Узбекистан
Узбекистан (узбечки: O‘zbekiston, Ўзбекистон), или официјално Република Узбекистан (O‘zbekiston Respublikasi, Ўзбекистон Республикаси) — држава во Средна Азија. Узбекистан се граничи со Казахстан на север и запад, со Киргистан и Таџикистан на исток и со Авганистан и Туркменистан на југ. Република Узбекистан е наследничка на Узбечката ССР. Узбекистан е една од туркиските држави во Азија.
Република Узбекистан O‘zbekiston Respublikasi Ўзбекистон Республикаси |
||||||
---|---|---|---|---|---|---|
|
||||||
Химна: Химна на Узбекистан "O‘zbekiston Respublikasining Davlat Madhiyasi" |
||||||
Главен град (и најголем) | Ташкент 41°16′N 69°13′E / 41.267° СГШ; 69.217° ИГД | |||||
Службен јазик | узбечки | |||||
Признаени регионални јазици | каракалпачки | |||||
Јазик за меѓуетничко општење |
руски | |||||
Народности (1996) | 80,0% Узбеци 5,5% Руси 5,0%–5,5% (официјални податоци) (30% Фолц, Кордел, Џонсон) Таџици 3,0% Казаци 2,5% Каракалпаци 1,5% Татари 2,5% останати[1] |
|||||
Демоним | Узбеци | |||||
Уредување | претседателска република | |||||
• | в.д. Претседател | Нигматила Јулдашев | ||||
• | Премиер | Шавкат Мирзијоев | ||||
Законодавство | Врховно собрание | |||||
• | Горен дом | Сенат | ||||
• | Долен дом | Законодавна комора | ||||
Независност | од СССР | |||||
• | основање | 17471 | ||||
• | Узбечка СССР | 27 октомври 1924 | ||||
• | објавена | 1септември 1991 | ||||
• | призната | 8 декември 1991 | ||||
• | завршена | 25 декември 1991 | ||||
Површина | ||||||
• | Вкупна | 447,400 км2 (56-та) | ||||
• | Вода (%) | 4.9 | ||||
Население | ||||||
• | проценка за 2012 г. | 29,559,100[2] (45-та) | ||||
• | Густина | 61.4 жит/км2 (136-та) | ||||
БДП (ПКМ) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупен | $95.239 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $3,302[3] | ||||
БДП (номинален) | проценка за 2011 г. | |||||
• | Вкупно | $45.353 милијарди[3] | ||||
• | По жител | $1,572[3] | ||||
Џиниев коеф. (2003) | 36.8 среден |
|||||
ИЧР (2013) | ▬ 0.661[4] среден · 116та |
|||||
Валута | узбекистански сом (UZS ) |
|||||
Часовен појас | UZT (UTC+5) | |||||
• | (ЛСВ) | н.п. (UTC+5) | ||||
Се вози на | десно | |||||
НДД | .uz | |||||
Повик. бр. | 998 | |||||
1. | Како Бухарско царство, Кокандски ханат, Хорезм. |
Низ историјата територијата на Узбекистан била дел од неколку империи, меѓу кои Персија, Саманидската империја и Тимуридското царство. Регионот бил освоен и населен од Узбеци во раниот XVI век. Денес повеќето од узбекистанското население се Узбеци и зборуваат на узбечки јазик. Во XIX век територијата била присвоена од Руската Империја и во 1924 година станала составен дел од СССР. Узбекистан својата независност ја стекнала на 31 август 1991.
Економијата на Узбекистан се потпира на производството на стоки како памук, злато, ураниум и земен гас. Иако државата минува низ процесот на транзиција, сепак Узбекистан има контролирана економија, која често е причина за неинвестирање странски капитал во државата. По 1995 година државата забележала позитивни резултати од контролираната економија и транзиција. Узбекистанската политика за човековите права била под силна критика од меѓународните организации.[5]
Потекло на поимот
уредиИмето „Узбекистан“ е составено од зборовите уз („свое“ на туркиските јазици), бек („господар“ на согдиски јазик) и -стан (персиски збор за „земја“). Така, името протолкувано значи „дом на слободните“ или „земја на слободните“. Од името „Узбекистан“ се изведени две придавки: „узбечки“ и „узбекистански“. Поимот „узбечки“ се користи за јазикот и народот Узбеци, додека „узбекистански“ се користи за граѓаните на Узбекистан (Узбекистанци) и сè што е поврзано со државата.
Историја
уредиТериторијата на Узбекистан е центар на многу древни цивилизации. Во VI век п.н.е. земјата на денешен Узбекистан била во составот на Персиската империја и династијата на Ахеменидите.
Во 327 п.н.е. земјата била под власта на Александар Македонски, по војната со Дариј III. Победата на Александар Македонски над персиската армија го дала крајот на владеење на династијата на Ахеменидите.
Арапите ја освоиле територијата на денешен Узбекистан во 712 година. Со доаѓањето на Арапите започнала и исламизацијата на месните народи, кои до тогаш биле приврзаници на зороастризмот. Династијата на Саманидите е првата персиска династија, која ја наметнува својата власт над територијата на денешен Узбекистан (819-1005). Големиот монголски владетел Тимур (1336-1405), роден во градот Самарканд, ја основа својата моќна империја, која ги опфаќа земјите на цела Средна Азија. Неговата држава пропаѓа во 1507 година и потпаѓа во рацете на узбечката династија на Шајбанидите.
Узбекистан бил освоен од Русите кон крајот на XIX век со победата на рускиот генерал Михаил Црнарев. Во 1884 година ги потчинуваат прво Бухарското ханство и ханството Хива, а после тоа и источните области на денешен Узбекистан, вклучително и Ташкент. Освоените територии во Средна Азија се вклучени во составот на Руската Империја и се организирани во генералгубернија Туркестан.
Во 1924 година е основана Узбечка ССР. Следната година (1925) Узбечката ССР влегла во составот на Советскиот Сојуз.
Со распаѓањето на СССР на 1 септември 1991 година Узбекистан ја прогласува својата независност.
Географија и клима
уредиУзбекистан има вкупна површинаод 447.400 км2 и население од 29.559.100 според проценките за 2012 година. Според површината, Узбекистан е 56 најголема држава во светот и 42 најголема држава по бројот на населението.[6] Во рамките на Заедницата на независни држави, Узбекистан е петта најголема по површина и 3 по население.[7] Главен град на државата е Ташкент.
Територијата на Узбекистан се протега на 1.425 километри од запад кон исток и 930 километри од север кон југ. На север се граничи со Казахстан, на југозапад се граничи со Туркменистан, на југоисток се граничи со Таџикистан, на североисток се граничи со Киргистан и на југ се граничи со Авганистан. Узбекистан е единствена држава која се граничи со сите централноазиски држави.
Узбекистан е сува држава без излез на море. Помалку од 10% од територијата е обработлива и има системи за наводнување, кои воглавно се во речните долини. На територијата на Узбекистан се наоѓа големата пустина Кизилкум и поголем дел од територијата е планинска. Највисока точка во државата е Казрет Султан, кој има 4.643 метри надморска височина. Врвот се наоѓа во близина на границата со Таџикистан. Порано врвот се нарекувал „Врв на 22 конгресс на Комунистичката партија“[7]
Климата во Узбекистан е континентална, со послаби врнежи од дожд. Просечната летна температура во државата е 40 степени, додека просечната зимска температура е -23 степени.[8]
Политички систем
уредиАдминистративна поделба
уредиУзбекистан е поделен на 12 области (вилаети), една автономна република и еден независен град. Областите се поделени на окрузи.
Област | Админ. центар | Површина (км²) |
Население (2008)[9] | Бр. на карта |
---|---|---|---|---|
Бухарска | Бухара | 39,400 | 1,576,800}} | 3 |
Џизачка | Џизак | 20,500 | 1,090,900 | 5 |
Навојска | Навои | 110,800 | 834,100 | 7 |
Кашкадарјанска | Карши | 28,400 | 2,537,600 | 8 |
Самаркандска | Самарканд | 16,400 | 3,032,000 | 9 |
Сирдарјанска | Гулистан | 5,100 | 698,100 | 10 |
Сурхандарјанска | Термиз | 20,800 | 2,012,600 | 11 |
Ташкентска | Ташкент | 15,300 | 2,537,500 | 12 |
Ташкент | Ташкент | 335 | 2,192,700 | 1 |
Ферганска Долина (регион) | ||||
Ферганска | Фергана | 6,800 | 2,997,400 | 4 |
Андиџанска | Андиџан | 4,200 | 2,477,900 | 2 |
Наманганска | Наманган | 7,900 | 2,196,200 | 6 |
Каракалпакстан (регион) | ||||
Хорезмска | Урганч | 6,300 | 1,517,600 | 13 |
Каракалпакстан | Нукус | 160,000 | 1,612,300 | 14 |
Статистиката за областа на Ташкент ја вклучува статистиката за градот Ташкент.
Стопанство
уредиБез излез на море, Узбекистан е вториот извозник на памук во светот. Основно производство е златото.
Демографија
уредиНајголеми градови во Узбекистан
— | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Бр. | Област | Нас. | |||||||
Ташкент Наманган |
1 | Ташкент | Ташкент | 2,425,000[10] | Самарканд Андиџан | ||||
2 | Наманган | Наманганска област | 597,000[11] | ||||||
3 | Самарканд | Самаркандска област | 530,000[12] | ||||||
4 | Андиџан | Андиџанска област | 417,000[13] | ||||||
5 | Нукус | Каракалпакстан | 310,000[14] | ||||||
6 | Бухара | Бухарска област | 285,000[15] | ||||||
7 | Карши | Кашкадаринска област | 260,000[16] | ||||||
8 | Фергана | Ферганска област | 275,000[17] | ||||||
9 | Коканд | Ферганска област | 240,000[18] | ||||||
10 | Маргилан | Ферганска област | 223,000[19] |
Култура
уредиНаводи
уреди- ↑ „Светска книга на факти“. Cia.gov. Архивирано од изворникот на 2019-01-05. Посетено на 28 јануари 2011. (англиски)
- ↑ Official population estimation 2012-01-01. Stat.uz (2012-01-23). Посетено на 2012-03-13.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Uzbekistan“. International Monetary Fund. Посетено на April 22, 2012.
- ↑ „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 јули 2014.
- ↑ Human rights in Uzbekistan: Amnesty International report, 2008.
- ↑ „www.worldatlas.com“. www.worldatlas.com. Посетено на May 2, 2010.
- ↑ 7,0 7,1 Uzbekistan will publish its own book of records – Ferghana.ru. 18 јули 2007
- ↑ Climate, Uzbekistan : Country Studies – Federal Research Division, Library of Congress.
- ↑ „Statistical Review of Uzbekistan 2008, стр.176“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 2010-11-13. Посетено на 2 мај 2010.
- ↑ „Численность городского и сельского населения по регионам“. The State Comittee of the Republic of Uzbekistan on Statistics. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Административно-территориальное деление Наманганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Самарқанд шаҳри“. samarkand.uz. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Количество населения в Андижанской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Число постоянных жителей в Республики Каракалпакстан“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Численность населения Узбекистана по городам, 2018“. poltavareview.com. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Численность населения Кашкадарьи“. Statistics. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
- ↑ „Демографическая ситуация в Ферганской области“. Портал открытых данных Республики Узбекистан. Посетено на 25 January 2018.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди„Узбекистан“ на Ризницата ? |
- Ташкент Архивирано на 4 октомври 2010 г.
- Долниот дом на узбекистанското собрание
- Шеф на држава и кабинет на министри Архивирано на 28 септември 2013 г.
- „Светска книга на факти“ на ЦИА — запис за „Узбекистан“ (англиски)
- Узбекистан на U.S. Library of Congress
- Издаваштво и национална библиотека во Узбекистан Архивирано на 10 декември 2010 г.
- Узбекистан на UCB Архивирано на 7 јуни 2008 г.
- Градови и население во Узбекистан[мртва врска]
- Узбекистан на Curlie (англиски)
- Узбекистан на BBC News