Македонски народен театар
Македонски народен театар (скрат. МНТ) — државен театар во Скопје и најстара театарска установа во Македонија.[1]
![]() | |
Кратенка | МНТ |
---|---|
Основана | 1945 |
Тип | театар, драма |
Место | ул. 11 Март бр. 3, Скопје |
Директор | Симона Угриновска |
Вработени | околу 150 |
Мреж. место | mnt.mk |
ИсторијаУреди
Основан со Одлука на Президиумот на АСНОМ (бр. 581/45) од 31 јануари 1945 година, како драмски театар во истата зграда на предвоениот Народен театар „Крал Александар I“. Во текот на првите две сезони, МНТ и функционирал како драмски театар, аво текот на наредните четири години, театарот се доорганизирал: оперскиот ансамбл бил конституиран во 1947 година (првата оперска премиера, „Кавалерија рустикана“ била изведена на 9 мај 1947 година), а балетскиот во 1949 (првата балетска премиера, „Валпургиска ноќ“ била изведена на 27 јануари 1949 година).
Ваквиот модел на театарска организација (драма-опера-балет, популарно наречен австроунгарски), е променет во 2004 година, кога МНТ го задржал драмскиот ансамбл, а операта и балетот станале посебна организација — Македонска опера и балет (МОБ).
Првиот драмски ансамбл на МНТ бил во состав:
- Димитар Ќостаров — режисер и директор на Драмата;
- Илија Милчин — глумец и режисер;
- Тодор Николовски, Петре Прличко, Крум Стојанов, Трајко Чоревски, Мирко (Тихомир) Стефановски и Благоја Црвенков — глумци;
- Томо Владимирски и Василие Поповиќ-Цицо — сценографи.
Кон овој состав се приклучиле и дваесетина членови на техничкиот и административниот персонал, кои ја опслужувале големата и исклучително функционална театарска зграда (изградена во 1927 година).
МНТ работел во истата зграда до земјотресот од 1963 година, кога таа била тешко оштетена и подоцна урната. После ова, МНТ работел во привремениот објект Театар Центар, до изградбата на новата зграда на МНТ во 1980-тите. Таа зграда денес ја користи Македонската опера и балет (МОБ), а од 2013 година, МНТ се вселува во одново изградената стара зграда (со извесни измени) на кејот на реката Вардар.
ПремиериУреди
- Антон Павлович Чехов, ''Вујко Вања'' (15 март 2015). Режија: Зоја Бузалковска; Кореографија: Александар Ацев; Сценографија: Тодор Дајевски; Дизајн на светло: Владислав Фролов; Улоги: Владо Јовановски, Никола Ристановски, Благој Чоревски, Катина Иванова, Љупка Џундева, Нино Леви, Дарја Ризова.[2]
- Морин Далас Ваткинс, Чикаго (29 декември 2015). Режија: Наташа Поплавска; кореографија: Олга Панго; диригент: Бисера Чадловска; Улоги: Јелена Ивановиќ, Арна Шијак, Тања Кочовска, Билјана Драгичевиќ и Жарко Димовски.[3] [4]
- Николај Ердман, Животот е прекрасен (15 април 2016). Режија: Александар Морфов; улоги: НИкола Ристановски, Сашко Коцев.[5]
- Роберт Урбански и Јацек Гломб, Прекината одисеја (17 септември 2016).[6]
- Андриј Жолдак, Соларис (26 септември 2016). Режија: Андриј Жолдак; Улоги: Дејан Лилиќ, Дарја Ризова, Александар Ѓорѓиески, Александар Михајловски, Арна Шијак итн.; сценографија: Моника Пормале и Андриј Жолдак; костимографија: Даниел Жолдак; музика: Владимир Кликов)[7][8]
ГалеријаУреди
Во прилог следуваат некои историски документи и фото записи од најраната историја на театарот:
НаводиУреди
- ↑ Лужина, Јелена (1996). Македонската нова драма, или, Вовед во феноменологијата на современата македонска драматургија. Детска радост.
- ↑ „Му се плашиме на Чехов, затоа го нема на сцена“, Дневник, година XIX, број 5715, петок, 13 март 2015, стр. 18.
- ↑ Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 9.
- ↑ Игор К. Илиевски, „МНТ со „Чикаго“ ќе ја гаси жедта за мјузикл“, Дневник, година XIX, број 5952, вторник, 29 декември 2015, стр. 19.
- ↑ Дневник, година XX, број 6041, петок, 15 април 2016, стр. 22.
- ↑ Дневник, година XX, број 6173, сабота, 24 септември 2016, стр. 12.
- ↑ Дневник, година XIX, број 5874, петок, 25 септември 2015, стр. 25.
- ↑ „Во МНТ вечерва македонска премиера на „Соларис“ на Жолдак“, Дневник, година XX, број 6174, понеделник, 26 септември 2016, стр. 23.
Надворешни врскиУреди
„Македонски народен театар“ на Ризницата ? |