Одри Хепберн (англиски: Audrey Hepburn; 4 мај 192920 јануари 1993) — англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на наградата „Оскар“, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.

Одри Хепберн
Одри Хепберн во 1961 година
Роден(а)Одри Кетлин Растон
Други имињаЕда фан Хемстра
Активен19481989
Висина1,70 м
СопружникМел Ферер (1954 — 1968)
Андреа Доти (1969 — 1982)

Израсната во Арнем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора светска војна, напорно тренирала балет пред сосема да се посвети на глумецството. Најпрво била забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмското деби го имала како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добила својот единствен „Оскар“. Таа била една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“. Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во филмот Појадок кај Тифани од 1961 година. Во 1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во филмот Мојата убава дама, кој претставува адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн биал Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и била наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, таа била прогласена за третата најголема глумица на сите времиња, според Американскиот филмски институт во нивниотсписок АФИ 100 години... 100 ѕвезди.

Животопис уреди

Детство: Животот за време на Втора светска војна уреди

Родена е како Одри Кетлин Растон [1] (Audrey Kathleen Ruston) во Брисел и е единствено дете на Џозеф Виктор Ентони Растон (Joseph Victor Anthony Ruston), ирски банкар и неговата втора сопруга - бароницата Ела фан Хемстра (Ella van Heemstra), припадничка на холандската аристократија и ќерка на поранешен гувернер на Холандска Гвајана. Подоцна, таткото на Одри го додал и презимето на нејзината баба Кетлин Хепберн, па така Одри имала двојно презиме Хепберн-Растон. Одри имала двајца полубраќа - Александер (Jonkheer Arnoud Robert Alexander "Alex" Quarles van Ufford) и Јан Кварл фан Уфорд (Jonkheer Ian Edgar Bruce Quarles van Ufford), од првиот брак на мајка ѝ со холандски благородник. Таа е потомок на англискиот крал Едвард III.[2] и ерлот Џејмс Хепберн (James Hepburn, 4th Earl of Bothwell), линија од која потекло води и Кетрин Хепберн.[3].

Бидејќи татко ѝ на Одри работел во британска осигурителна компанија, семејството многу често патувало во Англија и Холандија. Од 1935 до 1938 година, Хепберн посетувала приватна академија за девојки во Кент. Во 1935 година, нејзините родители се развеле и нејзиниот татко, кој бил симпатизер на фашизмот[4] го напуштил семејството.[5] Подоцна, Одри се сеќавала на овој момент како на најтрауматичен во целиот нејзин живот. Многу години подоцна, таа го пронашла својот татко преку Црвениот крст, останала со него во контакт и го издржувала финансиски до неговата смрт.[6] Во 1939 година, нејзината мајка се преселила заедно со Одри и нејзините двајца полубраќа во домот на нивниот дедо во Арнем, Холандија, верувајќи дека Холандија нема да биде нападната од Германија. Хепберн учела на Арнемскиот конерваториум од 1939 до 1945 година, каде учела музика и балет, паралелно со нејзините стандардни училишни предмети. На 9 мај 1940 година, еден ден пред германската инвазија на Холандија, Хепберн учествувала во балетска претстава на балетската трупа на Седлер Велс.[7]

Во 1940 година, нацистите го окупирале Арнем. Во текот на војната, Хепберн го присвоила псевдонимот Еда фан Хемстра (Edda van Heemstra) менувајќи ги документите на мајка ѝ, бидејќи се сметало опасно да се има име што звучело англиски. Сепак, тоа никогаш не било нејзино законско име. До 1944 година, Хепберн веќе била искусна и многу вешта балерина. На 8 јануари 1944 година, нејзиното училиште одржало претстава во градската сала „Шоубург (Schouwburg)“. Исто така, таа тајно танцувала за различни групи луѓе, со цел да собере средства за движењето на отпорот. Подоцна, таа изјавила: „Најдобрата публика што ја имав, не аплаудираше на крајот на мојата претстава.“[8] Исто така, за време на германската окупација, таа била курир на движењето на отпорот, пренесувајќи летоци, скриени во чорапите и чевлите.[7]

По десантот на сојузниците во Нормандија, работите станале уште полоши под германската окупација и Одри имала многу тежок живот. За време на гладот во Холандија во зимата 1944 година, Германците ја конфискувале и онака малата количина храна што ја имале Холанѓаните.[4][9]. Арнем бил речиси потполно разрушен како последица од бомбардирањето на сојузничките сили, како дел од операцијата Маркет-Гарден. Чичкото на Одри и еден братучед на нејзината мајка биле стрелани пред неа, откако било откриено дека се членови на Отпорот. Нејзиниот полубрат Јан фан Уфорд поминал одреден период во германски концентрационен логор. Страдајќи од недоволна исхранетост, Хепберн развила акутна анемија, проблеми со душевните патишта, и едема - болест што предизвикува отекување на екстремитетите.[7][10]


Во 1991, Хепберн ќе изјави: „Имам спомени. Повеќе од еднаш бев на станицата и гледав како се движат возовите полни со Евреи, набљудувајќи ги нивните глави на врвот на вагонот. Се сеќавам, многу јасно, едно малечко дете стоеше со своите родители на платформата и беше многу бледо, русокосо и носеше палто што беше очигледно многу големо за него и се качи на вагонот. Јас бев дете што гледаше дете.“[11]

Во 1946 година, од еден пријател го добила „Дневникот на Ана Франк“. Во таа смисла, Хепберн ја посочувала сличноста со Ана Франк, изјавувајќи: „Бев на потполно иста возраст како и Ана Франк. И двете имавме десет години кога изби војанта и 15 кога заврши. Книгата ми беше дадена на холандски во 1946 година од страна на еден пријател. Ја прочитав... и ме уништи. Таа го прави истото и со многу други луѓе кои ја читаат за првпат, но јас не ја читав како книга, како испечатени страници. Ова беше мојот живот. Не знаев што ќе читав. Никогаш повеќе не бев иста, толку многу влијаеше врз мене.

Гледавме одмазда. Гледавме млади луѓе притиснати до ѕидот и стрелани и тогаш ќе ја затвореа улицата и потоа ја отвораа и можеше повторно да се помине. Ако го читаш дневникот, обележав едно место каде таа вели: Пет заложници се стрелани денес. Тоа беше денот кога го убија мојот чичко. И во зборовите на ова дете, јас го читав она што беше во мене и она што уште е таму. Тоа беше катарза за мене. Ова дете заклучено меѓу четири ѕида имаше напишано цел извештај за сѐ она што јас искусив и почувствував.“ [7][12]

Но сепак, не ѝ било целото детство лошо. Повторно, влечејќи паралела од нејзиниот кон животот на Ана Франк, Одри изјавила: „Духот на преживувањето е толку силен во зборовите на Ана Франк. Еден момент вели: Толку сум разочарана, а веќе следниот копнее да вози велосипед. Таа е дефинитивно симбол на детето во многу тешки мигови, она на кое го посветив моето време. Таа ја надживеа својата смрт.“ [13] Еден од начините на кои Хепберн го минувала слободното време била цртањето. Дел од нејзините слики од детството, денес се јавно достапни.[14].

Кога Холандија била ослободена, пристигнале камионите на Обединетите Нации.[15] Во едно интервју, Хепберн изјавила дека еднаш изела цела конзерва со кондензирано млеко и потоа ѝ се слошило, поради поголемо количество шеќер.[16] Ова искуство, веројатно било причина таа да стане дел од УНИЦЕФ во подоцнежниот дел од нејзиниот живот.[4][9].

Рана кариера уреди

 
Одри Хепберн на аудицијата за Празник во Рим, сцена која ќе биде употребена и во подоцнежниот филмски трејлер

Во 1945 година, по завршувањето на војната, Одри Хепберн го напуштила Арнемскиот конзерваториум и се преселила во Амстердам каде учела кај Соња Гаскел (Sonia Gaskell).[17] Во 1948 година, Хепберн отишла во Лондон, каде посетувала часови кај познатата Мери Рамбер (Marie Rambert), учителка на Васлав Нижински (Vaslav Nijinsky), еден од најголемите танчери во историјата. По некое време, Рамбер ја посоветувала Одри дека висината (170 сантиметри) и последиците од неисхранетоста за време на војната ќе ја спречат да стане примабалерина. Затоа, Хепберн се откажала од балетот и се посветила на глумата.[18][19] Откако Хепберн станала позната ѕвезда, Мери Рамбер рекла во едно интервју: „Таа беше прекрасен ученик. Ако се одлучеше да продолжи, ќе станеше величествена балерина“.[20] За несреќа, мајката на Одри била приморана да работи како слугинка за да го издржува своето семејство, па Одри морала да најде работа што ќе се плаќа. Бидејќи цел живот вежбала да биде изведувач, глумечката кариера изгледала како разумно решение. Во поглед на тоа, еднаш, таа изјавила: „Ми требаа пари; тука се плаќаше ₤3 повеќе отколку на балет“.[21]

Нејзината глумечка кариера започнала со една мала улога во обвниотразовниот филм, Холандски во седум лекции, каде ја играла улога на стјуардеса. Потоа учествувала во музички театарски продукции од типот на Високи чевли со копчиња (High Button Shoes) и Пикантен сос (Sauce Piquante). Нејзината прва улога во долгометражен филм била онаа во британскиот филм Еден див овес (One Wild Oat), каде играла хотелска рецепционерка, а потоа следувале неколку мали улоги во филмови како: Приказната на младите сопруги (Young Wives' Tale), Смеа во Рајот (Laughter in Paradise), Толпата на Лавендер Хил (The Lavender Hill Mob) и Монте Карло, злато (Monte Carlo Baby). Во текот на снимањето на Монте Карло, злато, Хепберн била избрана да ја игра главната улога во Бродвејската претстава Жижи која премиерно била изведена на 24 ноември 1951 година. Писателката Сидони-Габриел Колет (Sidonie-Gabrielle Colette), првиот пат кога ја видела Одри, извикала „Voilà! Еве ја нашата Жижи!“[22] Хепберн ја добила Светската театарска награда за нејзината дебитантска изведба, а претставата била изведувала на Њујоркшката театарска сцена во текот на неколку месеци.

 
Од трејлерот на Празник во Рим (1953)

Нејзината прва позначајна филмска улога била во Таинствени луѓе од 1952 година, каде играла улога на чудесно талентирана балерина. Сосема нормално, на Хепберн не ѝ била потребна двојничка за сцените со танц. Првата вистинска ѕвездена улога на Одри Хепберн и нејзин прв американски филм бил Празник во Рим во кој таа играла заедно со Грегори Пек. Продуцентите ја посакувале Елизабет Тејлор за улогата, но режисерот Вилијам Вајлер толку се восхитил од аудицијата на Одри (камерата била вклучена и една слатка слика на која е прикажана Одри Хепберн како се одмора и невино одговара на прашањата, подоцна ќе биде искористена во трејлерот за филмот), така што веднаш ѝ ја доделил главната улога. Вајлер рекол: „Таа имаше сѐ што ми беше потребно: шарм, невиност и талент. Исто така беше и многу духовита. Беше восхитувачки волшебна и ние рековме: Тоа е нашата девојка!“.[23] Договорот пред снимањето на филмот бил на постерот за филмот да го има името на Грегори Пек со големи букви, а под него да пишува Одри Хепберн со мали. Но, откако завршило снимањето, Пек го повикал својот агент и побарал името на Хепберн да ја има истата важност како и неговото. Тој предвидел дека Одри ќе добие „Оскар“. Хепберн и Пек се поврзале за време на снимањето и почнале да кружат гласини за романтична врска меѓу нив, но двајцата го негирале тоа. Сепак, Хепберн има изјавено дека „всушност, мора да бидеш малку вљубен во главниот глумец и обратно. Ако ја портретираш љубовта, мора да ја чувствуваш. Не можеш да го направиш тоа на друг начин. Но не ја носиш подалеку од сцената“.[24] Набрзо, на 7 септември 1953, сликата на Одри Хепберн се појавила на насловната страница на списанието „Тајм“ (TIME).

Изведбата на Хепберн била примена со воодушевување од страна на критичарите. Така, на 28 август 1953 година, А.Х. Вајлер (A.H. Weiler) напишал во весникот „Њујорк Тајмс“: „Иако не е сосема нова во филмската уметност, Одри Хепберн, британската глумица која за првпат игра главна улога како Принцезата Ен е кротка, самовилска и копнежлива убавица, истовремено кралска и детски наивна во прикажувањето на својата длабока почит кон штотуку пронајдените едноставни задоволства и љубовта. Иако храбро се насмевнува по своето откритие на крајот на аферата, таа останува тажна, осамена фигура што се соочува со загушлива иднина“.[25]

По четиримесечното снимање на Празник во Рим, Хепберн се вратила во Њујорк и осум месеци играла во Жижи. Претставата се изведувала и во Лос Анџелес и во Сан Франциско. Во меѓувреме, таа склучила договор за снимање на седум филма со Paramount, со пауза од дванаесет месеци меѓу филмовите за да има можност да се посвети и на својата театарска работа.[26] Хепберн подоцна се сеќавала на Празник во Рим како на нејзин најдраг филм, бидејќи тоа бил филмот што ја направи ѕвезда.

Холивуд: Вивнување кон ѕвездите уреди

По Празник во Рим, Хепберн го снимила филмот Сабрина во режија на Били Вајлдер, а со Хемфри Богарт и Вилијам Холден во главните улоги. За потребите на филмот, Хепберн била пратена кај модниот творец Живанши кој требало да одлучи за нејзината облека. Кога му било речено дека „Госпоѓица Хепберн“ ќе дојде да го посети, Живанши ја очекувал Кетрин Хепберн. Сепак не бил разочаран од Одри и оттогаш започнало нивното пријателство и партнерство. Во текот на снимањето на Сабрина, Хепберн и Холден почнале романтична врска и таа се надевала дека ќе се венча со него и дека ќе има деца, но ја раскинала врската со него, откако тој ѝ открил дека имал направено вазектомија.[27][28]

Во 1954 година, Одри се вратила на сцената за да го игра водниот дух во претставата Ундина, заедно со Мел Ферер со кого се венчала истата година. Додека се изведувала претставата, Хепберн ги добила наградите „Златен глобус“ за Најдобра филмска глумица и „оскар“ за Најдобра женска улога, за својата улога вофилмот Празник во Рим. Шест месеци по добивањето на „Оскарот“, Одри Хепберн ја добила и наградата „Тони“ за најдобра глумица, за својата изведба во претставата Ундина.

Кон средината на 1950-тите, Хепберн била не само една од најголемите филмски ѕвезди во Холивуд, туку и вистинска модна икона. Нејзината детска наивност и самовилски изглед, како и светски познатото шик-сетило биле обожавани и имитирани. Во 1955 година, Одри Хепберн го добила „Златниот глобус“ за Најомилена глумица во светот. Откако станала една од најпопуларните ѕвезди во Холивуд, Одри Хепберн глумела заедно со најголемите глумци од тоа време: со Хемфри Богарт во Сабрина, со Фред Естер во Смешно лице, со Морис Шевалије и Гари Купер во Љубов на попладне, со Џорџ Пепард во Појадок кај Тифани, со Кери Грант во Шарада, со Рекс Херисон во Мојата убава дама, со Питер О'Тул во Како да се украде милион и со Шон Конери во Робин и Меријана. Голем дел од овие глумци станале многу блиски со неа. На пример, Рекс Херисон ја нарекувал Одри неговата омилена дама; Кери Грант сакал да ја засмева и еднаш изјавил дека „сѐ што сакам за Божиќ е само уште еден филм со Одри Хепберн“;[29] Грегори Пек бил нејзин доживотен пријател, кој по нејзината смрт, пред камерата, со солзи во очите ја изрецитирал нејзината омилена песна „Вечна љубов“ (Unending Love) од Рабиндранат Тагоре.[30] Иако постоело мислење дека Богарт и Хепберн не се согласувале на филмското платно, ова не е точно, туку напротив, Богарт се согласувал со Одри повеќе отколку со било кој друг. За него, во една прилика, Одри изјавила: „Понекогаш таканаречените цврсти момчиња се токму оние со најкревки срца, каков што беше и Боги со мене.“[31]

Смешно лице од 1957 година бил еден од омилените филмови на Одри Хепберн, бидејќи таа имала можност да танцува со Фред Естер. Филмот Приказната на калуѓерката ја означил нејзината најсмела улога, за која списанието Films in Review напишало: „Нејзината изведба засекогаш ќе ги замолчи оние што ја сметаа помалку за глумица отколку за симбол на софистицираната дете/жена. Нејзиниот портрет на Сестра Лука е една од најдобрите изведби на екранот воопштоЧ“.[32]

 
Хепберн како Холи Голајтли со мачката Оранжи во Појадок кај Тифани

Во ликот на Холи Голајтли, во филмот Појадок кај Тифани од 1961 година, Хепберн ја одиграла својата антологиска улога и станала икона на американската филмска индустрија во XX век, а самата таа ја нарекла оваа улога „најжива во мојата кариера“.[33] Прашана за глумечкиот предизвик што го нудела улогата, Хепберн одговорила: „Јас сум интроверт. Глумењето на една екстровертна девојка беше најтешката работа што ја направив“.[34] Во филмот, Одри носела модерна облека, дизајнирана од неа и од Живанши и си додадала руси прамени на нејзината кафеава коса, изглед што го задржала и надвор од екраните.

Така, Хепберн станала една од најпопуларните глумици во Холивуд. Мерилин Монро не е единствената што ќе му пее „Happy Birthday, Mr. President“ (Среќен роденден, Г. Претстедателе) на претстедателот Џон Ф. Кенеди на неговиот роденден. За неговиот следен и последен роденден на 29 мај 1963, Хепберн, омилената глумица на претседателот, му ја отпеала „Happy Birthday, dear Jack“ (Среќен роденден, драг Џек).[35] Сепак, без оглед на ѕвездената кариера, Хепберн постојано била скромна: сакала да живее тивок живот со своето семејство и со домашните миленичиња; живеела во куќи, а не во вили; и обожавала да ја уредува сопствената градина.

 
Хепберн во сцена од комичниот трилер Шарада (1963).

Во 1963 година, Хепберн глумела во комичниот трилер Шарада, нејзиниот прв и единствен филм со Кери Грант, кој претходно ги одбил улогите во филмовите Празник во Рим и Сабрина, сметајќи дека е престар да глуми крај Одри. Во 1964 година, Хепберн глумела во Мојата убава дама, најочекуваниот филм по Одвеано со виорот.[36] Хепберн била повикана да ја игра улогата на Елајза Дулитл на местото на тогаш непознатата Џули Ендрјуз, која била пофалена од критичарите за истата улога на Бродвеј. Одлуката Ендрјуз да не учествува во филмот била направена уште пред да се повика Хепберн. Најпрво, скромната Хепберн ја одбила улогата и побарала од Џек Ворнер да ѝ ја даде улогата на Ендрјуз, но откако дознала дека иборот билмеѓу нејзе и Елизабет Тејлор, таа ја прифатила улогата. Според една статија на списанието Soundstage, „сите се согласиле дека ако Џули Ендрјуз не е во филмот, тогаш Одри Хепберн е совршениот избор“.[36] Џули Ендрјуз сѐ уште го немала направено Мери Попинс, кој бил промовиран истата година како и Мојата убава дама. Хепберн ги снимила вокалите за филмот, но наскоро дознала дека професионален пејачки двојник Марни Никсон ги преснимила нејзините песни. Во знак на протет, Одри ја напуштила сцената веднаш откако ѝ била соопштена оваа информација, но следниот ден се вратила и се извинила за своето однесување. Снимките од неколку песни со првобитниот глас на Одри постојат и се издадени на ДВД изданијата, како и во неколку документарни емисии, но најголем дел од ЦД-ата го содржат гласот на Никсон. Дел од оригиналниот Хепбернов глас е зачуван и на филмот - целата песна „Само ти чекај“ и делчиња од песната „Можев да танцувам цела вечер“. Кога била прашана за тоа што мисли за преснимувањето, Хепберн се намрштила и рекла: „Се забележува, нели? А тука беше и Рекс кој ги снимаше песните додека глумеше... следниот пат - “. Потоа си ја гризнала усната и не рекла ниту збор повеќе на оваа тема.[34] И покрај преснимувањето, огромен број критичари се согласни дека изведбата на Одри Хепберн била прекрасна, а Џин Ринголд рекол: „Одри Хепберн е величествена. Таа е Елајза засекогаш“.[36]

 
ДВД обвивка која ја прикажува Хепберн како Елајза Дулитл со Рекс Херисон како Хенри Хигинс во Мојата убава дама

Контроверзијата околу кастингот на Хепберн за главна улога во филмот Мојата убава дама кулминирала на доделувањето на наградите „Оскар“ во 1964-1965 година, кога и Одри и Џули Ендрјус биле номинирани во категоријата за најдобра глумица. Медиумите повеќепати се обидувале да го прикажат односот меѓу двете глумици како непријателски, но двете глумици ја одбиле теоријата дека постоел анимозитет меѓу нив. Џули Ендрјус го добила „Оскарот“ таа година, за улогата во филмот Мери Попинс.

Филмот Двајца за патот е нелинеарна и иновативна приказна за разводот. Режисерот Стенли Донен рекол дека за време на снимањето Хепберн била послободна и посреќна од кога и да е, што, според него, било последица на дружењето со Алберт Фини.[37] Почекај додека се стемни од 1967 година бил тежок филм - напнат трилер во кој Хепберн има улога на една слепа девојка која е тероризирана. Филмот бил продуциран од страна на Мел Ферер и го означил почетокот на нивниот развод. Се вели дека Хепберн изгубила речиси 7 килограми за време на снимањето под влијание на стресот. Од друга страна пак, таа смета дека нејзиниот партнер Ричард Крена бил навистина смешен, а покрај тоа, имала доста да зборува и со режисерот Теренс Јанг. Сите се шегувале дека тој ја бомбардирал својата омилена ѕвезда 23 години пред тоа; Јанг бил заповедник на британска тенковска воена единица во текот на Битката кај Арнем. За својата изведба, Хепберн повторно била номинирана за „Оскар“.

 
Хепберн на 59 години во Секогаш

Од 1967 година, по петнаесетгодишна успешна и богата филмска кариера, Хепберн настапувала само повремено. По разводот со Мел Ферер, се венчала со италијанскиот психијатар д-р Андреа Доти и го родила вториот син по тешката бременост која речиси потполно ја врзала за кревет. После разделбата со Доти, таа се обидела да се врати на филмот со улогата на Маријана во Робин и Мериан, во кој глумела со Шон Конери, но филмот постигнал само просечен успех. Потоа, таа ја одбила улогата на балерина во филмот Пресвртната точка, а улогата ја добила Ширли Меклејн. Хепберн се вратила на филмското платно во 1979 година во филмот Крвна линија на Сидни Шелдон, кој го променил романот откако добил дозвола за екранизација, правејќи го главниот лик постара личност, со цел улогата подобро да ѝ одговара на Одри. Филмот поминал лошо и кај критичарите и на благајните.

Последната главна улога на Одри Хепберн во холивудски филм е онаа, покрај Бен Газара во филмот Сите се смееја, режиран од Питер Богданович. Иако кај критичарите поминал одлично, филмот бил засенет од убиството на една од ѕвездите, девојката на Богданович, Дороти Стратен; оттука, тој бил пуштен во кината по смртта на Стратен, но само во ограничена количина. Во 1987 година, Хепберн глуела со Роберт Вагнер во пародијата Љубов меѓу крадци кој приказната ја позајмува од неколку хит-филмови на Одри, најмногу од Шарада и Како да се украде милион. Овој телевизиски филм имал само просечен успех, а и самата Хепберн изјавила дека ја прифатила улогата само поради забава. Последната улога на Одри Хепберн била онаа каде се глумела себеси како ангел во филмот Секогаш на Стивен Спилберг од 1988 година. Во текот на последните месеци од нејзиниот живот, Хепберн учествувала во два забавни проекти: била водител на телевизиската документарна серија Градините на светот со Одри Хепберн, која дебитирала на телевизиската мрежа „PBS“ на денот на нејзината смрт и снимила албум за деца - Волшебните приказни на Одри Хепберн, каде таа чита неколку класични детски приказни, кои ѝ ја донеле посмртната награда „Греми“ за најдобар албум за деца.

Како признание на нејзиното творештво, Одри Хепберн има ѕвезда на Холивудската улица на славните на 1652 Vine Street.

Бракови, семејство и подоцнежен живот уреди

 
Хепберн фотографирана од Милтон Грин

Во раните 1950-ти, Одри била свршена за младиот Џејмс Хенсон.[38] Подоцна, оваа врска Одри ја нарекла љубов на прв поглед, но, иако бил направен свадбениот фустан и бил закажан денот на свадбата, свршувачката била раскината, бидејќи Хепберн одлучила дека поради професионалните обврски кои би ги оддалечувале неа и Џејмс долг период, бракот нема да успее[39] Хепберн го подарила својот фустан на една сиромашна италијанска двојка која го поседува и ден-денес.[40]

Хепберн се венчала двапати: за американскиот глумец Мел Ферер и за италијанскиот доктор Андреа Доти, и од двајцата имала по еден син: Шон, роден во 1960 година од бракот со Ферер и Лука, роден во 1970 од бракот со Доти. Хепберн го запознала Мел Ферер на забава чиј домаќин бил Грегори Пек. претходно, таа го забележала Мел во филмот Лили и била воодушевена од неговата изведба. Ферер подоцна ѝ го испратил сценариото за драмата Ундина и Хепберн со задоволство се согласила да учествува. Пробите почнале да се одржуваат во јануари 1954 година, а Хепберн и Ферер се венчале на 24 септември истата година.[41] Хепберн велела дека се неразделиви и среќни, без разлика на честите озборувања, кои тврделе дека нивниот брак нема да трае. Сепак, и самата признала дека Мел имал тежок темперамент.[42] На пример, се зборувало дека Ферер ја контролира Одри и дека бил нејзин Свенгали.[43] Во таа смисла, еднаш Вилијам Холден рекол: „Мислам дека Одри му дозволува на Мел да мисли дека ја контролира.“

Пред да ѝ се роди првото дете, Хепберн двапати имала спонтан абортус, од кои првиот во март 1955 година. Во 1959 година, за време на снимањето на филмот Непростено, Одри си го скршила грбот откако паднала од коњ. Неколку недели минала во болница, а подоцна имала уште еден спонтан абортус, предизвикан од физички и ментален стрес. Додека се одморала дома, Мел Ферер ѝ го донел паунот употребен во филмот Зелени палати да го чува како милениче. Го нарекле „Ип“, скратено од „Пипин“. Во 1965 година, Одри повторно имала спонтан абортус. Затоа била повнимателна за време на бременоста со Лука во 1969 година: се одморала со месеци и постојано сликала сè додека не го породила Лука со царски рез. Последниот спонтан абортус ѝ се случил во 1974 година.[44] Во популарните легенди, Хепберн останала запаметена по песната „Совети за убавината тестирани од времето“ („Time Tested Beauty Tips“) која им ја рецитирала на своите деца. Песната вклучува стихови од типот на „За да има убава коса, дозволи му на детето да минува со прстите низ неа еднаш дневно“ или „За убава фигура, сподели ја својата храна со гладните.“ Поемата понекогаш ѝ се препишува нејзе, но вистинскиот автор на песната е Сем Левенсон.

Хепберн, во текот на животот имала неколку миленичиња, вклучувајќи еден „јоркширски териер“ наречен „Господин Славен“ („Mr. Famous“), кој загинал откако бил удрен од автомобил. За да ја развесели, Мел ѝ купил уште еден јоркширски териер кој го нарекле „Асам од Асам“ („Assam of Assam“). Исто така, таа го задржала и паунот „Ип“, а неговиот кревет бил направен од кадата. Шон Ферер имал „кокер шпаниел“ наречен „Коки“. Кога Одри Хепберн остарела, таа одгледувал два териера од расата „Џек Расел“.[40]

Бракот со Ферер траел 14 години, до 5 декември 1968 година, а во една прилика, нивниот син рекол дека Одри останала предолго во овој брак. Во последните години од нивниот брак, се зборувало дека Ферер имал девојка на страна, но и дека Одри имала врска со нејзиниот партнер од филмот Двајца за патот Алберт Фини. Таа ги негирала озборувањата, но режисерот Стенли Донен рекол: „Со Алберт фини таа беше како нова жена. Таа и Алби создаваа нешто прекрасно заедно; беа како мали деца. Кога Мел не беше на сетот, тие блескаа. Кога Мел беше таму, беше навистина смешно. Одри и Алби се однесуваа прилично формални и малку беше непријатно“.[45] Двојката се разделила уште пред разводот,а во текот на разводот, Хепберн ослабела. Потоа, таа го запознала италијанскиот психијатар Андреа Доти на едно патување со брод и се вљубила во него при посетата на некои грчки археолошки места. Тогаш, таа верувала дека ќе има многу деца и дека ќе престане да работи. Со Доти се венчала на 18 јануари 1969 година. Иако тој ја љубел Хепберн и бил сакан од Шон, кој сметал дека Доти е забавен, Андреа многу често имал врски со помлади жени. Нивниот брак траел 13 години и завршил во 1982 година, откако и Лука и Шон станале способни да живеат со својата мајка. Иако Хепберн ги прекинала сите контакти со Ферер (со него се сретнала само уште двапати до крајот на својот живот: на дипломирањето на Шон и неговата прва свадба), таа останала во контакт со Доти за доброто на Лука.

Пред да умре, Хепберн била во врска со Роберт Волдерс, згоден холандски глумец, поранешен маж на покојната филмска ѕвезда Мерли Оберон. Се запознала со Волдерс преку еден пријател, во периодот кога нејзиниот брак со Доти веќе бил во распад. По нејзиниот развод, Одри и Роберт почнале да живеат заедно, иако никогаш не биле венчани. Во 1989 година, откако веќе поминала девет години со Волдерс, таа ги нарекла најсреќните години од нејзиниот живот. „Навистина ми требаше многу време“, изјавила Хепберн во едно интервју со Барбара Волтерс. Волтерс тогаш ја прашала, зошто никогаш не се венчале, а Хепберн одговорила дека тие биле венчани, само не формално. Двајцата, заедно ги планирале патувањата со УНИЦЕФ; на секој нејзин говор бил присутен и Роберт Волдерс и додека Хепберн зборувала, тој често плачел.[40]

Работа за УНИЦЕФ уреди

 
Одри Хепберн фотографирана од Едвард Квин во 1951 година

Веднаш по нејзината последна филмска улога, во 1988 година, Одри Хепберн била наименувана за амбасадор на добрата волја на УНИЦЕФ. Благодарна на својата среќна судбина, која ѝ овозможува да ја преживее германската окупација како дете, таа го посветила остатокот од својот живот на грижата за несреќните деца во сиромашните земји. Патувањата на Хепберн ѝ биле олеснети поради нејзиното познавање на повеќе јазици: зборувала француски, италијански, англиски, холандски/фламански и шпански јазик.

Иако Одри веќе имала работено за УНИЦЕФ во текот на 1950-тите, почнувајќи од една радио-емисија во 1954 година, овојпат таа навистина се посветила на својата хуманитарна работа. Нејзината прва мисија била во Етиопија во 1988 година, каде посетила едно сиропиталиште во Мек'еле, каде на 500 гладни деца им биле дадени пакети од УНИЦЕФ. Тогаш, таа изјавила: „Моето срце е скршено. Очајна сум. Не можам да го поднесам фактот што два милиони луѓе се наоѓаат на работ на смрт предизвикана од прегладнетост, многу од нив се деца, а [sic] не е тоа само поради тоа што има тони храна на брегот на Шоа. Не може да се пренесе. Минатата пролет на Црвениот крст и на работниците на УНИЦЕФ им беше наредено да си заминат од северните предели поради избивањето на две симултани граѓански војни... Заминав во бунтовната земја и гледав мајки и деца што одеа по десет дена, па дури и по три недели, барајќи храна, спиејќи во пустината во импровизирани кампови кадешто и можат да умрат. Ужасно. Таа слика е премногу за мене. Трет свет е термин што не го обожавам многу, бидејќи овој свет е еден свет. Сакам луѓето да знаат дека најголем дел од човештвото страда.“ [46]

Во август 1988 година, Хепберн заминала во Турција, во еден камп за имунизација. Таа ја нарекал Турција најубав приказ на можностите на УНИЦЕФ и додала: „Армијата нѝ ги даде своите камиони, продавачите на риби - тезгите за вакцини, и од мигот кога датата беше позната, беа потребни само десет дена за да ја вакцинираме цела земја. Не е лошо.“ Во октомври, Хепберн отишла во Јужна Америка, каде во Венецуела и Еквадор, изјавила пред конгресот: „Видов мали планински заедници и сиромашни маала и квартови како за првпат добиваат вода по пат на едно чудо - тоа чудо е УНИЦЕФ. Гледав мали момчиња како градат училишта со цигли и цемент дониран од УНИЦЕФ.“

Хепберн заминала за Средна Америка во февруари 1989 година и се сретнала со властите на Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала. Во април истата година, Хепберн го посетила Судан, заедно со Волдерс, како дел од мисијата наречена „Операција Живот“. Поради граѓанската војна, пакетите со храна биле стопирани, а Хепберн рекла: „Видов само една непореклива вистина. Ова не се природни катастрофи, туку човечки трагедии за кои постои само едно човечко решение - мир.“ Во октомври, Хепберн и Волдерс заминале во Бангладеш, а Џон Исаак, фотограф на Обединетите Нации рекол: „Често децата имаа муви врз себе, но таа само одеше до нив и ги прегрнуваше. Никогаш не сум видел нешто такво. Другите луѓе се колебаат до одредено ниво, но таа ги гушкаше. Децата доаѓаа само да ја држат за рака, да ја допрат - таа беше како Волшебниот Свирач.“ Во октомври 1990 година, Хепберн отишла во Виетнам, во обид да воспостави врска со владата, за да овозможи имплементирање на програмата за имунизација и користење на чиста вода.

Во септември 1992 година, четири месеци пред да умре, Хепберн заминала во Сомалија. Во таа приолика, Хепберн изјавила: „Зачекорив во кошмар. Видов глад во Етиопија и Бангладеш, но никаде не видов нешто како ова - толку полошо отколку што можев и да замислам. Не бев подготвена за ова[...] Земјата е црвена - чудесна глетка - таа длабока теракота земја. И ги гледаш селата, камповите за сместување и логорите, и земјата е целата распукана околу нив како океански кревет. И тоа беа гробови. Има гробови насекаде. По должината на патот, крај патчињата по кои се движиш, покрај реките, близу секој камп - има гробови насекаде.“

Иако преплашена од она што го видела, Хепберн сѐ уште имала надеж. "Грижата за децата нема никаква врска со политика. Мислам дека со време, наместо да се врши политизација на хуманитарната помош, ќе се врши хуманизација на политиката." "Секој којшто не верува во чуда не е реалист. Го видов чудото наречено вода што УНИЦЕФ помогна да се оствари. Таму кадешто со векови малите девојчиња и мајки морале да чекорат со милји за да го најдат најблискиот извор, сега имаат чиста вода близу нивните домови. Водата е живот, а чистата вода значи здравје за децата во ова село." "Луѓето во овие места не ја знаат Одри Хепберн но го знаат УНИЦЕФ. Кога ќе го видат знакот УНИЦЕФ нивните лица се осветлуваат зашто знаат дека нешто се случува. Во Судан, на пример, пумпите за вода ги викаат УНИЦЕФ."

Во 1992 година, претседателот Џорџ Буш на Одри Хепберн ѝ го врачил Претседателскиот Медал на Слободата, во чест на нејзината работа со УНИЦЕФ, а Филмската академија посмртно ѝ ја доделила наградата Жан Хершол, за нејзините заслуги на полето на хуманитарната дејност. Нејзиниот син ја подигнал наградата во нејзино име. Во 1994 година, во еден парк во Арнем била поставена нејзина биста.[40]

Во 2006 година, фондацијата „Одржлив стил“ (Sustainable Style) ја инаугурирала наградата '„Стил и суштина во чест на Одри Хепберн“, која се доделува на познати јавни личности кои работат со цел да го подигнат квалитетот на животот на децата ширум светот. Првата награда била посмртно наменета за Одри Хепберн и таа била подигната од страна на 'Фондацијата за деца „Одри Хепберн“.

Рак на слепото црево уреди

Во 1992 година, по нејзиното враќање од Сомалија, Одри Хепберн почнала да чувствува болки во стомакот. Отишла кај специјалисти, но добила неубедливи резултати, па решилва да се прегледа за време на едно патување во Лос Анџелес, во текот на октомври. На 1 ноември, докторите ѝ извршиле лапароскопска операција и откриле стомачен рак, кој почнал да се шири од слепото црево. Ракот растел во текот на неколку години и се метастазирал, не како тумор, туку како мала обвивка врз нејзиното тенко црево. Болката што ја чувствувала Одри била резултат на грчеви во илеумот од тенкото црево. Хепберн одбила хемотерапија, па докторите отстраниле речиси 30 cm од цревото и таа била хранета само интравенозно. Откако лузната зараснала, Хепберн била лечена со 5-флуороурацил леуковорин. Неколку дена подоцна, Хепберн имала оклузија, односно запирање на крвотокот. Лековите не биле доволни да ја намалат болката, па на 1 декември брз неа била извршена и втора операција. По еден час, хирургот објавил дека ракот веќе доста се проширил и дека не е можно да биде отстранет. Бидејќи Хепберн не била способна да поднесе комерцијален лет, Живанши го најмил Бани Мелон, кој испратил приватен авион до Лос Анџелес, кој ја однел Хепберн во Швајцарија. Притоа, Мелон ја наполнил кабината на авионот со цвеќиња. Одри Хепберн умрела како последица на ракот на слепото црево, на 20 јануари 1993 година, во Толошна, Швајцарија, каде била закопана.

Вечна популарност уреди

Од мигот на својата појава, до денес, Одри Хепберн е позната како икона на убавината и модата, а често била ословувана со титулата најубава жена на сите времиња.[47][48] Нејзиниот моден стил е сѐ уште популарен меѓу жените.[49] Спротивно на нејзиниот современ портрет, иако Хепберн навистина уживала во модата, таа не ѝ била особено важна, туку секогаш повеќе сакала нормална, удобна облека. Всушност, таа воопшто не се сметала себеси за особено привлечна девојка. Така, во едно интервју од 1959 година, Хепберн изјавила: „Можете дури и да речете дека се мразев себеси во одредени периоди. Бев премногу дебела, или превисока или едноставно премногу грда... дури и би можеле да речете дека мојата сигурност потекнува од чувствените слоеви на несигурност и инфериорност. Не можев да ги надминав овие чувства преку несигурност. Единствен начин да го извлечам најдоброто од нив беше преку прифаќање на еден силен, концентриран стремеж.“[50]

До денес е направен само еден биографски филм, заснован врз животот на Одри Хепберн - телевизискиот филм од 2000 година Приказната за Одри Хепберн, со Џенифер Лав Хјуит во главната улога, која била и ко-продуцент на филмот. Критичарите биле безмилосни кон филмот поради фактичките грешки и слабата изведба на главната глумица. Филмот завршува со снимка на вистинската Одри Хепберн, која ја прикажува неа во една од нејзините последни мисии со УНИЦЕФ. Постојат неколку верзии на филмот: прикажуван е како мини-серија во неколку земји, но и во неговата скратена верзија во САД на мрежата „ABC“, која всушност е и верзијата пуштена на ДВД издание. Еми Росум, во една од своите први филмски улоги, ја портретира Одри во нејзините тинејџерски години во филмот.

Во 2003 година, Поштенската служба на САД издала марка, илустрирана од Мајкл Џ. Дејс, која го чествува ликот на Одри како холивудска легенда и хуманитарка. Сликата на марката е врз основа на една слика што ја прикажува Хепберн во филмот Сабрина. Хепберн е еден од ретките странски државјани со ваква чест во САД.

Сликата на Хепберн е сѐ уште често употребувана во рекламните кампањи на многу светски компании. Во Кина, серија реклами за црн чај користеле обоени и дигитално преработени слики на Одри од филмот Празник во Рим. Во САД, Хепберн била дел од рекламата на „GAP“, емитувана од 7 септември до 5 октомври 2006 година. Таа искористува делови од Смешно лице, а во позадина оди песната „Back in Black“ на AC/DC. Мотото на рекламата е „It's Back — The Skinny Black Pant“ („Се вратија - кожните црни пантолони“). За да ја прослави својата кампања „Нека биде едноставно“, „GAP“ направил значајна донација на Фондот за деца на Одри Хепберн.[51]. Рекламата е многу популарна и има повеќе од 200 000 посетители на „YouTube“.

Малиот црн фустан од Појадок кај Тифани, дизајниран од Живанши и Хепберн, на 5 декември 2006 година, на аукцијата во „Кристи“ бил продаден за 467 200 фунти, речиси седум пати повеќе од планираните 70 000 и ова е најголемата сума платена за некој филмски костум. Парите биле донирани во центарот за грижа на сиромашните деца во Индија - „Градот на Радоста“. Претседателот на фондацијата, по овој повод, изјавил: „Во моите очи има солзи. Сосема сум запрепастен од фактот што едно обично парче облека од една така волшебна глумица ќе ми даде можност да купам цигли и цемент за да им овзможам на најсиромашните деца во светот училишта“.[52] Сепак, фустанот понуден на аукцијата воопшто не бил носен од Одри Хепберн во текот на снимањето на филмот. Едниот од двата фустани што таа ги носела во филмот стои во архивата на Живанши, а другиот во Музејот на костумите во Мадрид.[52]

Телевизија и филм уреди

Филмографија уреди

Година Наслов Улога Белешки
1948 Nederlands in 7 lessen
(македонски: "Холандски во седум лекции")
Стјуардеса Документарна емисија
1950 Еден див овес Хотелска рецепционерка
1951 Смеа во Рајот Девојката што носи цигари
Приказната на младите сопруги Ев Лестер
Толпата на Лавендер Хил Чикита
1952 Таинствени луѓе Нора Брентано
Монте Карло, злато Линда Фарел Откриена е од француската романописецка Колет за време на снимањето и кастирана за главната улога во Бродвејската претстава Жижи
Nous irons à Monte Carlo
(македонски: "Ќе одиме во Монте Карло")
Мелиса Волтер Француска верзија на Монте Карло, злато
1953 Празник во Рим Принцезата Ен Добитник на оскар, златен глобус, БАФТА и награда од Њујоркшките филмски критичари
1954 Сабрина Сабрина Ферчајлд Номинација за оскар и БАФТА
1956 Војна и мир Наташа Ростов Номинација за златен глобус и БАФТА
1957 Смешно лице Џо
Љубов на попладне Ариен Шаваз/Слабата девојка Номинација за златен глобус; добитничка на златен ловор
1959 Зелени палати Рима Режирано од Мел Ферер
Приказната за калуѓерката Сестра Лука (Габриел фан дер Мал) Номинација за оскар и златен глобус; добитничка на БАФТА, награда од Њујоршките филмски критичари и Зулуета награда
1960 Непростено Рејчел Закари
1961 Појадок кај Тифани Холи Голајтли Номинација за оскар
Час за децата Керен Рајт
1963 Шарада Реџина Лампарт Номинација за златен глобус; добитничка на БАФТА
1964 Париз, кога врне Габриел Симпсон
Мојата убава дама Елајза Дулитл Номинација за златен глобус
1966 Како да се украде милион Никол Бонет
1967 Двајца за патот Џоана Валас Номинација за златен глобус
Почекај додека се стемни Сузи Хендрикс Номинација за оскар и златен глобус
1976 Робин и Мериан Лејди Мериан
1979 Крвна линија Елизабет Роф
1981 Сите се смееја Анџела Ниотис
1989 Секогаш Хеп (ангел)

Телевизија и театар уреди

Година Наслов Улога Белешки
1949 Високи чевли со копчиња Девојка од хорот Театарски мјузикл
Тартарски сос Девојка од хорот Театарски мјузикл
1950 Пикантен сос Учесник Театарски мјузикл
1951 Жижи Жижи Премиера има на Бродвеј во театарот Фултон на 24 ноември 1951. Хепберн ја добива Светската театарска награда во 1952.
1952 CBS Телевизиска работилница Епизодата наречена "Дождлив ден на крстосницата пред Рајот"
1954 Ундина Водна нимфа Се изведува на Бродвеј од 18 февруари до 26 јуни. Добива тони награда за најдобра глумица. Игра заедно со Мел Ферер
1957 Маерлинг Марија Ветсера Жива продукција на Producers' Showcase. Игра заедно со Мел Ферер кој ја има улогата на принцот Рудолф.
1987 Љубов меѓу крадци Бароницата Каролина ДуЛак Телевизиски филм.
1993 Светските градини со Одри Хепберн Самата себе Документарна серија.

Награди уреди

 
Одри Хепберн во Празник во Рим

Одри Хепберн е добитничка на „Оскар“ за својата улога во Празник во Рим во 1953 година, а била номинирана за „Оскар“ во категоријата „најдобра глумица“ уште четири пати, и тоа за: Сабрина, Приказната за калуѓерката, Појадок кај Тифани и за Почекај додека се стемни. Постојат бројни дискусии околу изборот за најдобра глумица во 1964 година, кога Одри Хепберн не била номинирана за една од своите најдобри улоги, онаа на Елајза Дулитл во Мојата убава дама. Во 1967 година, Американската филмска академија ја номинирала Одри Хепберн за улогата во филмот Почекај додека се стемни, но не ја номинирала и за одличната изведба во драмата Двајца за патот. Добитник на „Оскарот“ во 1967 година била Кетрин Хепберн за филмот Погодете кој доаѓа на вечера.

Одри Хепберн е една од ретките луѓе кои ги имаат добиено наградите „Еми“, „Греми“, „Оскар“ и „Тони“:

  • Оскар: Најдобра глумица за Празник во Рим (1953) и посмртно Наградата на Жан Хершол (1992).
  • Златен глобус: Најдобра глумица во филм за Празник во Рим (1954).
  • Тони: Најдобра глумица во Ундина (1954) и Специјална награда за посебни достигнувања (1968).
  • Греми: Награда за најдобро прочитан албум за деца (1993) за Волшебните приказни на Одри Хепберн (посмртно).
  • Еми: Видно поединечно достигнување (1993) и за епизодата Цветни градини од документарната серија Светските градини со Одри Хепберн (посмртно).

Исто така, во 1955 година, Одри Хепберн ја добилао и наградата Хенриета за најомилена глумица на светот, како и наградите „Сесил Б. Де Мил“ во 1990, односно наградата за животно достигнување, која се доделува од Здружението на филмските глумци во 1992 година. Подоцна, таа ја добила и хуманитарната награда „Жан Хершол“.

Во декември 1992 година, еден месец пред да умре, Хепберн го примила Претседателскиот медал на слободата, за нејзината работа во УНИЦЕФ,[53] кој е едно од двете највисоки цивилни признанија што се доделуваат во САД.[54][55]

Награди
Претходник
Ширли Бут
за Врати се, мала Шиба
Оскар за најдобра глумица
1953
за Празник во Рим
Наследник
Грејс Кели
за Селската девојка
Претходник
Вивиен Ли
за Пајтонот наречен Желба
БАФТА награда за најдобра глумица во главна улога
1953
за Празник во Рим
Наследник
Ивон Мичел
за Поделеното срце
Претходник
Ширли Бут
за Врати се, мала Шиба
Златен Глобус за најдобра глумица во филм драма
1954
за Празник во Рим
Наследник
Грејс Кели
за Селската девојка
Претходник
Ширли Бут
за Време на кукавицата
Тони награда за најдобра изведба на главна глумица во театарска претстава
1954
за Ундина
Наследник
Ненси Кели
за Злобното семе
Претходник
Ајрини Ворт
за Наредби да се убие
БАФТА награда за најдобра глумица во главна улога
1959
за Приказната за калуѓерката
Наследник
Рејчел Робертс
за Сабота навечер, недела наутро
Претходник
Рејчел Робертс
за Овој спортски живот
БАФТА награда за најдобра глумица во главна улога
1964
за Шарада
Наследник
Џули Кристи
за Драга
Претходник
Хауард В. Кох
Жан Хершол Хуманитарна награда
1992
Наследник
Пол Њуман
Претходник
Никој
Греми награда за најдобро прочитан албум за деца
1993
за Волшебните приказни на Одри Хепберн
Наследник
Роберт Гијом за
Читање на Кралот Лав

Белешки уреди

  1. Копија од изводот на Одри Хепберн
  2. Мет Кренсон (Crenson, Matt). Сите имаат кралски корени, Live Science, 1 јули 2006
  3. Демион Метјус (Matthews, Damion) Хепберн против Хепберн Архивирано на 20 февруари 2007 г., Salon.com, 6 октомври 1999
  4. 4,0 4,1 4,2 Тихнер, Марта (26 ноември 2006). „Одри Хепберн“. CBS Sunday Morning. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  5. „Биографија на Одри Хепберн“. Архивирано од изворникот на 2008-10-13. Посетено на 2007-03-11.
  6. Едвард Клајн (Klein, Edward). 'Не можеш да љубиш без да се плашиш дека ќе го изгубиш она што го љубиш', Parade, 5 март 1989
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 Марија Саревска-Тодоровска, „Во виорот на креативноста“, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 69.
  8. Одри Хепберн, Coronet, јануари 1955
  9. 9,0 9,1 Џејмс, Керин (1993). „Одри Хепберн, глумица, мртва на 63 години“. New York Times. Посетено на 2007-04-01.
  10. Лесли Гарнер (Lesley Garner) ја сретнува легендарната глумица пред подготовката за гала-ревијата на Уницеф Архивирано на 17 јануари 2005 г., The Sunday Telegraph, 26 мај 1991
  11. во оригинал: "I have memories. More than once I was at the station seeing trainloads of Jews being transported, seeing all these faces over the top of the wagon. I remember, very sharply, one little boy standing with his parents on the platform, very pale, very blond, wearing a coat that was much too big for him, and he stepped on to the train. I was a child observing a child."
  12. во оригинал: „I was exactly the same age as Anne Frank. We were both 10 when war broke out and 15 when the war finished. I was given the book in Dutch, in galley form, in 1946 by a friend. I read it . . . and it destroyed me. It does this to many people when they first read it but I was not reading it as a book, as printed pages. This was my life. I didn't know what I was going to read. I've never been the same again, it affected me so deeply. We saw reprisals. We saw young men put against the wall and shot and they'd close the street and then open it and you could pass by again. If you read the diary, I've marked one place where she says, 'Five hostages shot today'. That was the day my uncle was shot. And in this child's words I was reading about what was inside me and is still there. It was a catharsis for me. This child who was locked up in four walls had written a full report of everything I'd experienced and felt.“
  13. во оригинал: „This spirit of survival is so strong in Anne Frank's words. One minute she says, 'I'm so depressed.' The next she is longing to ride a bicycle. She is certainly a symbol of the child in very difficult circumstances, which is what I devote all my time to. She transcends her death.“
  14. Цртежите на Одри Хепберн
  15. „Работата на Одри Хепберн со УНИЦЕФ“. Архивирано од изворникот на 2013-09-01. Посетено на 2007-03-11.
  16. Џесика Сајгел (Seigel, Jessica). Одри Хепберн е на ред Архивирано на 5 мај 2006 г., The Chicago Tribune, 20 јануари 1992
  17. Биографија на официјалната страница
  18. Марија Саревска-Тодоровска, „Во виорот на креативноста“, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 70.
  19. Синот на Одри Хепберн се потсетува на својата мајка
  20. Принцеза, очигледно, TIME, 7 септември 1953
  21. Марк Николс (Nichols, Mark) Одри Хепберн се враќа во барот, Coronet, ноември 1956
  22. Осветлувајќи го Бродвеј
  23. Анализа на Празник во Рим
  24. Бил Тушер (Tusher, Bill). Принцезата во слатки пантолони, Motion Picture, февруари 1954
  25. Празник во Рим[мртва врска]
  26. Мајк Коноли (Connolly, Mike). Кому му е потребна Убавина!, Photoplay, јануари 1954
  27. Бери Парис (Paris, Barry). Вечната мистерија зад Одри Хепберн, Одри Хепберн, 1996
  28. Сабрина
  29. Колку тажно за Одри! Motion Picture, мај 1964
  30. Омилените песни на Одри Хепберн
  31. Одри Хепберн (Hepburn, Audrey). Мојата убава дама, Филмски фестивал
  32. Приказната на калуѓерката
  33. Крис Кејн (Kane, Chris). Појадок кај Тифани, Приказни на екранот, декември, 1961
  34. 34,0 34,1 Јуџин Арчер (Archer, Eugene). Со малку среќа и многу талент, New York Times
  35. Бери Парис (Paris, Barry). Вечната мистерија зад Одри Хепберн, Одри Хепберн, 1996
  36. 36,0 36,1 36,2 Џин Ринголд (Ringgold, Gene). Мојата убава дама - најдобрата меѓу сите нив!, Soundstage, декември, 1964
  37. Зад разводот на Одри Хепберн и Мел Ферер, Screenland, декември, 1967
  38. Алекс Брумер (Alex Brummer), Хенсон: Биографија, (London: Fourth Estate, 1994) страници 47-50 и 52
  39. Hyams, Joe. Зошто Одри Хепберн беше уплашена од брак, Filmland, јануари, 1954
  40. 40,0 40,1 40,2 40,3 Марија Саревска-Тодоровска, „Во виорот на креативноста“, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 71.
  41. Одри Хепберн за својот маж
  42. Дејвид Стоун (Stone, David). 'Мојот маж Мел', Everybodys, 10 март 1956
  43. Зад разводот на Одри Хепберн и Мел Ферер, Screenland, декември 1967
  44. Биографија на Одри Хепберн
  45. Screenland
  46. УНИЦЕФ
  47. Одри Хепберн - најубавата жена на сите времиња на SMH
  48. Одри Хепберн на врвот на списокот на најубави жени
  49. „Лик на Одри Хепберн е прогласен за најдобро облечена филмска икона“. Архивирано од изворникот на 2008-01-14. Посетено на 2007-03-28.
  50. Harris, Eleanor. Одри Хепберн, Good Housekeeping, август 1959
  51. „Нова рекламна кампања на GAP“. Архивирано од изворникот на 2007-09-28. Посетено на 2007-03-28.
  52. 52,0 52,1 Хистерија околу аукцијата на фустанот на Одри Хепберн, посетена на 28 март, 2007
  53. Официјална страница на УНИЦЕФ
  54. "Претседателскиот Медал на Слободата - Највисокиот цивилен орден за почитувани американци и хуманитарци!" (англиски). Посетено на 2007-04-01. Претседателскиот Медал на Слободата, највисокиот цивилен орден...
  55. Стефани Коли (Caulley, Stephanie) (2006-10-28). "CongressionalGoldMedal.com - Ексклузивни информации за конгресниот медал, историја на медалот, биографија и повеќе." (англиски). Архивирано од изворникот на 2014-12-17. Посетено на 2007-04-01. Првата награда е конгресниот медал на Честа - попознат како Конгресниот златен медал - националното највисоко и најпочитувано одликување.

Надворешни врски уреди

 
Викицитат има збирка цитати поврзани со: