Никица Калоѓера
Никица Калоѓера (хрватски: Nikica Kalogjera, р. 19ти мај 1930 во Белград - п. 27ми јануари 2006 во Загреб) е хрватски композитор на забавна музика, диригент, аранжер и продуцент.
Никица Калоѓера | ||
Роден | 19 мај 1930 Белград | |
---|---|---|
Починал | 27 јануари 2006 Загреб, Хрватска | (возр. 75)|
Занимање | композитор, диригент, аранжер, музички продуцент |
Во својата долгогодишна кариера, Калоѓера има напишано преку илјада композиции, а е и добитник на многубројни награди и признанија. Првата плоча ја снима во 1952 година заедно со Иво Робиќ за дискографската куќа Југотон. Калоѓера исто така компонира и филмска музика, како и музика за театар, телевизиски драми и серии.
Завршува Музичка академија, а потоа и докторира на Медицинскиот факултет при Универзитетот во Загреб. Работи кратко како лекар во болницата „Свети Дух“ во Загреб, пред повторно да ѝ се врати на музиката.
Награди и признанија
уредиДобитник е на многубројни југословенски, хрватски и меѓународни награди. Меѓу поважните се издвојуваат:
- 1970 - Шампион на Мидем (француски: Champion de Midem)
- 1970 - Прва награда на Песничката олимпијада во Атина (француски: Olympiade de la chanson)
- 1971 - Прва награда на фестивалот во Виња дел Мар (шпански: Viña del Mar)
- 1995 - Награда за животно дело од Хрватското друштво на композитори
- 1996 - Награда за животно дело на Сплитскиот фестивал на забавна музика
- 2001 - Награда Порин за животно дело
Филмографија
уреди- 1965 - „Човек од светот“ (хрватски: Čovik od svita)
- 1968 - „Голиот човек“ (хрватски: Goli čovjek)
- 1970 - „Пат кон рајот“ (хрватски: Put u raj)
- 1972 - „Лов на елени“ (хрватски: Lov na jelene)
- 1974 - „Капетанот Микула Малиот“ (хрватски: Kapetan Mikula Mali)