<< јануари >>
Н П В С Ч П С
01 02 03 04 05 06
07 08 09 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31
2024

28 јануари — 28-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 337 денови до крајот на годината (338 во престапна).

Настани:

1821  Прогласена е независноста на Перу, со што, сепак, не било дефинитивно завршено речиси 300-годишното колонијално владеење на Шпанија во таа латиноамериканска земја. Шпанија се обидувала уште три години да ја наметне својата власт во Перу.
1871  Франција капитулираше во војната со Прусија и го предаде Париз.
1878  Во Њу Хевн, САД пуштена е во употреба првата телефонска централа, по две години откако Александар Грејам Бел го патентираше телефонот.
1918  Владимир Илич Ленин, од името на Советот на народните комесари на Советска Русија, потпиша указ за формирање на Црвената армија.
1919  Воведување на грегоријанскиот календар во Македонија, согласно реформата во целото Кралство СХС. Црковниот останал јулијански.
1945  Во Скопје е отворена првата државна градинка во Македонија, за престој на деца од 4 до 7-годишна возраст, на кои им беа обезбедени храна и воспитување преку денот, додека нивните родители беа на работа.
1986  Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.

Родени:

1457  Хенри VII — англиски крал
1540  Лудолф ван Цојлен — германски математичар, познат по своите пресметки на бројот π
1600  Папа Климент IX — римски папа.
1717  Мустафа III — 26. султан на Отоманското Царство.
1887  Артур Рубинштајн — полско-американски пијанист.
1912  Џексон Полок — американски сликар.
1928  Славко Милосавлевски — македонски социолог.
1936  Исмаил Кадаре — албански писател.
1949  Грег Попович — американски кошаркарски тренер.
1955  Никола Саркози — француски политичар, 23. претседател на Франција
1957  Мирјана Карановиќ — српска и југословенска глумица.
1958  Едевалдо — бразилски фудбалер.
1959  Патрицио Олива — италијански боксер.
1975  Тим Монтгомери — американски атлетичар.
1978  Џанлујџи Буфон — италијански фудбалер.
1978  Џејми Карагер — англиски фудбалер.
1982  Михаел Гигу — француски ракометар.
1983  Дани Макели — холандски фудбалски судија.
1984  Андре Игуодала — американски кошаркар.
1985  Славица Ќуктераш — српска пејачка.
1988  Адријано Малори — италијански велосипедист.
1999  Димитар Митровски — македонски фудбалер.
2000  Душан Влаховиќ — српски фудбалер.

Починале:

592  Гунтрам — крал на Франките.
1547  Хенри VIII — славен крал на Англија.
1868  Адалберт Штифтер — австриски писател, сликар и педагог.
1919  Франц Меринг — германски социолог и историчар, еден од водачите на левото крило на германската социјалдемократија и еден од основачите на Комунистичката партија на Германија.
1972  Дино Буцати — италијански писател.
1996  Јосиф Бродски — руски поет, добитник на Нобеловата награда за литература и „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата.
1997  Антонио Каладо — бразилски писател и новинар.
2006  Душко Трифуновиќ — српски поет.
2016  Пол Кантнер — американски рок-музичар, член на групата Џеферсон ерплејн (Jefferson Airplane).
2023  Том Верлејн — американски рок-музичар, член на групата Телевижн (Television).