Елена Папаризу
Елена Папаризу (грчки: Έλενα Παπαρίζου; родена на 31 јануари 1982 во Шведска[1]), меѓународно позната како Елени Папаризопулу е грчко-шведска пејачка, честопати и текстописец и поранешен модел. Родена и одгледана во Шведска, таа ја започна нејзината кариера во 1999 година како члена на дуото Антика, а исто така и со тоа што работеше и како модел за Шведско-грчки бренд. Антик главно пееше низ и за грчката диаспора и заедно пееја песни со традиционално грчки елементи, на грчки и англиски. После заземањето на добро место на грчката музичка сцена, следеше нивниото учество на Евровизија 2001, а исто така нивната слава не престана сè додека мирно и двајцата члена не ги продолжија нивните музички патишта. Папаризу од 2003 официјално ја започна нејзината соло кариера и го издаде нејзиниот прв албум наречен Protereotita (2004), кој содржи главно поп звуци со лајка елементи. Следеше нејзината победа на Евровизија 2005 за Грција, со песната „My Number One“. Со ова таа и ја донесе првата победа на Грција на Евровизија. После евровизискиот успех, нејзиниот албум доби платински уверенија доби две Arion музички награди а во меѓувреме иако настапуваше низ Грција, таа спремаше албум на англиски јазик. Следеа три нови албуми Iparhi Logos (2006), The Game of Love (2006), и Vrisko To Logo Na Zo (2008) и сите три достигнаа платинска продажба и добија неколку награди. Според IFPI Greece Елена Папаризу има продадено околу 150,000 албуми и 50,000 сингли.
Елена Папаризу | |
---|---|
Папаризу у 2014 | |
Животописни податоци | |
Изворно име | Έλενα Παπαρίζου |
Познат(а) и како | Елени Папаризопулу |
Роден(а) | 31 јануари 1982 Бурос, Шведска |
Потекло | гркинка |
Жанрови | лајка, поп-фолк, поп, денс |
Занимања | Пејачка, текстописец |
Инструменти | Вокал |
Период на активност | 1999–сегашност |
Издавачи | Sony Music Greece, Bonnier Amig, Моda Records, AATW |
Соработници | Антик (Antique) |
Мреж. место | helenapaparizou.com |
Наводи
уреди- ↑ Maravegias, Ilias (2008-02-17). „Κάνοντας μόδα τη Eurovision“ (грчки). List of newspapers in Greece. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2009-07-14. Text "Espresso News]]" ignored (help)