Михалис Папаконстантину
Михалис Папаконстантину (грчки: Μιχάλης Παπακωνσταντίνου) (роден на 1 ноември 1919[1] во Кожани — 17 јануари 2010[1]) — грчки политичар и автор. Во периодот од 7 август 1992 до 13 октомври 1993 година, Папаконстантину бил Министер за надворешни работи на Република Грција од партијата Нова Демократија.[1]. Тој редовно пишувал како колумнист во весниците во Атина и Солун.[1] Тој, исто така пишувал и во голем број на грчки и странски списанија, како писател.[1]
Михалис Папаконстантину Μιχάλης Παπακωνσταντίνου | |
---|---|
Министер за надворешни работи | |
На должноста 7 август 1992 – 13 октомври 1993 | |
Претходник | Константинос Мицотакис |
Наследник | Каролос Папуљас |
Лични податоци | |
Роден(а) | 1 ноември 1919 Кожани, Грција |
Починал(а) | 17 јануари 2010 (возраст 90) |
Партија | Нова Демократија |
Професија | политичар, автор |