Никола Калиниќ (роден на 5 јануари 1988 во Солин, Хрватска) — хрватски фудбалер, напаѓач на Верона и поранешен хрватски репрезентативец.

Никола Калиниќ
Лични податоци
Роден на 5 јануари 1988(1988-01-05)(36 г.)
Роден во Солин, СФРЈ
Држава Хрватска Хрватска
Висина &100000000000001870000001,87 м
Позиција напад
Клупски податоци
Сегашен клуб Верона Верона
Број 9
Младинска кариера
Хајдук Сплит Хајдук Сплит
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2005-2009 Хајдук Сплит Хајдук Сплит 59 (32)
2006Пула Пула 12 (3)
2007Шибеник Шибеник 8 (3)
2009-2011 Блекбурн Роверс Блекбурн Роверс 44 (7)
2011-2015 Днипро Днипро 86 (37)
2015-2017 Фјорентина Фјорентина 68 (27)
2017-2018 Милан Милан 31 (6)
2018-2020 Атлетико Мадрид Атлетико Мадрид 17 (2)
2019-2020Рома Рома 15 (5)
2020– Верона Верона 32 (6)
Репрезентација
2003 Хрватска Хрватска 16 2 (1)
2004-2005 Хрватска Хрватска 17 18 (15)
2005-2007 Хрватска Хрватска 19 12 (11)
2006 Хрватска Хрватска 20 1 (0)
2007-2010 Хрватска Хрватска 21 9 (4)
2008-2018 Хрватска Хрватска 42 (15)
* Ажурирано на: 9 август 2018
** Ажурирано на: 13 јуни 2018

Клупска кариера

уреди

Хрватска

уреди

Калиниќ е роден во градот Солин во близина на Сплит, а својата играчка кариера ја започнал во Хајдук Сплит. Своето деби во Прва ХНЛ го направил во сезоната 2005-2006, на возраст од само 17 години. Во 2005 година бил позајмен на екипата на Пула (денешна Истра 1961), која исто така се натпреварувала во Првата фудбалска лига на Хрватска. Така тој добил шанса да ги покаже својте квалитети во најсилната лига во Хрватска, и покрај тоа што бил само еден тинејџер: својата прва целосна сезона како професионалец (2005-2006) ја завршил со сосема солидни бројки за еден толку млад играч како него: 12 натпревари и 3 гола. Во зимата накратко се вратил назад во Сплит, но потоа повторно бил позајмен од страна на раководството на Хајдук, овој пат во Шибеник каде на 8 натпревари тој постигнал 4 гола, со добар просек за искусен напаѓач. Овие перформанси го убедиле Хајдук Сплит да се фокусира на него како опција за нивниот напад во следната сезона: тој ја оправдал довербата играјќи одлична сезона во која на 25 натпревари постигнал 17 гола, завршувајќи како трет на списокот на стрелците во првенството зад Желимир Теркеш кој бил најдобар стрелец за сезоната 2007-2008 со 21 гол и Радомир Џаловиќ кој постигнал 18.[1] Хајдук ја завршил сезоната на 5. место во лигата,[2] но стигнал до финалето на Купот на Хрватска, а на патот до таму Калиниќ постигнал 9 гола во 7 натпревари.

Следната сезона (2008-2009) Калиниќ одново бил најдобар стрелец на Хајдук со 15 гола, со што дал суштински придонес за одличното 2. место на тимот заврпувајќи зад најголемиот соперник во лигата Динамо Загреб. На списокот на стрелците оваа сезона ја завршил како втор, зад Марио Манџукиќ од Динамо (кој постигнал 16 голови).

Во текот на истата сезона тој го постигнал својот прв гол во Европските натпреварувања, во победата со 4-0 над Биркиркара. Својот прв гол за сезоната го постигнал на 3 август 2008 година против Вараждин (1-1), по што следел хет-трик во победата со 3-1 против Славен Белупо (два од трите гола ги постигнал од пенал) и уште по два гола во натпреварите против Интер Запрешиќ (3-3) и Цибалија (2-0, и двата гола постигнати со удар од единаесет метри).

Блекбурн Роверс

уреди

На 3 август 2009 година, Калиниќ потпишал четиригодишен договор со Блекбурн Роверс,[3] за необјавена сума која се верува дека изнесувала околу 6 милиони фунти.[4] Една недела подоцна, на Калиниќ успешно му била доделена работна дозвола и официјално потпишал со клубот.[5] Сепак, неговото деби било одложено бидејќи тој морал да се врати во неговата татковина да ја собере својата дозвола, што значело дека не може да биде регистриран за првиот натпревар на Роверс во сезоната против Манчестер Сити. На 13 август, тој и официјално станал играч на Блекбурн Роверс и му бил доделен дресот со бројот 22 за сезоната 2009-2010. Калиниќ дебитирал девет дена подоцна во натпревар против Сандерленд (пораз со 2-1), влегувајќи од клупата на местото на Франко Ди Санто. На 27 октомври Калиниќ го постигнал својот прв гол за Блекбурн против екипата на Питерборо Јунајтед во Лига купот.[6] Својот втор гол за клубот го постигнал во четврт-финалето на истото натпреварување против Челси, но промашил пенал во пенал-серијата што сепак не го спречило Блекбурн да победи и да мине понатаму.[7] Својот трет гол за Роверс го постигнал во ФА Купот против Астон Вила во поразот со 3-1 на 2 јануари 2010 година.[8] Својата голгетерска сметка за сезоната ја дополнил со два гола повторно против Астон Вила во вториот натпревар од полуфиналето на Лига купот; првиот го постигнал со глава, а вториот со удар од блиско растојание. Тој го постигнал својот прв гол во Премиер лигата против екипата на Виган Атлетик, стрелајќи прецизно со глава по корнерот изведен од страна на Мортен Гамст Педерсен во 76-тата минута во победата со 2-1. Својот втор гол во Премиер лигата го постигнал против Болтон, на 21 февруари 2010 година.

На почетокот на следната сезона му бил доделен дресот со број 9, од страна на менаџерот Сем Алардајс. И покрај тоа што отсуствувал во поголем дел од пред-сезоната, Калиниќ ја започнал сезоната 2010-2011 играјќи како стартер во првото коло од сезоната, и го постигнал единствениот гол во победата над Евертон на Ивуд Парк со 1-0 на 14 август. Тој го постигнал својот втор гол во лигата во ремито 1-1 против Манчестер Сити. На 28 декември 2010 година за првпат во натпревар од Премиер лигата постигнал два гола во победата со 3-1 над Вест Бромвич Албион на Хоторнс; подоцна во овој натпревар добил црвен картон и бил исклучен. На 26 февруари 2011 година, Калиниќ влегол во игра во второто полувреме како замена за Роке Санта Крус и постигна гол во 81-вата минута во поразот со 4-1 од Астон Вила на Вила Парк. Тоа бил неговиот шести гол за сезоната и вкупно петти во Премиер лигата. Откако Сем Алардајс добил отказ на позицијата менаџер на Блекбурн Роверс, Калиниќ паднал во втор план кај новиот менаџер Стив Кин.[9]

Днипро и Фјорентина

уреди
 
Калиниќ во дресот на Днепро.

На 12 август 2011, Калиниќ потпишал за украинскиот Днипро, за необјавена сума.[10] Следниот ден тој го направил своето деби во украинската лига, влегувајќи на местото на Дерек Боатенг во 59-тата минута, и постигнал гол во 81-вата минута во поразот со 1-3 од Шахтар Донецк, но само две минути подоцна бил исклучен поради удирање на противнички играч со лакт. Набргу, Калиниќ заработил место во почетната постава во нападот на Днипро, постигнувајќи по два гола во натпреварите против Олександрија (5-1) и Волин Луцк (1-2). Во неговата втора сезона постигнал вкупно 10 гола во сите натпреварувања, од кој првиот на 26 август 2012 година против Волин Луцк (2-1). Тој го одлучил натпреварот од украинскиот куп против Жемчужина Јалта (0-1) на 23 септември 2012. Следниот месец го постигнал својот прв погодок во европските натпреварувања по пауза од четири години во победата на Днипро над Слован Либерец со 4-2 во Лигата на Европа. Сезоната 2013-2014 била најлошата за Калиниќ во украинскиот клуб. Тој постигнал 7 гола во 23 натпревари: првиот на 11 август 2013, помагајќи му на својот тим да дојде до минимална победа со 1-0 против Говерла во петтото коло од првенството. На 22 септември постигнал два од трите гола на Днипро во успехот на гостувањето во Запорожје против Металург (2-3). На 28 ноември, го постигнал неговиот единствен европски погодок за оваа сезона, во победата со 4-1 над Пандури. Меѓутоа, следната сезона ги надминал проблемите и бил еден од главните играчи на Днипро во успешната сезона на клубот, постигнувајќи 19 гола што е негово второ најдобро постигнување после сезоната 2007-2008 во која постигнал 26. На 30 јули 2014 дебитирал во Лигата на шампионите, играјќи како стартер во ремито без голови 0-0 против Копенхаген. Својте први голови во првенството ги постигнал против Карпати (4-0, во третото коло), Ворскла (1-1, во петтото коло) и два против Олимпик Донецк (5-0, во седмото коло). Тој, исто така, постигнал во украинскиот куп против Волин Луцк (4-0), и тоа набргу откако се појавил во игра од клупата, наместото на Евгени Селезнов. Калиниќ бил клучниот играч на патот на Днипро до финалето на Лигата на Европа постигнувајќи 5 гола во 17 натпревари; најпрво на 20 август, против неговиот поранешен клуб, Хајдук Сплит, во победата со 2-1, а потоа тој погодил двапати против Карабах (1-2). Во финалето на Лига Европа, одиграно на 27 мај 2015 година во Варшава, го отворил резултатот носејќи го Днипро во водство од 1-0 во 7-мата минута, меѓутоа накрајот неговиот тим загубил со 3-2 од шпанската Севиља. На 26 јули 2015 ја започнал новата сезона во дресот на Днипро, постигнувајќи два гола против Чорноморец Одеса (4-2). Своето искуство во Украина го затворил со вкупно 49 гола во 125 средби.

На 14 август 2015 година бил купен од страна на Фјорентина[11] за 5,5 милиони евра, потпишувајќи договор на четири години.[12] На 23 август дебитирал за виолетовите во првото коло од првенството, победата со 2-0 над Милан на домашен терен.[13] Својот прв гол за италијанската екипа го постигнал на 17 септември во натпреварот од Лигата на Европа, Фјорентина - Базел (1-2).[14]

На 23 септември го постигнал својот прв гол во Серија А, во победата со 2-0 над Болоња на Артемио Франки.[15] На 27 септември, постигнал хет-трик (трет во кариерата) во победата со 4-1 на гостувањето кај водачот на табелата Интер, со што ја однел Фјорентина на првото место во лигата за првпат од сезоната 1998-1999; тој исто така станал вториот играч на Фјоренитна кој постигнал хет-трик против Интер по Виничио Виани.

Атлетико Мадрид

уреди

На 9 август 2018, Калиниќ потпишал тригодишен договор со Атлетико Мадрид.[16] Своето деби го направил во поразот со 0–2 од Селта Виго на 1 септември, влегувајќи како замена во 56-тата минута.

Репрезентативна кариера

уреди

Тој бил клучен играч на Хрватска во младинските репрезентации, под 17, под 19 и под 21 година. Својот прв настап на меѓународно натпреварување го имал на Европското првенство за играчи под 17 години во 2005 година во Италија, каде завршил на врвот на списокот на стрелците со 11 гола. За репрезентација под 19 години, постигнал 5 гола во квалификациите за Европското првенство. Исто така, постигнал и хет-трик против Молдавија, кој им овозможил на хрватите да минат во следната фаза.[17] За репрезентацијата под 21 година, има два гола во два натпревари.

Неговата импресивни перформанси во младите репрезентации и во дресот на Хајдук му донеле место во хрватската сениоирска репрезентација со која учествувал на Евро 2008.[18] Своето деби за хрватската репрезентација го направил на 24 мај 2008, влегувајќи во игра во 62-рата минута од натпреварот против Молдавија што завршил 1-0 за коцкестите.[19] Дебитирал на Евро 2008, со својот дрес број 9, за време на натпреварот против Полска, на местото на авторот на победничкиот гол за 1-0, Иван Класниќ.

Клупска статистика

уреди

Статистиката е ажурирана на 3 октомври 2015.

Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно
Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол
2005-2006   Хајдук Сплит 1. ХНЛ 6 0 КХ 1 0 ЛШ 0 0 СК 0 0 7 0
2006-јан. 2007   Пула 1. ХНЛ 12 3 КХ 1 0 - - - - - - 13 3
јан.-јун. 2007   Шибеник 1. ХНЛ 8 3 КХ - - - - - - - - 8 3
2007-2008   Хајдук Сплит 1. ХНЛ 25 17 КХ 7 9 КУ 4[20] 0 - - - 36 26
2008-2009 1. ХНЛ 28 15 КХ 4 2 КУ 4[20] 1[20] - - - 36 18
Вкупно Хајдук Сплит 59 32 12 11 8 1 0 0 79 44
2009-2010   Блекбурн Роверс ПЛ 26 2 ФАКуп+ЛК 1+6 1+4 - - - - - - 38 7
2010-2011 ПЛ 18 5 ФАКуп+ЛК 1+1 1+0 - - - - - - 20 6
Вкупно Блекбурн Роверс 44 7 9 6 - - - - 53 13
2011-2012   Днипро ПЛ 19 10 КУ 0 0 ЛЕ 2[21] 0 - - - 21 10
2012-2013 ПЛ 21 6 КУ 2 1 ЛЕ 6[22] 3[23] - - - 32 10
2013-2014 ПЛ 19 6 КУ 0 0 ЛЕ 4 1 - - - 23 7
2014-2015 ПЛ 23 12 КУ 6 2 ЛШ+ЛЕ 2[24]+17[25] 0+5[23] - - - 47 19
авг. 2015 ПЛ 4 3 КУ 0 0 ЛЕ - - - - - 4 3
Вкупно Днипро 86 37 8 3 31 9 - - 125 49
2015-2016   Фјорентина А 36 12 КИ 1 0 ЛЕ 5 1 - - - 42 13
2016-2017 А 33 15 КИ 2 0 ЛЕ 7 5 - - - 42 20
Вкупно Фјорентина 69 27 3 0 12 6 - - 84 33
Вкупно во кариерата 215 86 30 20 40 11 0 0 285 117

Наводи

уреди
  1. Soccer Boards.com (уред.). „Croatian Leading Goal Scorers“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-08-02. Посетено на 21 јуни 08. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  2. UEFA.com (уред.). „Croatian Football Federation“ (англиски). Посетено на 21 јуни 08. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  3. „Rovers 'complete' Kalinic deal“. Sky Sports. 4 August 2009. Посетено на 4 August 2009.
  4. „Rekordan transfer: Kalinić u Blackburnu!“ (хрватски). HNK Hajduk Split. 3 August 2009. Посетено на 3 August 2009.
  5. „Rovers secure work permit for Croatian striker“. ESPN. 10 August 2009. Посетено на 10 August 2009.
  6. „Blackburn 5–2 Peterborough“. BBC Sport. 27 October 2009. Посетено на 27 October 2009.
  7. Fletcher, Paul (2 December 2009). „Blackburn 3–3 Chelsea“. BBC Sport. Посетено на 2 January 2010.
  8. „Aston Villa 3–1 Blackburn“. BBC Sport. 2 January 2010. Посетено на 2 January 2010.
  9. „Agent – Kalinic could leave“. Sky Sports. 6 April 2011. Посетено на 14 February 2012.
  10. BBC Sport, уред. (11 август 2011). „Напаѓачот на Блекбурн, Никола Калиниќ потпиша Днепро“ (англиски). Посетено на 11 август 2011.
  11. Kalinic è un giocatore della Fiorentina violachannel.tv
  12. Kalinic oggi a Firenze per firmare: i dettagli dell'affare fiorentina.it
  13. 1^ Giornata Архивирано на 9 јануари 2018 г. legaseriea.it
  14. Fiorentina, partenza in salita uefa.com
  15. „Fiorentina 2 Bologna 0: Reti di Blaszczykowki e Kalinic“.
  16. „Welcome Kalinic“. Атлетико Мадрид. 9 August 2018. Посетено на 9 August 2018.
  17. UEFA.com (уред.). „Neighbours sweep into next stage“ (англиски). Посетено на 21 јуни 08. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  18. euro2008.UEFA.com (уред.). „Bilic names squad for EURO 2008 assault“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2009-01-07. Посетено на 21 јуни 08. Проверете ги датумските вредности во: |access-date= (help)
  19. „Хрватска ја победи Молдавија во пријателски натпрев пред Евро 2008“ (англиски). AFP.google.com. 24 мај 08. Архивирано од изворникот на 2012-08-02. Посетено на 6,21 0,08. Проверете ги датумските вредности во: |access-date=, |date= (help)
  20. 20,0 20,1 20,2 Во преелиминарните рунди.
  21. Во плејоф фазата.
  22. 1 настап во плејофот.
  23. 23,0 23,1 1 гол во плејофот.
  24. Трето квалификациско коло.
  25. 2 настапи во плејофот.

Надворешни врски

уреди