Венко Марковски
Вениамин Миланов Тошев (Скопје, 5 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988), познат под псевдонимот Венко Марковски — македонски и бугарски поет, академик на БАН, драмски писател[1] и еден од основоположниците на современата македонска книжевност.
Венко Марковски | ||
Роден | 5 март 1915 Скопје, Кралство Србија, денес Македонија | |
---|---|---|
Починал | 7 јануари 1988 Софија, НР Бугарија |
Животопис
Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОМ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на Првото заседание на АСНОМ.
Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата „Ъ“ (ер-голем), за која тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.
Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилијата му е интернирана во Кичево.
На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 син му Миле Марковски и неговата фамилија биле протерани од Македонија во Бугарија.
Во Бугарија Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмија на науките. Има награди: „Херој на Бугарија“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „Георги Димитров“ и др.
Заради творештвото на бугарски јазик југословенските власти го прогласуваат за предавник на македонскиот народ. По 1975 бил обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБА.[2]
Според сведоштвото на Властимир Николовски, Венко на неговата сестра Дока во неговите претсмртни мигови, за неговата национална определба недвосмислено ѝ се обратил со зборовите:[3][4]
„ | Јас сум Македонец, Македонија е моја земја и таа ќе живее! Никаде, во ниту еден документ јас не потпишав дека сум Бугарин | “ |
Дока го потврдила ставот на Венко ѝ во нејзиниот разговор со Ѓорѓи Марјановиќ:[3][4]
„ | Никогаш тој не се изјаснил за Бугарин! Никогаш! Па тој ѝ се потсмеваше на Филимена, кога во Софија настојуваше да зборува бугарски! Што се мачиш, мори жено, зборувај си како што знаеш и умееш, велеше. | “ |
Творештво
Во „Народни бигори“ (1938) и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаднал под силно влијание на социјалистичкиот реализам и пишувал песни во социјал-реалистички стил посветени на Тито, додека бил на македонска страна, и некои песни посветени на Бугарската Комунистичка Партија, откако преминал на бугарска страна.
Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и други. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва во 1981.
На македонски јазик
Во Бугарија
- „Народни бигори“ (1938, издадена во Софија)
- „Огинотъ“ (1938, издадена во Софија)
- „Илиндень“ (1940, издадена во Софија)
- „Луня“ (1940, издадена во Софија)
Во Македонија
- „Елегии“
- „Гоце“
- „Чудна е Македонија“
- „Гламји“
- „Климе“
- „Над пламнати бездни“
- „Сказна за резбарот“
- „Голи оток - островот на смртта“
На бугарски јазик
- „Орлицата“ (1941)
- „Истината е жестока“ (1968)
- „Легенда за Гоце“ (драма, изведена во Народниот театар „Иван Вазов“)
- „Крвта вода не станува“ (1971, 1981, 2001 - одговор на книгата „Историја на македонскиот народ“)
- „Преданија заветни" (1979)
- „Бунтовни воштеници“, „Вековни врволици“ и „Судбовни маченици“ (Сонетни венци)
- „Голи оток" (2015)
На англиски јазик
- Goli otok - the island of death (1984)
Наводи
- ↑ Македонски писатели/Macedonian writers, Друштво на писатели на Македонија, 2004, стр. 152 - 153.
- ↑ Goli otok page XVII of introduction
- ↑ 3,0 3,1 Виолета Ачковска. „Историски и современи македонски парадокси - Случајот на Венко Марковски (5 дел)“. Македонска нација.
- ↑ 4,0 4,1 Виолета Ачковска (2009). Историски современи македонски парадокси - Случајот на Венко Марковски (PDF). Скопје: ФИЛОЗОФСКИ ФАКУЛТЕТ - СКОПЈЕ. стр. 250. line feed character во
|title=
во положба 41 (help)
Надворешни врски
- Официјална страница на Facebook
- „Огинот“[мртва врска]
- „Чудна е Македонија“, 1940
- „На истокот“, 1944
- Goli otok - the Island of Death
- „Крвта вода не станува“
- Пламен Павлов, Покаянието "Крвта вода не станува", Предговор кон книгата на Венко Марковски
- Биографија и песни од Венко Марковски, „Македонски јазик“
- 25 мај 1954 - праизведба на првата македонска опера „Гоце“ Архивирано на 15 април 2005 г., либрето Венко Марковски
- „Македонски Фауст“ Архивирано на 3 мај 2005 г.
- Младен Србиновски, „Венко е парадигма за фаустизмот“[мртва врска], Нова Македонија, Број 526
- Вени Марковски, „Спомени за дедо ми“, (бугарски)
- Крсте Црвенковски, „Случајот со Венко“, Македонски документи
- Виолета Ачкоска, „Историски и современи македонски парадокси – случајот на Венко Марковски“[мртва врска]
- Јулија Митева, „Идејата за јазикот во Македонскиот литературен кружок - естетски и идеолошки аспекти“, (бугарски)