Роберт Фишер
Роберт Џемс „Боби“ Фишер (9 март 1943 - 17 јануари 2008) беше американски шаховски велемајстор, кој во 1972 станал првиот и единствен Американец кој освоил Светско првенство во шах. Неговата победа врз тогашниот првак, Борис Спаски (СССР), имала симболична вредност и за САД, бидејќи било одржано во периодот на таканаречената Студена војна, за време на Советската шаховска доминација[1].
Детство
уредиБоби е роден во Чикаго, САД, меѓутоа на 6-годишна возраст се преселил со неговата мајка и сестра во Њујорк. Таму, како подарок добил шаховска табла/фигури од неговата сестра, по што длабоко навлегол во шахот, и следната година (на 7-годишна возраст) се зачленил во Бруклинскиот шаховски клуб. Мајка му многу го поддржувала во шахот за време на неговото детство, па дури еднаш и го однела во Русија на екскурзија со цел да игра во тамошните клубови против појаки противници во споредба од оние во САД.
Резултати
уреди- На 14-годишна возраст постанува првак на САД со освојување на Државното првенство во шах.
- Меѓу многу други турнири, во Скопје во август 1967 го освојува првото место со резултат 12 победи, 3 нерешени, 2 порази, каде што меѓу другите игра нерешено со Борче Илиевски.
- Му се пружа прилика да игра против Борис Спаски за титула ‘Шампион на светот’ во Рејкјавик во 1972. Постигнатиот резултат е 7-11-3, со што постанува првак. Мора да се спомене дека од трите порази, два биле необично предадени од страна на Боби Фишер.
1972 -
уредиЗа жал, Боби Фишер не учествуваше на Скопската Шаховска олимпијада во 1972. Всушност, тој тотално исчезнал од меѓународната сцена, цели 20 години, по првенството во Рејкјавик. Дури и не му се спротивставил на силниот кандидат Анатолиј Карпов на следното првенство во 1975. Ова ја принудила ФИДЕ да му ја одземе титулата.
Светот во тоа време се соочил со фактот дека нивниот ‘Боби’ навистина бил ексцентричен тип.
1992 -
уредиБоби пак се појавил на шаховската сцена, по неговата 20-годишна изолација, со организирана реванш партија против Спаски во Црна Гора кон крајот на 1992. Во тоа време Обединетите Нации имале спроведено санкции во тој регион, меѓу кои било вклучено и организирањето на меѓународни спортски натпревари. САД исто така го предупредиле за последиците (казни и апсење), но Фишер настојувал да продолжи со играта. Најважно за Боби било што пак го совлада Спаски 10-15-5 и добил награда од околу 3.000.000 $. Како последица од оваа партија, тој бил принуден да живее надвор од САД.
Боби Фишер починал во неговиот омилен Рејкјавик (Исланд) од бубрежна болест, покрај неговата јапонска сопруга на 17 јануари 2008[2].
Наводи
уреди- ↑ „Bobby Fischer“. Архивирано од изворникот на 2020-12-29. Посетено на 2021-02-03.
- ↑ Bobby Fischer, Troubled Genius of Chess, Dies at 64
Надворешни врски
уреди- Биографија на делата на Боби Фишер Архивирано на 5 август 2009 г. (англиски)
- Дневник весник, Статија - ПОРАДИ НАРУШЕНО ЗДРАВЈЕ Роберт Фишер наместо во затвор ќе оди во психијатриска болница Архивирано на 27 септември 2007 г. (македонски)