујорк и симбол на интезивно урбаните аспекти на Менхетн. Тајмс сквер е единствената област со зонски пропис каде што се бара сопствениците да прикажат осветлени знаци.
Густо населените осветлени знаци на Тајмс Сквер сега се конкуренти на ониево Лас Вегас. Официјално, знаците на Тајмс Сквер се наречени ‘‘спектакуларни ‘‘(анг. spectaculars -вид на видео бимови поставени на зградите на Тајмс Сквер) , a повеќето од нив се наречени ‘‘џамботронс’’ (анг.jumbotrons –видео бим од марката Сони).
Во истакнати знаци се вклучуваат и Тошиба билбордите директно поставени над новогодишната топка во Њујорк и искривениот знак на седмата кривина на НАСДАЌ маркетот на 4 Тајмс сквер ( име на облакодер на Тајмс Сквер) на 43-та Улица и искривениот знак на Кока – Кола поставен под друг голем ЛЕД екран во сопственост и управуван од Самсунг. Двата знака и Кока –Кола и Самсунг ЛЕД екранот беа создадени од произведувачот на монитори Дактроникс (анг. Daktronics) Првиот еколошки билборд на Тајмс сквер кој се снабдува со ветер и сончева енергија за првпат беше осветлен на 4 декември 2008 година.
Во 1992 година,со работа започна Здружението Тајмс сквер ( некогаш Областа на Тајмс сквер за Бизнис и Напредок, или пак ‘‘БИД‘‘ скратено), коалиција на градските власти и локалните бизниси посветени на подобрување на квалитетот на трговија и чистота во областа. Тајмс Сквер сега моше да се пофали со атракции како сто се АБЦ студијата на Тајмс сКвер, каде ‘‘Добро Утро Америка’’ (анг. Good Morning America) се емитува во живо, продавница за играчки ‘‘Я‘‘ и конкурентските продавници на Херши (анг. Hersheys) и М и М (анг. M&M) преку улицата една спроти друга, како и рестораните Руби Фо (анг. Ruby Foo’s – кои служат кинеска храна) , Буба Гам Шкримп Компани (анг. Bubba Gump Shrimp Company – морска храна) Планет Холивуд Ресторан (анг. Planet Hollywood Restaurant) и Бар (анг. Bar – ресторан во кој предност има ) и Карминс (анг. Carmine's –италијански ресторан) заедно со големиот број на комплексни кина. Исто така привлече голем број големи фиансиски, издавачки и медиумски фирми да го постават нивното седиште во оваа област. Поголемото присуство на полцијата ја зголеми безбедноста на областа.
Во 2002 година, градоначалникот на Њујорк Руди Џулиани, даде заклетва на функцијата до следниот градоначалник Мајкл Блумберг на Тајмс сквер, после полноќ на 1 јануари како дел од прославата на Новата 2001-2002 година. Околу 500 000 посетители беа присутни. Безбедноста беше на повисоко ниво после терористичките напади на 11 септември, 2001 година, со повеќе од 7 000 полицајци од Њујорк на служба на Плоштадот, двапати повеќе од бројот на обична година.
Од 14 август 2003 година до 15 август 2003 година, светлата на Тајмс сквер се затемнија како резултат на Североисточното затемнување во 2003 година кое опфати поголем дел од регионот и делови на Канада за повеќе од 24 часа. Струјата конечно се врати во областа вечерта во петок на 15 август.
Утрото на 6 март, 2008 година мала бомба предизвик а ситна штета ,но немаше пријавени.
На 26 февруари 2009 година, градоначалникот Мајка Блумберг објави дека сообраќајните ленти долж по Бродвеј од 42та Улица до 47та Улицаќе бидат повторно одбележани со почеток на Меморијалниот ден во 2009 година и трансформирани во пешачки плоштади барем до крајот на годината,како еден вид тест . Истото беше направено и од 33та до 35та Улица. Целта беше да се олесни сообраќајниот метеж преку Мидтаун мрежата. Резултатите требаше да бидат внимателно следени за да се утврди дали проектот работел и дали треба да се продолжи. Блумберг исто така изјави дека тој верува дека затворањето на улиците ќе го направи Њујорк по пригоден за живеење со намалување на загадувањето, намалување на пешачките несреќи и помагајќи протокот на сообраќајот да се одвива непречено. Проектот првично беше неодобрен од локалните стопанственици кои сметаа дека затворањето на улиците за автомобили ќе им наштети на бизнисите.
Оригиналните места поставени за пешаците беа евтини повеќебојни пластилни тревник –столици, извор за забава на многу њујорчани. Тоа траеше од почетокот на трансформацијата на плоштадот до 14 август, 2009 година, кога тие заедно беа заедно крстени во комплет на една инстлација ‘’Сега го гледаш, сега не‘‘ од страна на уметникот Џејсон Питерс. Иако на плоштадот имаше мешани резултати на сообраќајот во областа, повредите на возачите и пешаците беа намалени, помалку пешаци се движеа по улицата и бројот на пешаци на Тајмс Сквер се зголеми. Пластичните столчиња за кратко време беа заменети со поотпорен метален мебел и на 11 февруари 2010 година Мајкл Блумберг изјави дека пешачките плоштади ќе останат трајни.
Новогодишни прослави
Тајмс сквер е центарот на годишнато спуштање на топка на новогодишната ноќ. На 31 декември 1907 година, една топка го означила новогдишниот ден и била за првпат падната на Тајмс сквер и Плоштадот ја заземал главната прослва во Њујорк Сити отсекогаш.На таа ноќ, стотици од илјадници луѓе се собираат за да го видат паѓањето на кристалната топка поставена на врвот на зградата по повод одбележувањето на почетокот на новата година. Го замени раскошниот приказ од огномет од врвот на зградата, но беше сопрен од локалните власти поради опасност од пожар. Почнувајќи од 1908 година и по повеќе од 80 години потоа изработувачот на знакот на Тајмс сквер Арткрафт Штраус бил одговоен за спуштање на топката. За време на Втората светска војна, едноминутно молчење проследено со снимање на црковните звона го замени спуштањето на топката поради ограничувањата од воените затемнувања. Денес, ‘‘Countdown Entertainment‘‘ и ‘‘One Times‘‘ плоштадот го организираат дочекот на Новогодишната ноќ во согласност со Здружението на Тајмс сквер.
Прославувајќи го спуштањето на топката за пречекот на 2008 година беше поствена нова ЛЕД електрична тока. Топката за 2008/2009 година која што беше спуштена на новогодишната ноќ ( 31 декември, среда, 2008) за дочекот на 2009 година е поголема и стана постојана инсталација како целогодишна атракција која се користи за прослави како Денот на вљубените и Ноќта на вештерките. Во просек, околу еден милион посетители се дел од топлата на Тајмс сквер за прославите на новогодишната ноќ. Сепак, за прославата посветена на милениумот на 31 декември, 1999 година, објавените извештаи покажаа дека околу 2 милиони луѓе го преплавија Тајмс сквер, почнувајќи од 6та Авенија до 8та Авенија и цел пат назад од Бродвеј до Седумте авении до 59та Авенија правејќи го најголемиот собир на Тајмс сквер од август 1945 година сè до прославите направени по повод завршувањето на крајот на Втората светска војна.
Познато во јавноста
За Тајмс сквер е пишувано безброј пати во литературата, на телевизија , во филмовите, вклучувајќи го и филмот Тајмс сквер во 1980 година, каде се прикажува панк-рок / нов саундрак бран – во музички видео записи и од неодамна во видео игри, како ‘’Grand Theft Auto IV‘‘ каде што реакција на Тајмс сквер областа е вклучена во поставување/приспособување на измислениот амбиент на играта "Liberty City" и ‘’Battlefield 3‘‘ каде што се одвива последната борба со главниот противник во која играчот мора да го запре него од детонирање на нуклеарка на плоштадот. Тајмс сквер е исто така прикажан во видео играта ‘‘ Crysis 2‘‘ во која играчот мора да се бори против напад на воземјански сили со цел да им помогне на американските маринци да се евакуираат од подрачјето. Едно место кое се препознава веднаш на кое Тајмс сквер е често напаѓан и уништен во голем број на филмови, вклучувајќи го и ‘‘Знаејќи‘‘ (анг. Knowing), каде што сончев пламен го уништува Њујорк Сити, ‘‘Длабок Удар‘‘ (анг. Deep Impact) кога цунами предизвикано од метеорски удар го уништува Њујорк Сити, ‘‘Отпорот на Кралот Стефан‘‘ (анг. Stephen King's The Stand) каде што пресекот е совладан од страна на цела анархија, ‘’Крајот на капетанот Америка‘‘ (анг. the ending of Captain America), ‘‘Трансформери’’ (анг. Transformers) –Одмаздата на паднатите. Филмовите исто така ја прикажуваат и спротивната тактика, каде што е насликана типично суетата на областа, обично морничавата како во ‘‘Ванила Скај‘‘ (анг. Vanilla Sky), како и пост – апокалиптичниот ‘‘Јас сум легенда‘‘ (анг. I Am Legend) во кој Вил Смит и неговото куче одат на лов на елени во напуштениот пустински кањон. Тајмс сквер исто така беше прикажан на филм во 2011 година, на Новогодишната ноќ и исто така во борбена сцена во филмот ‘‘Човек-пајак‘‘ (анг. Spider-Man) на фестивалот во 2002 година.
Тајмс сквер беше употребен во 2012 каде што Претседателот на Соединетите Американски Држави ги пренесе најавите за апокалипсата. Областа беше преплавена од ‘’NYPD‘‘ службеници.