Нова социјалдемократска партија
Нова социјалдемократска партија (НСДП) е партија со социјалдемократска ориентација. Нејзин основач е Тито Петковски, кој во ноември 2005 се отцепи од СДСМ[1][2]. Моментален претседател на партијата е Горан Мисовски.
Нова социјалдемократска Партија | |
---|---|
Водач | Горан Мисовски |
Основана | ноември 2005 |
Штаб | Скопје |
Идеологија | социјалдемократија либерализам |
Полит. положба | Лево крило |
Меѓународна припадност | "Можеме" |
Европска припадност | нема |
Бои | сина, жолта |
Собрание | 2 / 120 |
Општини | 0 / 80 |
Мрежно место | |
http://www.nsdp.org.mk | |
Знаме | |
Политика на Република Македонија Политички партии Избори |
Своето основачко собрание НСДП го одржа на 30 ноември, а основачкиот конгрес на 17 декември 2005.
Според Петковски НСДП ќе посвети посебно внимание на надминувањето на сиромаштијата во Република Македонија и на заштитата на правата на работниците. Како што тој истакна на Основачкиот конгрес: „Не смее да се случи во држава, која по својот Устав е социјална, правата на работниците да бидат во втор план, а на функционерите во прв.“
На парламентарните избори во 2006 година НСДП настапи самостојно, освојувајќи 6% од гласовите и 7 пратенички мандати, но по изборите влезе во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од пратеничкиот состав на НСДП во текот на мандатот две пратенички, Јагнула Куновска и Мирјана Секуловска, преминаа во ВМРО-ДПМНЕ.
На предвремените парламентарни избори во 2008 година, НСДП настапи во коалиција со СДСМ, освојувајќи 3 мандати. Веднаш по изборите, поради незадоволство од напуштањето на коалицијата со ВМРО ДПМНЕ, партијата ја напуштија Лазар Еленовски, Веле Митановски, Вера Рафајловска и Живко Јанкуловски. Првите тројца ја формираа Социјалдемократската унија, а Јанкуловски - Партијата на обединетите демократи на Македонија.
НСДП настапи во коалицијата со СДСМ и на парламентарните избори во 2011 година, кога освои 4 мандати.
И на парламентарните избори во 2014 година настапи во коалиција со СДСМ и освои 3 мандати.
И на парламентарните избори во 2016 година во коалиција со СДСМ и освои 2 мандата.
И на парламентарните избори во 2020 година во коалиција со СДСМ и освои 2 мандата.
И на парламентарните избори во 2024 година, учествувала во коалиција со СДСМ и освои 2 мандата.