Германска работничка партија

Германска работничка партија или ДАП (германски: Deutsche Arbeiterpartei, DAP) — краткотрајна политичка партија, претходник на Националсоцијалистичка германска работничка партија или Нацистичка патија (НСДАП).

Германска работничка партија
ВодачКарл Харер (1919-1920)
Антон Дрекслер
Основана5 јануари 1919
Распуштена24 февруари 1920
Претходникнема (де јуре)
Германска татковинска партија (де факто)
НасленикНационалсоцијалистичка германска работничка партија
ШтабМинхен, Германија
Идеологијанационализам
пангерманизам
антикапитализам
антисемитизам
Полит. положбакрајна десница

Зачетоци

уреди

ДАП е формирана во Минхен на 5 јануари 1919 од страна на Антон Дрекслер и Михаел Лотер. Произлегла од „Freien Arbeiterausschuss für einen guten Frieden“, исто така формирана и водена од Дрекслер. Нејзините први членови воглавно биле колеги на Дрекслер од Минхенското железничко депо. Дрекслер бил охрабрен да ја формира ДАП од неговиот ментор, Д-р Паул Тафел, чијашто желба била да се создаде партија којашто ќе биде и во допир со масите и националистичка, за разлика од среднокласните партии. Почетното членство броело околу 40 луѓе.

Адолф Хитлер се приклучува кон ДАП

уреди

Адолф Хитлер, тогаш десетар во германската армија, добил наредба да шпионира во ДАП во септември 1919 година. Посетил собир и влегол во жестока расправија со еден од членовите на партијата. По овој инцидент, Антон Дрекслер бил импресиониран од говорничките способности на Хитлер и го поканил да влезе во партијата. По некое размислување, Хитлер ја прифатил поканата и станал 555-ти член на 19 октомври (всушност, тој бил 55-тата личност што се зачленила во ДАП; бројот на членовите почнувал од 500 за партијата да изгледа поголема). Хитлер набргу се издигнал до водството, станувајќи 7-ми член на централниот комитет (подоцна се обидел да ја фалсификува историјата, тврдејќи дека бил член бр. 7 за да изгледа дека тој ја основал партијата).

Од ДАП до НСДАП

уреди

Под влијание на Хитлер, мала група од членовите набргу потпаднале под неговите сфаќања. Во обид да ја направи партијата попривлечна за поголеми сегменти од општеството, ДАП била преименувана во „Националсоцијалистичка германска работничка партија“ на 24 февруари 1920. Името било позајмено од друга тогашна австриска партија (Deutsche Nationalsozialistische Arbeiterpartei), иако Хитлер претходно предложил партијата да се вика „Социјална револуционерна партија“.

Членство

уреди

Хитлер бил 55-ти член на партијата, а пред него познати членови се:

Поврзано

уреди