1 јануари
датум
<< | јануари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | |
7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 |
14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 |
28 | 29 | 30 | 31 | |||
2024 |
1 јануари — првиот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 364 денови до крајот на годината (365 во престапна).
Настани:
45 п.н.е. | Започнал да се применува новиот календар, денес познат како јулијански календар. |
404 | Последната гладијаторска борба во римскиот колосеум. |
439 | Објавен е Теодосиевиот законик, најголемата збирка на римски закони во тој период. |
1651 | Чарлс II е крунисан за крал на Шкотска. |
1801 | Церера, првиот познат астероид е откриен од Џузепе Пјаци. |
1804 | Независност на Хаити од Франција. |
1818 | Мери Шели го објави романот за чудовиштето на Франкенштајн. |
1880 | Фердинанд Лесепс ја започна изградбата на Панамскиот Канал. |
1892 | Островот Елис е отворен како место каде се примаа првите имигранти во Соединетите Американски Држави. |
1901 | Британските колонии Нов Јужен Велс, Квинсленд, Јужна Австралија, Тасманија и Западна Австралија го формираат Австралискиот Сојуз; Едмунд Бартон е избран за прв премиер. |
1908 | За првпат пуштена топка изработена од кристали и електрични светла плоштадот Тајмс сквер во Њујорк, отпочнувајќи традиција на сите понатамошни прославувања на Новата Година во градот. |
1909 | Во Битола излезе првиот број на весникот „Работничка искра“ на бугарски јазик како орган на македонските социјалисти. Прв уредник на весникот беше Васил Главинов. |
1925 | Главниот град на Норвешка го промени името во денешното Осло. Претходното име, Кристијанија, го носеше од 1624 година. |
1932 | Во Виена се одржа првиот Новогодишен концерт.о Виена се одржа првиот Новогодишен концерт. |
1942 | Во Вашингтон 26 држави од целиот свет ја потпишаа Декларацијата на Обединетите Нации. |
1945 | Во Скопје излезе првиот број на сатирично - хумористичниот весник „Остен“. |
1948 | Основана е Државната опера на Народна Република Македонија |
1959 | За време на Кубанската револуција, Фидел Кастро го симна од власт дотогашниот кубански претседател Фулгенцио Батиста. |
1965 | Под водство на водачот на движењето Ал Фатах, Јасер Арафат, формирана е Палестинската ослободителна организација - ПЛО. |
1982 | Перес де Куељар стана првиот Латино-американец, Генерален секретар на Обединетите Нации. |
1990 | формирана е политичката партија НДП. |
1995 | Започна со работа Светската трговска организација. |
1997 | Здружението на издавачите и книжарите на Македонија е примено во Меѓународната асоцијација на издавачите со седиште во Женева. |
2002 | Еврото започна да се користи во повеќето членки на Европската унија. |
2006 | Почна примената на Законот за заштита од пушењето. |
2007 | Влез на Бугарија и Романија во Европската Унија. |
2017 | Поранешниот премиер на Португалија од Социјалистичката партија, Антонио Гутерес станува Генерален секретар на ООН. |
Родени:
1449 | Лоренцо де Медичи — владетел на Фиренца. |
1823 | Шандор Петефи — унгарски револуционер и лирски поет. |
1863 | Пјер де Кубертен — основоположник на модерните Олимписки игри. |
1873 | Марија Јуриќ Загорка — хрватска писателка и новинарка. |
1878 | Пејо Јаворов — бугарски поет, сопатник и биограф на Гоце Делчев. |
1879 | Е. М. Форстер — англиски писател. |
1894 | Џон Форд — американски режисер. |
1895 | Џ. Едгар Хувер — директор на ФБИ. |
1912 | Ким Филби — британски таен агент на КГБ. |
1915 | Бранко Ќопиќ — српски писател. |
1923 | Милт Џексон — американски џез-музичар. |
1932 | Иван Лацковиќ — хрватски сликар. |
1934 | Бранко Варошлија — македонски писател, литературен критичар, драматург и новинар. |
1937 | Влатко Марковиќ — хрватски фудбалер и тренер. |
1940 | Мерсад Бербер — босански сликар. |
1941 | Ева Рас — српска глумица. |
1942 | Корнелие Ковач — српски рок-музичар, член на групите Индекси и Корни група. |
1946 | Ривелино — бразилски фудбалер. |
1946 | Снежана Стамеска — македонска глумица. |
1949 | Љубодраг Симоновиќ — српски и југословенски кошаркар. |
1951 | Слободан Халиловиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер. |
1952 | Миле Китиќ — српски фолк-пејач. |
1956 | Енди Гил — британски рок-музичар и продуцент. |
1959 | Панајотис Јанакис — грчки кошаркар. |
1963 | Дражен Ладиќ — хрватски и југословенски фудбалер и тренер. |
1968 | Давор Шукер — хрватски фудбалер. |
1972 | Лилијан Тирам — француски фудбалер. |
1973 | Врбица Стефанов — македонски кошаркар. |
1973 | Искра Трпева — македонска поп пејачка. |
1977 | Хасан Салихамиџиќ — босански фудбалер. |
1982 | Давид Налбандијан — аргентински тенисер. |
1985 | Оскар Гато — италијански велосипедист. |
1988 | Алекс Хаус — американски велосипедист. |
1997 | Гонсало Монтиел — аргентински фудбалер. |
Починале:
1515 | Луј XII — француски крал. |
1894 | Хајнрих Рудолф Херц — германски физичар. |
1941 | Петар Поп Арсов — македонски револуционер, еден од основоположниците на Македонската револуционерна организација, автор на првиот македонски устав. |
1953 | Хенк Вилијамс — американски кантри-музичар. |
1972 | Морис Шевалије — француски пејач и глумец. |
1995 | Методија Ивановски - Менде — македонски сликар и сценограф. |
2001 | Фабијан Шоваговиќ — хрватски глумец. |
2012 | Киро Глигоров — прв претседател на независна Македонија. |
2021 | Зоран Џорлев — македонски виолинист. |
Празници:
* | Куба прославува Ден на ослободувањето. |
* | Во државите кои го користат грегоријанскиот календар од полноќ, 00:01 часот, со огномет започнува да се слави почетокот на Новата Година. |
* | Ден на јавната сопственост во многу држави ширум светот. Тоа е ден кога заштитената сопственост престанува да важи и делата преминуваат во т.н. јавна сопственост. |
* | Според Римокатоличкиот календар:
|
* | Според македонскиот Православен календар: |