Експресионизам
Експресионизам — модернистички правец во уметноста и во книжевноста со средиште во Германија, а својот врв го доживува во годините околу Првата светска војна.
Идеја и појава
уредиЕкспресионизмот тежнее кон изразување на внатрешните напнатости, екстатичности, визионерството. Во ликовната уметност се забележува посебно акцентирање на боите, а како претходник во сликарството се смета Ван Гог.
Во литературата, се одликува со истакнување на лирски и драмски форми со слободен стих, екстатичен тон, хиперболичен израз.
Експресионистите ја отфрлаат идејата за прекрасното во вид на склад, хармонија и остварено единство на надворешното и внатрешното. Затоа експресионистите ќе „запрат“ и кога нешто не е докрај доречено. Во сето ова има нешто што потсетува на романтизмот. Оваа сличност не е случајна: и двата правца се спротивставуваат на реализмот.
Експресионизмот зазема посебно место меѓу уметничките правци затоа што зафаќа релативно најшироко подрачје и остава траги сè до нашето време.
Истакнати македонски експресионисти
уредиНаводи
уредиНадворешни врски
уреди„Експресионистички слики“ на Ризницата ? |
- За книгата „Експресионизмот во македонското сликарство“ од Љ. Пауновски Архивирано на 6 април 2017 г. — Вечер