Јордан Георгиевски
Јодран Георгиевски (Скопје, 29 јануари 1981) — македонски фудбалски голман.
Лични информации | |||
---|---|---|---|
Висина | 187 | ||
Положба | Голман | ||
Клупски информации | |||
Тековен клуб | ФК Македонија Ѓ.П. | ||
Број | 10 | ||
Младинска кариера | |||
ФК Македонија Ѓ.П. | |||
Возрасна кариера* | |||
Години | Екипа | Наст. (Гол.) | |
1999 1999-2001 2001-2004 2005-2006 2006-2008 2008-2009 2009-2010 2011-2012 2012-2013 2013- |
ФК Македонија Ѓ.П. ФК Караорман ФК Работнички ФК Вардар ФК Работнички ФК Металург ФК Тетекс ФК Македонија Ѓ.П. ФК Тетекс ФК Македонија Ѓ.П. |
51 (0) 3 (0) 61 (0) 18 (0) 20 (0) 2 (0) 5 (0) | |
Меѓународна кариера | |||
2002– | Македонија | ||
*Клупски домашни лигашки настапи и голови |
Кариера
уредиСвојата кариера Јордан Георгиевски ја почнува во ФК Македонија Ѓ.П.. Додека настапува во младинските категории во клубот, обично игра на позиција лево крило, а дури подоцна како младинец станува голман. Во сезона 2001/02 преминува во Работнички, а во пролетниот дел е отстапен на двојна лиценца во Караорман од Струга. Со Караорман ќе постигне одлични резултати, кој како второлигашки клуб стигнува до 1/2 финалето на Купот на Македонија.
Јордан Георгиевски ќе остане запаметен и по тоа дека тој е првиот Македонски спортист кој беше суспендиран бидејќи во неговата крв беа најдени недозволени супстанци.