Јан Бројгел Постариот

Јан Бројгел Постариот (холандски: Jan Brueghel de Oude; 1568, Брисел - 13 јануари 1625, Антверпен) — фламански сликар, син на познатиот уметник Питер Бројгел Постариот и татко на Јан Бројгел Помладиот. Имал повеќе прекари, како „Кадифениот“ Бројгел, „Цветниот“ Бројгел и "Рајскиот" Бројгел, од кои последните два се должат на неговите цветни ликовни дела, додека првиот се однесува на кадифениот сјај на боите во неговите дела, или пак на тоа дека сакал да се облекува во кадифе.

„Букет“ (1606/7)
Битка кај Ис или Арабела“ (1602)

Татко му починал во 1569, а мајка му во 1578 г. По ова, Јан, брат му Питер и сестра му Мари, се преселиле кај баба им, Мајкен Верхулст (вдовица на Питер Куке ван Алст). Таа самата била уметник, и според Карел ван Мандер, веројатно првиот ликовен учител на нејзините внуци. Некое време по 1578 г. сите тие се преселиле во Антверпен.

Бројгел најпрвин почнал да слика цвеќе и овошје, но потоа се стекнал со големо реноме со неговите предели и поморски мотиви. Бројгел оформил стил кој бил понезависен од татковиот, отколку стилот кој го оформил брат му Питер. Во раната кариера честопати сликал предели со библиски сцени, особено шумски предели, по што се гледа влијанието на мајсторот на шумски предели Гилис ван Конингсло. Подоцна во неговата кариера, Јан почнал да слика чисти предели и урбани предели, а кон крајот на животот преминал на мртва природа.

По долгиот престој во Келн, пошол на пат во Италија, каде неговите предели украсени со мали ликови, биле многу ценети и обожувани. Бројгел оставил голем многубројни слики, главно предели, сите изведени со голема вештина.

Многу од неговите предели се плод на соработка со неговите колеги. Имено, во своите предели Бројгел ставал ликови насликани од други уметници. Најславен негов соработник бил Петер Паул Рубенс, кој работел со него на неколку мали слики како „Вертумно и Помона“, „Сатирот гледа заспана нимфа“ и „Земски рај“.

Бројгел имал студио во Антверпен, каде умрел од колера.

Семејна лоза уреди

 
 
 
Питер Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Питер Бројгел Помладиот
 
Јан Бројгел Постариот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Амброзиј Бројгел
 
Јан Бројгел Помладиот
 
Ана Бројгел
 
Давид Тенирс Помладиот
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
Абрахам Бројгел

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди