Никола Саркози
Никола Саркози (француски: Nicolas Sarkozy) (роден на 28 јануари во Париз, Франција) е поранешен претседател на Франција, во периодот од 2007 до 2012 година.
Никола Саркози | |
Никола Саркози | |
23. Претседател на Француската Република
| |
Мандат 16 мај 2007 – 15 мај 2012 | |
Претходник | Жак Ширак |
---|---|
Роден | 28 јануари 1955 Париз, Франција |
Партија | Унија за популарно движење |
Сопружник | Сесил Сигане-Албенис (развод), Карла Бруни |
Религија | Католик |
Животопис
уредиПолитичка кариера
уредиСаркози бил избран на функцијата претседател по победата над кандидатката на француските социјалисти, Сеголен Ројал (Ségolène Royal) во вториот изборен круг. Пред да стане претседател, тој бил водач на десно-ориентираната Унија за популарно движење. Во периодот од мај 2002 до март 2004 година бил министер за внатрешни работи, а потоа од март 2004 до мај 2005 година бил министер за финансии, за повторно да биде назначен за министер за внатрешни работи од 2005 до 2007 година.
Во февруари 2016 година, Саркози бил на распит кај истражните судии поради обвинението за незаконско финансирање на својата претседателска кампања во 2012 година. Имено, според завршната сметка за изборната кампања, Саркози го надминал дозволениот износ на пари, одреден со француските закони.[1]
Наводи
уреди- ↑ „Никола Саркози обвинет за илегално финансирање изборна кампања“, Дневник, година XX, број 5992, четврток, 18 февруари 2016, стр. 14-15.
Оваа статија за политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |