Ромарио де Соуза Фарија (роден на 29 јануари 1966 година), попознат како Ромарио (португалски изговор: [ʁoˈmaɾiu]), е бразилски политичар, кој претходно бил познат како професионален фудбалер во светот. Како професиoнален фудбалер, со својата „клиничка“ завршница, се сметал за еден од најголемите напаѓачи на сите времиња.[2][3] Ромaрио со Бразил триумфирал на Светското првенство во Америка во 1994 година, и бил избран за играч на турнирот. Истата година тој бил именуван за најдобар играч на светот. Тој бил избран во петте најдобри играчи на Фифа во 20-от век. Според анкетата спроведена на интернет во 1999 година, бил избран во Дрим тимот на ФИФА во 2002 година, и бил именуван во ФИФА 100 списокот на најголеми светски живи играчи во 2004 година.[4][5]

Ромарио
Лични податоци
Висина &100000000000001670000001,67 м
Позиција напад
Младинска кариера
1979–1980 Олариа
1981–1985 Васко де Гама
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1985–1988 Васко де Гама 47 (17)
1988–1993 ПСВ Ајндховен 107 (96)
1993–1995 Барселона 46 (34)
1995–1996 Фламенго 19 (8)
1996–1997 Валенсија 11 (5)
1997Фламенго (позејмен) 4 (3)
1998–1999 Фламенго 39 (26)
2000–2002 Васко де Гама 46 (41)
2002–2004 Флиминезе 60 (34)
2003Ал Сад (позајмен) 3 (0)
2005–2006 Васко де Гама 31 (22)
2006 ФК Мајами 25 (19)
2006 Аделаида Јунајтед 4 (1)
2007 Васко де Гама 6 (3)
2009 Америка (РЈ) 0 (0)
Вкупно 448 (309)
Репрезентација
1987–2005 Бразил 70 (55[1])
Тренер на екипи
2007–2008 Васко де Гама

На клупско ниво, по развојот на својата рана кариера во Бразил, Ромарио се преселил во ПСВ Ајндховен во Холандија во 1988 година. За време на своите пет сезони во ПСВ, клубот трипати станал шампион во Ередивисе, и постигнал вкупно 165 гола на 167 натпревари. Во 1993 година, тој се преселил во Браселона и станал дел од Дрим Тимот ", создавајќи извонредно напаѓачко партнерство со Христо Стоичков. Тој ја освоил Ла Лига во својата прва сезона и го завршил првенството како најдобар стрелец со 30 гола на 33 натпревари. За време на втората половина од неговата кариера, Ромарио играл за клубови во градот Рио де Жанеиро во Бразил. Тој ја освоил титулата со Васко де Гама во бразилската Серија А во 2000 година и бил трикратен најдобар стрелец во лигата. На крајот од неговата кариера тој кратко играл во Катар, САД и Австралија.

Со 55 голови во 70 настапи за Бразил, Ромарио е третиот најдобар голгетер за неговиот репрезентација, рангиран само зад Пеле и Роналдо.[6] Тој е втор стрелец на сите времиња во бразилското првенство со 154 гола. Завршувајќи ја кариерата како врвен стрелец на многу различни натпревари, тој е еден од ретките напаѓачи кои го надминале бројот од 1.000 голови,[7] и втор најплоден голгетер во историјата на фудбалот.[8]

Наводи

уреди
  1. Appearances and goals for Brazil National Team. RSSSF. Retrieved 12 July 2012.
  2. "The Joy of Six: Great finishers". The Guardian. Retrieved 19 November 2013
  3. "Romario: Neymar isn't as good as me … yet" Архивирано на 2 февруари 2014 г.. MSN. Retrieved 19 November 2013
  4. „Pele's list of the greatest“. BBC Sport. 4 March 2004. Посетено на 19 June 2014.
  5. "FIFA Player of the Century" Архивирано на 26 април 2012 г.. FIFA. Retrieved 19 November 2013.
  6. "Romário de Souza Faria – Goals in International Matches". rsssf. Retrieved 19 June 2014
  7. "Romário completes a famous 1,000" Архивирано на 13 ноември 2013 г.. FIFA.com. 21 May 2007.
  8. "Best Goalscorers All-Time (Official Matches)". RSSSF Archive. 25 September 2013.

Надворешни врски

уреди
 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: