Бранко Варошлија (роден на 1 јануари 1934 во Вучитрн, СФР Југославија (денес Србија) - починал на 1 јануари 2004 Скопје) — македонски писател, театарски критичар, романтичар и раскажувач..[1]

Бранко Варошлија
Роден/а1 јануари 1934
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Вучитрн, СФР Југославија
Починат/а1 јануари 2004
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Животопис

уреди

Се запишал и завршил Филолошки Факултет во Скопје. По завшувањето на факултетот се вработил во Радио Скопје, потоа во „Млад борец“, потоа неговата кариера ја продолжил во „Разгледи“ и на крајот се вработил како новинар во „Нова Македонија“ каде што работи најдолго. Во 1978 се одлучува да се пишува драми и се приклучува на Македонскиот народен театар каде што работел како драматург до 1996. Починал на 1 јануари 2004 година во Скопје.[2]

Творештво

уреди

Го сместуваат во прозаистите на средната генерација (нејзиното авангардно крило), главно присобрани кон шеесеттите години на ХХ в. околу списанието „Разгледи” (Димитар Солев, Благоја Иванов, Живко Чинго, Бранко Пендовски, Богомил Ѓузел), чии заложби за вклучување во помодерните текови на литературната уметност се поврзани со внесување на забрзани процеси на надомест во младата македонска литература.

Во овој нов бран на гласовити прозаисти Бранко Варошлија зазема истакнато место со своите раскази, кои понудија промени и раздвижување на дотогашните потесни тематски и стилско-експресивни рамки на домашната литература. Се воведува, според оценката на поавторитетните македонски критичари, треперење на еден нов сензибилитет, се оперира попретенциозно со интроспекцијата, се преферира психолошката анализа.

Како најмлад во поворката на претенциозните јуришници е Бранко Варошлија, носител на непореклива дарба за прозна белетристика. Го привлекува вниманието на читателите со мошне култивиран стил на изразување и со ефикасна и ефектна смисла за брз пробив во внатрешниот живот на современиот човек. Таквите свои книжевни заложби ги илустрира со романите: „Последниот лет на птицата селица” (1969), обрасцов пример на поетскиот роман кај нас, и со збирката раскази „Осамени минувачи” (1975). Г. Т. Ѓорѓи Варошлија

Книжевно творештво

уреди
  • „Последниот лет на птицата селица“ (роман, 1968)
  • „Осамени минувачи“ (раскази)
  • „Џувалековски“ (монографија, 1975), соавторство со Гане Тодоровски
  • „На два брега“ (драма, 1953)
  • „Триптихон“ (драма,1965)
  • „Балада“ (драма, 1967)
  • „Едно друго царство (драма, 1970)
  • „Учителката“ (драма, 1986)
  • „На сечило“ (драма, 1989)

Тој бил член на оценувачката комисија и учесник во разговорите на тркалезната маса за претстави на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ и на фестивалите „Стерино позорје“ и Мали експериментални сцени Сараево. Тој го превел делото „Бесови“ од Фјодор Достоевски.[3]

Награди

уреди

Бранко Варошлија е добитник на наградата “Рациново признание“ за збирката раскази “Осамени минувачи “.


Наводи

уреди
  1. Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 244. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
  2. Бранко Варошлија
  3. Cenata_na_smrtta.pdf