<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

6 јануари — 6-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 359 денови до крајот на годината (360 во престапна).

Настани:

1392  Скопје потпаднало под османлиска власт и станало седиште на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак била прва организирана османлиска провинција на територијата на земјите од некогашна Југославија и база за навлегување кон север и запад.
1838  Во американскиот град Мористаун, во државата Њу Џерси, Семјуел Морзе првпат изведе јавна демонстрација на телеграфот - електричен апарат за испраќање на далечина на знаци составени од точки и цртички. Првиот телеграф е пуштен во работа шест години подоцна (1844) во САД, на линијата Вашингтон - Балтимор.
1896  Во Париз премиерно е прикажан филмот „Пристигање на воз на станицата во Ла Сиота“ (1895) од браќата Лимиер.
1916  На Бадник, кај месноста Дервишка Нива, Бугарската војска извршила колеж врз 103 жители на Поречието. Масакрираните луѓе биле фрлени во ископ.
1945  Во Скопје во присуство на околу 1.000 делегати на македонската младина од Егејска и од Пиринска Македонија, потоа претставници на советската, бугарската, грчката, албанската, српската, хрватската, словенечката и на црногорската младина, како и претставници на англиската мисија, започна со работа Вториот конгрес на Антифашистичката младина на Македонија (НОМСМ). Конгресот ја анализира состојбата во организацијата, донесе низа заклучоци и постави нови задачи. Исто така, беше упатен Проглас до младината на Македонија, повикувајќи ја на нови постигања.
1992  По успешниот референдум, прогласена е независност на Нагорно Карабах, која сѐ уште не е признаена од ниту една меѓународна организација, ниту пак држава.

Родени:

1367  Ричард II — крал на Англија.
1412  Јованка Орлеанка — француска национална хероина од Стогодишната војна (1337-1453.).
1848  Христо Ботев — бугарски револуционер и поет.
1850  Едуард Бернштајн — германски социјалдемократски теоретичар.
1883  Халил Џибран — либански поет.
1903  Валтер Ниг — швајцарски теолог.
1925  Лучано Леџосицилијански мафијаш, инспирација за романот „Кум“ на Марио Пузо.
1926  Кид Гавилан — кубански боксер.
1936  Сафет Исовиќ — босански и југословенски фолк-пејач.
1941  Милутин Бебековски — македонски поет.
1942  Јанис Бутарис — градоначалник на Солун.
1953  Томислав Ивчиќ — хрватски поп-пејач.
1953  Манфред Калц — германски фудбалер.
1956  Џастин ВелбиАрхиепископ Кантербериски, поглавар на Англиканската црква.
1961  Шабан Салиу — македонски политичар.
1963  Пол Кипкоеч — кениски атлетичар.
1973  Христина Андоновска — македонски професор.
1984  Матео Монтагути — италијански велосипедист.
1985  Валерио Ањоли — италијански велосипедист.
1994  Денис Суарез — шпански фудбалер.

Починале:

1693  Мехмед IV — отомански султан.
1882  Ричард Хенри Дана — американски писател.
1884  Грегор Мендел— австриски свештеник, биолог, ботаничар и математичар.
1904  Александар Малинов — македонски револуционер.
1949  Виктор Флеминг — американски филмски режисер.
1983  Владимир Брезовски — македонски историчар.
1987  Маргарет Лоренс — канадска писателка.
1993  Рудолф Нуреев — руски и советски балетан.
1993  Дизи Гилеспи — американски џез-музичар.
1998  Сони Боно — американски музичар и политичар.
1999  Мишел Петручијани — француски џез-музичар.
2022  Питер Богданович — американски режисер.
2023  Џанлука Вијали — италијански фудбалер.

Празници:

Бадник