Медицински факултет - Скопје

Медицинскиот факултет во Скопје — еден од факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.[1].

Медицински факултет - Скопје
Виддржавен
Основан1947
МестоСкопје, Македонија
ПрипадностУниверзитет „Св. Кирил и Методиј“
www.medf.ukim.edu.mk

Историја

уреди

Владата на Македонија на 6 март 1947 година донела Указ за формирање на Медицински факултет во Скопје. На 17 март била одржана првата седница на Наставничкиот совет, составен од 19 наставници избрани од Матичната комисија. За прв декан бил избран проф. д-р Стерјо Боздов, а за прв продекан проф. д-р М. Видаковиќ. Редовната настава на Медицинскиот факултет во Скопје започнала на 3 ноември 1947 година со пристапното предавање по анатомија на доц. д-р Зденко Крижан. Првите две години наставата се одвивала во бараките на Хигиенскиот завод и на Средното медицинско училиште, а во 1949 г. била изградена главната институтска зграда. Посебна зграда за Институтот за судска медицина била изградена во 1955, за патофизиологија во 1964, а за Институтот за епидемиологија во 1984 година.

Со Уредбата на Владата од септември 1947 година, бившата Земска болница во Скопје била трансформира во Медицинскиот факултет во Скопје. Во 1950 година зградата на бившиот Уред е доделена на Клиниката за гинекологија и акушерство и на Клиниката за детски болести. Во 1952 година била изградена поликлиничката зграда во која биле сместени, покрај неколкуте поликлиники, и Клиниката за детски болести и Клиниката за кожни и венерични болести, а во следната 1953 година започнала изградбата на новиот Клинички блок, со чие завршување (1956) бил добиен двојно поголем клинички простор. Во текот на следните неколку години (1957–1963) била доградена старата зграда за детски болести и во неа била сместена Клиниката за гинекологија и акушерство. Потоа биле изградени Институтот за трансфузиологија, Институтот за радиологија и Институтот за радиотерапија. Во 1978 година започнала изградбата на 3 нови згради (Инфективна клиника, Детска клиника и Кардиолошка клиника) завршени во 1986 година. Во 1982 година започнала доградбата на Хируршките клиники што траела сè до 1990 година. Во 2004 година започнала изградбата на новата Гинеколошко-акушерска клиника и кадровската состојба постигнува огромен напредок. Од 40 лекари во 1947 година, денес на Мед. ф. работат повеќе од 1000 вработени лекари, наставници и соработници, специјалисти и супспецијалисти во разни медицински дисциплини.

Во 1972, по иницијатива на Катедрата за радиологија била формирана Виша школа за радиолошки техничари, а започнала да работи во 1972/73 г. Под ова име школата работела (со прекин во 80-тите години) до 2003/04. Потоа, во согласност со ЕКТС, биле воведени студиски програми за високо образование на стручни медицински сестри и стручни медицински техничари. Наставата е организирана во модули (посебно за секоја профилирана насока), во 6 семестри. Постојат 9 модули (меѓу кои се и радиолошките технолози, а до 2003 г. радиолошки техничари). Програмата во 2006 г. е ревидирана во согласност со Прописите на Болоњската декларија.

Органи

уреди

Наставно-научен совет

уреди

Наставно-научниот совет претставува стручен орган на управување на Факултетот. Наставно-научниот совет (ННС) го сочинуваат деканот, продеканите и претставници избрани од катедрите од страна на редовните и вонредните професори и доцентите сразмерно на наставниците избрани односно распоредени во катедрите на Факултетот.

Деканат

уреди

Деканот е раководен орган. Деканот го застапува и го претставува Факултетот во земјата и во странство, во согласност со Статутот на Универзитетот. Вршењето на должноста декан е неспоиво со вршењето на друга државна функција или функција во политичка партија.

Деканат
Функција Име и презиме
Декан Проф. Д-р Светозар Антовиќ
Продекан за настава Проф. Д-р Јулија Живадиновиќ Богдановска
Продекан за специјализации и супспецијализации Проф. Д-р Симон Трпески
Продекан за наука Проф. Д-р Марија Вавлукис

Деканатска Управа

уреди

Деканатската управа е орган на управување на факултетот и има 11 члена. Деканатската управа ја сочинуваат:

  • деканот;
  • продеканите;
  • еден раководител на катедрите од хируршките гранки на медицината (хирургија, ОРЛ, офталмологија, ортопедија, анестезиологија и реанимација, гинекологија и акушерство);
  • еден раководител na катедрите од интернистичките гранки на медицината (радиологија, интерна медицина, педијатрија, дерматовенерологија, неврологија, инфектологија, онкологија, трансфузиологија, физикална медицина, психијатрија, примарна здравствена заштита);
  • еден раководител на катедрите од базичните гранки на медицината кои немаат апликативни дејности и превентивни гранки (анатомија, медицинска етика и медицинска хемија социјална медицина, епидемиологија, хигиена и медицина на трудот);
  • двајца раководители на институтите кои вршат здравствена дејност (патологија, микробиологија и паразитологија, судска медицина, патофизиологија, физиологија, фармакологија со токсикологија, имунологија, биохемија, хистологија со ембриологија, јадрена медицина);
  • претседателот на Студентскиот парламент.

Внатрешна организација

уреди

Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Машински факултет“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 932–933. Text "series " ignored (help)