15 јануари
датум
Предлошка:Јануари 2025 15 јануари — 15-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 350 денови до крајот на годината (351 во престапна).
Настани:
1945 | Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, со тоа основајќи ја денешната ветеринарна служба во Македонија. |
1945 | Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова претставува најголем масакр врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија. |
1992 | Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија. |
1992 | Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија. |
Родени:
1622 | Жан Батист Поклен Молиер — француски писател. |
1850 | Михај Еминеску — романски поет. |
1875 | Војдан Поп Георгиев - Чернодрински — основоположник на првиот македонски театар. |
1891 | Осип Мандељштам — руски и советски поет и есеист. |
1893 | Драгиша Цветковиќ — југословенски политичар. |
1902 | Назим Хикмет — турски писател. |
1906 | Аристотел Оназис — грчки стопанственик. |
1918 | Гамал Абдел Насер — претседател на Египет. |
1923 | Јан Владислав — чешки писател. |
1926 | Љутви Сејфула — македонски глумец. |
1927 | Георги Арсовски — македонски поет. |
1929 | Мартин Лутер Кинг — борец за граѓански права и за мир. |
1946 | Јован Дамјановски — македонски романописец и драмски автор. |
1957 | Јордан Даниловски — македонски поет, критичар, есеист, романописец. |
1965 | Бернард Хопкинс — американски боксер. |
1967 | Азиз Кељменди — војник во ЈНА, познат по масакрот во Параќин. |
1968 | Борис Тадиќ — поранешен претседател на Србија. |
1978 | Франко Пелицоти — италијански велосипедист. |
1982 | Емина Јаховиќ — српска пејачка. |
1986 | Арнолд Жанесон — француски велосипедист. |
1988 | Дарвин Атапума — колумбиски велосипедист. |
1989 | Мартин Дубравка — словачки фудбалер. |
1990 | Костас Слукас — грчки кошаркар. |
Починале:
69 | Галба — римски цар. |
1595 | Мурат III — отомански султан. |
1919 | Роза Луксембург — една од организаторите на полското и германското работничко движење. |
1919 | Карл Либкнехт — германски револуционер. |
1955 | Исак Самоковлија — босански писател. |
1962 | Иван Мештровиќ — хрватско-американски вајар. |
2015 | Рима Маркова — советска и руска глумица. |
2018 | Долорес О'Риордан — ирска рок-музичарка, членка на групата Кренберис (Craberries). |
2021 | Ѓоко Дончев — македонски фолк пејач. |
2025 | Дејвид Линч — американски режисер. |