New Order

англиска рок-група
(Пренасочено од Њу Ордер)

New Order (транскрипција: Њу Ордер) ― англиска-рок група основана во 1980 година. Групата ја основале пејачот и гитарист Бернард Самнер, басистот Питер Хук и тапанарот Стивен Морис по распаѓањето на нивната претходна група Joy Division предизвикано од самоубиството на фронтменот Ијан Кертис. Истата година на групата ѝ се придружила Џилијан Гилберт на клавијатури. New Order направиле спој на пост-панк-музиката со електронска и денс-музика, а тоа ги направило една од најпознатите и највлијателните музички групи во 1980-тите.[1] Тие биле најистакната група од независната издавачка куќа со седиште во Манчестер, Factory Records.[2]

New Order
Промотивни фотографии од членовите на New Order во 1985; Од горе во насока на стрелките на часовникот: Бернард Самнер, Стивен Морис, Питер Хук, Џилијан Џилберт
Животописни податоци
ПотеклоСалфорд, Англија
Жанрови
Период на активност
  • 1980–1993
  • 1998–2007
  • 2011–денес
Издавачи
Мреж. местоneworder.com

Нивниот хит од 1983 година „Blue Monday“ станал најпродаван 12-инчен сингл на сите времиња и популарна клупска песна.[3] Во 1980-тите, тие ги издале успешните албуми: Power, Corruption & Lies (1983), Technique (1989) и компилацијата Substance (1987). Се распаднале во 1993 година за да работат на соло-проекти и повторно се обединиле во 1998 година. По обединувањето, групата Њу Ордер неколкупати била на паузи имала неколку промени во поставата. Хук ја напуштил групата во 2007 година поради лични несогласувања со другите членови. Во 2015 година, тие го издале десеттиот студиски албум, Music Complete. Во 2023 година, Joy Division и New Order како еден изведувач биле номинирани за внесување во Куќата на славните на рокенролот.[4]

Членови

уреди

Сегашни членови

уреди
  • Бернард Самнер – главен пејач, гитари, клавијатури, програмирање, мелодика (1980–1993, 1998–2007, 2011–сега)
  • Стивен Морис – тапани, удирачки инструменти, клавијатури, програмирање (1980–1993, 1998–2007, 2011–сега)
  • Џилијан Гилберт – клавијатури, гитари, програмирање, повремени вокали (1980–1993, 1998–2001, 2011–сега)
  • Фил Канингем – гитари, клавијатури, електронски удирачки инструменти (2001–2007, 2011–сега)
  • Том Чепмен – бас, клавијатури (2011-денес)

Поранешни членови

уреди
  • Питер Хук – бас, електронски удирачки инструменти, вокал, клавијатури, програмирање (1980–1993, 1998–2007)

Дискографија

уреди
  • Movement (1981)
  • Power, Corruption & Lies (1983)
  • Low-Life (1985)
  • Brotherhood (1986)
  • Technique (1989)
  • Republic (1993)
  • Get Ready (2001)
  • Waiting for the Sirens' Call (2005)
  • Lost Sirens (2013)
  • Music Complete (2015)

Наводи

уреди
  1. Ankeny, Jason. "New Order > Biography". AllMusic. Retrieved on 24 August 2009.
  2. „Peter Saville on his album cover artwork“. The Guardian (англиски). 29 May 2011. Посетено на 8 February 2019.
  3. „New Order Biography“. XFM. Архивирано од изворникот на 29 January 2013. Посетено на 28 September 2014.
  4. „2023 Nominees | Rock & Roll Hall of Fame“. www.rockhall.com. Посетено на 2023-02-01.

Надворешни врски

уреди