11 јануари
датум
Предлошка:Јануари 2021 11 јануари — 11-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 354 денови до крајот на годината (355 во престапна).
Настани:
1693 | Во земјотресот што се случи во Катанија, Италија, загинаа околу 80.000 луѓе. |
1897 | САД и Велика Британија се согласија со арбитража да ги регулираат границите меѓу Канада - британски доминион и Алјаска, огромна територија од 1,5 милиони квадратни километри, која Американците во 1867 година ја купија од Русија за 7,2 милиони долари. Утврдените граници се непроменети до денес. |
1945 | Во Скопје е одржана Првата конференција на балканската младина на која присуствуваа делегати од Југославија, Грција, Албанија и Бугарија. Меѓу другото, беше донесена Резолуција за зближување на младината од балканските земји. |
1994 | Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи. |
1995 | Република Македонија воспостави дипломатски односи на амбасадорско ниво со Република Романија и со Кралството Саудиска Арабија. |
Родени:
347 | Теодосиј I — римски цар. | |
1814 | Танкреди Пазеро — италијански оперски бас-пејач. | |
1842 | Вилијам Џејмс — американски психолог. | |
1920 | Славко Јаневски — македонски писател. | |
1923 | Јово Камберски — македонски писател. | |
1941 | Жерсон — бразилски фудбалер. | |
1951 | Фредерик Мишкин — американски економист. | |
1957 | Брајан Робсон — англиски фудбалер и тренер. | |
1961 | Жан Митрев — македонски кардиохирург. | |
1963 | Мија Беговиќ — југословенска и хрватска глумица. | Евгенија Образцова — руска балерина. |
1963 | Роланд Волфарт — германски фудбалер. | |
1968 | Саша Ќириќ — македонски фудбалер. | |
1975 | Матео Ренци — премиер на Италија. | |
1985 | Хозе Семедо — португалски фудбалер. | |
1987 | Џејми Варди — англиски фудбалер. | |
1988 | Камерон Мајер — австралиски велосипедист. | |
1992 | Дани Карвахал — шпански фудбалер. | |
1993 | Филип Стојковиќ — црногорски фудбалер. | |
1996 | Лирој Сане — германски фудбалер. |
Починале:
705 | Јован VI — римски папа. |
1801 | Доменико Чимароза — италијански композитор, претставник на Неаполската оперска школа. |
1928 | Томас Харди — англиски писател. |
1923 | Константин I — грчки крал. |
1941 | Емануел Ласкер — германски шахист. |
1966 | Алберто Џакомети — италијанско-швајцарски вајар и сликар. |
1990 | Асен Тодоров — еден од доајените на македонското новинарство. |
2008 | Едмунд Хилари — првиот освојувач на Монт Еверест. |