Хеди Ламар
Хеди Ламар (Виена, 9 ноември 1914 - Алтамонт Спрингс, 19 јануари 2000) — австриско-американска глумица. Додека живеела во Австрија била позната како Хедвиг Ева Марија Кислер, а во Америка своето име го променила во Хеди Ламар.
Макс Рајнхарт, познат филмски и театарски режисер, изјавил дека Хеди Ламар е најубавата жена во Европа. Кога емигрирала во Америка, за неа се пишувало дека е „најубава жена во филмот”. Иако нејзините глумечки квалитети се неспорни, поголемо значање од нејзините филмски остварувања, претставуваат патенти на оваа холивудска филмска дива. Денес, можеме да кажеме дека Хеди Ламар, била пионер на безжични кумуникации и дека производите што го користат нејзиниот патент се наоѓаат во секоја куќа.
Нејзиниот “систем за тајни комуникации” успешно против нацистите ја користела војската на Соединетите Американски Држави во Втората светска војна. Хеди Ламар, уште во 1941 година, заедно со Џорџ Антејл, регистрирала патент на проширен спектар во технологијата, кој после 10 години почнала да го користи американската моранарица за побрзо да се прошири на целата армија. Наглиот развој на дигиталната комуникација, без патентот од Хеди Ламар, не би бил возможен. Нејзиниот патент успешно се применува на мобилните телефони, факс апаратите и на сите безжични уреди.
Живеела 86 години, била мајка на три деца, снимила повеќе од 30 филмови и имала 7 бракови.
Австрија, Германија и Швајцарија го одбележуваат Денот на пронаоѓачите на 9 ноември, кага е родена Хеди Ламар.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |