Бајконур
Бајконур (казашки: 'Байқоңыр'; руски: Байконур), порано познат како Ленинск, е град во Кизилордската област на Казахстан, изнајмен и управуван од Русија. Бил изграден со цел да го опслужува космодромот Бајконур и бил официјално преименуван во Бајконур од страна на Борис Јелцин на 20 декември 1995.
Бајконур Байқоңыр | ||
---|---|---|
![]() | ||
| ||
Местоположба во Казахстан | ||
Координати: 45°37′0″N 63°19′0″E / 45.61667° СГШ; 63.31667° ИГДКоординати: 45°37′0″N 63°19′0″E / 45.61667° СГШ; 63.31667° ИГД | ||
Држава | ![]() ![]() | |
Област | Кизилродска | |
Основан | 1955 | |
Вклучен (град) | 1966 | |
Површина | ||
• Вкупна | 57 км2 (22 ми2) | |
Надм. вис. | 100 м | |
Население (2006) | ||
• Вкупно | 70.000 | |
Часовен појас | UTC+6 (UTC+6) | |
Поштенски код | 101503 | |
Повик. бр. | +7 73622 | |
ISO 3166-2 | BAY |
Формата на изнајменото подрачје е елипса, со големина од 90 километри во правец исток-запад, и 85 километри север-југ, со космодромот во центарот.
Оригиналниот Бајконур е рударско гратче неколку стотици километри на североисток, близу Џезказган во казашката област Карганди. Ова име било дадено на лансирната станица со цел да се предизвика забуна и да се зачува локацијата тајна. Овој град бил специфичн избран бидејќи траекторијата на летот на ракетите кои се користеле за лансирање на многу советски сателити, вклучувајќи го и првиот Спутник, поминувале близу над него. Името Бајконур на казачки значи богато кафеаво, т.е. плодна земја со многу билки. Сепак, железничката станица таму, која е постара од базата, го има зачувано своето старо име - Тјуратам.
Советската влада го основала научно-истражувачкиот полигон за проби (НИИП-5) со одлука донесена на 12 февруари 1955. Првите фотографии од полигонот за тестирање на ракети Тујуратам (или космодромот Бајконур) биле направени од страна на извидувачки авион од типот U-2 на 5 август 1957. Видете композитна сателитска снимка на лансирниот комплекс Тјуратам во рана фаза на развој заедно со космодромот (30 мај 1962).

Поврзано Уреди
Извори Уреди
Надворешни врски Уреди
„Бајконур“ на Ризницата ? |
- RussianSpaceWeb.com за градот Бајконур
- Космодромот Бајконур Архивирано на 29 септември 2011 г.
Оваа статија место во Казахстан е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |