Клаудиј (латински:Servius Sulpicius Galba) е римски цар, управувал во годината на четирите цари. Роден е во Тарагона, денешна Шпанија на 24 декември 3 година. Попознат е и како Сервиј Сулпициј Галба. Со Римското Царство управувал од јуни 68 до 15 јануари 69 година. Произлегува од богата фамилија, но нема никаква врска со Јулиј-Клаудијската династија. Октавијан Август предвидел дека еден ден тој ќе стане цар на империјата.

Галба
Stockholm - Antikengalerie 4 - Büste Kaiser Galba.jpg
Роден 24 декември 3
Тарагона
Починал 15 јануари 69
Рим, Римско Царство, денешна Италија

На 20 години станал претор, а на 33 станал конзул. По смртта на Нерон, тој ја зел титуллата цезар и со својата војска тргнал кон Рим. Кога се приближил кон Рим во 68 година, избиле големи нереди помеѓу војниците, при кое имало и многу жртви. Основна преукопација на Галба била да ја воздигне империјата финансиски, со кое зел решение на преторијанците одбил да им исплати награда која им била обеќана од негово име. Не ја поддржувал идејата дека војниците треба да се подмитуваат за да се обезбеди нивната лојалност.