Кралска академија на науките (Шведска)
Кралска академија на науките (шведски: Kungliga Vetenskapsakademien, KVA) — една од кралските академии во Шведска. Ова е независна и невладина научна организација со задача да ги поттикнува и поддржува науките, пред сè природните науки и математиката.
Гесло | att främja vetenskaperna och stärka deras inflytande i samhället (да се поттикнат науките и да се зајакне нивното влијание во општеството) |
---|---|
Основана | 2 јуни 1739 |
Седиште | Стокхолм, Шведска |
Членство | 1600 академици 175 странски членови |
Претседател | Сванте Линдквист |
Постојан секретар | Стафан Нормарк |
Мреж. место | kva.se |
Академијата е основана на 2 јуни 1739 г. од славниот природонаучник Карл Линеј, меркантилистот Јонас Алстремер, конструкторот Мортен Тривалд, чиновниците Стен Карл Билке и Карл Вилхелм Кедерхилм и политичарот Андерс Јохан фон Хепкен.[1]
Академијата има за цел да посветува особено внимание на полезните сознанија и да објавува на шведски јазик за да ги распространи најзините наоди што пошироко меѓу населението. Создадена е со поинаква замисла од постарото Кралско научно друштво во Упсала (основано во 1719 г.), кое објавувало на латински јазик. Академијата е намерно сместена во центарот на градот, каде што биле најзастапени стопанските активности. Како пример послужиле Кралското друштво во Лондон и Кралската академија на науките во Париз.
Во рамките на установата постојат комитети за доделување на меѓународни награди:
- Нобелови награди за физика и хемија[2]
- Нобелова награда за економија[3]
- Крафордови награди за астрономија и математика, геонауки, бионауки (со задршка на екологија) и полиартритис[4]
- Ролф Шокови награди за логика и филозофија[5]
- Награда „Грегори Арминоф“ за кристалографија[6]
- Медал „Оскар Клајн“
и државни награди:[7]
- Награда „Јеран Густафсон“ за истражни трудови во природните науки и медицината
- Седербергова награда за економија или правни науки
- Награда „Таге Ерландер“ за физика, хемија, технологија и биологија
- Награди „Ингвар Линдквист“ за наставници од областа на физиката, хемијата, биологијата и математиката.
Пишани изданија
уредиОва се тековните научни списанија на академијата:
- Ambio (1972-)
- Acta Mathematica (1882-)
- Arkiv för matematik (1949-; од 1903 до 1949 под друг наслов, каде се опфаќале и физиката и астрономијата)
- Acta Zoologica (1920-)
- Levnadsteckningar över Vetenskapsakademiens ledamöter (1869-) - биографии на починати академици
- Physica Scripta (1970-) - заедно со Норвешката академија на науките и книжевноста
- Porträttmatrikel (1971-) - портрети на тековни членови
- Zoologica Scripta (1972-) - заедно со Норвешка академија на науките и книжевноста
- ETAI (1997-)
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „History“. The Royal Swedish Academy of Sciences. Посетено на 18 октомври 2009.
- ↑ „Нобелови награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2010-01-21. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
- ↑ „Нобелова награда за економски науки“. Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
- ↑ „Крафордова награда“. Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
- ↑ „Ролф Шокови награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2013-01-31. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
- ↑ „Награда „Грегори Арминоф"“. Кралска академија на науките. Посетено на 18 октомври 2009. (англиски)
- ↑ „Национални награди“. Кралска академија на науките. Архивирано од изворникот на 2020-09-23. Посетено на 18 октомври 2007. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Кралска академија на науките (англиски) (шведски)
- ETAI[мртва врска] - мреж. место на списанието (англиски)