Душан Влаховиќ

српски фудбалер

Душан Влаховиќ (роден на 28 јануари 2000, во Белград) — српски фудбалер, напаѓач на Јувентус и на српската репрезентацијата.

Душан Влаховиќ
Лични податоци
Роден на 28 јануари 2000(2000-01-28)(24 г.)
Роден во Белград, Србија
Држава Србија Србија
Висина &100000000000001900000001,90 м
Позиција напаѓач
Клупски податоци
Сегашен клуб Јувентус Јувентус
Број 9
Младинска кариера
ОФК Белград ОФК Белград
Партизан Партизан
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2016–2018 Партизан Партизан 21 (1)
2018–2022 Фјорентина Фјорентина 98 (44)
2022– Јувентус Јувентус 63 (29)
Репрезентација
2015 Србија Србија 15 5 (3)
2015 Србија Србија 16 3 (1)
2016-2019 Србија Србија 19 11 (6)
2019 Србија Србија 21 4 (1)
2020- Србија Србија 25 (13)
* Ажурирано на: 21 јануари 2024
** Ажурирано на: 21 јануари 2024

Технички карактeристики

уреди

Сметан за еден од најперспективните играчи на неговата генерација,[1][2] тој е напаѓач со моќна фигура, надарен со извонредна техника, кој може да игра и како прв и како втор напаѓач.[3] Има моќен и прецизен шут со неговата "левица" што му овозможува да постигнува многу голови во и надвор од шеснаесеттникот, но тој исто така е одличен изведувач на пенали и слободни удари.[3]

Клупска кариера

уреди

Партизан

уреди

Влаховиќ започнал да игра фудбал во фудбалската школа Алтина од Земун.[4] Потоа тој поминал три месеци во ОФК Белград, а одиграл и еден натпревар за јуниорите на Црвена ѕвезда.[5][6]

Во летото 2014 година дошол во Партизан.[7]

Својот прв професионален договор со Партизан го потпишал во февруари 2015, на само 15 години.[8] На почетокот на 2016 година, Влаховиќ бил приклучен во првиот тим на Партизан под водство на тренерот Иван Томиќ и го зел дресот со број 9.[9] Своето деби во првиот тим на Партизан го имал на 21 февруари 2016, во првенствениот натпревар против ОФК Белград. Тој се појавил во игра во 70-тата минута на местото на Исмаел Фофана, и така со 16 години и 24 дена станал најмладиот дебитант во историјата на клубот.[10][11] Во следното коло, Влаховиќ добил шанса да заигра и во вечното дерби, влегувајќи од клупата во 53-тата минута на местото на Валери Божинов па така станал најмладиот дебитант во натпреварите од вечното дерби, престигнувајќи го рекордот кој претходно го држел Лука Јовиќ.[12] Својот прв гол во дресот на Партизан го постигнал на 2 априла 2016, во првенствената победа на домашен терен над Радник Сурдулица со што станал најмладиот стрелец на гол во историјата на клубот (со 16 години, два месеци и пет дена).[13][14] Исто така постигнал гол и во полуфиналето на Купот на Србија, на гостувањето против Спартак Суботица кога Партизан победил со 0-3.[15] Во финалето на купот против Јавор Ивањица, во кое Партизан победил со 2-0, Влаховиќ повторно бил стрелец и го освоил својот прв трофеј во кариерата.[16]

Дебито во европските натпреварувања, Влаховиќ го имал на 21 јули 2016, во реванш натпреварот од 2. коло на квалификациите за Лигата на Европа против Заглебје во Полска.[17] Партизан бил елиминиран по изведување на пенали, па во остатокот од сезоната Влаховиќ играл само во домашните натпреварувања. Во второто коло од српското првенство, во натпреварот против Напредак на гости, Влаховиќ за првпат заиграл за Партизан као стартер.[18] Вкупно во сезоната 2016-2017 одиграл девет натпревари (без постигнат гол), помагајќи им на црно-белите да ја освојат двојната круна.[19]

Фјорентина

уреди

Во јуни 2017 година, италијанската Фјорентина официјално објавила дека го купила Влаховиќ од Партизан. Сепак, клубот од Фиренца навел во соопштението дека Влаховиќ нема да се приклучи веднаш во клубот, туку после 28 јануари 2018 кога ќе наполни 18 години.[20] Официјалната промоција во Фјорентина, Влаховиќ ја имал на 22 февруари 2018 година, а право на настап за клубот од 1 јули 2018.[21]

Во летото 2018, Влаховиќ и официјално и се приклучил на Фјорентина. Своето деби за виола го имал на 25 септември 2018, во 6. коло од Серија А, кога влегол во игра од клупата за резерви на местото на Марко Бенаси во 84-тата минута од натпреварот во кој неговиот тим бил поразен со 2-1 на гостувањето кај Интер.[22][23] Така тој станал првиот играч роден во 2000 година или подоцна кој заиграл за Фјорентина во историјата на тосканците.[24][25] Сезоната 2018-2019 ја завршил со вкупно 10 настапи за Фјорентина (сите во Серија А), а во текот на сезоната покрај за првиот тим играл и за примавера тимот на Фјорентина каде имал неколку блескави настапи.[26]

На почетокот на сезоната 2019-2020, Влаховиќ ги постигнал својте први голови (два) во дресот на Фјорентина на 18 август 2019 во победата со 3-1 над Монца во Купот на Италија. Тој влегол во игра во 74-тата минута при водство на Монца од 1-0 и со два гола во 80-тата и 86-тата минута и асистенција за третиот кој го постигнал Федерико Кјеза го свртел резултатот и и овозможил на Фјорентина да мине во следната рунда.[27] Својте први голови во Серија А ги постигнал на 10 ноември 2019 во поразот со 5-2 на гостувањето кај Каљари.[28] На 15 декември 2019, Влаховиќ повторно бил стрелец влегувајќи од клупата, постигнувајќи го изедначувачкиот гол за Фјорентина по една соло акција во 92-рата минута од натпреварот против Интер на Артемио Франки што завршил 1-1.[29][30] Сезоната ја завршил со 6 гола во 30 настапи во првенството.

Во сезоната 2020-2021, Влаховиќ го зел дресот со број девет, и нашол се повеќе простор играјќи како стартер, особено по доаѓањето на Чезаре Прандели на кормилото на клубот од Фиренца.[31][32] На 22 декември 2020, тој го постигнал првиот гол по само три минути игра придонесувајќи за убедливиот успех во Торино против Јувентус (0-3), што значело прва победа на „виолетовите“ во домот на нивниот голем ривал после 12 години од последниот ваков успех.[33][34] На 13 март 2021, тој го постигнал својот прв хет-трик во кариерата (станувајќи петти српски играч кој успеал тоа да го направи во Серија А), во првенствениот натпревар против Беневенто (1-4).[35][36] Како сезоната се ближела кон самиот крај така растела формата на Влаховиќ; на 11 април напаѓачот постигнал два гола во поразот на неговата екипа на домашен терен од Аталанта (2-3), а на 25 истиот месец повторно бил стрелец против Јувентус реализирајќи пенал со паненка.[37] Во мај, последниот месец од сезоната, Влаховиќ постигнал два гола во ремито 3-3 на гостувањето кај Болоња и уште два гола во победата со 2-0 на домашен терен против Лацио. Сепак и покрај одличната сезона на србинот кој постигнал 21 гол во првенството,[36] Фјорентина имала уште една во низа разочарувачки сезони завршувајќи на 13-тото место. По завршувањето на првенството, Влаховиќ ја добил наградата за Најдобар млад фудбалер во Серија А.[38]

Неговата добра форма продолжила и во сезоната 2021-2022, постигнувајќи гол во натпреварот од првото коло на Купот на Италија против Козенца (4-0).[39] Својот прв гол во првенството го постигнал на 28 август 2021 против Торино.[40] На 12 септември, тој постигнал два гола од пенал за Фјорентина во гостинската победа над Аталанта (1-2),[41] додека, на 30 октомври, тој го постигнал својот втор хет-трик во италијанската најсилна дивизија против Специја (3-0).[42] На 20 ноември, тој постигнал два гола во победата со 4-3 на домашен терен над лидерот на табелата Милан нанесувајќи им го првиот пораз во првенството.[43] Под водството на новиот тренер Винченцо Италијано, Влаховиќ играл подобра сезона од претходната постигнувајќи 20 голови само во првиот дел од сеозната во 24 настапи во првенството и купот, што довело до огромен интерес за него од неколку големи европски клубови меѓу кои најзаинтересирани биле Арсенал и Јувентус.[44][45]

Јувентус

уреди

На 28 јануари 2022, на својот 22-ри роденден, Влаховиќ потпишал за Јувентус за 70 милиони евра (плус 10 милиони евра во бонуси),[46][47] откако го одбрал клубот од Торино пред Арсенал,[48] кои исто така доставиле официјална понуда до Фјорентина и играчот. На 6 февруари, тој постигнал гол на своето деби во црно-белиот дрес, отворајќи го резултатот во првенствениот натпревар на домашен терен против Верона добиен со 2-0;[49] четири дена подоцна, во првиот натпревар од Купот на Италија во дресот на Јувентус, во самата завршница по неговиот удар топката го погодила Руан Тресолди и завршила во мрежата, автогол кој им донел победа на бјанконерите од 2-1 над Сасуоло и пласман во полуфиналето.[50] На 22 февруари, тој го имал своето деби во Лигата на шампионите, во првиот натпревар од осминафиналето на гостински терен против Виљареал (1-1):[51] откако постигнал гол за 0-1 по само 32 секунди од почетокот на натпреварот, тој станал првиот играч на Јувентус кој постигнал гол на своето деби во нокаут фазата од Лигата на шампионите и втор најбрз, по Алесандро Дел Пјеро (20"), а исто така и втор најбрз стрелец на своето деби во ова натпреварување, заостанувајќи само зад Евгениј Конопљанка (19").[52] Четири дена подоцна, тој постигнал два гола во победата на гости против Емполи (2-3).[53]

Репрезентативна кариера

уреди

Откако ги претставуваше селекциите на Србија под 15, под 16 и под 19 години, на 6 септември 2019 година, тој дебитирал за српската репрезентација под 21 година во поразот со 1-0 на гости против врсниците од Русија.[54]

Своето деби во сениорската репрезентација го имал на 11 октомври 2020 година, на 20-годишна возраст, во поразот со 0-1 од Унгарија во Белград во УЕФА Лигата на нации.[55] Последователно во истото натпреварување, на 18 ноември, играјќи за прв пат како стартер, тој го постигнал својот прв гол за државната репрезентација, во победата со 5-0 на домашен терен против Русија.[56]

Хронологија на репрезентативните настапи

уреди
Хронологија на настапи и постигнати голови за националната селекција ― Србија
Дата Град Домашни Резултат Гости Натпреварување Голови Инфо Детали
11-10-2020 Белград Србија   0 – 1   Унгарија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   66'
14-10-2020 Истанбул Турција   2 – 2   Србија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   75'
15-11-2020 Будимпешта Унгарија   1 – 1   Србија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза -   79'
18-11-2020 Белград Србија   5 – 0   Русија УЕФА Лига на нации 2020-2021 - Прва фаза 1   60'
24-3-2021 Белград Србија   3 – 2   Ирска Квал. за СП 2022 1   82'
27-3-2021 Белград Србија   2 – 2   Португалија Квал. за СП 2022 -   46'
30-3-2021 Баку Азербејџан   1 – 2   Србија Квал. за СП 2022 -   86'
1-9-2021 Дебрецин Катар   0 – 4   Србија Пријателска 1
4-9-2021 Белград Србија   4 – 1   Луксембург Квал. за СП 2022 -   70'
7-9-2021 Даблин Ирска   1 – 1   Србија Квал. за СП 2022 -   70'
9-10-2021 Луксембург Луксембург   0 – 1   Србија Квал. за СП 2022 1
12-10-2021 Белград Србија   3 – 1   Азербејџан Квал. за СП 2022 2   88'
11-11-2021 Белград Србија   4 – 0   Катар Пријателска 1   46'
14-11-2021 Лисабон Португалија   1 – 2   Србија Квал. за СП 2022 -
Вкупно Настапи 14 Голови 7

Статистика

уреди

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 15 декември 2019.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2015-2016   Партизан СЛ 14 1 КС 4 2 - - - - - - 18 3
2016-2017 СЛ 7 0 КС 1 0 ЛЕ 1 0 - - - 9 0
Вкупно Партизан 21 1 5 2 1 0 - - 27 3
2018-2019   Фјорентина А 10 0 КИ 0 0 - - - - - - 10 0
2019-2020 А 30 6 КИ 4 2 - - - - - - 34 8
2020-2021 А 37 21 КИ 3 0 - - - - - - 40 21
2021-јан. 2022 А 21 17 КИ 3 3 - - - - - - 24 20
Вкупно Фјорентина 98 44 10 5 - - - - 108 49
јан.-јун. 2022   Јувентус А 15 7 КИ 4 1 ЛШ 2 1 СИ - - 21 9
2022-2023 А 3 3 КИ 0 0 ЛШ 0 0 - - - 3 3
Вкупно Јувентус 18 10 4 1 2 1 - - 24 12
Вкупно во кариерата 137 55 19 8 3 1 - - 159 64

Титули

уреди

Клупски

уреди

  Партизан

уреди
2016–2017
2015–2016, 2016-2017

  Јувентус

уреди
2023-2024

Индивидуални

уреди
Најдобар млад играч: 2020-2021
2021-2022 (4 гола)

Наводи

уреди
  1. Tor-Kristian Karlsen (29 април 2021). „Haaland, Sancho, Foden, Fati lead the 39 best male players age 21 or under“ (англиски). Посетено на 22 февруари 2022.
  2. Conor Pope (14 јануари 2022). „Best young players in the world 2022: 22 players under 22 who will dominate this year“ (англиски). Посетено на 22 февруари 2022.
  3. 3,0 3,1 „Dusan Vlahovic: storia, ruolo e caratteristiche tecniche“. Посетено на 2022-01-28.
  4. „Upoznajte novog Ibrahimovića: Dušan Vlahović – Partizanova haubica iz Zemuna! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 23 мај 2015. Посетено на 5 декември 2019.
  5. „OFK Beograd i Dinamo u finalu Turnira prijateljstva“. mozzartsport.com. 20 јуни 2014. Посетено на 5 декември 2019.
  6. Партизанов бисер Влаховић: Тата је одлучио да одиграм једну утакмицу за Звезду. Sportski žurnal. 21 мај 2016. Посетено на 5 декември 2019.
  7. „Dušan Vlahović za BUTASPORT.RS: Ponosno nosim Partizanov grb na srcu“. butasport.rs. 3 февруари 2016. Архивирано од изворникот на 2016-02-08. Посетено на 5 декември 2019.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
  8. „Jedinstven slučaj u istoriji Partizana: Dušan Vlahović najmlađi profesionalac u Humskoj 1“. mozzartsport.com. 14 February 2015. Посетено на 21 February 2016.
  9. „Nova "devetka" Partizana - najmlađa do sada!“. mondo.rs. 12 February 2016. Архивирано од изворникот на 2019-07-08. Посетено на 21 February 2016.
  10. „Vlahović ušao u istoriju Partizana!“. sportske.net. 21 February 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 21 February 2016.
  11. „Vlahović za istoriju“. mozzartsport.com. 21 февруари 2016. Посетено на 21 февруари 2016.
  12. „Nikad niko mlađi u večitom derbiju...“. mozzartsport.com (српски). 27 февруари 2016. Посетено на 27 февруари 2016.
  13. „Dečak je postao muškarac! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 2 април 2016. Посетено на 2 април 2016.
  14. „Partizan – Radnik 3:2 (0:2)“. partizan.rs. 2 април 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 5 декември 2019.
  15. „Spartak – Partizan 0:3 (0:1)“. partizan.rs. 20 април 2016. Архивирано од изворникот на 2019-04-13. Посетено на 22 април 2016.
  16. „KRAJ: Partizan - Javor 2:0, Vlahović zagrlio trofej (VIDEO)“. mozzartsport.com. 11 мај 2016. Посетено на 12 мај 2016.
  17. „Zaglebie Lubin – Partizan 0:0“. partizan.rs. 21 July 2016. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 2 August 2016.
  18. „Влаховић стартер за Партизан први пут у каријери у 20. мечу“. Sportski žurnal. 4 август 2016. Посетено на 2 септември 2016.
  19. „Dusan Vlahovic“. transfermarkt.com. Посетено на 5 декември 2019.
  20. „Posle Milenkovića i Dušan Vlahović u Firenci!“. mozzartsport.com. 23 јуни 2017. Посетено на 5 декември 2019.
  21. „Vlahović dobio broj 18 u Firenci: Navijači očekuju kombinaciju Batistute i Tonija!“. mozzartsport.com. 22 февруари 2018. Посетено на 5 декември 2019.
  22. „VAR na strani Intera, Vlahović debitovao na "Meaci". mondo.rs. 25 септември 2018. Посетено на 5 декември 2019.
  23. „Vlahović debitovao na "Meaci", Inter po navici - pobeda u završnici!“. telegraf.rs. 26 септември 2018. Посетено на 5 декември 2019.
  24. „L'esordio (quasi) da sogno di Vlahovic con la Fiorentina: è il primo '00 viola“. 26 септември 2018. Посетено на 7 април 2019.
  25. „Vlahovic, il primo classe 2000 della Fiorentina. Un esordio... alla Mlakar“. 2018-09-26. Посетено на 2019-04-07.
  26. „Kad igra sa vršnjacima radi šta hoće – Vlahovićevih 19 na 19 (VIDEO)“. mozzartsport.com. 6 јуни 2019. Архивирано од изворникот на 2019-12-05. Посетено на 5 декември 2019.
  27. „Kakav meč Dušana Vlahovića! Berluskoni i Galijani će ga sanjati večeras... (VIDEO)“. mozzartsport.com. 18 август 2019. Посетено на 5 декември 2019.
  28. „ITALIJA UPOZNALA VLAHOVIĆA: Srbin postigao prva 2 gola u Seriji A u teškom porazu Fiorentine!“. espreso.rs. 10 ноември 2019. Посетено на 5 декември 2019.
  29. „Golčina Vlahovića u 92. minutu ostavila Inter u neverici i vratila Juve na čelo! (VIDEO)“. mozzartsport.com. 15 декември 2019. Посетено на 17 декември 2019.
  30. „Vlahović oteo Interu pobedu u nadoknadi: Bivši igrač Partizana "bombom" pocepao mrežu“. telegraf.rs. 15 декември 2019. Посетено на 17 декември 2019.
  31. „Fiorentina, Prandelli: "Vlahovic crescerà ancora. Bene Castrovilli-Eysseric". Посетено на 13 март 2021.
  32. „Prandelli, Vlahovic? Pochi hanno bruciato le tappe così“. 12 јануари 2021. Посетено на 13 март 2021.
  33. „Juve-Fiorentina 0-3: Pirlo crolla allo Stadium“. Посетено на 13 март 2021.
  34. „La Fiorentina batte la Juve a Torino come nel 2008: che fine hanno fatto quei giocatori?“. 23 декември 2020. Посетено на 13 март 2021.
  35. „Vlahovic, tripletta da urlo: la Fiorentina respira, il Benevento si sveglia tardi“. 13 март 2021.
  36. 36,0 36,1 „Serie A: Benevento-Fiorentina 1-4, Vlahovic fa respirare la Viola“. Посетено на 14 март 2021.
  37. „Затоа го сакаат гигантите: Неверојатна „паненка" на Влаховиќ🎥“. 25 април 2021. Посетено на 23 јули 2022.
  38. „MVP stagione 2021/2021: Dusan Vlahovic miglior Under-23“. Архивирано од изворникот на 2022-01-25. Посетено на 2021-09-12.
  39. Michela Lanza (13 август 2021). „Fiorentina-Cosenza 4-0, è tutto facile ma si vede già l'intesa tra Vlahovic (doppietta) e Gonzalez“. Посетено на 2022-01-29.
  40. „Fiorentina - Torino (2-1) Serie A 2021“. Посетено на 2022-01-28.
  41. Sky Sport. „Atalanta-Fiorentina 1-2. HIGHLIGHTS“. Посетено на 2022-01-28.
  42. „Fiorentina-Spezia 3-0, a Italiano basta Vlahovic per battere il suo passato“ (италијански). 2021-10-31. Посетено на 2022-01-28.
  43. „Fiorentina - Milan 4-3; doppiette di Vlahovic e Ibra, primo ko per pioli“. tuttosport.
  44. „Juventus will have to see off Arsenal to win race for Vlahovic“. forzaitalianfootball.com. 3 декември 2022. Посетено на 25 јули 2022.
  45. „Juventus beat Arsenal to sign Dusan Vlahovic from Fiorentina“. ESPN. 28 јануари 2022. Посетено на 25 јули 2022.
  46. „Vlahovic è bianconero!“. 28 јануари 2022. Посетено на 28 јануари 2022.
  47. „Vlahovic ceduto alla Juventus“. 28 јануари 2022. Посетено на 28 јануари 2022.
  48. „Serie A: Real reason I rejected Arsenal, joined Juventus – Dusan Vlahovic“. Daily Post. 13 јуни 2022. Посетено на 25 јули 2022.
  49. „Subito DV7 e ZAK! 2-0 al Verona“. 6 февруари 2022. Посетено на 7 февруари 2022.
  50. „DV7 all'ultimo respiro! Juve in semifinale!“. 10 февруари 2022. Посетено на 12 февруари 2022.
  51. „Subito Vlahovic, poi Parejo. A Vila-real è 1-1“. 22 февруари 2022. Посетено на 22 февруари 2022.
  52. Luca Stamerra (22 февруари 2022). „Champions League, Villarreal-Juventus - Vlahovic esordio da record: 33" e gol al primo tocco in Champions“. Посетено на 22 февруари 2022.
  53. „Kean e doppio Vlahovic, 3-2 all'Empoli“. 26 февруари 2022. Посетено на 26 февруари 2022.
  54. „Under 21: Vlahovic e Terzic titolari nella sconfitta della Serbia“. 6 септември 2019. Архивирано од изворникот на |archive-url= requires |archive-date= (help). Посетено на 10 ноември 2019.
  55. „Fiorentina, Vlahovic valore aggiunto“. Посетено на 16 october 2020. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  56. „Vlahovic scalda il sinistro: primo gol con la Serbia per il centravanti gigliato“. Посетено на 13 март 2021.

Надворешни врски

уреди