Садула Дураку
Садула Дураку (21 јануари 1960 во Липково, Кумановско) — македонски политичар од албанска етничка припадност. Дипломирал на машинскиот факултет при универзитетот во Приштина во 1990 година. На функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство доаѓа од царинската управа каде ја вршел функцијата заменик-директор.
Садула Дураку | |
---|---|
Министер за животна средина | |
На должноста 1 јуни 2017 – 26 јуни 2019 | |
Претседател | Ѓорге Иванов |
Премиер | Зоран Заев |
Претходник | Нурхан Изаири |
Наследник | Насер Нуредини |
Министер за земјоделство | |
На должноста 17 декември 2004 – 28 јули 2006 | |
Премиер | Владо Бучковски |
Претходник | Славко Петров |
Наследник | Аце Спасеновски |
Градоначалник на општина Липково | |
На должноста април 2009 – 1 јуни 2017 | |
Претходник | Беќир Сакипи |
Наследник | - |
Лични податоци | |
Роден(а) | 21 јануари 1960 Липково, Кумановско |
Националност | Албанец |
Партија | ДУИ |
Вероисповед | ислам |
Воена служба | |
Прекар | командант Вентили |
Припадност | ОНА |
Битки/војни | Воен конфликт во Македонија, 2001 |
Од 1997 до 2000 година бил наставник во техничкото училиште „Наце Буѓони“ во Куманово, а во периодот од 2000 до 2002 година е виш царински соработник во царинската управа. Бил градоначалник на општина Липково во периодот 2009–2017.[1] Во 2017 бил назначен за министер за животна средина и просторно планирање.
Дураку бил учесник во воениот конфликт од 2001. Тој во летото 2001 со уште двајца припадници на ОНА го завртел вентилот за довод на вода од Липковското Езеро по што населените места од кумановскиот крај немале вода неколку седмици. Поради тој случај го добил прекарот „Командант Вентили“, а за настанот бил отворен и судскиот предмет „Липковска брана“.[2]
Наводи
уреди- ↑ „Список на општини каде ќе има втор круг, избран е 51 градоначалник“. Денешен.мк. 25 март 2013. Архивирано од изворникот на 2013-03-27. Посетено на 24 мај 2013.
- ↑ „Кој е Садула Дураку, идниот министер за животна средина?“. Макфакс. 29 мај 2017. Посетено на 29 мај 2017.