Звонко Богдан (р. 5 јануари 1942 во Сомбор) е истакнат изведувач на народни тамбурашки и староградски песни од Војводина, Србија. Освен тоа што е славен пејач, тој е и композитор, сликар и џокеј, и ужива углед на боемство и отменост. Живеел во Виена за време на 1990-тите години, и се вратил во Војводина по падот на Слободан Милошевиќ. Сега живее во Суботица.

Звонко Богдан
Звонко Богдан во 2006 г.
Животописни податоци
Роден(а)5 јануари 1942(1942-01-05)(82 г.)
Сомбор,  Кралство Југославија
Жанровитамбурица
народна музика
Занимањапејач, текстописец
Инструментипеење
Период на активност1971–

Животопис

уреди

Звонко Богдан е роден во Сомбор, кој во тоа време бил под унгарска окупација (во Втората светска војна), во семејство Буњевци.

Пее како негови така и традиционални песни (особено буњевски) во придружба на тамбураши. Некои од песните ги компонирал самиот (како Хеј салаши на северу Бачке). Има и песни на унгарски и ромски.

На неговите изведби го придружуваат ансамблите „Тамбурашки оркестар Јанике Балажа“ од Војводина и „Загребачки тамбураши“ од Хрватска. Звонко Богдан е сѐ уште многу активен и изведува во Србија и Хрватска, како и ширум светот каде живеат луѓе од тие краишта.

Некои од неговите најпопуларни песни се:

Дискографија

уреди
  • 1973: Звонко Богдан
  • 1973: Бисери народне музике
  • 1974: Звонко Богдан пева за Вас
  • 1976: Што се боре мисли моје
  • 1981: Звонко Богдан и тамбурашки оркестар Јанике Балажа
  • 1984: Леголас
  • 1980: Звонко Богдан
  • 1984: Песме и песници
  • 1990: Звонко Богдан
  • 2001: Живот тече у лаганом ритму
  • 2003: Раритети
  • 2003: Успомене на време које се сигурно поновити неће (двојно ЦД)
  • 2005: Звонко Богдан - Највећи хитови
  • 2012: Звонко Богдан - Ова писма рефрен нема

Музика

уреди

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди