Љутви Руси (албански: Lutvi Rusi; Дебар, 21 јануари 1923 - Скопје, 28 февруари 1981) — македонски новинар, писател и преведувач од и на албански јазик. Носител на Партизанска споменица 1941, истакнат борец во НОБ во Западна Македонија.

Љутви Руси
Роден/а21 јануари 1923
Македонија Дебар
Починат/а28 февруари 1981
Македонија Скопје
ЗанимањеПисател, Новинар

ЖивотописУреди

Руси е роден во Дебар на 21 јануари 1923 година. После Втората светска војна како нејзин учесник, Руси влегува во новинарството во педесеттите години. Потоа станува долгогодишен уредник на емисиите на албански јазик на Радио Скопје, а потоа сè до пензионирањето бил главен и одговорен уредник на „Флака“ и на „Просветно дело“. Во коавторство со Миле Ќорвезироски го објавил првиот Македонско-албански речник во 1967 година. Преведувал од македонски на албански јазик и обратно. Бил член на ДПМ од 1953 година. ДПМ во негова чест има идеја да преименува улица во Скопје[1].

БиблиогрфаијаУреди

  • Песни за пионерите (заедно со Мемедали Хоџа), 1953;
  • Бригада на зајците, 1966;
  • Партизански приказни, 1974;
  • Калење,1975;
  • Ибе Паликуќа, 1976;
  • Двајца другари,1977;
  • Сомневање, 1979;
  • Лиман Каба, 1980;
  • Глувонемиот, 1981.[2]

НаводиУреди

  1. „ДРУШТВО НА ПИСАТЕЛИТЕ - Свои улици немаат најистакнатите македонски писатели“. Време. 2 март 2007. Посетено на 2009-11-15.[мртва врска]
  2. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија, Скопје, 2004, стр. 224.