Луј Брај
Луј Брај (француски: Louis Braille; Кувре, 4 јануари 1809 — Париз, 6 јануари 1852) — професор по француски јазик кој во 1829 година го измислил системот за букви за слепите, Брајовата азбука (Брајово писмо).[1]
Луј Брај Louis Braille | |
---|---|
Биста на Луј Брај од Етјен Леру во Националната библиотека на Франција | |
Роден(а) | 4 јануари 1809 Кувре, Франција |
Починал(а) | 6 јануари 1852 Париз, Франција | (возр. 43)
Почивалиште | Пантеон и Курве |
Занимање | |
Познат(а) по | Брајова азбука |
Родители | Моник и Симон-Рене Брај |
Пишаните букви со Брајово писмо се состојат од една до шест подигнати точки, кои се читаат со допирање со врвовите од прстите. Ова писмо е приспособено така што со него може да се пишува на сите јазици.
Животопис
уредиНа тригодишна возраст, Луј го повредил окото со алатка од занаетчиската работилница на неговиот татко. Поради добиената инфекција ослепел на другото око. На десетгодишна возраст, добил стипендија со помош на која се школувал на Кралскиот институт за слепи во Париз. Таму, децата учеле како да читаат релјефни букви со допир. Во тоа време, не постоел систем со кој овие деца можеле да пишуваат. На тринаесетгодишна возраст, тој измислил систем за пишување базиран на олеснителни точки.[2] Инспирација за изумот добил од полицаецот Шарл Барбије, кој измислил сличен начин на пишување за војниците кои би морале да пишуваат во мрак. Системот на Барбије имал 12 точки, а Брајовото писмо само 6 точки. Покрај тоа, Брајовото писмо било едноставно и слично на стенографскиот начин на пишување. Брај го развил така што со него можеле да се напишат математички формули и музички ноти. Подоцна станал истакнат професор на институтот. Неговиот систем на пишување и читање не се користел во образованието на слепите за време на неговиот живот.[3]
Луј Брај починал од туберкулоза. Погребан е во парискиот Пантеон.
Наводи
уреди- ↑ „Louis Braille : biographie courte, dates, citations“. www.linternaute.fr (француски). Посетено на 19 февруари 2020.
- ↑ „Luj Braj — donosi svetlo zatočenicima tame — ONLAJN BIBLIOTEKA Watchtower“. wol.jw.org. Посетено на 19 февруари 2020. no-break space character во
|title=
во положба 11 (help) - ↑ „Louis Braille et l'alphabet braille“. SNOF (француски). 12 јануари 2012. Посетено на 19 февруари 2020.
Надворешни врски
уреди- Биографија на Луј Брај - Американска фондација за слепи лица
- Животот на Луј Брај Архивирано на 8 јануари 2009 г.
- Памела Лоример (1996), Историска анализа и критичка еволуција на Брајовата азбука