Ризван Сулејмани
Ризван Сулејмани (албански: Rizvan Sulejmani; Љубин, Скопско, 8 јануари 1957) — македонски политичар, поранешен пратеник на ПДП, заменик-министер за одбрана и министер за локална самоуправа во Владата на СДСМ и на ДУИ и директор на Институтот за политички и мултикултурни студии.[1]
Ризван Сулејмани | |
---|---|
Министер за локална самоуправа | |
На должноста 17 декември 2004 – 27 август 2006 | |
Лични податоци | |
Роден(а) | 8 јануари 1957 Љубин, НР Македонија, ФНРЈ |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Животопис
уредиСулејмани е роден на 8 јануари 1957 година во скопско Љубин. Дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје[2], а магистрант е на Европски интеграции и комуникации. Добро знае англиски, а се служи и со францускиот јазик.
Сулејмани на функцијата министер за локална самоуправа, дошол од функцијата заменик на министерот за одбрана што ја извршувал од 12 ноември 2002 година, до формирањето на владата на Владо Бучковски.
Во периодот од 1996 до 2002 година Сулејмани бил пратеник во македонското Собрание, член на повеќе негови комисии, како и член на Делегацијата на Парламентот на Република Македонија во Парламентот на НАТО.
По дипломирањето, Ризван Сулејмани работи како професор во гимназијата „Зеф Љуш Марку”, а потоа и како раководител на Компјутерскиот центар во Републичкиот трудов инспекторат.
Наводи
уреди- ↑ Митевска, Александра М. (23 декември 2008). „ВО ПРЕГРАТКИТЕ НА МИНИ-ЈУГОСЛАВИЈА?“. Глобус магазин. Архивирано од изворникот на 2016-03-04. Посетено на 2010-12-19.
- ↑ „Собрание на Република Македонија“. Посетено на 19 декември 2010.
Оваа статија македонски политичар е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |