Коалиција на радикалната левица
Коалиција на радикалната левица (грчки: Συνασπισμός Ριζοσπαστικής Αριστεράς; позната и како СИРИЗА) — политичка партија од Грција.
Коалиција на радикалната левица | |
---|---|
Идеологија | Демократски социјализам,[1] екосоцијализам,[1][2] антикапитализам,[1] антиглобализам[2] |
Мрежно место | |
http://www.syriza.gr | |
Знаме | |
Политика на Грција Политички партии Избори |
Основање
уредиСИРИЗА е формално основана пред парламентарните избори во 2004 година, меѓутоа коалицијата влече корени од организацијата Простор за дијалог за единство и заедничка акција на левицата (грчки: Χώρος Διαλόγου για την Ενότητα και Κοινή Δράση της Αριστεράς) која е основана во 2001. „Простор“ бил составен од различни организации на левицата, кои покрај идеолошките разлики, имале заеднички погледи на неколку најважни прашања како што се:
- спротивставување на неолибералните реформи на пензискиот и социјалниот систем на осигурување;
- спротивставување на новите антитерористички закони;
- подготвување за грчко учество на демонстрациите во текот на Самитот Г8 во Џенова 2001 година.[3]
Поголемиот број членови на „Простор“ работеле на развивање на заедничка платформа која би довела до формирање предизборна коалиција. СИРИЗА е формирана во јануари 2004 година. Партиите кои ја основале коалицијата се:
- Синаспизмос (СИН);
- Обновена комунистичка еколошка левица (АКОА);
- Интернационална работничка левица (ДЕА);
- Движење за заедничка акција на левицата (КЕДА);
- Активни граѓани;
- останатите независни левичарски групи и активисти.
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 Nordsieck, Wolfram. Greece. Parties and Elections in Europe. Посетено на 15 март 2012.
- ↑ 2,0 2,1 Backes, Uwe; Moreau, Patrick (2008). Communist and Post-Communist Parties in Europe. Vandenhoeck & Ruprecht. стр. 571–575.
- ↑ Overcoming division Архивирано на 8 февруари 2012 г., Георгес Митралиас, јуни 2001.