Брендан Роџерс (англиски: Brendan Rodgers; р. 26 јануари 1973 година) — северноирски фудбалски тренер и поранешен фудбалер. Во моментот се наоѓа на тренерската позиција на ФК Лестер Сити.

Роџерс ја започнал својата кариера како одбранбен играч во помалиот клуб Балимена Јунајтед, каде останал до осамнаесетте негови години кога потпишал професионален договор со фудбалскиот клуб Рединг каде је оостанал сè до неговите дваесет години кога се повредил на коленото и бил отсутен од фудбалскиот терен па јморал да ја заврши кариерата и се посветил на тренерската професија, играјќи уште неколку години рекреативно фудбал за помали клубови. После периодод каог во Шпанија ги проучувал реазличните тренерски методи , Жозе Мурињо го земал за тренер на младиот тим во Челзи, во 2004 година, а во 2006 година станал тренер на резервниот тим.

Од 2008 година тој ја започнал својата самостојна тренерска кариера, како менаџер на Ватфорд, за по една година да стане тренер за својот бивш клуб Рединг, но таму не се задржал долго и за шест месеци го напуштил клубот поради лошите резултати. Од 2010 година бил менаџер на велшкиот клуб Свонзи со кој се изборил за промоција во Премиер лигаи во првата сезона го заземал 11 место со тој клуб. Резултате со Свонзи го препорачале во управата на ФК Ливерпул и на 1 Јуни 2012 година станал менаџер на местото на Кени Даглиш кој со Ливерпул зацршил на 8 место. Со Ливерпул во првата сезона не остварил голем напредок во резултатите, и заземал 7 место, но бил вшечатлив напредокот на Ливерпул со многу поофанзивна и побрза игра во однос на претходната сезона, Во текот на следната сезона , три кола пред завршување на првенството, Ливерпул на изненадување на големиот број навиваќи и љубители на фудбалот бил прв на табела и после 24 година бил блиску до освојување на титулата.

Роџерс е оженет со Сузан со која има син Антони, кој е професионален фудбалер во Олдам Атлетик и ќерка Миша.

Брендан Роџерс по освојувањето на финалето на Купот на првенство со Свонси Сити против Рединг.

Детство и младост уреди

Роџерс е роден на крајбрежјето на морето, во местото Карнлох во Северна Ирска[1]. Неговиот отатко Малаки бил молер и декоратер, додека неговата мајка Кристина била волонтер во ирската католичка хуманитарна организација Трокаир. Брендан е најстариоѕ од петорицата момчиња во семејството. Неговиот помлад брат Малаки станал познат како пејач кантри-музика и моментално ја прави својата кариера во Нешвил, на американскиот среден запад[2].

Брендоновиот татко бил католик, а неговата мајка протестантка. Основното образование го завршил во училиштето "Сви свети" во Валимени. а потоа колеџот во "Сви свети" во градот. Поради тоа што татко му бил католик, а мајка му протестантка, религијата немала никакво влијание врз Брендовииот живот. Брендоновата мајка Кристина починала 2010 година, во нејзината 53 година од животот, а за брзо во септември 2011 починал и неговиот татко, на возраст од 59 години.

Наводи уреди

  1. „Rodgers: Manager“. BDFutbol. Архивирано од изворникот 15 March 2020. Посетено на 15 March 2020.
  2. „Brendan Rodger's voyage: From hills of Antrim to Anfield“. Irish Independent. 5 April 2014. Архивирано од изворникот 30 November 2020. Посетено на 8 April 2014.