Џеф Бек
Џефри Арнолд „Џеф“ Бек (24 јуни 1944 - 10 јануари 2023) — англиски рок гитарист. Тој е еден од трите познати гитаристи кои свиреле во „The Yardbirds“, заедно со Ерик Клептон и Џими Пејџ. Бек ги формирал бендовите „The Jeff Beck Group“ и „Beck, Bogert & Appice“.
Џеф Бек | |
---|---|
Животописни податоци | |
Родено име | Џефри Арнолд Бек |
Роден(а) | 24 јуни 1944 Волингтон, Лондон, Англија |
Починал(а) | 10 јануари 2023 Источен Сасекс, Англија | (возр. 78)
Жанрови | Блуз рок, џез фузија, инструментален рок, хард-рок, електроника, прогресивен рок |
Занимања | Музичар, текстописец, глумец |
Инструменти | пеење, гитара, бас гитара, контрабас |
Период на активност | 1964-денес |
Издавачи | „EMI“, „Epic Records“ |
Соработници | „The Yardbirds“, „The Jeff Beck Group“, „The Honeydrippers“, „Beck, Bogert & Appice“, Стиви Реј Вон, „Big Town Playboys“, „Upp“, Ерик Клептон, Сузи Кватро, Даф Мекејген, Тал Вилкенфилд |
Мреж. место | jeffbeck.com |
Значајни инструменти | |
Фендер стратокастер со потпис на Џеф Бек Гибсон Лес Пол |
Најголемиот дел од издадените снимки на Бек се инструментални, фокусирајќи се на иновативен звук кој се протега помеѓу жанровите блуз рок, хеви метал, џез фузија, електроника и други. Бек снимил и два хит албуми (во 1975 и 1976) како соло акти, но не успеал да ја задржи славата на високо ниво како неговите соработници од „The Yardbirds“.[1][2] Тој се појавува во албуми на Мик Џегер, Кејт Буш, Роџер Вотерс, Донован, Стиви Вондер, Лес Пол, Зучеро, Синди Лупер, Брајан Меј и „ZZ Top“. Во 1988 снимил кратка сцена во филмот Близнаци.
Во листата „100 најдобри гитаристи на сите времиња“ на магазинот „Роулинг Стоун“ е рангиран на петтата позиција,[3] а магазинот го опишал како „еден од највлијателните водечки гитаристи во рок-музиката“.[4] Шест пати освоил греми наградата за најдобра рок инструментална изведба и еднаш греми наградата за најдобра поп инструментална изведба. Во куќата на Славните на Рокенролот бил примен двапати: првиот како член на групата „The Yardbirds“ во 1992 и вториот како соло изведувач во 2005.[5]
Наводи
уреди- ↑ „MSNBC Picture Stories“ (2008). „The guitarist's player“. Топ тен рок гитаристи. MSNBC. Посетено на 14 јули 2012. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ Ерлвајн, Стивен Томас. „Џеф Бек“. Allmusic. Посетено на 14 јули 2012.
- ↑ „100-те најдобри гитаристи на сите времиња“. Роулинг Стоун. 30 ноември 2011. Архивирано од изворникот на 2011-11-26. Посетено на 2012-07-14.
- ↑ „Биографија на Џеф Бек“. Роулинг Стоун. Архивирано од изворникот на 2012-08-28. Посетено на 26 август 2011.
- ↑ „Биографија на Џеф Бек“. Куќа на славните на Рокенролот, 2009, примања. Куќа на Славните на Рокенролот. 2009. Посетено на 22 декември 2011.