Газа
Газа (غزة) — најголемиот град во Појасот Газа, кој е дел од палестинските територии. Тој се наоѓа на брегот на Средоземното Море и има население од околу 515.000. Голем дел од населението се состои од палестинските бегалци. Градот има долга историја која датира од 2000 година п.н.е. Во градот има голем број на важни објекти од кои се издвојува џамијата „ел-Омари“ од XII век, и црквата „Св. Порфириј“ од IV век.
Тука се наоѓаат поголем број на археолошки наоѓалишта од една долга историја. Меѓу нив се остатоците од манастирот на Свети Иларион, која се простира на површина од два хектари, а беа откриени во 1999 година.