Остен — традиционално сточарско орудие, кое се користи за збоднување на стока, обично волови кои влечат плуг или кола; се користи и за собирање и втерување на говеда. Ова е вид на долг стап со заострен врв. Од XX век се користат и електрични остени за истата намена. Иако денес многумина се незапознаени со нив, остените се користат ширум светот со илјадници години.

Орање со волови. Минијатура од ракопис (ран XVI век), Британски музеј. Орачот десно го збоднува волот со остен, а тој реагира. Забележете го шилото на крајот од остенот.