Карстен Крон
Карстен Крон (холандски: Karsten Kroon; р. 29 јануари 1976 во Дален) — поранешен холандски професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 1997-2014 година. Се повлекол од трките на крајот на сезоната 2014.[1]
Крон на Тур де Валони 2014 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Карстен Крон | ||
Роден | 29 јануари 1976 Дален, Холандија | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 67 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | пензиониран | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | возач за класици | ||
Професионални клубови | |||
1997–2005 2006–2009 2010–2011 2012–2014 | Рабобанк Тим ЦСЦ Верандас Вилемс Тим Саксо Банк | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 1 февруари 2016 |
Кариера
уредиКрон го покажал неговиот талент како аматер со освојувањето на професионалната Трка околу Дренте во 1996. Тој му се приклучил на младинскиот состав на Рабобанк во 1997 и освоил голем број аматерски трки во наредните две години. Во 1999, му се придружил на сениорскиот состав. Имал неколку победи, меѓу кои етапата 8, на Денот на Бастилја, на Тур де Франс 2002. Крон и неговиот сонародник, Ерик Декер, завршиле заедно во група од седум луѓе, но Крон ја освоил етапата на неговиот прв Тур де Франс со помошта на поискусниот Декер.[2] Крон ја носел маичката за планински пласман на секоја од трите големи трки, иако неговото водство не траело до крајот.[3]
На 10 август 2005 изјавил дека, до 2007 ќе вози за Саксо Банк. Тој сакал повеќе слобода. „Никогаш не сум рекол дека сакам да бидам водач“, рекол за CyclingNews.com, „Единствено сакам да добивам шанси“.[4] Во март и април 2006, тој бил заеднички екипен капетан за ProTour трките. Завршил во првите десет на Тирено-Адријатико и Трката околу Фландрија. Му помогнал на Френк Шлек да победи на Амстел Голд Рејс со растурањето на потерата, кога Шлек нападнал; Крон завршил четврти.[5] На крајот, Крон завршил на подиум на Флеш Валон, бил трет пред Шлек. Тој исто така бил втор на Амстел Голд Рејс 2009, веднаш зад Сергеј Иванов.
Во 2010, Крон му се приклучил на Верандас Вилемс,[6] но се вратил во Тим Саксо Банк за сезоната 2012.[7]
Достигнувања
уреди- 1996
- 1. Трка околу Дренте
- 1997
- 1. Вламсе Пајл
- 1. Етапа 2 Сиркут Франко-Белж
- 1998
- 1. Краен пласман Стер дер Белофтен
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 6 Сиркут дес Минес
- 1. Етапа 2 Трка околу Навара
- 1. Етапа 3 Трка околу Навара
- 1. Етапа 2 Вуелта а Леон
- 1999
- 10. Класика де Алмерија
- 2001
- 1. ГП Кантон Аргау
- 3. Шпаркасен Џиро Бохум
- 9. Брабант Пејл
- 2002
- 1. Етапа 8 Тур де Франс
- 2003
- 1. Етапа 5 Тур ду Поату
- 2004
- 1. Трка околу Франкфурт
- 2005
- 5. Брабант Пејл
- 9. Омлоп Хет Волк
- 2006
- Трка на три земји
- 1. Етапа 2
- 1. Етапа 5
- 3. Флеш Валон
- 4. Амстел Голд Рејс
- 8. Трка околу Фландрија
- 2007
- 4. Трка околу Фландрија
- 2008
- 1. Етапа 2 Вуелта а Кастиља и Леон
- 1. Етапа 5 Трка околу Саксонија
- 1. Трка околу Франкфурт
- 5. Џиро ди Ломбардија
- 9. Амстел Голд Рејс
- 2009
- 2. Амстел Голд Рејс
- 2. Трка околу Франкфурт
- 4. Курне-Брисел-Курне
- 5. Брабант Пајл
- 2010
- 9. Амстел Голд Рејс
- 2012
- 5. Краен пласман Тур де л’Еврометропол
Наводи
уреди- ↑ http://www.cyclingnews.com/news/nuyens-set-to-announce-retirement
- ↑ Крон однесе етапна победа, ББС Спорт, 14 јули 2002
- ↑ „Kroon tiende Nederlander in bolletjestrui“ (холандски). Wielcentrum.com. 7 јули 2005. Архивирано од изворникот на 2011-07-18. Посетено на 7 мај 2010.
- ↑ Крон за CSC, CyclingNews.com, 10 август 2005
- ↑ Мешана среќа за Крон и Богерд[мртва врска], Pro Cycling, 17 април 2006
- ↑ VeloNews.com (2009-09-01). „Хинкапи потврди дека оди во BMC со Балан, Крон, Бургхарт“. VeloNews. Архивирано од изворникот на 2009-09-03. Посетено на 2009-09-02.
- ↑ „Крон се враќа во Саксо Банк“. Cycling News. Future Publishing Limited. 7 октомври 2011. Посетено на 1 јануари 2012.
Надворешни врски
уреди„Карстен Крон“ на Ризницата ? |
- „Достигнувања на Карстен Крон“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Карстен Крон“. Cycling Quotient.