Гоце Делчев

македонски револуционер

Ѓорѓи Николов Делчев, попознат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 - Баница, 4 мај 1903) — македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија,[5] идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.[6] Во Бугарија исто така му оддаваат почит на Делчев како национален херој.

Ѓорѓи Николов Делчев
4 февруари 1872 - 4 мај 1903

македонски револуционер и национален херој
Прекар:Гоце  • Срцето на револуционерна Македонија  • Душата на Внатрешната организација [1]  • Балкански и македонски Гарибалди [2]  • Македонски Левски [3]  • Ахил [4]  • Кант’л шејтан [ˣ 1]
Роден во:Кукуш, Егејска Македонија
Починал во:Баница, Серско, Егејска Македонија
Служба во:Македонско национално движење
Период на служба:1894 - 1903
Чин:задграничен претставник  • војвода  • главен инспектор на четите
Единици:Четнички институт
Командува/л со:Македонската револуционерна организација
Битки/војни:Борба за Македонија  • Битка кај Баница
Други занимања:учител
Шифрирана азбука за конспиративна преписка на Револуционерната организацијата, составена од Гоце Делчев
Споменик на Гоце Делчев, плоштад Македонија, Скопје
Мермерен саркофаг во кој почиваат земните останки на Гоце

Се школувал во Кукуш, каде што завршил прогимназиско образование (1879– 1887), во Солун, во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ каде што раководел таен ученички револуционерен кружок, и во Софија во Военото училиште (1891–1894). Се вратил во Македонија (1894) и во Штип бил учител во Ново Село.

Тука се сретнал со Даме Груев и се вклучил во раководењето на Македонска револуционерна организација. Тој ја проширил мрежата на Организацијата (пролетта 1895 г.) и преку Виница организирал тајни канали. Во Солун учествувал на советувањето со водечките личности на Организацијата: Даме Груев, Пере Тошев и др. за заземање став кон Македонскиот комитет основан во Софија. Во септември бил назначен за директор на училиштето во Штип. Пред крајот на декември 1895 г. Делчев ополномоштен од ЦК на МРО, отпатувал во Софија на разговори со Македонскиот комитет и неговиот придонес кон македонското дело, меѓутоа разговорите биле неуспешни. Организирал пунктови на МРО во Ќустендил и во Дупница (во почетокот на 1896), а во февруари во Штип организирал протестна демонстрација против власта.

Учествувал на Солунскиот конгрес на кој била усвоена нова идеологија и стратегија во дејствувањето. Со Ѓорче Петров ги изработиле новиот Устав и Правилник на Организацијата.

Во текот на Доневата афера поради недостаток на докази бил ослободен, меѓутоа во мај повторно бил уапсен и спроведен во Скопје каде што бил затворен во Куршумли-ан, но повторно бил ослободен. Сепак аферата го свртела вниманието на турските власти кон Делчев. Во септември бил назначен за главен учител (директор) во Банско од каде што ја продолжил дејноста за ширење на мрежата на Револуционерната организација. Се откажал од учителската должност и целосно се посветил на македонското ослободително дело. Ја презел должноста на задграничен претставник на МРО во Софија. Со писмо до католичкиот надбискуп во Пловдив, Менини на Ватикан му ја претставил целта на македонската борба: да се исправи неправедното решение на Берлинскиот конгрес за Македонија и за добивање полна политичка автономија.

По Солунската афера, Делчев и Ѓорче Петров, како задгранични претставници, ги презеле надлежностите на Централниот комитет. По добиеното известување за апсењето на членовите на ЦК во Солун, со Ѓорче Петров во средината на март издале инструктивно писмо до окружните, до околиските и до селските комитети, како и до војводите на четите, за продолжување на дејствувањето според постојната програма.

Делчев бил посветен на функционирањето на тајните канали, курирската служба, тајната пошта, обезбедувањето материјални средства и снабдувањето на Организацијата со оружје, со муниција, со револуционерна литература и со весници. Организирал производство на бомби и експлозиви во с. Саблер (Ќустендилско), Бургас, Пловдив, а потоа и на Св. Гора (меѓу Зографскиот манастир и Хиландар). Тој е основач на Четничкиот институт и творец и воспитувач на првите организациско-агитациони чети и војводи. Заедно со Ѓорче Петров изработиле Правилник за четите. Со формирањето на селската милиција била доградена четничката организација, која непосредно ја раководел Делчев, со статус на главен ревизор. Револуционерната организација ја презела на дело судската и извршната власт. Дејствувала тајна македонска држава во Османлиското Царство.

За зацврстување на редовите во Организацијата Делчев извршил неколку инструктивни обиколки. Во зимата на 1900 година тој ги обиколил комитетите во Одринско, со цел подобра координација меѓу македонските и тракиските револуционери. Од август 1901 до март 1902 година Делчев ги обиколил и комитетите во централниот и во западниот дел од Македонија. Тој исто така го предводел конгресот на Одринскиот револуционерен округ одржан во Пловдив, во април 1902 година, а потоа Делчев презел обиколка и во централните Родопи. На крајот од септември жестоко го осудил Горноџумајското востание. Делчев го отфрлил решението на Солунскиот конгрес од 1903 година за кревање востание и со чета заминал во внатрешноста на Македонија со раководните кадри да издејствува повлекување на решението за масовно востание. Во април, во Солун се сретнал со Даме Груев, којштотуку се вратил од заточение, двајцата се договориле востанието да се води со засилени четнички дејствија и терористички акции.

Од Солун се упатил за Серско на закажаниот конгрес на Серскиот револуционерен округ. Пристигнал во селото Баница, Серско на 3 мај. Војската го опколила селото и во борбата утрото загинал Делчев, бескомпромисниот борец за самостојна македонска држава.

Потекло

Потеклото и семејната средина се фундаментален елемент во биографијата на една личност. Тие го обусловуваат неговиот живот во неговата најрана фаза, а оставаат траги во целокупната негова натамошна дејност...

— Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев и неговото време
Кукуш

Кукуш

(Кукуш б.н) е вечниот оган, кој тлеел како жив јаглен под пепелта на ропството...

— Крум Христов, „Гоце Делчев“ [7]

Кукуш се наоѓа 35 километри северно од Солун. Тој е расположен на една ридеста месност, која на североисток се слева со Круша Планина (Карадаг) и е сред една од најбогатите рамнини во Македонија. Го опфаќа пространството во југозападниот правец на Долновардарската низина, во подножјето на не толку високиот рид Свети Ѓорѓија, заштитник на Кукуш. Во последната деценија на XIX век, градот имал 12.000 жители, односно 2.000 македонски куќи и 200 турски [8].

Градот бил основан како вакафско село, меѓутоа постепено ја менувал својата народносна структура и станал типична македонска средина, во која се создале услови за развој на македонската просвета и култура. Градот одиграл голема улога во текот на македонското преродбеничко движење во средината на XIXвек. Во Кукуш излезот за македонската национална самобитност бил побаран преку Унија со римокатоличката црква [8]. Во него работеле истакнати македонски преродбеници: Димитрија Миладинов, Рајко Жинзифов, Партенија Зографски и Кузман Шапкарев. Поради својата пробуденост Кукуш бил наречен Политичко гнездо [2], а градот бил овековечен во незаборавната Т'га за југ од Константин Миладинов [9]. Културно-политичката атмосфера која била создадена во родното место на Гоце Делчев, благотворно повлијаела врз изградувањето на идниот организатор на македонското национално-ослободително движење [2].

Делчеви

Во пронаоѓачката нежност македонската мајка измислила за своите деца десетина нагалени имиња. И затоа синот на Султана Делчева ќе се нарече Ѓорѓи само во крштелното сведителство, во некои стари тефтери и во строгите официјално документи, каде што името се запишува, без да се изговара. Но мајката уште од првиот ден ќе го нарече така, нагалено, како што со гордост, со љубов ќе го нарече целиот народ...

— Крум Христов, „Гоце Делчев“ [7]
 
Султана Нурџиева Делчева
Дел од темата
Пантеон на бессмртните предводници на македонската револуционерна епопеја“
 

Никола Делчев, таткото на Гоце, потекнувал од еснафско семејство, а и самиот тој бил еснаф. Неговиот неподвижен имот се состоел од куќа, дуќан, околу шест декари лозја, од кои сам правел вино и ракија, околу осум декари ниви близу до Кукуш. Никола држел крчма на житниот пазар во Кукуш, а на пазарниот ден (четврток) станувал и гостилничар. Никола Делчев водел трговија со жито и имал мандра од неколку стотини овци (околу 600-700).

Гоце Имов, пријател на Гоце Делчев, во своите Спомени [10], истакнал дека неговиот татко и таткото на Гоце се занимавале со трговија на овци, кои ги купувале напролет и ги продавале есента кај трговци дојдени од Цариград или Анадолија. Кога немало трговци на жива стока, неа ја колеле и ја солеле за пастрма, а потоа ја испраќале за Драма, Кавала, Сер и Солун. Во културно-општествениот живот на Кукуш, Никола активно учествувал. Никола бил строг и правичен, оттаму неговиот патријархален однос не создал инфериорни личности од неговите деца. Напротив, сите тие израснале во самосвесни и слободољубиви индивидуи [2].

Мајката на Гоце, Султана, е родена околу 1845-1850 година во селото Морарци (Мурарци), Кукушко. Ова село било едно од најголемите села и заедно со Кукуш стоело на чело на борбата против Цариградската патријаршија. Во селото бил познат родот на Јанев Нуриџиев, од кој потекнувала мајката на Гоце. За нејзиното потекло не се знае ништо повеќе. Султана била убава и скромна мома. Таа со Никола Делчев имале пет ќерки (Руша, Цоца, Тина, Лика и Елена) и четири сина (Гоце, Мицо, Милан и Христо) [11]. Ѓорѓи (Гоце) Делчев е роден на 23 јануари, стар стил, односно на 4 февруари по нов стил, 1872 година во Кукуш.

Ѓорѓи Делчев од својата мајка Султана, бил нагалено наречен Гоце, име кое било често во Кукуш. Името Гоце е галовен облик од името Ѓорѓи, а тоа е резултат од широкото распространето словенизирање на старите, од туѓ корен, христијански лични имиња. Во политичката терминологија на македонската револуционерна борба, името Гоце станало синоним на храброст и чесност. Затоа и е речено дека: Гоце! Секој Македонец би сакал да ја отвори книгата на тој живот. [7].

Детски години

(Гоце б.н) расте под необичната строгост на татка си и под претераната благост на мајка си... Строгиот бај Никола, кој сака со едно негово поткашлување од улицата целата куќа да биде на нозе, не направи од Гоцета некој треперко. Еднаш налутениот домаќин подига рака над којзнае во што згрешената домаќинка, петгодишниот син, обично доста кроток, се фрли меѓу скараните родители со молњи во очите и го принудил татка си да си ги преапе усните. - Мекосрдечната стрина Султана, која припаднува од секое млако нерасположение на копнеената рожба, која се мачи да ги задоволи и најфантастичните барања на својот цар на царевите, не направи од него разгален прокопсаник...

— Пејо Јаворов, „Гоце Делчев“ [7]
 
Никола Делчев

Гоце половина од својот живот го поминал во Кукуш. Тоа е првата фаза што го опфаќа неговото детство. Гоце рано пројавил позитивни карактерни особини. Тој уште како петгодишник, при една меѓусебна расправа на родителите, вербално се обидел да ја заштити својата мајка Султана, притоа покажал завидна храброст пред неговиот татко. Уште од тогаш кај Гоце се развило чувството за заштита на послабите и потчинетите [12].

Најраните години Гоце, сè до неговото заминување на училиште, минале низ еден период на немирни години. Кукушани и понатаму ја воделе борбата против Цариградската патријаршија.

Кукушани во февруари 1874 година одново минале кон унија со Римокатоличката црква (II Бугарска Унија) [13][ˣ 2][ˣ 3][ˣ 4] со што започнало во Кукуш и во околијата повторно да се шири унијатското влијание. Причината за вториот премин кон унијата е лошото однесување на грчкото духовништво кон населението [14]. Од 1875 година како нов фактор во Кукуш започнала да се наметнува Бугарската егзархија, меѓутоа таа не успеала да се зацврсти во Кукуш, а според германскиот истражувач Р. Мах, Егзархијата во градот била официјално претставена но немала свој владика [15].

Во периодот помеѓу 1874 - 1879 година се случиле повеќе значајни настани. Во мај 1874 година во Кукуш бил празнуван празникот на браќата Св. Кирил и Методиј, а веќе почнале да се јавуваат и личности со револуционерен дух. Иван Хаџи Николов во своите спомени истакнува дека на поттик на босанското востание од септември 1875 година, почнал да размислува: Како ние од Кукуш можеме да востанеме, и најпосле дојдов до јасна претстава за она што треба да правам, а имено, дека треба да се основе револуционерна организација која да го подготви населението на востание [2]. Подвигот бил неуспешен, меѓутоа Кукушани веќе биле револуционерно настроени и раздвижени. Во текот на Кресненското востание, од Кукуш и неговата околина имало неколку души на доброволци. Тие се сретнуваат во списокот на Македонскиот востанички комитет [2], како и во петтата четата на Ѓорѓија Пулевски. Во таква револуционерна раздвиженост на кукушани минувале детските години на Гоце.

Образование

Прогимназија

Като дете беше многу буен, оште от малечук сè сус пиштоле и каму играјше. Другаруваше ус деца като него. Еднаш мајка ни му се скара оти другарува ус Турчта и Ѓупча. А он ѝ одговори: - И оние се људе, ма мале...

— Д. Г. Заров, „Еден час при жената...“ [16]
 
Христо Бучков
 
Ракопис на Гоце Делчев

Во учебната 1878/1879 година Гоце во прво одделение на прогимназијата во Кукуш. Најпрво бил во унијатското, а потоа се префрлил во егзархиското училиште. Тој бил примерен ученик, внимателен и желен за знаење. Покрај учењето, Гоце му помагал на својот татко во работата, а од него се научил на самодисциплина. Тој не ги одбегнувал секојдневните детски игри. Според едно сведоштво:

... (Гоце б.н) си игра само кога не е во крчмата, или на работа, или има за учење за утрешниот ден. Другарите знаат кога е слободен и тогаш го бараат. Гоце не смее да се впушта во тепаници или игри што можат да доведат до повреди, зошто вечерта ќе биде строго казнет, а освен тоа веќе нема да биде пуштен да игра. Саканата игра на Гоцета е кајнаците. Нему му е дозволено да игра само со определени деца од малото. - Тоа било игра на мајсторија (вештина). Колку и да бил Гоце опитен, Гоце Такеџиев го надминувал... [17]

Како дете, Гоце другарувал со Македончиња, Турчиња и Ромчиња, а меѓу нив не правел никаква разлика. Тука лежат корените на неговата интернационална ширина [18]. На Гоце отсекогаш му биле туѓи крајниот национализам, шовинизам и национална омраза [12].

Покрај игрите и училиштето, Гоце го сакал дружењето со возрасните граѓани, особено со една група на побудни и поучени кукушани. Меѓу нив биле: Христо Бучков, Дино Попгутов и Поне Икиљулев. Бучков му раскажувал за далечните земји, а Икиљулев му носел книги што ги земал од кукушките учители. Гоце земал книги и од училиштето. Во училишната библиотека во Кукуш имало книги од западноевропските и руските писатели и по некоја стара класика. Меѓу нив се наоѓале: биографијата на Александар Македонски, житијата на Св. Климент, дела на Гете, Молиер, Шекспир, Виктор Иго, Пушкин, Гогољ, Достоевски итн. Има претпоставки дека постоела и тајна револуционерна литература, а се примале и весници и литература.

Во таква средина се одвивало школувањето на Гоце во основното и прогимназиското училиште. Во учебната 1886/1887 година, Гоце го завршил третиот клас при прогимназијата и сакал да замине за Солун за да го продолжи школувањето. Меѓутоа Никола Делчев сакал својот син да го наследи во работата и го дал Гоце за чирак во бакалницата на Христо Басмаџиев. Но увидел дека неговиот син е повеќе склон кон учењето и книгите, а Христо Бучков и Поне Икиљулев го убедувале Никола да го испрати својот син на школување во Солун [19]. Настапила нова етапа во животот на Гоце, чекор повеќе кон откривањето на светот, на Македонија [2].

Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“

Солун како економски, политички и културен центар на Македонија, апсорбирал значаен дел од македонското граѓанство. Перспективите што се отворале од тука биле примамливи за младата македонска интелигенција, посебно за револуционерно настроените... Грците фантазирале за грчки Солун, Бугарите за бугарски, Србите за српски. Меѓутоа Македонците националисти се надеваат да видат во Солун нов Белград, нова Софија - престолнина на својата идна автономија... Солун... требало да одигра голема историска улога за македонскиот народ...

— Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт...“ [8]
 
Благој Димитров
 
Солунската машка гимназија

Солун одиграл голема улога во создавањето на револуционерна клима во Македонија, а Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“ се наоѓала во сржта на револуционерните пулсови. Веднаш по нејзиното создавање, веќе во учебната 1882/1883 година, дошло до бранување. Во оваа егзархиска гимназија предавале истакнати македонски и странски наставници. Солунската гимназија, и покрај егзархискиот језуитски режим, била расадник на револуционерни идеи. Во гимназијата циркулирала забранета литература, се ковале планови и се дигале ученички бунтови. Низ клупите на оваа гимназија минале речиси сите истакнати македонски револуционери од последната деценија на XIX век, кои ја имале предводничката улога во македонското револуционерно движење [20].

Меѓу првите ученици на оваа гимназија биле Ѓорче Петров и Пере Тошев. Тие поради училишниот бунт во учебната 1883/1884 година биле исклучени од гимназијата. Во учебната 1887/1888 година дошло до нов бунт, поради кои била исклучена поголема група на ученици. Меѓу причините за бунтот било и барањето на учениците: дека не можат да работат на бугарски јазик, туку сакале да работат и да им се предава на нивниот домашен, македонски дијалект [8][20].

Меѓу учениците кои заминале во Белград, за да го продолжат образованиет, биле: Даме Груев, Петар Поп Арсов, Никола Наумов, Христо Поп Коцев, Димитар Мирчев и итн. Кога во Солун пристигнал Гоце за да го продолжи своето образование, меѓу повозрасните ученици сè уште не била стивната возбудата од последниот училиштен бунт. Гоце се запишал во четврти клас при Солунската гимназија во учебната 1888/1889 година, заедно со тројца кукушани: Гоце Имов, Гоце Петков и Христо Тенчов. Тој се сместил во гимназискиот пансион. Со доаѓањето на Гоце во Солун и неговото запишување во Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, започнала втората, мошне значајна етапа во неговото школување [12].

Преку Солун, како средиште, како излез и врска на Македонија со светот, проникнуваа политичките, научните и културните влијанија и идеи. Токму затоа овој град стануваше привлечен центар за побудните македонски сили, кои во него го откриваа светот, ја учеа азбуката на образованието, на животните определувања, на револуционерното верују. (Токму затоа) за ваму се определи и ученољубивиот Гоце, кој со необичен младински жар и елан се впушти во вителот на новиот живот [12][21].

Во Солун, Гоце имал веќе шеснаесет години и бил повозрасен од своите соученици поради паузата во школувањето. Оттука, Гоце бил позрел и посериозен од своите соученици. Во почетокот на својот престој во Солун бил повлечен. Во овој период негов неразделен другар бил Христо Тенчов. Во Солун, како и во родниот град, Гоце бил солиден ученик. Особено го привлекувала математиката, за што најзаслужен бил математичарот Благој Димитров, син на познатиот македонски учебникар Димитар Македонски. Освен овој учител, Гоце го ценел и својот учител, поетот Константин Величков. Во Солун, Гоце одлично го владеел турскиот јазик, поради кукушките предзнаења за што бил најзаслужен Христо Бучков.

Гоце покрај апсорбирањето на знаењата од училишните градива се насочил и кон сопствено духовно издигнување. Тој речиси сето свое слободно време го посветил на читање книги. Тоа му било овозможено од богатата гимназиска библиотека. Меѓутоа Гоце не се задоволувал само со нејзиниот фонд туку позајмувал книги и од своите соученици. Гоце ја порачал книга на Иван Тургењев од Одеса, која што ја добил по пошта. Во Солунската гимназија, Гоце се зближил со најталентираниот ученик Јордан Николов од Прилеп. Од него позајмувал бројни книги, а меѓу нив биле и делата на Дарвин, Писарев, Фламарион. Гоце речиси наизус го знаел Писарев. Во Солун, Гоце проучувал и социјалистичка литература. Гоце бил првенствено насочен кон филозофско-историската, револуционерната и природонаучната литература. Притоа, ја занемарувал белетристиката, со исклучок на поезијата, особено револуционерната. Тој бил особено восхитен од поезијата на Христо Ботев. Гоце бил голем поклоник на делото на Св. Кирил и Методиј. Кога еден ученик во гимназијата се обидел да ги исмее двајцата браќа просветители, Гоце го пресекол со зборовите: Овча главо, запомни дека оние на кои им ја должиш можноста да го напишеш своето име човек, треба да стоиш без шапка и кога ги пцуеш. [19]. Во гимназијата Гоце сретнал другари од разни краеви на Македонија. Во Солун одблиску ја осознал ропската положба на Македонија под власта на Абдул Хамид II. Тука кај Гоце се зародила мислата за борба против Османлиско Царство и во тој правец сакал да го осмисли својот живот. Оттука Гоце:

... повторува дека слободата се искупува со крвави жртви, дека тие жртви треба да се дадат, но како? Македонецот не беше се простил уште со надежите за едно евтино ослободување [19].

Првиот познат јавен настап на Гоце датира во април 1890 година, на свеченоста посветена народенденот на османлискиот султан [12]. Учениците по установен ред со учителите оделе до конакот на валијата да ги покажат своите поданички чувства. Еден од учителите кажувал пригодна реч и учениците пееле. Потоа се извикувало Чок јаша (Да живее). Сите викале, меѓутоа:

 
Константин Величков
 
Учители во гимназијата во 1890 година.
Само Гоце надул усни, се заѕурил кон земјата и молчи замислено. Ти зошто не викаш? - го потурнува еден од надзорниците на пансионот. Ашà а? (Долу) - скреснува Гоце осамено, за голем ужас на сите. Но тој вик минува незабележано и скандалот беше избегнат. Бев се замислил, надзорникот ме дувна, сакав да извикам како другите, а пак тоа излезе друго, изјави Гоце пред директорот [2][19].

Овој заташкан инцидент силно го подигнал угледот на Гоце во солунската гимназија. Долго се носел слухот за тој чин на Гоце. Неговите соученици рекле: Кукушанчето денеска беше искрено за сите нас [19]. Револуционерниот дух бил сè повеќе присутен меѓу учениците на Солунската гимназија. Во 1889 година во пансионот на гимназијата делувале три ученички кружоци: литературен, филозофско-научен и бунтарски (револуционерен). Со револуционерниот кружок раководеле Борис Сарафов и Димитар Пажев [6]. Во револуционерниот кружок членувале Гоце Делчев, Христо Чемков, Атанас Мурџев и други. Во кружокот биле проучувани делата на Љубен Каравелов, Христо Ботев, Захариј Стојанов, Иван Вазов, како и биографиите на познатите револуционери: Џузепе Мацини, Џузепе Гарибалди, Џорџ Вашингтон, Лафајет, Костјушко, Домбровски, Кошут, Лавров, Кропоткин, Бакунин, Степњак и други [22]. Во есента 1890 година, по заминувањето на Борис Сарафов и Пажев, Гоце станал раководител на училишниот револуционерен кружок.

Во 1891 година, Гоце завршил VI клас и бил удостоен со делата на Александар Пушкин, кои му биле врачни лично од солунскиот валија. Гоце бил воодушевен бидејќи Пушкин му бил омилен книжевник. Остроумниот кукушанец Дино Попгутов на Никола Делчев пророчки му рекол: Умно момче имаш, Кољо. Голем човек ќе излезе од него.

Крстопат

(Гоце б.н) почувствувал дека револуцијата бара верни и опитни дејци, докрај ветени синови на револуцијата. Затоа дошол до идеја дека треба да ја напушти Солунската гимназија и да го продолжи образованието во некое воено училиште, кое давало и ветувало можности да создаде опитни и извежбани личности во воената вештина...

— Христо Андонов-Полјански, „Гоце Делчев и неговото време“ [2]

По завршувањето на шестиот клас, Гоце се нашол на крстопат, дали да ја доврши гимназијата со матура и да стане учител или да го продолжи своето образование во некое воено училиште. Последното било попривлечно, бидејќи: да бидеш офицер изгледа како да се спремаш веднаш да влезеш во битка за она што е право на македонскиот народ. Офицер, тоа е како им се чини на мнозина млади Македончиња тогаш - речиси готов водач кој застанува на чело и ги поведува напред своите вооружени одреди [7].

Дилемата која ја имал Гоце, конечно била решена со рекламната порака на неговите познаници, потпоручникот Димитар Жостов и јункерот Димитар Атанасов, за бугарското Кнежевско воено училиште во Књажево (Софија). Гоце знаел дека таму се наоѓа и Борис Сарафов [17]. Гоце, убеден во ползноста од воената едукација, со својата реч успеал да убеди свои четворица блиски другари и соученици, членови на училишниот револуционерен кружок, да ја пригрлат реализацијата на оваа крупна замисла [17]. Гоце не сакал да ја напушти Солунската гимназија и да замине за Софија без благослов на својот татко. Повторно проработила кукушката врска, овој пат преку дедото на Гоце Имов. Тоа е последниот пат кога Гоце своите намери ги верифицирал со родителска дозвола. Натаму, тој ќе ја земе сопствената судбина во свои раце [12].

Софија

Ќе одат во Софија да се учат за офицери, велеше Гоцевата мајка, и да ја ослободат Македонија...

— Н. Манолев, „Гоце ја напушта гимназијата и заминува за Бугарија“ [23]
 
Коста Шахов
 
Софија

Во јули 1891 година петчлена група на незавршени солунски средношколци (Гоце Делчев од Кукуш, Стамат Стаматов од Дебар, Илија Кондураџиев од Прилеп, Гоце Имов од Кукуш и Стефан Стрезов од Копривиштица), се нашла во бугарската престолнина Софија. Целиот солунски револуционерен кружок се нашол во военото училиште. Во Кнежевското бугарско воено училиште за трите години, меѓу другите, се школувале и педесетина Македонци. Групата на Гоце и припаѓала на 13 - та класа. На претходната, 12 - та класа питомци и припаѓале поранешните солунски ученици Борис Сарафов, Георги Апостолов и Димитар Атанасов, кои го поздравиле доаѓањето на новата група. Со запишувањето на Гоце во военото училиште, започнал неговиот прв тригодишен престој во кнежевството Бугарија.

Со актот бр. 192 од 23 јули 1891 година Гоце станал воен питомец (јункер) во Кнежевското воено училиште во Књажево, Бугарија, со што започнала последната етапа од неговото школување. Овој последен негов тригодишен образовен период во Бугарија се поклопила со владеењето на Стефан Стамболов. Власта на овој бугарски политичар била протежирана од бугарскиот кнез Фердинанд I. Стамболов ги гушел слободољубивите пројави во бугарското општество и ги експлоатирал бугарските народни маси со што се создала дефетистичка претстава за бугарската држава. Таквата состојба се чувствувала и во военото училиште каде што владеела крута касарнска дисциплина проследена со груба дресура. Целта била да се создадат послушни офицери амбицирани единствено кон полковнички и генералски нараменици [19]. Секоја слободољубива мисла била сосекувана во корен, оттука сите Гоцеви илузии поврзани со ова воено училиште се срушиле. Своето разочарување Гоце го изразил со зборовите:

Зошто не останав во Солун, зошто не станав учител [19].

Меѓутоа и покрај таквата внатрешна состојба, Гоце поради користа од военото образование како и честољубивоста, не го напуштил военото училиште, но се обидел да ги одврати другите Македончиња од запишувањето. Гоце упорно се обидел да го разубеди кукушанецот Петар Дрвингов да не се запишува во военото училиште. Оттука Стамат Стаматов заклучил дека кај Гоце веќе созреала идејата дека интелектуалните сили на Македонија ќе бидат пополезни во своите родни места, отколку да идат во Бугарија [2][12][17]. Ваквото размислување на Гоце, било распламтено од македонската младина во Софија. Тој се движел сред македонската емиграција, а особено се спријателил со охриѓанецот Коста Шахов, чиј весник Македонија силно делувал во раздвижувањето на Македонците во Бугарија [24]. Престојот на Гоце се совпаднал со појавата на Македонското студенско друштво и Лозарското движење. Кружокот кои бил формиран во военото училиште на чело со Гоце одржувал врски со Лозарите [20].

Од овие контакти произлегла и средбата помеѓу Гоце, Коста Шахов и Иван Хаџи Николов, во Борисовата градина во јули 1893 година. Кај Хаџи Николов веќе била созреана идејата дека само една револуционерна организација може да го пресече патот на странските пропаганди и да ја ослободи Македонија. Тој дошол во Софија и побарал од Шахов да му препорача лице кое би можело да учествува во формирањето на една револуционерна организација. Шахов го препорачал Гоце. На средбата Хаџи Николов ги претставил начелата врз кои требало да со основа организацијата:

1. Организацијата да се основа во Македонија, а не во Софија, бидејќи основана во Софија и раководена од Софија, Србите и Грците ќе ја третираат како измислица на бугарското правителство, ќе основаат и тие организации и од нашата организација нема да биде ништо. Поради тоа треба да биде тајна. 2. Основачите да се Македонци, чесни, да се ползуваат со добро име и да живеат во Македонија, за да бидат постојано во контакт со населението во Македонија, да бидат изложени и тие на истата опасност , на каква што ќе бидат изложени и нивните последувачи, преку кои полесно ќе ја спечалат довербата на населението. 3. Лозинката треба да биде Автономија на Македонија. Нашето барање треба да се потпира врз член 23 од Берлинскиот конгрес за да се надеваме на успех. Да се постигне Автономија на Македонија, значи да ја откинеме не само од Турција туку и од Србите и Грците. Оцртани еднаш границите на Автономна Македонија, Србите и Грците веќе не ќе можат да бараат делови од неа, кога, ако посакаме присоединување на Македонија кон Бугарија, Србите и Грците ќе посакаат и тие делови од неа. Наша задача треба да биде да ја споиме Македонија цела, а тоа може да биде преку една Автономна Македонија. 4. Организацијата треба да биде самостојна и независна. Да нема никакви врски и ангажмани со владите на соседните држави, за да не ѝ влијаат и да не ја обвинуваат дека е орудие на некоја од тие влади и со тоа да предизвика противдејство од страна на другите соседни влади. 5. Од Македонците во Бугарија и од бугарскиот народ ќе бараме морална и материјална поддршка без притоа да ни се мешаат во работата [25].
 
Иван Хаџи Николов
 
Књажево

Делчев ги прифатил овие принципи но имал намера најпрво да го заврши военото училиште, па потоа да пристапи кон реализацијата на таквата замисла. Оттука Гоце истакнал: Г-не Хаџи Николов, толку време поминало, нека мине уште една година. Јас догодина го завршувам военото училиште и ќе ме произведат во офицер [25]. Ќе поднесам оставка на офицерството, ќе дојдам во Солун и ќе формираме револуционерна организација. Откако ќе почнеме да работиме, ние ќе спечалиме авторитет и нема да има потреба да бараме друго авторитетно лице [12]. Меѓутоа настаните добиле позабрзан тек, па упорноста на Гоце да го заврши военото училиште, му ја одзела можноста да се вброи во корифеите на Македонската револуционерна организација [12].

Во военото училиште Гоце се повлекол во себе, бил молчелив, скромен и добродушен но покажувал солиден успех. На професионален план не сакал многу да се истакнува и затоа се наоѓал во златната средина. Неговото напредување се одвивало нормално. Со наредбата од 15 септември 1892 година бил преведен во средниот клас, со наредбата од 5 октомври 1893 година се нашол во последниот, завршен клас на военото училиште. Во овој период Гоце се зближил со Минчев, а кон нив се приклучил и Марин Пеев. Околу нив имало уште неколку јункери кои биле блиски до социјалистичките идеи. Групата била оквалификувана како социјалистички кружок [12]. Тие се однесувале игнорантски кон училишната забрана за читање на весници, списанија и книги со револуционерна содржина, меѓу нив тајно циркулирала забранета револуционерна литература, особено од социјалистичка провиниенција. Под перницата на Гоце се наоѓале секогаш делата на Маркс, Енгелс, Кауцки, Шалгунов, Чернишевски, Доброљубов, Херцен. Во јуни 1894 година, на годишните испити за последната завршна година, Гоце постигнал општ успех од 9,45, со поведение проценето со 12 (во 12-балниот систем). Со тоа школувањето на Гоце во военото училиште завршило со успех. Гоце тогаш се изјаснил за стажирање во 22-от тракиски пешадиски полк во Татар-Пазарџик. Останала само промоцијата на завршените питомци во првиот офицерски чин, меѓутоа тогаш избил скандал.

Новата влада на Константин Стоилов, за да заштеди финансиски средства, најавила пролонгирање на рокот за прокламирање на новата класа офицери до 1 јануари 1895 година. Оваа најава предизвикала силен револт кај завршните јункери. Две анонимни јункерски писма биле испратени до воениот министер и началникот на Кнежевското воено училиште. Писмата биле протолкувани како жесток напад на воената дисциплина. Со цел да се задуши таквата појава во корен, биле притворени тројца јункери: Васил Минчев, Владимир Ковачев и Марко Ванков, блиски пријатели на Гоце. Набргу потоа уследило и апсењето на Марин Пеев. По оваа апсење, Гоце ја презел сета одговорност врз себе, изјавувајќи дека тој ги напишал анонимните писма, со што притворените јункери биле невини. Властите оваа изјава не ја прифатиле но го уапсиле Гоце поради неговата социјалистичка насоченост. Заедно со Гоце бил притворен и Жељасков.

 
Гоце со својот пријател Гоце Имов, како јункери
 
Диплома на Гоце за завршено воено училиште

Анонимните писма биле повод за пресметка на бугарските власти со младината која била блиска до социјалистичките идеи. Во обвинението против Гоце се тврдело дека не само што: тој е социјалист, туку (и) дека врши таква пропаганда во училиштето [12]. На 6 октомври 1894 годин била издадена наредбата под број 107, со која биле исклучени шестмина јункери. Во параграфот 5, од истата наредба, било истакнато:

Врз основа на актот од 16 септември, под бр. 133, јункерите од повереното ми училиште: Васил Минчев, Владимир Ковачев, Марко Ванков, Господин Жељасков, Гоце Делчев и Марин Пеев, се исклучуваат од повереното ми училиште и се префрлаат во резерва во армијата како редовни. Првите двајца без право на повторно запишување и претставување за производство во офицерски чин, а последните четворица со право да бидат примени одново во служба, затоа што пишувале анонимно писмо до господинот Воен министер. Притоа, оние на кои им се дозволува повторно да стапат во армијата ако го сакаат тоа, претходно треба да постапат по сопствена желба во некои од воените единици, од каде што и ќе се претстават за производство во првиот офицерски чин

Наредбата била ригорозна и во неа се инсистирало на исклучување на шестемина јункери од списоците на училиштето. Според Пејо Јаворов, Гоце бил исклучен од военото училиште како социјалист. Ваквиот пресврт на настаните кај Гоце не предизвикале некое растажување, туку напротив го развеселиле. Се почувствувал како слободен како птица. Совеста му била потполно мирна бидејќи со туѓа помош бил ослободен од стегите на армиската стажантура. Сега, пред него ширум се отворала нова револуционерна перспектива [12].

Набргу по оваа афера, Гоце имал средба со Туше Делииванов од Кукуш. Во разговорот кои уследил Гоце истакнал: Нашава ропска положба јасно определува што треба да правам. Неопростиво е за нас, издигнати духовно повисоко, да трпиме, да теглиме и да чекаме други да нè ослободуваат [26]. Гоце сè уште не знаел за формирањето на конспиративната Македонската револуционерна организација. Делииванов придружник на Гоце во тие денови истакнува:

Тој ќе отиде во Македонија и ќе се одаде на револуционерна дејност, организирајќи го населението за борба против угнетувачите. Овде ништо позитивно не дознал за таквата дејност во Македонија, ниту попаднал на некого што би го упатил [26].

Погледи

Во организациските работи или на нашите собранија со членството, никој од нас не зборуваше за организацијата и идеологијата. Работна беше нашата работа, а не идеолошка. Што се однесува до социјализмот на Делчев, неговата дејност зборува сама за себе - спротивно. Во суштина, водачите си имаа свои основни погледи и свои разбирања за положбата и работите, коишто стоеја пред нив и ги завршуваа со голема упорност, настојчивост и насоченост. Значи, идеологија имаше, само што нивната идеологија имаше своја оригиналност. Македонија денеска, чиста рожба на животот и положбата во Македонија, кои му служеа како база на неговите побуди, беше дејност која имаше потреба од ум за да си најде своја смисла. Таквата идеологија и заемното дејство на умот и срцето му помогнаа на Делчев да не се занесе по патот на својата идеологија... Во суштина, Организацијата и нејзините водачи имаа свои разбирања за работите и положбата во идеен поглед, но тоа беше врската, животот и положбата во Македонија и го внесуваа во својата идеологија гласот на своето срце, и на крај, прибегнуваа до умот, за да најдат смисла или да ѝ дадат. Тоа содејство и заемен сооднос на умот и срцето му помогнаа на Делчев да ја држи својата идеологија во сообразност со положбата на работите... Водачите навистина направија една жртва бидејќи на населението не му зборуваа за своите мисли и идеи. Тие се одрекоа од секаква субјективност во своите мисли. Целта беше да не се зголемуваат целите и задачите како и преданоста во работата. Населението не можеше да ги разбере овие идеи...

— Ѓорче Петров, Беседа за Гоце

Делчев беше свесен оти конкретната тогашна ситуација во Македонија не трпеше шаблонска примена на научните погледи и револуционерни идеи, кои не одговараат на специфичните услови кои тогаш беа присутни во Македонија. Токму поради тоа, тој дејствуваше како типичен револуционерен демократ и трибун, кај кого заради специфичните објективни услови и прилики, национално-ослободителната револуционерна идеја стоеше на преден план. На прво место, таа имаше евидентно и првосходно значење

„Гоце Делчев“, Андонов Полјански, Христо, Пула, 1985
 
Спиро Гулапчев

Гоце на дваесетидвегодишна возраст, по завршената општа и воена школа, оставал впечаток на рано созреан, висококвалитетна личност со оформен прогресивен светоглед. Интелектуалниот развој на Гоце минувал низ неколку етапи. Во Кукуш стекнал основни знаења за светот и луѓето. Во солунската гимназија ги продлабочил и успеал да проникне во сферата на науката, литературата и социјализмот. Во военото училиште неговиот интерес се разбистрил по низа прашања, особено од областа на разните научни и социјалистички доктрини [27]. Гоце бил заплиснат од идеите на Француското просветителство, Француската револуција, Американската револуционерна војна, Револуциите од 1830 и 1848 година, Париската комуна од 1871 година [27]. Гоце особено се интересирал за ослободителните борби, од Американската војна за независност, преку карбонарите, италијанското националноослободително движење на чело со Џузепе Мацини, до револуционерните концепции на балканските ослободителни движења (српското, грчкото, романското и бугарското). За тоа најмногу придонел неговиот тригодишен престој во бугарската држава. Гоце ја прочул литературата за ова прашање, особено Записите на бугарските востанија на Захариј Стојанов и неговата биографија за Васил Левски. Гоце имал можност и за живи контакти со бугарските револуционерни современици.

Неговиот примарен интерес бил свртен кон ослободителните борби на македонскиот народ, особено кон оние од времето на Големата источна криза: Разловечкото востание, Кресненското востание, Демирхисарскиот заговор. Гоце подоцна стапил во контакт со водачот и идеологот на Разловечкото и Кресненското востание, Димитар Поп-Георгиев Беровски, контактите зачестиле при активирањето на Саблерската бомболеарница. Од овој контакт, Гоце изворно се информирал за светлите настани од македонската историја. Гоце бил добро запознаен со македонските национални пројави од своето време. Лично, непосредно бил поврзан со лозарите и Македонската социјалистичка група од Софија.

 
Васил Главинов

Гоце мошне добро ги познавал биографиите на Вашингтон, Лафајет, Мацини, Гарибалди, Кошќушко, Домбровски, Раковски, Каравелов, Ботев, Левски, со што го проширил својот револуционерен видокруг. Во изградбата на неговиот револуционерен профил влијаела неговата активност во солунскиот и софискиот кружок, како и блиските контакти со лозарите и социјалистите во Софија. Познанството со Коста Шахов оставило позитивни траги. Подеднакво го привлекувале природните и општествените науки. Се интересирал од математика, биологија до историја и филозофија. Гоце бил заплиснат од бројни учења. Неговиот дијапазон на познавања се протегал од Дарвиновата теорија па сè до Маркс. Особено го привлекувале идеите на руските револуционери-демократи: Доброљубов, Чернишевски, Херцен, Писарев. Врз Гоце влијаеле и различни револуционери утопистичко-социјалистички, утопистичко-комунистички и анархистички идеи, особено на Бланки, Кропоткин, Михаил Бакуњин и С. Михаилович Кравчински-Степњак. Оттука, на Гоце му било блиско сиромахомилството на леринчанецот Спиро Гулапчев.

Г. Делчевите идеолошки погледи се здобиле со социјалистички колорит по запознавањето со делото на загоричанецот Димитар Благоев. За тоа влијаеле и контактите со Македонската социјалистичка група на Васил Главинов, а особено дружбата со Димо Хаџи Димов. Творците на марксизмот, Маркс и Енгелс, ги запознал од нивните дела, издавани од Спиро Гулапчев. Опкружен од посочените Македонци, видни пропагатори на социјалистичките идеи, Гоце Делчев, со своите духовни предиспозиции, се нашол во прегратките на социјалистичкото учење. Самиот Гоце на социјалистите гледал вака: Тие луѓе вршат една вистинска револуционерна работа, растурајќи социјалистичка литература, за да можат социјалистичките идеи да проникнат во нашите редови. Тие можат да одиграат преродбенска, а не штетна улога [28].

Гоцевото инклинирање кон социјалистичките редови имало декларативен карактер. Гоце Делчев, пред сè, е класичен национален револуционер. Според Стаматов, Гоце: одлично знаеше дека ни со теоријата на Дарвин, ниту пак со онаа на Маркс ќе биде ослободена Македонија.

Срцето на револуционерна Македонија

Со кама стисната силно во раката како во екстаза, со движења кои ги правеше пред другарите, без некому лично да му се обраќа со зборови на восхит, просто ја опеваше камата како симбол на некаков култ. Секој којшто го слушаше или гледаше во таква положба, се заразуваше од неговите движења и зборови. Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Гоце и самиот јунак, имаше голема слабост кон поединечните појави на самостојност, а со својот пример има крупни заслуги за Организацијата. При создавањето на кадри од такви поединци, неговата заслуга за Организацијата беше огромна. Во тој однос тој беше незаменлив. Неговото влијание во тој однос врз работниците го одразуваа духот и внатрешната сила на самиот автор. Гоце, самоуверен во исполнувањето на својот долг, имаше огромно влијание. Гоце беше голем почитувач на личното јунаштво, зошто и тој самиот беше таков и тоа го докажуваше со жив пример. Тој не запираше пред вистинската смрт, која би можела да се избегне. Никој, никаде и никогаш не забележал кај него белези на страв или збрканост во случај на средба со потери или кога му јавуваа дека претстои некоја опасност. Своето презирање на смртта кој него беше нешто природно и неизвештачено, тоа се примаше како едно душевно чувство што беше неразделно од неговата природа [ˣ 5] . Ваквото влијание на тој правец беше огромно и многу значајно кога ги правеше многубројните посети на четите. Делчев секогаш ја ставаше на чело единката која имаше колективна целина. Една од неговите основни задачи во неговите агитации беше да создаде такви типови кои ќе го подигнат духот на луѓето за поединечна работа и борба, за лична иницијатива. Тој работеше и создаваше поединечни сили, кои се вткајуваа во организацискиот морал и во создавањето кадри од таквите сили, кои ќе бидат можен придвижувач на делото. Камата, неговиот најсилен инструмент, беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот...

— Ѓорче Петров, Беседа за Гоце
Гоце проповеда на народот — релјеф од споменикот Гоце Делчев на плоштадот Македонија во Скопје

Кон македонскиот пантеон

Делииванов летото 1894 година, поради здодевност и недоразбирање со училишното настојателство поднел оставка на учителската должност во Кукуш. Тој вели дека без определена цел заминал за Софија, каде се сретнал со Делчев. Дали целта на Делииванов во Софија била неопределена? Дали средбата со Делчев е случајна или, пак, режирана од Хаџи Николов, кој ги знаел Делчевите определби уште од летото 1893 година и овој пат ја искористил кукушката линија преку Делииванов ?!

— Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт...“ [8]
 
Туше Делииванов
 
Куќата во која живееле Даме, Гоце и Туше

Вклучувањето на Гоце во Македонската револуционерна организација е посебен настан во историјата на македонското револуционерно ослободително движење. Со тоа започнала последната трета револуционерна фаза (1894-1903) од животот на Гоце. Оваа фаза од дејноста и животот на Гоце се состои од две етапи. Првата етапа го опфатила легалното учителствување на Гоце во Штип и Банско (ноември 1894 год - ноември 1896 г.), во втората етапа Гоце целосно се посветил на револуционерното дело и таа трае сè до крајот на неговиот живот (декември 1896 г. - 4 мај 1903 г.). Влегувањето на Гоце во Револуционерната организација сè уште содржи неразјаснети моменти. Главните глумци во вклучувањето на Гоце во Организцијата се Туше Делииванов, Иван Хаџи Николов и Даме Груев. Меѓутоа Делииванов во своите спомени за оваа случување, и воопшто за својата револуционерна дејност од овој период, не дава конкретни податоци. По средбата со Делииванов, Гоце испратил молба до Егзархијата за учителствување во Македонија, истото го сторил и Делииванов, по десетина дена речиси истовремено двајцата биле поставени за учители, Гоце од страна на Штипското училишно настојателство, а Делииванов од страна на Егзархијата [26]. Во октомври 1894 година, Гоце дознал за своето прво работно, учителско место во штипското Ново Село.

Историската средба помеѓу Гоце и Даме Груев се случила во почетокот на ноември 1894 година во Штип. Гоце и Делииванов уште неслезени од коњите биле пречекани од Даме, кој тогаш учителствувал во Штип. Даме од порано го познавал Делииванов, меѓутоа со Гоце Делчев имал прва средба [29]. Меѓутоа, името на Гоце не му било непознато. За него, Даме првпат слушнал есента 1893 година во Солун, при сондажата за формирање на Македонската револуционерна организација, најверојатно Иван Хаџи Николов информирал за високото мислење кое Коста Шахов го имал за Гоце. Пречекот на Даме не бил случаен, а уште помалку неговата упорност за одвлекување на дојденците од анот во кој се сместиле - во куќата на стариот учител Мите Теранцелиев, кадешто и самиот Даме Груев, за време на својот престој во Штип, живеел [12]. Истата вечер, на Дамевото провокативно прашање, зошто ја напуштиле Бугарија! Гоце одговорил:

Може ли да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа отколку Македонија? [7]

Воодушевен од Гоцевата концепција, Даме широко го отворил срцето со зборовите: Добро сте ми дошле!, при што го врачил Уставот на Организација. Следниот ден, Гоце положил заклетва пред првенецот на Организацијата, со што станал полноправен член на Македонската револуционерна организација. Од првата средба на срцето и волјата на револуционерна Македонија, на прагот на Гоцевата револуционерна дејност, па сè до нивната последна, која се одиграла во драматични околности, во предвечерието на Гоцевото загинување, меѓу двајцата апостоли владеела ретка блискот и длабоко меѓусебно почитување.

Штип

Делчев веднаш ми направи впечаток со својата отвореност и чесност. Тој беше, при првите обиди да зачленува, дури и претерано отворен, па требаше да го контролираме за да не ја издаде нашата слабост, слабоста на Организацијата. Тој се стремеше да си ја каже вистината, мислејќи дека секој треба да ја усвои идејата така како што тој ја усвоил. Беше многу пргав.

— Даме Груев , „Спомени“ [29]
 
Даме Груев
 
Штипската Новоселска прогимназија

Гоце во двокласната Новоселска гимназија при II клас ги предавал предметите: геометрија, историја на природата, географија и француски јазик. Тој бил правичен и строг учител. Гоце особено внимание посветил на образованието на возрасните. Тој, заедно со своите колеги Даме и Делииванов, во неделното и вечерното училиште разработувал теми од американската, европската и особено од балканската историја со што се создала револуционерна клима во Штип.

Гоце со учителската дејност вешто ја прикрил својата вистинска револуционерна дејност пред тамошните османлиски власти. Учителствувањето било одличен параван за разгранување и зацврстување на организациската мрежа. Гоце се пројавил како неуморен организатор и и агитатор.

Гоце требало да дејствува само во Ново Село и околните села. Меѓутоа неговите аспирации биле поголеми. Според Делииванов: Секоја саботна вечер тој (Гоце б.н) исчезнуваше од Штип, кога преоблечен, кога не, и се враќаше во недела или рано понеделник. За два месеци тој го заврши тоа и кон Водици една вечер самозадоволно и насмевнувајќи се рече дека можеме веќе и карвани да праќаме за Бугарија и од Бугарија дури до Радовиш и Струмица. Даме Груев бил сведок на историската улога што Гоце ја имал за омасовување на револуционерното движење и организирањето на значајниот канал на МРО на релацијата Македонија - Бугарија.

Даме бил понесен од невидениот елан и ентузијазам на Гоце и во учебната 1894/95 година заедно со Делииванов и Тодор Лазаров организирал нови души во Штип и неговата околина. Делииванов истакнува дека : Целиот град и Ново Село беа опфатени од револуционерна треска. Зборовите на Делииванов потврдуваат дека Штип израснал во бастион на македонската револуционерна борба.

Велигденска мисија

За време на велигденскиот распуст Делчев и Делииванов заминаа за Кукуш, со обврска да свратат во Солун, каде што ги препорачав, за да проверат каква дејност развиваат другите. Се вратија наполно разочарани: таму работата беше подзаспана.

— Даме Груев , „Спомени“ [29]
 
Руша Делчева

Првата голема мисија на Гоце низ Македонија се датира во април 1895 година за време на велигденскиот распуст. Гоце на пат заминал заедно со Туше Делииванов. Во Велес се сретнале со Петар Поп Арсов. По оваа средба со воз заминале за Солун каде што требало да се сретнат со актуелниот претседател на Централниот комитет на МРО, Христо Татарчев. На Велигден се нашле во Кукуш каде што покрстиле 15 души во Организацијата. Меѓу зачленетите била и сестрата на Гоце, Руша Делчева, една од првите жени во МРО. Во текот на престојот во Кукуш, Гоце успеал да собере 180 лири, а непосредно пред неговото заминување сумата се искачила на 330 лири, парите биле доставени на Централниот комитет на МРО. На враќање за Штип, Гоце навратил во Дојран каде што ја формирал месната организација. Оттаму се упатил кон Фурка, Богданци, Гевгелија, Струмица и Радовиш.

По заминувањето на Даме и Петар Поп Арсов од Солун, Централниот комитет останал без своите најактивни членови и тоа влијаело врз неговата работата, состојбата била со организациско мртвило. Штип и Битола, благодарение на тандемите: Даме Груев - Гоце, Пере Тошев - Ѓорче Петров, во секој поглед ја надминувале солунската централна организациска метропола. Оттука, Даме се вратил во Солун, но сосема спокоен бидејќи во Штип го оставил Гоце кој веќе ги пројавил своите високи организациски способности.

Гоце се истакнал како изразит масовик на македонското револуционерно движење, пред сè поради динамиката на зачленувањето, брзината на плетењето организациона мрежа и проширувањето на организациските канали.Даме Груев и Гоце својата дотогашна заедничка дејност ја крунисале со проштално собрание на раководителите од штипскиот регион, коешто го одржале во близината на Кежовица во почетокот на јули 1895 година. Тогаш била разгледана дотогашната дејност и биле дадени насоки за во иднина.

Првите контакти со Македонскиот комитет

ЦК на МРО, веднаш по појавата на Македонскиот комитет во Софија, се изјаснил против секаков паралелизам во македонското ослободително дело. Свесен за опасноста по самостојноста на македонското националноослободително движење, ЦК на МРО преку Иван Хаџи Николов и Даме Груев се обидел да ја сопре дејноста на Македонскиот комитет во Софија, или, барем, да ја сведе неговата улога на спомагателна морално-материјална институција сврзан за македонското ослободително дело. Кон нивните напори се приклучил и Гоце Делчев. Меѓутоа успехот изостанал.

— Димитар Димески, „Гоце Делчев“ [12]
 
Трајко Китанчев
Дел од темата
Македонски комитет
 

Трајко Китанчев како претседател на Братскиот сојуз на 19.02.1895 година ја повикал македонската емиграција да испрати свои делегати на конгресот кој требало да се одржи на 19 март 1895 во Софија. Конгресот своето заседание го започнал на 19 март, а со својата работа завршил на 28 март 1895 година во Софија. На него присуствувале 60 претставници на македонските друштва, братства и колонии во Бугарија и Романија. Конгресот, останал во историјата познат под името І македонски конгрес на кој дошло до обединување на македонската емиграција и до обединување на македонските друштва на чело со Македонскиот комитет.

Организирањето на четите кое го започнал Трајко Китанчев во својство на претседател на Братскиот сојуз, продолжило и по формирањето на МК но сега со поддршка на бугарската влада и бугарскиот кнез, а особено со поддршка на воениот министер Рачо Петров [30]. Трајко Китанчев имал контакти со бугарскиот кнез Фердинанд I и бугарскиот премиер Константин Стоилов. Стоилов се обидел да ја контролира активноста на МК и нејзината дејност да ја искористи во интерес на бугарската политика [31]. Активноста на Македонскиот комитет кулминирала со т.н. Мелничко востание.

Даме Груев во летото 1895 година пристигнал во Софија. Груев бил испратен од ЦК на организацијата, за да го запознае Трајко Китанчев со целите на Македонската револуционерна организација и да побара морална и материјална поддршка. Во Софија, Груев имал средба со Наум Туфекчиев, Андреј Љапчев и со Трајко Китанчев. Подоцна во Софија се нашол и Иван Хаџи Николов кој имал средба со Китанчев и од него исто така побарал морална и материјална помош за организацијата [32].

Активноста на Македонскиот комитет придонела да се влоши положбата за револуционерно дејствување во Македонија. Затоа во летото 1895 година било одржано Солунското советување на Македонската револуционерна организација. Советувањето било свикано од Даме Груев и се одржало под маската на учителски собир. На советувањето присуствувале Пере Тошев, Гоце Делчев, Иван Хаџи Николов и други дејци на Организацијата. На собирот било решено Организацијата да застане на патот на надворешното мешање.

Гоце презел нова обиколка на Солунско, Кукушко, Гевгелиско и Дојранско за време на летниот распуст во 1895 година, тој тогаш презел мерки за зацврстување и проширување на ефектите од Велигденската мисија. Пејо Јаворов истакнува дека пред Мелничкото востание, Гоце остварил средба со Трајко Китанчев, раководителот на Македонскиот комитет, меѓутоа историчарите таквото тврдење го отфрлаат [2][12]. Во учебната 1895/96 година Гоце бил унапреден во директор на штипските училишта, што подразбирало и главен инспектор на штипските селски училишта. Назначувањето на Гоце за директор било под влијание на Македонската револуционерна организација. Како училиштен инспектор можел полесно да ја прикрие својата револуционерна агитација сред македонските селски средини.

 
Ефрем Каранов

Од овој период потекнува и едно писмо на Гоце упатено на 29 октомври 1895 година до Ефрем Каранов, претседател на Македонското ќустендилско друштво. Гоце на еден јасен начин ја претставил сопствената концепцијата за самостојноста на македонското револуционерно движење. Во писмото: Гоце Делчев ги изјаснува основните принципи на кои треба да се изградува и на кои тој ја гради македонската револуција... Гоце ја покажува тука и целта на македонската револуција... слободна државичка... Тој го посочува средството да се постигне таа цел: внатрешно востание [7].

Преку ова писмо, Гоце по писмен пат ги ставил на знаење своите погледи до Македонскиот комитет, преку неговиот огранок во Ќустендил. Тој јасно истакнал: Во Македонија се развива систематска агитација за едно општо внатрешно востание, која има земено големи размери и нема катче во Македонија што не е опфатено... Должност е на секој родољубец да помогне колку што може повеќе, а уште повеќе на комитетите со таква цел, особено на Ќустендилскиот, којшто би можел во се да помага... Луѓе има многу, но за жал страдаме од недостиг на најнеопходното за едно востание: без оружје сме и Вие, ако сакате да ни помогнете, помогнете ни во тоа, пратете колку што можете повеќе оружје [33].

Кон крајот на 1895 година, Гоце извршил нова ревизија со цел да ги зацврсти пограничните реони во правец: Штип - Пехчево - Владимирово - Берово - Горна Џумаја - Дупница - Ќустендил. Тој ги обезбедил врските, патиштата, назначил одговорни за пунктовите и го уредил начинот на сообраќајот и врските со внатрешноста. Во оваа дејност се појавиле два важни пункта: Ќустендил на чело со Никола Зографов и Дупница на чело со Никола Малешевски. Наскоро Ќустендил и Дупница прераснале во важни центри на Македонската револуционерна организација на бугарска територија.

На ІІ македонски конгрес во декември 1895 година Македонскиот комитет бил преименуван во Врховен Македонски Комитет, а за претседател бил избран генералот Данаил Николаев. По изборот на генералот Николаев за претседател, Македонскиот комитет манифестирал тенденција за потчинување на Организацијата и претворање на нејзиниот Централен комитет во орудие за остварување на неговите цели. во есента 1895 година во Виничко, Врховниот комитет го испратил Александар Чакаров со цел агитира за едно востание. Неговата дејност била спречена од организацијата и тој морал да се врати назад во Бугарија. Уште пред одржувањето на ІІ македонски конгрес, Комитетот го поканил ЦК да испрати свој делегати, но поканата била одбиена. По конгресот, и покрај тоа што Организацијата ја одбила поканата за учествува, од своја страна ВМК до ЦК испратил писмо од 28.12.1895 година во кое известува за работата на конгресот и било истакнато дека конгресот го овластил комитетот да стапи во тајна врска со Организацијата. Со ова писмо, Комитетот се обидел да ја објасни својата улога и улогата на Организацијата во македонското револуционерно движење. Комитетот за себеси го задржал правото над дипломатијата, а според погледите на самиот Комитетот, Организацијата требала да претставува средство за притисок. На оваа писмо ЦК одговорил со свое писмо од 20.01.1896 година, потпишано од Татарчев и Даме во кое било истакнато дека:

ние продолжуваме да го подготвуваме народот во духот на зацртаната програма и остануваме согласни со сите, кои ја споделуваат нашата девиза[34].
 
Данаил Николаев
 
Ќустендил

Меѓутоа Врховниот комитет продолжил со својата дејност и во јануари 1896 година бил испратен Александар Чакаров во Ќустендилско за да го преземе тамошниот транзитен центар. Малку подоцна Андреј Љапчев се обидел да го придобие Никола Зографов. И покрај овие недоразбирања, контактите помеѓу ВМК И МРО. Во февруари 1896 година претседателот на ВМК генералот Данаил Николаев имал средба со Гоце Делчев во Софија. На оваа средба станало збор за заемните односи, притоа генералот Николаев истакнал ако МРО сака да добие поткрепа и помош од македонската емиграција во Бугарија, тогаш ВМК мора да биде главен раководител на целото македонско ослободително дело и да го има главниот збор по прашањето за востание. Гоце Делчев притоа остро протестирал истакнувајќи дека:

Ние, знаете ли кои сме ние: селаните, македонското население, народот. Ние не можеме да правиме политика, ниту да дозволиме други да првата политика со Македонија. Нашата борба, тоа е за нас живот или смрт. Ние нема да дозволиме други да решаваат дали да живееме или да умреме, и кога. Кога да се прави востание ќе реши народот. Нема да оставиме да ни командувате од тука, за да не втерате, како што се обидовте лани во игра со востание... Ние сметаме на Вас, од Комитетот и од емиграцијата можеме да добиеме братска помош. Но знајте, ние не бараме покровители, а уште помалку, господари [7].

Гоце се разишол и со потпретседателот на Врховниот комитет, Јосиф Ковачев. Откако не можел да се разбере со раководителите на Врховниот комитет, одржал неколку средби со членовите на дисидентскиот Македонски комитет на Наум Туфекчиев и Антон Бозуков. Гоце првенствено бил заинтересиран за набавка на оружје. Оттука имал средба со познатите лиферанти на оружје: браќата Иванови и Туфекчиев. За оваа средба, Гоце добил помош од резервниот поручник Димитар Жостов, тогашен благајник на дисидентскиот Македонски комитет, инаку Жостов била клучната личност што го иницирала школувањето на Гоце при Кнежевското воено училиште. Гоце тогаш имал средба и со Борис Сарафов, при што му предложил да заминат во Македонија и да станат горски цареви. Според некои историчари, оваа понуда на Гоце укажува дека тој уште тогаш ја имал визијата за идниот Четнички институт на ТМОРО [12].

По враќањето во Штип, Гоце испратил писмо до пунктовниот началник во Ќустендил, Никола Зографов. Во писмото Гоце истакнал: Тој комитет (Врховниот б.н) таков впечаток ми направи, такво силно оладување предизвика кај мене што јас не гледам дали ќе помогнат, туку се плашам да не му нанесат и голема штета на делото. При овие средби со раководителите на ВМК во Софија, Гоце првпат се нашол во улога на емисар на Централниот комитет, а што е најважно: за првпат Гоце ги прогласува отворено во лицето на софискиот врховизам - самостојноста и независноста на Внатрешната организација [7].

Солунски конгрес од 1896 година

По Солунскиот конгрес започнува нова фаза на македонското револуционерно и национално ослободително движење. Со широкото отворање на организациските врати за сите незадоволни елементи, се создале претпоставки за брзо масовизирање на движењето. Организацијата цврсто застанала на патот на надворешните влијанија, манифестирајќи го принципот за одбрана на самобитноста на Македонија.

— Ванчо Ѓорѓиев, „Слобода или смрт...“ [8]
 
Христо Матов
 
Солун во 1897 г.

Развојот на организацијата на преден план исфрлила голем број на внатрешни и надворешни прашања, потоа се покажало дека постојните нормативни акти се тесни за понатамошен развој на Македонската револуционерна борба, а истовремено дошло до засилување на странските пропаганди кои носеле опасност за организацијата. Овие, како и други прашања биле разгледани на Солунскиот конгрес

На конгресот присуствувале: Даме, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Христо Батанџиев, Антон Димитров и Ѓорче Петров како членови на Централниот Комитет. Додека како претставници на револуционерните реони присуствувале: Гоце Делчев - Штип, Пере Тошев - Битола, Христо Матов - Скопје, Петар Поп Арсов - Прилеп, Велко Думев - Велес, Кирил Прличев - Воден, Благој Калејчев - Сер и Христо Поп Коцев како претставник на Одрин. Организацијата од овој конгрес излегла со ново име: Тајна македонско-одринска револуционерна организација (ТМОРО).

На дневен ред имало голем број на прашања по што биле донесени следните одлуки: Организациската територија да се подели на 7 окрузи: Солунски, Битолски, Скопски, Велешко-Тиквешки, Струмичко-Џумајски, Штипски и Одрински. Прилеп и Цариград имаат право директно да кореспондираат со ЦК, додека пак Централниот комитет со внатрешноста на Македонија кореспондира преку окрузите и затоа било решено ЦК да има посебни шифри за комуникација со окрузите, посебни за комуникација меѓу ЦК и Задграничните претставници, а окрузите имаат посебни шифри за комуникација меѓу себе.

Во врска со децентрализцијата, бил одбиен предлогот на Пере Тошев окрузите да имаат посебни печати, на тоа се спротивставил Даме. Било решено во организацијата да можат да членуваат сите без разлика на верата и народноста и дека делото ќе има чист македонски карактер. За Одринско било решено да биде третирано одделно од Македонија, но Македонија и Одринско претставуваат единствена кауза преку извојување на автономија за двете области.

По прашањето за вклучување на жените во организацијата, кое било поставено од Ѓорче Петров, било решено самите реоните да одлучуваат. Тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ЦК на организацијата и да ја претвори во орудие за остварување на своите цели, била оценета како опасна по целото македонско ослободително дело и да се заземе став да се разубедува ВК да ја напушти таквата тенденција. Било решено да биде отворено Задгранично претставништво во Софија кое ќе има задача да ја претставува организацијата и да застане пред надворешните посегања. Во врска со проегзархиските групи во Македонија, било истакнато дека портите на организацијата се отворени за секого кој ќе ги прифати начелата на организацијата.

Ставот кој организацијата го зазела кон странските пропаганди се гледа во членот 2. од уставот на ТМОРО во кој се истакнува дека: Тајната македонско-одринска револуционерна организација има за цел да ги сплоти во едно цело сите незадоволни елементи во Македонија и Одринско, без разлика на народноста, извојување преку револуција полна политичка автономија за тие две области. На крајот било решено Гоце Делчев и Ѓорче Петров да го изработат нов устав и правилник врз основа на конгресните одлуки.

Уставотворец

Член на ТМОРО може да биде секој Македонец и Одринец, кој не е компромитиран со ништо нечесно и бескарактерно пред општеството и кој ветува и се задолжува да му биде корисен на револуционерното ослободително дело.

— Член 4, Устав на ТМОРО[35]

Солунскиот конгрес од 1896 година ги задолжил Ѓорче Петров и Гоце Делчев, кои биле носители на новата линија во македонското револуционерно движење и први иницијатори за промени, да изработат нацрт на нов устав и правилник, согласно промените на организацискиот курс извршен на Солунскиот конгрес. Новиот Устав и Правилник биле изработени врз основа на постарите акти, но сега се дал акцент на конгресните одлуки од 1896 година. Уставот на ТМОРО се состои од 19 члена поделени во 4 глави.

Со новиот устав, започнува втората повисока фаза на развојот на македонското револуционерно движење. Во оваа фаза, Македонската револуционерна организација од градска добила карактер на претежно селска организација. Оваа промена настанал со омасовување на движењето, селаните ја сочинувале грамадната маса на македонското население. Тоа било постигнато со Солунскиот конгрес и новите публикувани правни акти на Организацијата, кои ги елиминирале бариерите што стоеле на патот на масовизирање на македонското ослободително движење. Улогата на Гоце, како еден од главните творци на Солунскиот конгрес е неодминлива. Овој конгрес претставувал историска пресвртница за развојот на движењето.

Донева афера

Во неделата вечерта колчиите на тутунот при св. Недела во Битола го фатија кираџијата штипјанецот со 10 празни бомби во вреќи со ориз по силното спротивставување и обиди да се извлече. Во продолжение на две деноноќија бил тепан до онесвестување. Досега ништо друго не кажувал освен фразата: Оризот го купив во Виница и го носам на пазар, без да знам што друго содржел. Турското население е во паника и мисли дека и други се внесувани порано. Претресувања уште нема никаде

— Даме Груев, Спомени - Коресподенција... [36]
 
Доне Стојанов Тошев
 
Внатрешноста на Куршумли ан

Битолскиот окружен комитет на МРО се свртел кон набавка на оружје и муниција, покрај револвери и пушки се започнало и со набавка на бомби. Главна улога во овој првичен копнеж одиграл Гоце, кој веќе имал уредено канал за Бугарија. Ѓорче Петров истакнува:

Бевме побарале бомби од Делчева, да ни прати неколку да ги видиме, да се насрчиме, да им се порадуваме... Уште не се надевавме на народната сила, но баравме спас во бомбите. [37].

На 19 април 1896 година при доставката на бомби во Битола бил фатен и затворен Доне Стојанов Тошев со што пламнала Доневата афера. Со оваа афера Македонската револуционерна организација првпат се соочила со крупна опасност, откривање на нејзината конспиративност. Меѓутоа мерките на Организацијата и Доневата цврстина ги ограничиле размерите на аферата. Според Ѓорче Петров во Штип:

нашето соопштение од Битола го испреварило она на властите за два дена, што дало можност на Гоце и другарите да ги преземат сите можни претпазни мерки. Директниот испраќач на бомбите, Коце Ефремов, заминал за Бугарија за секој случај, жената на Доне била предупредена и даскалосана, а Гоце, откако се појавил низ чаршијата за да го видат сите, седнал дома во исчекување и пишува училиштен рапорт [38].

Меѓу осомничените се нашол и Гоце. Тој особено го привлекол вниманието на османлиските власти по враќањето од Софија, кога се појавил како организатор на протестната штипска мартовска демонстрација насочена против турското убиство на еден 18-годишен македонски младинец. По пламнувањето на Доневата афера, Гоце бил одведен пред штипскиот кајмакам, но поради отсуство на докази, Гоце бил ослободен.

Според Пејо Јаворов, по еден месец, по наредба на скопскиот валија, Гоце бил повторно приведен и префрлен во Скопје. Меѓутоа според Константин Пандев, Гоце бил спроведен во Скопје на 2 јули 1896 година [39]. Димитар Димески истакнува дека второто тврдење е поверодостојно, бидејќи последното писмо на Гоце, напишано на слобода, до Никола Зографов датира од 6 јуни 1896 година. Гоце бил сместен во злогласниот Куршумли ан каде што му сугерирале повеќе да не се враќа во Штип. Тоа било сериозна опомена. Ѓорче Петров истакнува дека со оваа афера во Организацијата не произлезе зло за неа, но сами по себе излегоа две пакости: 1. Фактот за постоење завера во Штип и Битола ѝ стана познат на турската власт, и 2. Гоце Делчев го сврте вниманието на властите врз себе во Штип [38].

Доневата афера му навестила на светот дека нешто ужасно се подготвува во Македонија [40]. Од друга страна, настанот силно го импресионирал македонскиот народ, кој во својата фантазија ја хиперболизира силата на МРО [41]. Доневото име станало синоним на револуционерната нескршливост и истрајност на македонскиот човек во неговите натамошни борби за национална и социјална слобода [37].

Банско (Разлошко)

Целта му беше да го поврзе и подигне духот на населението во целата Пиринска област, којашто тој ја нарекуваше непобедлива тврдина, сакано живеалиште на ајдутите и идна света област на револуционерите. Неговата цел беше постигната од Сер и Драма до Горна Џумаја, по долините на Места и Струма. Во главните населби основа и уреди револуционерни комитети, им влеа вера во иднината, им даде директиви и план за натамошна дејност

— Лазар Томов, Гоце Делчев сред Разлошката котлина [42]
 
Георги Голев
 
Банско

Во септември 1896 година Гоце бил назначен за главен учител (директор) на второкласното училиште во Банско во учебната 1896/97 година. Во летото 1896 година по заминувањето до Скопје, Гоце престојувал во Кукуш, каде што присуствувал на свадбата на својата сестра Тина. Престојот го искористил за ревизија на кукушката организациона мрежа. Поради Доневата афера, Гоце се нашол во немилост кај османлиските власти и полуилегална положба.

Назначувањето за главен учител на Банската прогимназија го вратил во легалната сфера, меѓутоа за кратко. По нешто повеќе од два месеци, Гоце ја прекинал педагошката дејност, исто како што се откажал од офицерската кариера, за да се посвети целосно на македонското револуционерно движење. Во Банско, Гоце повторно се пројавил како добар педагог. Неговиот милозвучен акцент во наставата по француски јазик незаборавно се врежал во сеќавањето на неговите млади ученици [43].

Веднаш по пристигнувањето во Банско, Гоце започнал со плетење на разлошката организациска мрежа. По основањето на револуционерните комитети во Банско и Мехомија (Разлог) постепено ја раширил организациската мрежа и во селата Белица, Годлево, Драглишта, Недобарско, Бања, Добриништа, Јакоруда, Елешница и Бачево. Потоа, Гоце основал револуционерни комитети во Горна Џумаја и Неврокоп. Во текот на учителствувањето, тој уредил и два канала за Рилскиот манастир низ Годлево и низ Драглиште - Добрско. Истовремено тој уредил и канал од Банско за Србиново (Брежани) и Горна Џумаја. Гоце имал примарни заслуги за втемелувањето на Македонската револуционерна организација во овој дел на Македонија.

Одбојноста на банските чорбаџии и желбата за целосно посветување на револуционерната дејност, придонеле Гоце на 13 ноември 1896 година писмено да поднесе оставка на директорската функција, притоа известил дека привремено со училиштето ќе управува Георги Голев. Така Гоце ја завршил својата двегодишна педагошка дејност, со цел потполно да се нагрби со разгорената македонска револуционерна борба.

Задграничен претставник

ТМОРО не можеше ни да најде попогоден тандем од нив обајцата (Гоце и Ѓорче Петров б.н) да раководат со една таква важна институција каква што била Задграничното претставништво. Тие од него направиле непробојна тврдина на македонската самостојна борба, заштитник на македонската вистина и слобода. Решението на ЦК на ТМОРО да упати во средиштето на врховизмот такви силни творци на македонската политика и заштитник на македонските интереси, таму каде се вдахновувала и кроела антимакедонската завојувачка, се покажало мошне далекувидно зашто великобугаризмот правел сè да навлезе во Македонија, да ја преземе однатре револуционерната организација

— Христо Андонов-Полјански , Гоце Делчев [44]
 
Ѓорче Петров
 
Ѓорче Петров, Никола Малешевски и Гоце

Според Христо Андонов Полјански, Гоце веднаш по напуштањето на Банско во ноември 1896 година се нашол во Софија. Меѓутоа Димитар Димески истакнува дека Гоце најверојатно во периодот помеѓу 13 ноември и 16 декември 1896 година, најпрво кратко се нашол во Солун каде што од Централниот комитет бил назначен за прв задграничен претставник на МРО во Кнежевството Бугарија со седиште во Софија, при што му било врачено полномошно со соодветни ингеренции, а потоа подолго време се задржал во инспектирање на пограничните пунктови во Бугарија: Дупница и Ќустендил. Со сигурност може да потврди присуството на Гоце во Софија од средината на декември 1896 година.

Задграничното претставништво на Организацијата започнало да функционира во втората половина на декември 1896 година по доаѓањето на Гоце во главниот град на Кнежевството Бугарија. Назначувањето на Гоце за прв задграничен претставник го најавило најплодниот период од неговиот живот. Тогаш неговите умствени и организациски способности се расцветале во многустрана револуционерна дејност. Неполни пет години, Гоце се наоѓал на постот на задграничен претставник во Софија. Тој временски интервал одговара на поголемата половина од Гоцевата организациската дејност.

Гоце Делчев како задграничен претставник се ангажирал најмногу во обезбедувањето на Организацијата си материјални средства, нејзино снабдување со оружје, муниција и револуционерна литература и весници, со препраќање на револуционерни сили во земјата, со обезбедување на пограничните пунктови и со грижата околу состојбата на револуционерното дело по окрузите и реоните на Македонија. Тој бил и бескомпромисен борец против врховизмот и ги разобличувал и осуетувал врховистичките акции во Македонија. Се занимавал и со други дејности сврзани со македонското ослободително дело.

Поради инсистирањето на Гоце, Централниот комитет во март 1897 година го проширил Задграничното претставништво со уште еден член - Ѓорче Петров, чиј мандат загаснал заедно со Гоцевиот во октомври 1901 година. Гоце и Ѓорче Петров со своето отворено разобличување на врховизмот, се закитиле со неизмерни заслуги за заштита на самостојниот карактер на македонското револуционерно движење.

Нивниот мандат се состоел од три етапи. Првата етапа го опфатил временскиот период од нивното доаѓање во Софија до 1899 година, втората етапа започнува со улогата на Задграничното претставништво при формирањето на Врховниот комитет на Борис Сарафов, мај 1899 година, а третата и воедно последна етапа од мандатот ја одбележува клучната улога на претставништво во турбулентното време по Солунската афера, 1901 година.

За заедничката дејност во Софија, Ѓорче Петров истакнува дека: Кога дојдов во Софија работев заедно со Делчев на другарски начела, без секакви формалности распоредени во работата... Обајцата знаевме се [45]. Меѓутоа според Христо Силјанов постоела поделба во работата на Задграничното претставништво. Така црната макотрпна катадневна организациска работа ја вршел Гоце Делчев, дипломатската Ѓорче Петров [46]. По пристигнувањето во Софија, Петров ја водел коресподенцијата со Централниот комитет во Солун, при што користел посебна шифра, за нешто подоцна да употребува три шифри. По Ѓорчевото доаѓање, Врховниот комитет бил упатен на комуникација со Македонската револуционерна организација преку Задграничното претставништво, по специјално преку Ѓорче Петров. Колкава била довербата на Централниот комитет во Задграничното претставништво, се гледа и од фактот што Архивата на ЦК, до апсењето на неговите членови во 1901 година, била депонирана кај Петров во Софија.

Контакти со македонската емиграција и бугарската влада

Делчев беше уговорил со браќата Иванови бесплатно да зема од нив пушки во вид на подарок. После, двајцата заедно ја продолживме истата работа и примивме околу 4140 пушки без фишеци... Браќата Иванови нè уверуваа дека од нив поклонувале три илјади пушки и дека имале одобрение од владата да дадат уште три илјади.

— Ѓорче Петров, Спомени - коресподенција [47]
 
Наум Туфекчиев

Гоце Делчев ги зачестил контактите со офицерите од 1895 година, односно со учениците во Мелничкото востание, кои по расцепот во Врховниот македонски комитет се нашле надвор од него, а од нив повремено добивал материјална помош за потребите на Македонската револуционерна организација. Тој ги продлабочил и врските со Наум Туфекчиев од кого продолжил да набавува револвери и бомби. Меѓутоа во тој период бил најблизок со браќата Иванови, познати лиферанти на оружје. Оваа активност на Гоце имала своја позадина.

Организацијата поради заткулисните игри на Врховниот комитет започнува контакти со бугарската влада. Целта на Централниот комитет е да се побара материјална и финансиска помош од владата во Софија. Првите контакти биле остварени со посредништво на офицерите кои учествувале во Мелничкото востание, Борис Сарафов, Антон Бозуков, Стојчо Гаруфалов и поранешниот воен министер Рачо Петров. На 22 јуни 1896 година Ѓорче Петров имал средба со бугарскиот премиер Константин Стоилов, на оваа средба Ѓ. Петров побарал 5-10.000 пушки и 100.000 лева [48]. Бугарската влада сметала дека треба да се вооружи населението во Македонија и на тој начин да се држат работите во свои раце. Првото количество на оружје за организацијата биле испратено кон крајот на 1896 година и станувало збор за пушки од системот кримки.

Делчев барањето за проширувањето на Задграничното претставништво се засновало првенствено на неговиот ангажман околу префрлањето на пушките. Најпрво Гоце, а потоа заедно со Ѓорче Петров добиле бесплатно, со одобрение на бугарската влада 4.000 пушки од браќата Иванови, но без патрони. Објаснување за патроните искажал бугарскиот воен министер, полковникот Иванов, кој бил категоричен: Не сме луди да ви дадеме фишеци: така силата ќе ја држиме во свои раце, инаку Вие ќе се одвратите од нас [49]. Најголемиот дел од овие пушки биле префрлени во Скопскиот, Штипскиот и Струмичкиот округ на Организацијата. Меѓутоа голем дел од нив биле проголтала Виничката афера. Во однос на контактите со бугарската влада и нејзините игри. Ѓорче Петров истакнува:

Рачо (Петров б.н) се опушти да ми каже дека се воделе преговори за поделба на сфери на влијанија. . . Овој и сличните признаци ни вдахнаа увереност дека има опасност да се прават политички комбинации на наш грб и без наше знаење. Тоа нè натера да бидеме уште попретпазливи и посамостојни во своите акции, да не даваме можност да се прават слични комбинации на сметка на Македонија. . . почетното мислење за општа искреност на бугарската влада кон ослободителното дело било проста наивност [50].

Биле направени обиди за згаснување на дејноста на Задграничното претставништво во Кнежевство Бугарија. Најпрво бил направен обид за отргнување на Ѓорче Петров, кога му било понудено местото: секретар на новоотвореното бугарско трговско агентство во Солун. Целта на Константин Стоилов била да се компромитира, а подоцна преку Атанас Шопов да биде претворен во бугарско орудие. Кога тоа не успеало бил направен обид, сега преку Врховниот македонски комитет, да се предизвика раздор помеѓу Гоце и Ѓорче Петров. На IV македонски конгрес, Гоце неочекувано бил избран за редовен член на новиот состав на Врховниот македонски комитет. Ѓорче Петров истакнува: со цел да го отцепат Делчева од мене [51]. Меѓутоа, Гоце ја проѕрел намерата и во писмото до Јосиф Ковачев, претседател на IV македонски конгрес, категорично изјавил: Мојата положба во Делото не ми овозможува да го примам изборот [52].

Набавка на финансиски средства

Делчев беше дојден тука (тоа беше пролетта 1896 г.). Ми кажа дека се мачеле да стокмат нешто како комитет внатре, дека идејата е прифатена од сета интелигенција, но дека немаат оружје, а немаат ни средства. Тој ми предложи да отидеме да станеме „горски царови“. На сцената се постави прашањето за средства. Од кај да најдеме? - Со грабежи...

— Борис Сарафов, Спомени [53]
 
Иван Гешов
 
Зографски манастир

Засиленото вооружување на Организацијата покажало дека финансиските средства добиени од членските влогови и добротворни прилози не можеле да ги задоволат потребите за набавка на оружје и муниција. Оттука се прибегнало кон примена на насилни методи за набавка на парични средства, преку: уцени, закани и киднапирања. Во тие немирни времиња главна преокупација на Гоце била набавката на финансиски средства.

Првата поголема акција во тој правец била поттикната од Гоце. Според Никола Зографов: на 6 јануари 1897 година телеграфистот Андон Златарев, во интерес на македонското револуционерно дело, ја ограбил ќустендилската пошта, од каде што подигнал 28.000 лева. Пред да побегне Златарев, врз претходно постигнат договор, им предал 25.000 лева на Васил Главинов и Александар Кипров кои требало парите да ги предадат на Гоце за потребите на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа тие ја злоупотребиле довербата, преливајќи ги средствата во социјалистичката благајна. Гоце го излажале дека парите ги закопале во река, па надојдената вода ги одвлекла незнајно [54]. Гоце долго време не можел да се помири со нечесната игра на Главинов, за што сведочат неговите писма.

Во пролетта 1897 година, во предвечерјето на Грчко-турската војна, Гоце се нашол во Одеса каде што со Константин Кондов, стапил во контакт со двајца ерменски револуционери, пиротехнички верзирани за бомби и пеколни машини [55]. Оттука, четворицата со рускиот брод Вороњеж се префрлиле на Света Гора, со цел да изнудат пари од Зографскиот манастир.

Гоце се обидел да се специјализира за киднапирање на бегови. Во 1897 година неуспешно завршиле обидите за грабнувањето на турскиот богаташ Черкез, виничкиот бег, струмичкиот Мафи-бег. Успешно завршило киднапирањето на струмичкиот бег Назлам-бег, за кого биле побарани 6.000 турски лири, но поради непретпазливост, бегот им се извлекол од раце. Слични обиди Гоце направил и во 1897 и 1899 година. Меѓутоа според Михаил Апостолов - Попето: тој занает не е за Гоцета, нему ич не му оди со бегови.

Во мај 1900 година никнала најкрупната киднаперска замисла на Гоце. Тргнувајќи од релативно добрата соработка со Врховниот македонски комитет на Борис Сарафов, како и фактот што акцијата требало да се изведе на територијата на Кнежевството Бугарија, Гоце предвидел оваа акција да биде заеднички спроведена од страна на Македонската револуционерна организација и Врховниот македонски комитет. Било предвидено да биде извршено киднапирање на синот на бугарскиот државник Иван Гешов, од кого требало да се извлечат 1,5 милиони златни лева. Врховниот македонски комитет го прифатил планот, при што биле определени обврските. Сарафов требало да изнајми куќа, каде што требало да се чува детето, Тома Давидов да купи еден пајтон и да најде верен пајтонџија, а Гоце требало да го грабне детето. Ѓорче Петров бил задолжен за примањето на парите од Гешов. Но планот не се остварил бидејќи детето на Гешов заминало за Париз.

 
Мис Стон
 
Учесниците во аферата мис Стон - Сава Михајлов, Јане Сандански, Крсто Асенов и Христо Чернопеев

Гоце Делчев го ополномоштил Михаил Герџиков да изврши едно киднапирање во Македонија но турските сили сѐ уште биле раздвижени поради Солунската провала и затоа овој обид останал неуспешен. Во летото 1901 година се одржало советување во Ќустендил на кое присуствувале Гоце Делчев, Јане Сандански и Христо Чернопеев и тие заклучиле дека: ситните грабежи само го нарушуваат престижот на Организацијата, а не придонесуваат за нејзино финансиско закрепнување. Затоа Јане Сандански предложил да го киднапира кнезот Фердинад при неговата посета на Рилскиот манастир, но оваа иницијатива на Сандански била отфрлена од страна на Гоце Делчев кој предложил војводите да спроведат акции за собирање на пари, но надвор од границите на Бугарија. Раководството и војводскиот кадар се нашле во дилема. Имено помошта од Бугарија не била прифатлива, ситните акции биле непожелни, а големите биле опасни по Организацијата и ослободителното дело, но сите разбрале дека мора нешто да се стори за да се дојде до пари.

Во 1901 година некаде околу Петровден, Јане Сандански, Христо Чернопеев и Сава Михајлов подготвиле плана за киднапирање на Сулејман-бег од Горна Џумаја но поради болест на бегот таквата акција била откажана [56]. Бидејќи таа акција била одложена Јане Сандански и Чернопеев се нашле во Разлошко и решиле да го грабнат д-р Хаус кој бил протестантски мисионер од Солун. Меѓутоа тој го одложил патувањето и затоа тие решиле да ја киднапираат протестантската мисионерка Мис Стон која се наоѓала во Банско. За акцијата најпрво бил известен ОК во Банско на чело со Димитар Лазаров, потоа бил утврден планот кој се состоел од неколку точки. За целиот план притоа биле известени Гоце Делчев и Ѓорче Петров, притоа Делчев се двоумел додека пак Ѓорче бил на мислење дека со грабнувањето нема да се добијат големи финансиски средства. Треба да се истакне дека Јане и Христо Чернопеев решиле на своја рака да ја покренат сета акција.

Набавка на оружје

Свештеник не ја бакнува иконата на Христос кога проповеда со таква топлина и воодушевување, како што Гоце ја бакнуваше својата кама, пред да ја стави во нејзината футрола... Камата, неговиот (Гоцевиот б.н) најсилен инструмент , беше моќно средство за изразување на самоувереноста и терористичката дејност на Организацијата, затоа што со неа можеше да се користи само човек со полна самоувереност... Камата одигра крупна улога во животот на Организацијата во прво време, а пушката подоцна... Гоце ја опеваше камата како оружје на теророт во Организацијата и дејствуваше со неа како агитатор... Камата како најсигурен инструмент на двојна смрт (убиство и евентуално самоубиство) дејствуваше без грешка и како симбол на самоувереност беше предодредена да игра и воспитна улога за создавање кај работниците дух на самоувереност и саможртва, затоа Делчев ја засака, ја избра и ја претпочиташе пред револверот...

— Ѓорче Петров, „Беседа за Гоце“
 
Кама
 
Mанлихерка

Една од главните задачи на Македонската револуционерна организација било вооружувањето. Без оружје не постоел воениот фактор, а без воен фактор немало ни револуција. Најпрво се набавувало ладно оружје (првенствено ками) и огнено оружје (револвери и бомби).

Од пушките најпрво биле набавени од домашно производство (тетовки и дебранки). Првото големо количество на пушки, кримки, датира во 1897 година по извршената модернизација на бугарската армија. Приливот е нераздвојно поврзан со името на Гоце.

По Грчко-турската војна се започнало и со набавка на грчки пушки од системот Гра. Паралелно биле набавувани и помали количини на пософистицирани пушки манлихерки, како и муниција и динамит. Покрај од Бугарија и Грција, оружје и муниција почнало да се набавува и од Србија, Романија, Белгија, Австроунгарија, Грција, Швајцарија и Англија. Меѓутоа предничела Бугарија. Голема заслуга во набавката на оружје и муниција од Бугарија и нивното транспортирање во Македонија имал Гоце. На јануарското советување во селото Загоричани, Гоце се заложил за поорганизирана набавка на оружје од Грција. Во есента 1902 година, Гоце преку Тома Карајовов реализирал набавка на оружје и муниција од Берлин и Виена. Коресподенцијата на Гоце е со бројни податоци за набавка, депонирање и транспорт на оружје и муниција во Македонија. Импресивно делува Гоцевата неисцрпна енергија, самопрегор и ентузијазам.

 
Бомболеарница

Многу рано, кај Гоце и Ѓорче Петров се родила идејата за сопствено производство на оружје, пред сè бомби. Тие ја осмислиле Саблерската бомболеарница (фабрика) на Осоговските Планини. Приотоа посебна улога одиграл тогашниот околиски ќустендилски началник, познатиот македонски револуционер Димитар Поп-Георгиев Беровски. Саблерската бомболеарница започнала да функционира во мај 1897 година. Во неа работеле грст на ентузијасти во скудни околности. Главен мајстор бил ерменскиот револуционер Киркор, а негови први помошници биле Гоце Текенџиев и Атанас Мурџев. Таму повремено престојувале и помагале Гоце и Ѓорче Петров. Инспекција на бомболеарскиот процес извршил Ерменецот Леон. Во Саблерската бомболеарница, меѓу другото, биле произведени околу 1000 до 1500 бомби од разни големини. Бомболеарницата била напуштена непосредно пред интервенцијата на бугарската полиција.

Историчарите искажуваат разни мислења околу времетраењето на оваа бомболеарница. Според Константин Пандев таа постоела само неколку месеци, Пејо Јаворов истакнува дека таа работела десетина месеци, а според спомените на Ѓорче Петров, година и неколку месеци. Меѓутоа според Димитар Димески бомболеарница егизтирала повеќе од две години. Саблерската бомболеарница одиграла значајна улога за стекнување на силна самодоверба во сопствените сили и можности. По примерот на неа никнале слични бомболеарници низ Македонија.

Грижа за весници и револуционерна литература

Во 1898 година, ми се чини, почнав да издавам весник „Бунтовник“; издадов до 11 броја во ограничена количина и ги раздавав тука на одбрани 20-30 души пријатели по 5 лева бројот, и со тие пари ги подмирував печатните трошкови (за 1000 броја). Ги праќав броевите внатре во Македонија. Не можев да најдам тука никого од македонствујушите згоден како за Македонија да пишува...

— Ѓорче Петров, Спомени [57]
 
Димо Хаџи Димов
 
Насловна страница на Дело

Гоце имал катадневна грижа за непречено функционирање на организациските канали. Беспрекорното функционирање на курирската служба било голем предуслов за нормален проток на луѓе, пренесување на оружје и муниција, како и за циркулирање на тајната револуционерна пошта.

Гоце Делчев мошне многу се залагал за просветлување на силите на револуционерното движење и на поробените македонски маси. Тој поаѓал од концепцијата да изврши револуција во умовите на луѓето, да создаде просветен народ, просветна маса со која успешно ќе се изврши револуција [58].

Оттука доаѓале Гоцевите секојдневни напори за набавка и пласирање на весници и револуционерна литература сред македонскиот народ. Меѓу другото, тој ги пласирал: Право, Глас македонски, Малешевски балкан, Политичка слобода, Дело. Гоце меѓу револуционерната литература пласирал и дела од социјалистичка провиниенција. Гоцевата блискост со социјалистичките кругови се гледа и од фактот што заедно Димо Хаџи Димов, учествувал на првомајските манифестации во Софија.

Гоце бил загрижен за создавање на македонска книжнина. За тоа најдобро сведочат зборовите: Зар нема кој да напише барем една книга на македонски? [58] Тој ги поттикнувал некои од македонските автори, како што е Атанас Раздолов, да создаваат дела со револуционерна содржина. Гоце има голема заслуга за покренувањето на хектографираните гласила на Македонската револуционерна организација: Бунтовник и Слобода или смрт.

Виничка афера

Во 1897 година дојде до Виничката афера. Делчев ми јави по телефон од Софија да соберам, ако можам, една чета, за да заминеме внатре во Македонија, и да им стави крај на турските ѕверства и сл. Зедов да собирам чета, туку ми напишаа дека работата стивнала, па престанав...

— Борис Сарафов, Спомени [53]
 
Борис Сарафов
 
Виница

Повод за аферата е нападот на една разбојничка чета на домот на богатиот Турчин Касим-бег во село Виница на 15 ноември 1897 година. Четата зела од неговиот дом околу 800 турски лири, а самиот него го убила. Како резултат на Виничката афера Организацијата губи многу оружје, претрпува морални штети и вредни организациски кадри, а османлиските власти започнаа да гледаат со зголемена недоверба кон население во Македонија. Аферата ја открива потребата од повеќе ефикасност во активностите на револуционерната организација при вакви кризи, дека е потребно да се даде азил на прогонетите и да се спречи предавство. Во извесна мера го забрзува создавањето на постојани окружни чети, подобрување на илегалните канали. Виничката афера и нанесла тежок удар на организационата мрежа во Скопскиот санџак, а ја разнишала и Македонската револуционерна организација во целина.

Веста за аферата Гоце го затекнала во Ќустендил. Краткотрајно го обзела силна депресија и почувствувал рушење на сопственото дело. Гоце се вратил во Софија со цел да осмисли и преземе чекори за неутрализација на ефектите од аферата. Во декемвриското писмо до Никола Малешевски, може да се увиди дека Гоце сè уште бил под болна импресија од широките размери на османлиските насилства. На Малешевски му сугерирал: Опни ги жиците на нашите другари, нека се готват и од ден на ден нека очекуваат да ги викнат под знамето не веќе за слобода, туку за одмазда [59].

Во таа смисла Гоце имал телефонски разговор со Борис Сарафов. Тој го имал предвид мелничото борбено крштевање на Сарафов и му предложил да формира, по можност, чета со која ќе навлезе во Македонија и ќе стави крај на турските насилства. Меѓутоа Делчев, најверојатно по консултацијата со Ѓорче Петров, му ја откажал услугата на Сарафов. Гоце набргу ја пребродил траумата и веќе во првите месеци на 1898 година, во писмото до Ѓорѓи Поп Цветков и Никола Зографов, зрачел со оптимизам:

Бидете бодри, не губете кураж! Кое царство се распаднало без да има пред себе непријатели со положба како што е нашата. Ние сме силни, зошто и она што го имаме е насочено против Османлиското Царство. [60]

Во Ќустендил бил формиран Привремен комитет за бегалците, а во Софија била формирана тричлена комисија. Врховниот македонски комитет на Христо Станишев се оградил од разбојничката банда која што ја предизвикала аферата. Во меѓувреме една врховистичка делегација го посетила бугарскиот премиер Константин Стоилов, како и некои странски дипломатски претставници во Софија. Врховистичката делегација изјавила дека: Врховниот македонски комитет нема ништо со испраќањето на четата, која го уби Ќазим ага во Виница и дека Комитетот не е директниот, ни посредниот виновник за станатото во Македонија [61].

Меѓутоа, Гоце ја почувствувал злорадоста на дел од врховистичките кругови за неволјата што ја снашла Македонската револуционерна организација. Оттука, во врска со V македонски конгрес на македонските друштва, Гоце испратил едно писмо до Никола Зографов, во кое истакнал: Активно учество нема да земеме. Имаме намера да дејствуваме, доколку се укаже можност, за да се пробие списокот на Станишев,, кој е многу поблизок по својата програма и почесен, отколку Ковачев [62]. Но планот не успеал, на V македонски конгрес за претседател на Врховниот македонски комитет бил избран Алексанадар Радев, а за потпретседател бил поставен Андреј Љапчев. Оттука, односите на Задграничните претставници со Врховниот македонски комитет уште повеќе се оладиле.

 
Христо Станишев
 
Андреј Љапчев

Бугарската влада на Константин Стоилов била фрапирана од неочекуваните димензии на Македонската револуционерна организација што делумно излегле на виделина со Виничката афера, затоа презела мерки за неутрализација на Револуционерната организација. Во март 1898 година, Гоце испратил писмо до Малешевски, во кое огорчено констатирал: Не беше доста оној гром од Виничката афера за да се разниша делото, туку и овдешната (бугарската демек) влада се зазела да ја ослободи турската власт од прогонства, натоварувајќи се самата да го уништи она што не се уништува. Прогонствата над нас се во најсилен разгор, ќе видиме дали ќе се овенчаат со успех. Тешко ним! [63]

Виничката афера била продлабочена со ефектната истрага на османлискиот скопски полициски првенец Дервиш ефенди, како и поради предавството на Ѓорѓи Иванов Јованчев, поранешен близок соработник на Гоце. Апостолот многу рано увидел дека предавниците во македонското револуционерно движење се намножиле, тој уште во април 1897 година истакнал: Којзнае дали има народ, кој толку многу трпел од своите синови изроди како македонскиот! [64]. Гоце во однос на Јованчев се покажал мошне толерантен, при што се обидел да го извлече од калта и да го направи повторно корисен за Организацијата. Ѓорѓи Иванов Јованчев во јуни 1896 година бил уапсен заедно со Гоце, во врска со Доневата афера. Притоа станал конфидент на османлиската полиција. Меѓутоа Јованчевите предавства дошле до полн израз во Виничката афера. Со цел за да го отрезни, Гоце во мај 1899 година на Јованчев му ја испратил книгата Шпион (The Spy: A Tale of the Neutral Ground) од Џемс Фенимор Купер. Меѓутоа сè било залудно. Јованчев се покажал непоправлив и подоцна бил ликвидиран од Македонската револуционерна организација.

Во јули 1898 година Гоце упатил две писма - благодарници до пловдивскиот надбискуп Роберто Менини, поради хуманитарниот гест на Паљурскиот манастир, Гевгелиско, со давањето прибежиште на седуммина македонски револуционери, кои со тоа ги избегнале османлиските винички репресалии. Меѓутоа Гоцевата намера била подлабока, пред надбискупот да ги изнесе пред Света Столица светлините на македонската револуционерна борба. Гоце истакнал:

Нашата цел е да ги исправиме неправедните решенија на Берлинскиот конгрес по однос на Македонија и затоа нашата борба е свртена кон придобивање полна политичка слобода на оваа земја за сите луѓе што ја населуваат, без оглед на националната и верската припадност... Ние, револуционерната борба за слобода ја водиме сами, не плашејќи се од жртвите што ги даваме. Меѓутоа секоја помош од страна за нас е доказ дека нашата борба е праведна [65].

Творец на четничкиот институт

Пред да се засили Организацијата, господари на денот и ноќта беа Турците. Подоцна, штом наближи ноќта, Турците се прибираа по домовите, а потерите и војската во касарните. Организациските луѓе, имено тогаш почнуваа да излегуваат на работа и започнуваше комитското царство...

— Г. И. Белев, [8]
 
Михаил Апостолов - Попето
 
Гоце Делчев со Климент Шапкарев и Ефрем Чучков

Гоце Делчев, како воено лице, бил еден од првите кој увидел дека дотогашните терористички групи не можеле да се носат во отворена борба со османлиските сили. Тие ја одживеале својата улога. Бил потребен поразвиен борбен механизам, способен да се спротивстави на бројните непријатели на македонското ослободително дело. Оттука датира појавата на Четничкиот институт со кој Организацијата зачекорила во повисока фаза од својот развој.

Прв посериозен практичен чекор презел Гоце. Во април 1898 година, со цел побрзо да се отстранат последиците од Виничката афера, Гоце испратил во Македонија три вооружени групи, т.н. летечки илегални групи на чело со проверени поранешни легални раководители на Организацијата. Ефрем Чучков бил определен за Малешевско, Тодор Станков за Радовишко и Стојан Георгиев за Струмичко. Овие летечки групи биле предвесници на големата борбена метаморфоза на Организацијата.

Првата чета која со право го носи епитетот агитационо-организациска, била четата на Михаил Апостолов - Попето, која ги спроведувала наредбите на Гоце. Главната грижа околу оформувањето и разгрнувањето на Четничкиот институт ја презел Делчев. Дури и нешто повеќе. Задграничното претставништво ја изработиле правната регулатива за посочениот институт, издавајќи го, во 1900 година, Правилник за четите на ТМОРО. Создавањето на Четничкиот институт е неразделно поврзано со името на Гоце. Тој како ревизор (инспектор) на вооружените сили на Организацијата стекнал редок углед и израснал во неприкосновен авторитет. Најважните организациски борбени кадри од овој периоди израснале под закрила на Делчев.

Четничките школи одиграле голема улога за разгранување на Четничкиот институт. Во тоа посебна улога имале блиските Гоцеви соработници: Михаил Апостолов - Попето, Јане Сандански, Христо Чернопеев, Марко Лерински, Никола Петров Русински и др.

Делчев, од вклучувањето во Организацијата па сè до смртта, ја обиколувал Македонија. Притоа, не го спречувало ни нарушеното здравје, проследено со силни стомачни болки. Секаде каде што престојувал, Гоце оставал светли траги, влевајќи свежина, оптимизам и нескршлива верба во успехот на македонската ослободителна кауза. Оттаму, неговото име, многу лесно прераснало во легенда.

Соработка и недоразбирање со Врховниот комитет на Борис Сарафов

Се размислувавме кои луѓе треба да бидат поставени на чело на тукашниот Комитет. Бевме на мислење на чело на Комитетот да го избереме Цончев. И Ѓорче и Делчев и јас и други мислевме така... Најпрвин се зафативме со исплаќање на долговите. Ги активиравме друштвата. Најпрвин почнавме со Софија. Не можеше толку лесно да се соберат луѓето и тие да го почувствуваат авторитетот на Комитетот, додека не сфатат дека сме решени да одиме докрај. Малу по малу почнавме да ги наметнуваме своите барања. Од 30 друштва станаа 250 друштва, градски и селски... Со Ѓорче и Делчев работевме сложно. Тие заседаваа заедно со нас, ги потпишуваа записниците во Комитетот. Прашањето за востанието кога да се крене, не се поставуваше на дневен ред... Потоа во 1900 г. во февруари Делчев замина во Одринско. Ние го снабдивме со се, литографии и сл. - потрошивме околу 3.000-4.000 франка...

— Борис Сарафов, Спомени [53]
 
Стојчо Гаруфалов
 
Потпоручник Јордан Венедиков (1), поручник Петар Начев (2), потпоручник Борис Сарафов (3), поручник Харалампие Луков (4), поручник Васил Мутафов (5), поручник Стојчо Гаруфалов (6).

Гоце уште по своето пристигање во Бугарија стапил во контакт со офицерите од 1895 година, односно со дел од учесниците во Мелничкото востание. По доаѓањето на Ѓорче Петров за задграничен претставник соработката со офицерите била продлабочена. Во тој период Македонската револуционерна организација поради лошите односи со ВМОК барала нови извори за помош на револуционерната борба во Македонија.

Оттука кај Ѓорче Петров, Гоце Делчев и офицерите Антон Бозуков и Стојчо Гаруфалов се појавила идејата за формирање на Тајните офицерски братства [66], a се поставило прашањето и кој би можел да застане на нивно чело. Гаруфалов за раководител на Офицерските братства го предложил Иван Цончев бидејќи тој имал углед меѓу офицерите, меѓутоа Бозуков истакнал дека тој имал врски со кнезот Фердинанд I и неговиот двор. Задграничните претставници поради тоа долго се колебале но на крајот се одлучиле за Цончев сметајќи дека обвинението на Бозуков е од лични амбиции [67]. Во летото 1897 година, од името на Офицерските братства, Цончев го посетил Солун. По враќањето на Цончев во Софија соработката меѓу Офицерските братства и Организацијата била продлабочена. Братствата во почетокот укажале значајна материјална помош за Македонската револуционерна организација. Преку Офицерските братства биле врбувани и испраќани првите кадри за Четничкиот институт. Затоа, Ѓорче Петров забележал дека Цончев во прво време многу им помагал. За соработката со офицерите, Ѓорче Петров истакнува:

Борис (Сарафов б.н) дружеше со мене. Тој правеше разни обиди за пари. Делчев и Борис доста не се сложуваа. Делчев како бивш питомец прилично не ги сакаше воените лица, иако дружеше со многу офицери, воодушевен не беше. Јас го штитев Бориса пред другите офицери. Беше многу активен, многу жив и наполно расположен да ни служи... Такви беа и другите офицери од 1895 - та година, без лични цели трчаа да ни услужуваат [68]

Увидувајќи ја ослабената положба на Врховниот комитет, Задграничните претставници во договор со Централниот комитет на Организацијата, решиле индиректно да го стави ВМК под своја контрола. Затоа Ѓорче Петров започнал силна агитација во Бугарија и сакал да најде лице кое ќе има силен авторитет да застане на чело на Комитетот и да ја зацврсти неговата позиција. Сарафов и Антон Бозуков се понудиле но тие не биле по вкусот на ТМОРО, а Ѓ. Петров барал некој кој имал поголема улога во бугарското општеството. Притоа тој имал средби со голем број на македонски интелектуалци од Бугарија и се сретнал со учителот Паунчев во Варна, адвокатот Панов и адвокатот Иван Иванович. Исто така имал средба и со Димитар Благоев но сите го одбиле. Работат премногу им изгледала опасна. На крајот Петров морал да се задоволи со Борис Сарафов. Задграничните претставници на ТМОРО направиле договор со Сарафов и неговите приврзаници, односно ТМОРО ќе ја поддржи кандидатурата на Сарафов за претседател на Комитетот, а за возврат Врховниот комитет нема да презема никакви дејства без знаење и согласност на задграничните претставници [69].

На 1 мај 1899 година во Софија започнал VІ македонски конгрес на кој Борис Сарафов бил избран за претседател на Комитетот, со поткрепа на Ѓ. Петров и Гоце Делчев. Затоа не треба да зачудува изјавата на Сарафов: Ние сме фирмата, а Ѓорче е комитетот[70], Ѓорче Петров во своите спомени тоа и го потврдува со зборовите: Ние го уредивме Сарафовиот комитет, тој беше наш продукт [71]. Сарафов во својот прв мандат давал голема материјална и финансиска поткрепа за ТМОРО. За време VІІ македонски конгрес било констатирано дека за потребите на ТМОРО биле дадени 11.990 златни левови и 23.327,20 левови во сребро [72].

Меѓутоа, Сарафов бил од далеку од тоа да биде послушник на ТМОРО. Уште од самиот почеток тој почнал со заткулисни игри, неговата цел било да ја преземе токму тој ТМОРО во свои раце и тоа било евидентно за време на преговорите помеѓу ТМОРО и Бугарското тајно револуционерно братство кога Сарафов се наметнал како посредник и претендирал да биде раководител на целото македонско револуционерно дело, поради што ќе дојде до судир со ЦК и ЗП на ТМОРО.

 
Стефан Николов
 
Врховниот комитет на чело со Борис Сарафов

По самото составување на Комитетот, Сарафов финансиски и морално ја помагал ТМОРО, меѓутоа уште додека се составувал комитетот Сарафов планирал да го заземе ЦК на ТМОРО. Имено, тој направил договор со полковникот Иван Цончев и потполковниците Атанас Јанков и Стефан Николов. Според овој договор Цончев требало да даде оставка на офицерската должност и да го зазеде претседателското место во Комитетот, а Борис Сарафов со 14 до 16 офицери требало да навлезе во Македонија да го преземе Централниот комитет и потоа да се крене востание [73]. Било предвидено територијата на Македонија да се подели на 14 востанички окрузи на чело со по еден офицер, а полковникот И. Цончев со големи сили да навлезе од Бугарија. За планот не требало да дознаат Гоце Делчев и Ѓорче Петров[74]. Подоцна кога Сарафов и Иван Цончев ќе дојдат во судир, за овој договор преку Сарафов ќе дознае Ѓ. Петров.

Офицерите и покрај договорот со Сарафов не се осмелиле да дејствуваат без согласност на задграничните претставници и затоа им предложиле во Централниот комитет да влезат двајца офицери како претставници ВМК, а истовремено околу 16 офицери да бидат распоредени по окрузите на ТМОРО во Македонија. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во принцип не го отфрлиле предлогот. Оттука произлегла компромисната мајска спогодба. Таа била потпишана на 1 мај 1900 година, ТМОРО бил претставен од Гоце Делчев и Ѓорче Петров додека Врховниот комитет бил застапуван од полковникот Иван Цончев, потполковниците Јанков и Стефан Николов, поручникот Стојчо Гаруфалов и Атанас Мурџев [75]. Спогодбата предвидувала:

а) да му се предложи на ЦК во својот состав да прими 2 членови , во кои ВМК има полна доверба; б) по нивниот прием во ЦК, ВМК станува клон на ЦК, а ЦК ќе има решавачки збор по сите прашања за делото;в) да му се предложи на ЦК за раководители на реоните да прифати воени лица испратени од Софија; г) тие даваат клетва според Правилникот на ТМОРО, го почитуваат тој Правилник и ги прекинуваат сите врски по делото со Бугарија. Во таа смисла исклучок се прави само по наредба на ЦК; д) ЦК да ја прекине приватната коресподенција по делото со задграничните претставници и раководителите на реоните, а исто важи и за членовите на ВМК со Македонија; ѓ) при какви било околности лицата од сегашниот состав на ВМК остануваат неразделно поврзани со ТМОРО; ж (е) со овој протокол се поништуваат старите писма за регулирање на односите помеѓу ТМОРО и ВМК [76].

По потпишувањето на спогодбата Врховниот комитет се обидел да ги протурка предлозите. Тие го предложиле капетанот Димитар Венедиков за член на ЦК на ТМОРО, а за Битолскиот револуционерен округ бил предложен поручникот Софрониј Стојанов. Меѓутоа Венедиков одбил да замине за Солун, додека пак Софрониј поради Поп Ставревата провала не можел да замине за Битола и затоа било решено тој да оди во Солун. Софрониј Стојанов во Македонија пристигнал во декември 1900 година, во Солун престојувал под името Хаџиасенов како претставник на друштвото Бугарија, и таму се задржал до Солунската афера, и откако му биле издадени од страна на Иван Хаџи Николов пет бланко потврди за офицерите во случај на востание, се вратил во Бугарија.

На VІІ македонски конгрес, Задграничните претставници првпат присуствувале на собир на македонските друштва во Бугарија. За конгресот Ѓорче Петров истакнува: Првпат јас и Делчев присуствуваме на конгрес. Сите беа задоволни од нас, не пречекаа со ракоплескање. Приход од 450 илјади. Кој можеше да противречи... Јас бев на врвот на среќата... Тогаш конгресот го прими од мене преработениот устав и правилник на овдешнава (Врховниот комитет б.н) организација во духот на кажаната идеја, дека овде се прегрнува револуционерниот пат и се дава предимство на Внатрешната организација. Тоа беше огромен успех на македонското дело, револуционерната идеја веќе беше влезена и во овдешната организација [77]

 
Христо Саракинов
 
Атанас Јанков

На 23.01.1901 година во Солун започнала Солунска аферата која била една од најтешките за ТМОРО. Имено целиот Централен комитет бил затворен додека пак оваа провала го исфрла Бугаринот Иван Гарванов, со што ТМОРО зазема друг правец на дејствување. Дел од историчарите при расветлувањето на причините за Солунската афера сметаат дека е можно учество на Врховниот комитет на чело со Борис Сарафов во провалата [78], притоа се истакнува дека Комитетот имал свој човек кој го поткажал ЦК на турските власти. Се става под знак прашање улогата на Софрониј Стојанов [79], како можен предавник, меѓутоа за тоа нема конкретни докази, а еден од најголемите предавници за време на провалата, Милан Михајлов бил човек на Борис Сарафов и како таков тој пристигнал во Солун. Гоце Делчев и Ѓорче Петров во окружното од март 1901 година испратено до револуционерните комитети во Македонија, било истакнато дека Солунската афера е внатрешен удар против ТМОРО, а обидот за востание на Врховниот комитет е надворешен удар против ТМОРО [80]. По провалата, Сарафов се обидел да се наметне над Делчев, но тој ги одбил сите предлози и барања на Сарафов.

Набргу по Солунската афера паднал и Комитетот на Борис Сарафов. Сарафов од своја страна дошол во судир со Задграничните претставници на ТМОРО, со новоизбраната бугарска влада на чело со Петко Каравелов, но и со Иван Цончев. Гоце Делчев и Ѓорче Петров ја знаеле амбицијата на Сарафов за преземање на целото македонско револуционерно дело во свои раце, и затоа тие во согласност на ЦК на ТМОРО намерно го одолговлекувале спроведувањето на Мајската спогодба. Тоа придонело да дојде до влошување на односите помеѓу двете организации. Гоце Делчев бил обвинет дека сака да стане врховен командант на сите востанички сили [81], и дури бил физички нападнат во просториите на врховниот комитет од страна на Христо Саракинов [82]. За овој настан Ѓорче Петров истакнува: Делчев велеше: Или тие ќе те газат, или ти ќе ги газиш... Тој настан не остана без значење во подоцнежниот однос на Делчев кон комитетот и воопшто кон офицерите. Тој веќе не можеше да ги трпи. Од тој настана, Гоце престанал да ги посетува седниците на Врховниот комитет на Сарафов.

Биле влошени односите и со Ѓорче Петров кој спротивно на Мајската спогодба ја продолжил директната коресподенција со ЦК. Сарафов пак од своја страна успеал да го придобие Никола Зографов кој бил пунктов началник на ТМОРО во Ќустендил [83][84] . Поради оваа постапка биле прекинати односите помеѓу двете организации кон крајот на 1900 година [84], а од своја страна Врховниот комитет од почетокот на 1901 до мај 1902 година не давал никаква помош за ТМОРО. Помошта била обновена кога на чело на ЦК на ТМОРО ќе застане Иван Гарванов.

Судирот со Иван Цончев

По конгресот се собравме јас, Ѓорче и Делчев. Јас им реков дека Комитетот на Цончев ќе направи што сака, затоа што го прифати нашиот систем - теророт, додека ние се откажавме од него. Затоа, реков, на ним треба да им се спротивстави пак само со терор, за да се заземе наново изгубената позиција. Делчев беше разочаран оти го избраа Цончев. Јас в лице им реков дека тие, Делчев и Ѓорче, се виновни за тоа, бидејќи ги обединија со него листите против мене, што сепак му бев поприврзан на Делчев. Делчев призна дека згрешил. Ѓорче се извинуваше што не зел учество во тие работи...

— Борис Сарафов, Спомени [53]
 
Иван Цончев
 
Фердинанд I

Влошената положба го принудила Сарафов да го повика Иван Цончев да застане на чело на Комитетот според претходно постигнатиот договор, од своја страна Цончев во Софија се нашол во јануари 1901 година. Меѓутоа во меѓувреме доаѓа до Солуската афера и Сарафов под влијание на своите блиски и пријатели го менува решението сметајќи дека ќе може да владее и со Врховниот и со Централниот комитет. На тој начин Цончев бил измамен и ќе дојде до поделба на Врховниот комитет на две крила: сарафисти и цончевисти. Меѓутоа, судирот меѓу двете крила бил решен од страна на бугарската влада кога 23 март 1901 година Борис Сарафов бил уапсен со дел од комитетот и бил обвинет за двете убиства. Апсењето и судењето на членовите на Комитетот било политичка фарса со цел да им се овозможи на цончевистите да го преземат Комитетот во свои раце, а Иван Цончев успеал во тоа на VІІІ македонски конгрес[85]. Гоце Делчев на 7 април 1901 година се обратил пред VІІІ македонски конгрес и притоа истакнал:

Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, туку и да го разбие нивниот ропски дух. Пред да влеземе во врска со комитетот од 1899 година, нам ни помагаа офицерите. Врската сега не постои бидејќи Борис Сарафов сакаше да прати од тука свои луѓе за раководители на Внатрешната организација... Се спротивставивме на Сарафов, зашто ако тој испратеше од тука луѓе за раководители.. ќе се создадеше катастрофа... Само ако тукашната Организација го одобрува духот на Внатрешната организација и не се стреми да ѝ дава импулс, воздејство, т.е. да не ѝ се меша во нејзините работи, само во таков случај може да постои врска меѓу тие две организации [86]

Бидејќи мајската спогодба од 1.05.1900 година не била спроведена, таа станала предмет на разговори меѓу новиот состав на Комитетот и ТМОРО. На оваа средба ТМОРО била претставена од Гоце Делчев, д-р Владимир Руменов и Михаил Герџиков, а како трета група која учествувала во овие преговори, била претставена од Иван Цончев и полковникот Стефан Николов. Во овие преговори преовладува тенденцијата на Врховниот комитет да се наметне над ТМОРО иако нејзината самостојност била потенцирана во овие разговори [87], а од овие преговори произлегла новата мајска спогодба од 16 мај 1902 година и со неа било предвидено да се постават двајца офицери во ЦК на ТМОРО, како воени специјалисти кои би можеле да го помогнат делото. Овие двајца офицери би требало да имаат еднакви права и должности со останатите членови на ЦК.

Било договорено поставување на офицери при секој округ на ТМОРО во Македонија и овие офицери имале исто така еднакви права како и раководните тела на окрузите. Од друга страна, првата на задграничните претставници биле ограничени бидејќи тие можеле да присуствуваат во работата на Врховниот комитет само по прашањата кои се однесувале за ТМОРО. Двете организации се договориле дека каналите и пунктовите на бугарска територија се неприкосновена сопственост на ТМОРО, додека пак магацините со оружје по бугарската граница, да бидат под контрола на Врховниот комитет. Поради последната точка Ѓорче Петров сметал дека Делчев се подлизнал, бидејќи станувало збор за 700-800 пушки кои биле складирани од Сарафов и тој сакал да ги предаде на ТМОРО, дополнително на тоа Ѓорче Петров истакнува дека: Со тие пушки после нè тепаа [88].

Кон крајот на јули и почетокот на август 1901 година се одржал IX македонски конгрес. Во текот на овој конгрес цончевистите успеваат да го земат Врховниот комитет во свои раце. Претходно претставниците на ТМОРО, Владимир Димитров и Иван Кепов поднесуваат оставка, а за време на конгресот од раководните позиции во Врховниот комитет се отстранети приврзаниците на Сарафов. За претседател на комитетот бил избран Стојан Михајловски додека пак Иван Цончев бил избран за потпретседател. На тој начин комитетот се нашол во рацете на Цончев и тој веднаш започнал со подготовките за кревање на едно востание во Македонија кое му требало на кнезот Фердинанд I. Иван Цончев сметајќи дека ја имаа поддршката на Гарванов, се свртел против задграничните претставници на ТМОРО притоа сакал да воспостави директна коресподенција со Централниот комитет на Внатрешната организација и почнал да го игнорираа ЗП. Цончев меѓу другото истакнал дека:

...Задграничните претставници се главната, ако не и единствената причина за досегашните недоразбирања... делегатите (се мисли на Гоце Делчев и Ѓорче Петров б.н), кои досега ништо друго не правеле, освен да сеат раздори, да трошат средства на тукашната организација (ВМОК б.н) и да се издигнат во трета организација, која не е одоворна за ништо, била вистинска господарка и на двете организации (ВМОК и ТМОРО б.н) [89].

Под притисок на Цончев, Делчев и Ѓорче Петров морале да се откажат од должноста задгранични претставници, но од друга страна Гоце Делчев успеал да го оддели Гарванов од Иван Цончев. Гарванов имајќи ја поткрепата од Дамјан Груев и Делчев се спротивставил на Цончев, оваа дистанцирање на Гарванов нема никогаш да му биде простено од цончевистите, и тие по неговото убиството во 1907 година ќе истакнат: Така му треба, предавник [90].

Цончев откако ја зацврстил својата позиција во комитетот, се нафрлил врз пунктовите на ТМОРО во Бугарија. Во некое од ќустендилските села по наредба на Атанас Мурџев бил тепан работник на ТМОРО, а по наредба на Тодор Саев, јавно бил тепан Ефрем Чучков и тоа пред куририте на ТМОРО. Поради ваквата постапка на Саев, Дупничкото друштво ги прекинало врските со Врховниот комитет, и затоа друштвото на 20.11.1901 година било исклучено од ВМОК.

 
Генерал Цончев (во средината) со својата четата. Десно од Цончев е Стефан Николов, а од лево Алфред Хејлс. Вториот од лево на десно е Борис Тагев.

Поради сите овие постапки новите задгранични претставници, Туше Делииванов и Димитар Стефанов поднеле нови барања до ВМОК. Била побарана 30-километарска зона на бугарската територија, пункт во Софија, пари за Задграничното претставништво, останатите пунктови на ТМОРО во Бугарија и за издавање на еден весник во Македонија, отстранување на Тодор Саев од Дупница. ВМОК намерно ги одолговлекувал преговорите и истовремено презел активности за нарушување на авторитетот на ТМОРО меѓу македонското население. Пушките кои ТМОРО ги платил на Врховниот комитет, а комитетот за нив добил расписка не биле испорачани. Врховниот комитет притоа истакнал дека нема пушки, дека не веруваат во пунктовите на Никола Малешевски и дека ќе ги вратат парите.

Дополнително Врховниот комитет побарал причина за барањата на задграничните претставници, откако ги добиле ја потврдиле мајската спогодба, а по десетина дена повторно се откажале од неа и било побарано од нив да продолжат преговорите помеѓу двете организации.

На 2.11.1901 година ВМОК испратил окружно до своите друштва во кое било истакнато дека односите помеѓу двете организации се во хармонија и дека се дејствува во согласност со протоколот кој бил утврден заеднички. Задграничните претставници на 8.12.1901 година поставиле ултимативен рок од 48 часа за отповикување на окружното од страна на ВМОК, a бидејќи тоа не било направено, на 14.12.1901 година задграничните претставници ги известиле македонските друштва дека ТМОРО за секогаш ги прекинува контактите со овој состав на Врховниот комитет [91].

Изградба на раководен и воен кадар

Кажете му на тој чудесен јунак дека сакам да го видам и да му се поклонам: ние сите, од царот до последниот заптија одамна сме заморени, само тој не се уморува...

— Дервиш ефенди, [19]
 
Јустиниjана (Јанка) Каневчева, учителка, активистка на МРО, девојка на Гоце Делчев
 
Баба Дона Ковачева со Марко Секулички, Гоце Делчев, Михаил Герџиков, Петко Пенчев и Тодор Станков (сите на задниот ред) во Ќустендил, 1902 г.

Гоце значајно внимание посветил и на изградба на раководен и воен кадар на Македонската револуционерна организација. Тој имал бројни средби, состаноци, советувања, па и неколку конгреси. Главно свртилиште во Софија му бил хотелот Батемберг.

Гоце често крстарел низ Македонија, особено низ нејзиниот источен дел, а особено бил чест гостин на задграничните пунктови на МРО. Од мај 1902 година се датира Гоцевата коресподенција со Иван Белешков, пунктов началник во Лџене, близу Велинград. Лџене било главен пункт на Организацијата кон каналот за Сер, а со самото тоа се вброило во клучните задгранични пунктови на МРО, покрај Ќустендил и Дупница.

На самиот почеток на 1900 година кога избила Новоселската афера, по борбата на Сандо Невенин од штипското Ново Село (Штипско), Гоце се наоѓал во Радовишко, а оттаму се префрлил во Струмичко и Петричко. Аферата имала судски завршеток на Скопскиот процес од 1901 година. Притоа, Гоце бил осуден на смрт, во отсуство, според чл. 13, 31, 43, 55, 56, 57 и 63 од Османлискиот кривичен закон. Оттука за крилестиот ѓавол била распишана потерница со висока проценка за Гоцевата глава, 500 или 1000 турски лири, според Пејо Јаворов. Без оглед на тоа, Турците со голем респект се однесувале кон личноста на Гоце. Во пролетта 1900 година Гоце го реализирал т.н. огнен пат низ Одринско. Од октомври па сè до март 1901 година, Гоце ги обиколил Разлошко, Горноџумајско, Малешевско, Радовишко, Струмичко, Мелничко и Петричко.

Голем поход

Некои беа помислиле дека Гоце се покажува и исчезнува како метеор во реоните, без сериозни траги зад себе. Целосно не. Основна ревизија и реорганизација на Организацијата - е работата која тој ја завршуваше секаде, користејќи ги најцелесообразно условите на секоја околија, штедејќи го своето време, но и не жалејќи го кога се однесува на важни дела, тешко решливи без негово учество. Во таа трескавична работа повеќе од се му помага славата на неспоредлив летечки војвода и неподелениот впечаток што го остава неговата физичка и духовна личност уште при првиот контакт. Оние кои го знаат само од Софија, кога тој, корисник на скромната соба бр. 9 во хотелот Батемберг - небрежно облечен, малку невешт и дури срамежлив во средбите со непознати, ја вршеше својата прозаична и здодевна работа, не би можеле со никакви описи да добијат претстава за Делчев како - апостол и водач. Со таков впечаток останав и јас летото 1900 - та година кога, штотуку завршен гимназијалец, ја имав долгоочекуваната среќа да се запознам со него во Софија. Требаше две и пол години подоцна да го видам во Загоричани, на дело, во неговата Хаџидимитровска носија и во сета волшебна сила и над простите и над учените четници и да се инспирирам целосно и јас од другите, внатрешниот Делчев, тој многу поразличен од софискиот и да го опеам восхитот не во проза, туку во стихови. Еден Марко (Лерински б.н) - за момчињата и да не зборувам, го боготвореше. Сите се сметаа за среќни што им беше овозможено да другаруваат со него и да научат нешто од неговото искуство. Секаде кај што ќе минеше оставаше длабоки бразди во македонската почва и светли траги и во најпримитивните и сурови души...

— Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија [92]
 
Гоце Делчев
 
Гоце со комити (назад, втор од десно)

Кон крајот на август 1901 година, Гоце го започнал својот голем поход низ Македонија. Единствен по својата должина, времетраење (половина година) и успешност. Зголемената опасност од разбивање на монолитноста на Македонската револуционерна организација, поради можното навлегување на врховистички сили во револуционерните окрузи на Организацијата, како и поради зачестените провали, довеле Гоце да изврши ревизија на неколку области во Македонија

Гоце своето долготрајно патешествие го започнал во Ќустендил, па преку Малешевско, пристигнал во Радовишко. Притоа извршил ревизија на Радовиш и околијата. Потоа се префрлил преку реката Вардар и пристигнал во Неготино, каде што извршил инспекција на тамошниот револуционерен комитет. Оттаму, се префрлил во Кавадарци каде што дознал дела Мис Стон била грабната и дека предвидениот план бил извршен. По вообичаената ревизија пристигнал во селото Ваташа каде што посебно внимание посветил на создавање на селска милиција. Неговиот престој, насекаде бил исполнет со бројни средби, кои биле драгоцени за зацврстување на организациските редови и проширувањето на организациската мрежа.

Од Тиквешко, Гоце се префрлил во прилепскиот реон со што започнала неговата мисија низ Југозападна Македонија, која била најзначајната етапа од неговиот голем поход, и инспектирање на Битолскиот револуционерен округ. Мисијата на Гоце во Битолскиот округ произлегла пред сè од промените што настанале во Централниот комитет по Солунската афера, освен тоа Гоце имал намера да се сретне и да се консултира со Даме Груев за солунските настани.

Гоцевата неколкумесечна мисија во Битолскиот револуционерен округ се одвивала во есента и зимата 1901/2 година, мисијата започнала со ревизија на организациската мрежа во Прилепско. Делчев заедно со четата на Никола Петров Русински и Иван Манолев, ги посетил прилепските села: Тројаци, Плетвар, Ореовец, Леништа и Селце. Потоа го посетил Прилеп, каде што извршил ревизија на Прилепскиот револуционерен комитет. Тогаш, пред Гоце бил изнесен главниот проблем на прилепскиот реон: вооружувањето, покрај тоа Гоце ја прифатил оставката на Никола Петров Русински на должноста Прилепски околиски војвода.

Во ноември 1901 година Гоце пристигнал во Битола, центар на Битолскиот револуционерен округ и Битолскиот вилает. Таму Гоце престојувал три недели. Тој во текот на 20 дена, Гоце извршил рутинска инспекција на Битолскиот окружен комитет, имал две средби со Даме Груев во Битолскиот затвор, мноштво активности и средби со Окружното раководство. Тој бил свесен за можноста од исфорсирано востание. Оттука, тој со аргументи настојувал да ги убеди членовите на Битолскиот окружен комитет дека востанието е средство, а не цел [93]. Тој ги информирал битолските организациските првенци за моменталната состојба околу аферате мис Стон и воедно го покренал прашањето за вооружување на Прилепско, при што успеал да издејствува од окружниот комитет 80 пушки за прилепскиот реон.

 
Атанас Лозанчев
 
Четата на Ѓорѓи Сугарев (седнат, во средина)

Битолскиот окружен комитет пред Гоце изнел некои од проблемите, нагласувајќи го прашањето за зацврстување на четничкиот институт во Битолскиот округ, бил подвлечен недостатокот од недостиг на интелигентни и војнички изградени војводи. Во присуство на Гоце, со знаење и одобрение на Даме Груев, бил реорганизиран Битолскиот окружен комитет. Во новиот состав влегле: Георги Поп Христов, Ѓорѓи Сугарев, Аце Дорев, Атанас Лозанчев, Ѓорѓи Пешков и Неделко Дамјанов. Покрај тоа бил формиран и Битолски околиски комитет во кој влегле: Александар Евтимов, Лука Ѓеров и Кирил Лозанчев. Мошне биле драгоцени инструкциите и насоките на Гоце кон овие две раководни тела. Георги Поп Христов истакнува:

По доаѓањето на Делчев веднаш се почувствува засилување на револуционерниот дух во Округот. Нарасна борбеното настроение и вооружувањето мошне многу се засили. Револуционерната дејност стана поактивен, понападна.

Во рамките на Гоцевата инспекција на Битолскиот револуционерен округ, спаѓа и неговата мисија во Костурско и Леринско. Негови најважни цели во овие реони биле: да се санираат последиците од Иванчовата афера и да се создаде солидна база за отворање на канал за префрлање на оружје од Кралството Грција.

Во декември 1901 година, Гоце пристигнал во Костурско. Својата обиколка ја започнал во селото Кономлади, заедно со костурските раководители: Пандо Кљашев, Лазар Москов, Васил Чакаларов и Кузо Стефов, како и со Марко Лерински и Ѓорѓи Пешков, со нив се обидел да ги реши напластените проблеми. Активноста на Гоце се одвивала во неколку правци. Новоформираниот револуционерен трибунал, чија острица била насочена кон ликвидирање на моралната декаденција и ситните кавги, ја покажал силата и способноста на Македонската револуционерна организација да решава проблеми и од овој домен. Никој не се изненадил кога новоформираното управно тело, покрај старите овластувања, добило за првпат судски прерогативи. Со негирањето на османлиските суски установи и придавајќи им на револуционерните комитети елементи на власт, Македонската револуционерна организација се покажала дорасната на епитетот држава во држава. Интересно сведоштво за селските судови дава Славејко Арсов во своите спомени каде истакнува:

 
Марко Лерински
 
Славејко Арсов со својата чета
Во Кономлади, Костурско, Делчев беше дал слобода на сите селани да се жалат пред него за што има за сите неволји, дури и против четата [94]. И се јавија сите селани, имаше дела за развод, за кражба, за расправии меѓу жени, бидејќи се убедија дека им се разгледуваат делата. Тоа траеше четири дена. Делчев седеше со реонските раководители како претседател. Реонските раководители распрашуваа, тој слушаше, се советуваше со раководителите и даваше заклучоци, се соопштуваше на селаните и веднаш се извршуваа помирувања итн... По шест дена се одржа општо собрание од целото село, во црквата... им се покажа еден нов ред: им се забрануваше да се судат пред турски судови, се забрануваа кражби, блуд, пијанство, крамоли, се наложуваше послушност спрема селското управно тело... Се усно, не беше напишано во уставот. Се наредуваше да се чува во тајна, што станало во селото и да не се зборува во друго село, ниту да се распрашува. Сето тоа: чета, општо собрание, суд, за мене беше ново... Пред една година Марко ги обиколувал неколкуте села од Леринско. И во тоа време духот на населението бил ослабнат, се јавила непокорност спрема легалните раководители и злоупотреби, се јавиле и шпионите. Од Лерин ни пишаа и ни ги посочија лицата, а ние се помачивме и фативме два-тројца (од с. Борешница), меѓу кои и еден учител по име Петар... Ги одведовме на Ниџе Планина кај попадиските трла. Таму ги пресудивме и се увиде дека обвинетиот како шпион е невин, а другите се покажаа како непокорни злоупотребувачи и убијци. Тие се признаа, пресудата им се прочита пред 20-тина селани од с. Попадија и беа казнети на една месност - Маркови кули... Во Ресенско обично свадбите се правеа во есента. Често се случува свршената мома да ја остави свршеникот и таа останува до идната година немажена. Со тоа се нанесуваше удар на момата и семејството. Еден случај даде повод Организацијата да се вмеша и во тие работи и тоа заради онеправдената страна. Дојде една мома од Дупени, ја оставило момчето, и веднаш за друга се свршило. Момата не можеше да оди во уќуматот бидејќи немало да ја пуштат селските првенци, а да оди при архијерејскиот намесник, треба да троши пари. И таа нашла за згодно да се обрне до четата: ги донесе даровите од момчето (прстен, една меџидија пари и една крпа) пред мене и рече дека таа дошла да ја бара својата чест, молејќи ја четата да се застапи за неа, бидејќи се уверила дека нашиот уќумат (четата) поарно средува. Се повика момчето и татко му, се разгледа делото во присуство на управното тело и најпосле се осуди момчето да внесе 4 турски лири на момата за нејзината чест и по половина лира во двете каси, во Дупени и во Езерани (од тоа село беше момата)... Таа вест се разнесе по целиот реон, и сите такви онеправдани се радуваа и сите се обрнаа кон четата. Имаше и накажување со тепање, ако некој не сака да го исполни решението... [95]

Покрај тоа Гоце презел активност за масовен прием во Организацијата. Низ Костурско, Гоце насекаде дејствувал на кономладски начин, а во селото Смрдеш дури формирал и женско момитетско друштво. Насекаде дошол до израз Гоцевиот стил на работа. Раководителите инспирирани од Гоце, целосно ги прифатиле неговите методи на работа и со полн елан пристапиле кон реализација на неговите замисли.

 
Христо Силјанов
 
Васил Чакаларов и Пандо Кљашев со другарите

Круна на Гоцевата мисија било советувањето во селото Загоричани. Тоа било одржано од 14 до 17 јануари 1902 година, со еднодневен прекин, поради предавството на гркоманот Илија Поп Анастасов од селото Куманичево. Советувањето имало регионален карактер, иако на него била разгледана општата состоја во округот. На советувањето присуствувале: Гоце, Георги Поп Христов, Лазар Поп-Трајков, Михаил Николов, Лазар Москов, Пандо Кљашев, Кузо Стефов, Васил Чакаларов, Андреја Кожуваров, Марко Лерински, Славејко Арсов и Михаил Чеков. Темите кои биле третирани на советувањето биле тесно поврзани со целите на Гоцевата мисија. Била разгледана положбата на Битолскиот округ, биле санкционирани новите начела на Гоце, коишто биле прокламирани во Кономлади. Овде на прво место доаѓа до израз проширувањето на правата на управните тела со придодавање на судски прерогативи. Снабдувањето со оружје, особено уредувањето на канали за пренесување на оружје од Грција, биле во центарот на вниманието. Преовладала констатацијата за неодложно организирање на канал за транспорт на оружје и за продолжување на специјалната мисија на Васил Чакаларов во Грција. Пред донесувањето на конечната одлука за овие прашања, новопристигнатиот Христо Силјанов, поднел извештај за својот престој во Грција. На крајот, за подобро реализирање на програмата за санација на Костурската организациска мрежа, било решено да биде извршена прераспределба на раководните организациски сили во костурскиот реон.

На 17 јануари, по шестнеделен престој, Гоце го напуштил Костурско и во придружба на четата на Марко Лерински се префрлил во селото Зелениче, Леринско. Престојот на Гоце во Леринско, за разлика од Костурско, бил краткотраен. Поради тоа, единствено во селото Екшису дошле до израз Гоцевите организациски способности. Краткиот престој на Гоце во Леринско бил условен од фактот што тој нашол реон примерен во секој однос: работници ентузијазирани, организации стегнати, чета дисциплинирана и во целосна смисла на зборот агитационо - организаторска [19]. Освен тоа, леринската чета цели два месеца го придружувала Гоце, при што имала доволно време, изворно да ги апсорбира неговите идеи.

Двомесечната Гоцева мисија во костурско-леринскиот регион била мошне плодотворна. Во неа доминира улогата на Гоце како крупен организатор и масовник на македонското ослободително движење. Неколкумесечната мисија на Гоце во неколку реони на Битолскиот округ, претставува еден вид на пресврт, особено на планот на забрзано омасовување на движењето во Битолскиот округ. На враќање Гоце Делчев помина по каналите на Организацијата ко Струмичко, Кочанско, Горноџумајско и во Ќустендилско. Таму се сретна со главните глумци во аферата Мис Стон, Јане Сандански и Крсто Асенов. Потем, заедно со нив отпатува за Софија, којшто комисиски се прифатени парите од откупот на Мис Стон. Со тоа завршил големиот поход на Гоце низ родната Македонија.

Прашање за востание

Пристигнав во Софија, се најдов со Делчев. Со него зборувавме за положбата во Одринско. Во однос на окружното упатство од Солун, Делчев ми рече дека тоа бездруго станало по настојување на битолчани, но тој самиот рече, дека и тој бил повикан, но не сакал да оди во Солун. Уште тогаш тој признаваше дека по востанието кренато од цончевистите, положбата е затегната во целата земја - во Македонија, дека ние не можеме веќе да ја тераме онака како дотогаш, но дека не бива ни да се прибегнува кон некакво масовно движење, туку треба да се размисли за некаков нов начин на дејствување. Јас бев приврзаник на една теорија за терор, терор над административните власти во Турција. Делчев го знаеше ова мое гледиште; на вакво мислење јас бев уште во Женева, пред да влезам во редовите иа внатрешната организација. Делчев си спомни за ова мое гледиште, и ме замоли да напишам една брошура за тоа прашање. Јас немав време за такво нешто, но имав еден превод на една брошура, - речта на Емил Анри (Emile Henry) (тој фрлаше бомби во Париз во една кафеана). Делчев со средства на Организацијата го овозможи печатењето на таа брошура. Атанас Раздолов го стави своето име како издавач. Целта беше да се подготват одделни терористички кружоци, кои на своја лична иницијатива, ќе преземаат терористички акции. Делчев настојуваше јас самиот да заминам во Македонија, и по градовите да основам такви кружоци, кои од друга страна да бидат во врска со ЦК, да дејствуваат во согласност со него, и да го известуваат за се. Јас сметав дека такви терористички кружоци можат да постојат врз автономни начела, и поради тоа не прифатив, а освен тоа бев мошне ангажиран во Одринско. И така тоа прашање остана нерешено, туку само разменивме мислења.

— Михаил Герџиков, Спомени [96]
 
Христо Татарчев
 
Иван Гарванов

Во јули 1902 година во куќата на Бојан Биолчев во Софија се одржала средба на која присуствувале: Гоце Делчев, Иван Гарванов, Тома Карајовов, Туше Делииванов, Владимир Руменов, Никола Наумов, Лазар Димитров, Атанас Мурџев и домаќинот Бојан Биолчев. На оваа средба било разгледано барањето на битолчани за кревање на востание. Гоце Делчев, Руменов и Карајовов остро се спротивставиле за востание и била донесена одлука против дигање на какво и да е востание.[97].

Кога веќе било евидентно дека ќе дојде до Горноџумајското востание, Централниот комитет сметал дека движењето на Врховниот комитет не е сериозно и опасно, се искажал против него и го осудил. Но по избувнувањето на востанието, ЦК почнал да наклонува кон востание. На 26 септември 1902 година ЦК во преписката до Задграничното претставништво истакнал дека „ако бугарската влада се ангажира да го покрене прашањето, да не се држи многу остар јазик кон врховистите јавно, подобро ќе биде и ние да го развееме знамето“. Кореспонденцијата меѓу ЦК и Задграничното претставништво укажува дека:

... прашањето за востанието се наметнало постепено, под притисок на врховистичкото востание. Евидентно е дека ЗП тоа го допуштало доколку дојде до усложнување на состојбата, и ако врховистичкото движење продолжи во зимата. Сфаќајќи го тоа, ЦК на чело со Гарванов, почнал алармантно да ја прикажува ситуацијата. Во реалноста било поинаку

Во почетокот на ноември „Врховистичкото востание“ спласнало и тогаш Иван Гарванов со новоназначените задгранични претставници Христо Матов и Христо Татарчев, во тајност од другите членови на Централниот комитет се решил за востание. Матов и Татарчев веднаш откако пристигнале во Софија на својата должност започнале преговори за помирување со Врховниот комитет врз основа за проширување на востанието. Тие тврделе дека тоа е желба на Централниот комитет, а за сето тоа ја имале поддршката на Иван Гарванов кој сакал помирување по секоја цена. Гарванов на 29 ноември 1902 година му пишал на Задграничното претставништво и истакнал:

Ќе треба да се распределат сите горски сили и уште отсега да навлезат во земјата, да се стокми набрзо динамит и повеќе пушки, та напролет дај боже здравје да си ја пробаме среќата [98]
 
Пере Тошев
 
Михаил Герџиков

Во средината на декември Христо Татарчев имал средба со бугарскиот премиер Стојан Данев и кнезот Фердинанд I и известил дека акциите идната година се неминовни. Кон крајот на ноември 1902 година ЦК на Гарванов и Задграничното претставништво ја донеле конечната одлука за кревање на востанието. Таа требало да се санкционира и затоа Иван Гарванов на 24 декември 1902 година испратил окружно за одржување на Конгрес.

Задграничното претставништво откако го примило окружното од ЦК организирало советување во Софија кое траело неколку дена. На оваа советување присуствувале: Гоце Делчев, Ѓорче Петров, Пере Тошев, Христо Матов, Христо Татарчев, Иван Хаџи Николов, Борис Сарафов, Михаил Герџиков, Кирил Прличев, Туше Делииванов, Христо Силјанов и други. На ова советување Матов и Татарчев ја поддржувале идејата за општо востание, додека пак Ѓорче Петров и Гоце Делчев се залагале за перманентно востание.

Ѓорче Петров предложил да дојде до засилување на четите и терористичките акции кои постепено требало да водат кон востание кое не требало официјално да се објави. Михаил Герџиков предложил терористички напади кои би ја засегнале османлиската власт и европскиот капитал. Тој планирал да се формираат терористички групи по градовите кои би биле во контакт со Централниот комитет, а кон овие идеи клонел и Гоце Делчев.

Делчев истакнал дека Турција треба да се фрли во анархија, да се разниша Царството во неговите основи со што би се предизвикале Големите сили да интервенираат за решавање на Македонското прашање. Меѓутоа Делчев се решил за комбинирано дејствување со чети и терористички акции . На крај од советувањето се дошло до компромисно решение за засилени партизански дејства . По советувањето бил известен Централниот комитет дека тие се против општо востание но за партизански дејства. Треба да се истакне дека оваа советување не влијаело во одлуката за донесување на востанието бидејќи Солунскиот конгрес без да ги сочека резултатите од советувањето донел одлука за востание.

Солунски конгрес

Конгресот по својот состав беше незаконит: според Уставот прецизно се бара, денот на востанието да го определи ЦК и окружните и околиските комитети. Конгресот траеше два дена. Немаше опозиција: единствено јас бев опозиција и затоа траеше два дена. Јас бев против: прво - затоа што нашиот, серскиот реон не беше подготвен за востание, а знаев дека и другите не се подготвени и, второ - затоа што мислев дека тој период не е соодветен, откако Ламсдорф категорично се искажа против движењето. Освен тоа, однапред го знаев мислењето на Сандански, на Делчев и на другите, кои беа против.

— Лазар Димитров, Спомени [99]

Во јануари 1903 година се одржал Солунскиот конгрес. Меѓутоа еден дел од делегатите немале доволно време да стигнат на Конгресот и најверојатно тоа било и посакувано од Иван Гарванов. Гоце Делчев бил поканет на Конгресот но неговото појавување било непожелно. По добивањето на поканата Делчев истакнал:

... прашањето (за востание б.н) било наметнато од битолчани, и дека тој не сака да оди за Солун... по Џумајското востание, ситуацијата била затегната во целата земја, дека тоа не може да се толерира како дотогаш, но и дека не треба да се прибегне кон масовно востание, туку да се обмисли нов начин на работа.

На третото заседание, на 16 јануари, кое траело само час и половина се прифатил и потпишал Протоколот за извршената работа и преземените решенија. Решително против востанието се изјаснил само серскиот делегат Димитров, но на крајот и тој се присоедини кон заедничкото мнение. Скопскиот делегат Димитар Ганчев, испратен со директива да дејствува за одлагање на востанието бар на една година, исто го потпиша затоа што и другите потпишале. Нај важниот аргумент против востанието – недостигот на доволно оружје во повеќето реони – било до извесен степен демантирано од уверувањата на Иван Гарванов, дека за скоро време ќе се случат крупни доставувања, како и од надежта, дека при општо востание, четите од Бугарија ќе префрлат значително количество пушки и други материјали. По донесување на решението за востание од страна на Солунскиот конгрес, окружните комитети биле задолжени да ги преземат потребните мерки за забрзување на подготовките за кревање на востанието.

Нова концепција за борба

Кај Делчев пред да загине, беше се јавило едно расположение за атентаторство. Јас го толкувам како резултат на неговото очајание за иднината на организацијата. Тој со своето влијание, со своето лично настојување, веднаш создаде јако расположение во тој правец. Толку јако, што Матов, Татарчев и Сие, макар и да беа против, не можеа да се противат, а требаше да содејствуваат. И јас не му го одобрував ова, предостанувајќи ги атентатите за после, кога ќе стане востание. Делчев беше незадржлив занесен по овај пат, сметајќи ги атентатите за едно од средствата на нашата програма. Главно се беше одушевил за атентат против железници и мостови. Под тоа влијание тогаш тргнаа неколку чети со експлозивни материјали. Освен Делчевата чета, друга тргна за Одринско, друга Савовата, друга со Пушкаров во Скопско. И станаа неколку обиди, колку да докажеме, дека не е по нашите способности оваа работа. Огромна беше количината на внесениот материјал од бомби и динамит, а резултатите ништо. Се покажавме просто некадарни.

— Ѓорче Петров, Спомени [100]
 
Војводата Јане Сандански во четничка униформа
 
Здружената серска чета во февруари 1903 година кај селото Крушево, Серско
 
Пештерата Капе на Али Ботуш

Енигматично е прашањето: Зошто Гоце Делчев не ја искористил можноста за присуство на Солунскиот јануарски конгрес на МРО од 1903 година, иако добил уредна покана, во својство на подвижен член на ЦК. Можни се неколку одговори, но кој е вистинскиот? [12]

Димитар Димески истакнува дека е можно, Гоце и Ѓорче Петров да имале постигнат договор за бојкотирање на Солунскиот конгрес. Главни носители на востаничката линија биле Иван Гарванов и Димитар Мирчев, поранешни дејци на Бугарското тајно револуционерно братство. Гоце не можел да најде заеднички јазик со нив. Меѓу другото, Димески истакнува дека Гоце застанал на чело на антивостаничката струја во македонското револуционерно националноослободително движење.

Гоце бил убеден дека битката треба да се извојува внатре, во Македонија, преку преточување на новата концепција за борба. Најдобро тоа можел да го стори со серските револуционери, кои просто ги голтале неговите идеи. На 20 јануари 1903 година Гоце се упатил кон нив, па ако се изземе краткотрајната солунска епизода, тој останал со нив сè до својата смрт. Во Серскиот револуционерен округ постоеле силни цврсти столбови за Гоцевиот курс, како Јане Сандански, Таската Серски, Димитар Гуштанов и др.

Веста за солунското решение, Гоце го примил во Неврокопско, коешто било насетувано, го изненадило како зимска грмотевица. Веднаш потоа, Гоце се договорил со Јане Сандански, Гуштанов и Пејо Јаворов, да вложат најголеми напори за отфрлање на солунското решение. За таа цел било одржано февруарското советување на Серскиот округ во селото Караќој, на тромеѓата помеѓу Серско, Демирхисарско и Неврокопско, при што Гоце добил целосна политичка поддршка за својата концепција.

Гоце извесно време престојувал во пештерата Капе на Али Ботуш. Во ова време Гоце фанатично се стремел да ги покаже предностите на новиот стил на борба пред едно можно востание. Тој имал на располагање четири товари на распрснувачки материјал. Дел од овој материјал бил искористен за еднонеделна обука на серските чети во пештерата Капе на Али Ботуш. Делчев во почетокот сакал да го разнесе мостот на Струма во Демирхисарско, но тој бил добро обезбедуван и затоа заминал за Драмско каде на 18/19 март бил разнесен мостот на Драматица (Ангиста), дел од тунелот, била прекината железничката линија и две телеграфски линии. Делчев му пишал на Пејо Јаворов сета акција во весникот Слобода или смрт да ја прикаже како дело на Организацијата, а не како на чета. Овој став на Делчев не претставувал скромност, туку желба за промовирање на новата тактика од името на целата Организација.

Токму тогаш кај Гоце пристигнала веста дека во Солун се вратил корифејот на Македонската револуционерна организација, Даме Груев. Гоце се упатил кон Солун за да се сретне со својот најсакан другар [101].


Последна средба со Даме Груев

Делчев тргна со силна желба да го види Груев, да размени мисли со него; во него имаше уште надеж, но отиде загрижен за организацијата. Тој стигнал во Солун. Тие вешто го оставиле само со Дамета, којшто 2-3 дена го држел во една стаја при себе и се мачел да му го разбие убедувањето против востанието. Даме успеал со тоа само да му го нанесе последниот удар на разочарение, како што беше се исповедал пред Пере Јаворов и други, со коишто се беше сретнал после во Серско. Овај дух на очајност проличува и во едно писмо до мене, во кое што тој ми велеше, дека ништо не може да се направи и дека оди во Серско, „да си ја даде главата“. Во Солун му ја возложиле мисијата да ги убеди другарите во Серско за востание и да го организира таму. Јане Сандански пратил чета да го пречека во Серското поле и да го одведе в планина...

— Ѓорче Петров, Спомени [100]

Особено значење имала средбата меѓу срцето и волјата на револуционерна Македонија. Средбата помеѓу Гоце и Даме била одржана во предвечерјето на Солунските атентати. Оваа нивна последна средба била мошне исцрпна. Даме за оваа средба оставил скржави зборови: Дојде Делчев во Солун. Правеше приговори. Главно наоѓаше дека Серскиот санџак е наполно лишен од оружје. Ние го утешивме со ветување дека ќе се достави потребното, Делчев се успокои. Дополнително светло за оваа средба фрла Лазар Димитров кој бил единствената опозиција на Конгресот кога била донесена одлуката за востание. Тој вели дека лично го информирал Делчев дека тој и Даме постигнале согласност по прашањето на востанието, да започне кон крајот на летото и да не биде масовно, односно да има четничко-партизански карактер. Според Лазар Димитров се:

(Со средбата се) ставило крај на спорот за подигањето на востанието... по оваа средба веќе немаше разлики меѓу Централниот комитет и дејците околу Делчев по прогласувањето на востанието [102].

Априлската средба ги разбила Гоцевите илузии за ревизија на солунското решение. Во Солун, Гоце се сретнал и со гемиџии, но не успеал да ги убеди да ги одложат акциите за подоцна. Гоце имал посебна слабост кон нив. Своевремено им донирал 5.000 лева од мисстонките. Но тие не го послушале Гоце. По неговото напуштање на Солун, одекнале Солунските атентати.

Последни денови

Жив е тој, жив е! Таму на Балканот..., Тој, којшто падне во бој за слобода, тој не умира: него го тажат земја и небо, ѕвер и природа и пејачи песни за него пеат... Настане вечер - месец изгрее, ѕвезди опсипјат сводот небесен, гора зашуми, ветар повее, - Балканот пее ајдучка песна!

— Христо Ботев, Жив е тој, жив е [103]
 
Димитар Гуштанов
 
Камбанаријата во Баница

На пат за Ловчанската корија на Али Ботуш, каде што го закажал Конгресот на Серскиот револуционерен округ, Гоце запрел во селото Баница, Серско. Таму се сретнал со четите на Бродалијата и Димитар Гуштанов. Овде се затекнал и Димо Хаџи Димов. На 3 мај 1903 година, вечерта, Гоце бил мошне импресиониран од Солунските атентати и во селото Баница ги изрекол зборовите:

Ги разигравме анамите со широките шалвари во Солун, така ќе ја растресеме целата турска гнила империја од темел [104]

Димо Хаџи Димов, близок соработник и пријател на Гоце, и самиот учесник во борбата кај Баница го оставил следното потресно сведоштво:

Петнаесет часа ние го гледавме мртвиот Гоце, наведнат, чиниш, врз грбот на Македонија. И петнаесет часа ни се кинеа срцата [19].

Постојат повеќе верзии за неговото загинување, изнесени од непосредните сведоци на неговата смрт. Михаил Чаков истакнува дека взори бил разбуден од еден полјак од селото кој му јавил дека Баница била полна со аскер. Потоа го упатил кај Гоце за да му го соопшти истото. Меѓутоа штом полјакот слегол долу бил прибран од аскерот. Чаков слегол долу и се упатил кон куќата каде што бил сместен Гоце. Од таа куќа излегле две девојчиња, кои му рекле и тој да се прибере во таа куќа. При средбата, Гоце направил распоред за одбраната, а потоа, штом забележал дека војската одела по куќите и претресувала, заповедал да излезат и тргнат низ селото.

Пејо Јаворов дава малку поинаква верзија. Рано изутрина Гоце и другарите биле разбудени од некоја баба која им рекла: Станете, момци! Аскер го загради селото и пребарува по куќите. Гоце и комитетите биле готови за борба. Војската пребарувала по куќите и го собирала населението. Тие стигнале до куќата каде што бил Гоце со другарите. Гоце предложил да излезат од селото за да не биде запалено. Наместо да го чека мракот во утврдената камена куќа, наредил да излезат и да тргнат низ селото. По решението на Гоце, сите излегле на улица и се провлекувале до крајот на селото, каде што се наоѓала последната војска, и според Јаворов, Гоце извикал: Легнувајте! Првата пушка тој ја пукнал. Сите залегнале, а Гоце, според Чаков, застанал простум да ја полни пушката. Како луд му свикав: Легнувај, Гоце! Легна, но на самото легнување еден куршум го пронижа во левата града, и тој падна врз својата пушка... ги кладе двете раце наземи и се обиде да се крене гледајќи кон другарите што беа се растуриле покрај ѕидот на куќата и ги рече последните зборови:

Ах, момци, рани...

и пушти душа. Веднаш го фатив за левиот опинок, како што беше легнал по очи и колку глас ме држи викав: Гоце, Гоце! - Никаков одговор. Изгасна за секогаш јуначката натура. Во борбата кај Баница учествувале 14 борци. Биле убиени: Гоце, Стефчо Трлишанчето, Кољо Консулата, Димитар Гуштанов. Бил ранет: Ѓорѓи Савеклијата. Другите се извлекле преку една плевна и заминале од селото. За одмазда, аскерот го запалил селото и го бомбардирал со топови. Биле изгорени 124 куќи, изгорени селани 5, убиени 4, затворени 24. За овој подвиг Тефиков добил полковнички чин. Во текот на борбата телото на Гоце останало на местото каде што тој паднал. По борбата Тефиков го познал Гоце и дал наредба да се пренесе во Сер. Тоа го сакале и некои други видни турски управници од Сер за да го носат Гоцета како воен трофеј и да го деморализираат населението. Меѓутоа, пристигнала наредба од Солун да се остави Гоцевото тело во Баница и тука се погребе. Така загинал Гоце во Баница, храбро и достоинствено. Го даде својот живот за ослободување на Македонија.

 
Михаил Чаков
 
Портрет на Гоце Делчев во темелите на камбанаријата во Баница

Смртта на Гоце не била случајна. Неговото исчезнување било посакувано од бројни фактори. Но кој е предавникот или предавниците? Правиот одговор може да го даде само досега непозната архивска документација, ако е сочувана. Злорадоста напоила нечии срца, како оние на врховистите: Иван Цончев, Атанас Јанков, Софрониј Стојанов, Александар Протогеров, на кои им се припишува следново коментирање: Најпосле се куртуливме од тоа куче [105].

Гоцевата смрт била регистрирана во повеќе османлиски телеграми. Борбата кај Баница најпрво била регистрирана во шифрираната телеграм од управата на Серскиот санџак од 4 мај 1903 година, а Гоцевата смрт во шифрираната телеграма на Солунската окружна управа од 5 мај 1903 година. Османлиското задоволство било големо. Високата порта издала официјално соопштение со што ставила посебен акцент на настанот. Во тој контекст, Хусеин Тефиков бил унапреден во аскерски полковник. Ненадејната смрт на Гоце, нашла место во дипломатските извештаи.

Трагичната судбина на Гоце ја завила Македонија во траур. Неговата смрт претставува ненадоместлива загуба за македонскиот народ. Овај настан особено ги погодил смилевските конгресисти. На 31 годишна возраст слегла од животната и историската сцена, несомнено, најдинамичната личност на македонското револуционерно национално ослободително движење во предилинденскиот период, којшто оставил трајни траги во поновата македонска историја.

Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите

Јас не ги мразам Османлиите како народ, јас војувам против османлиската тиранија како владејачки систем...

— Гоце Делчев [19]
     
Биста на Гоце Делчев во дворот од истоимениот студентски дом во Скопје.
 

Гоце е автентичен водач на македонското револуционерно движење. Познатиот македонски публицист, мислител и револуционер, Димо Хаџи Димов го именува како прв апостол на македонската револуција. Гоце е македонски револуционер од балкански размери. Нему му е туѓ секаков национализам и шовинизам. Тој мечтае за Балканска федеративна република како највисок дострел на збратимување на балканските народи. Главна кочница за реализирање на таа идеја, Гоце гледал во конзервативните балкански монархии, за кои Македонија е јаболко на раздорот.

 

Гоце високо го издигнал неговиот интернационален и космополитски поглед: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар на народите. Оваа мисла го вбројува Гоце во редот на светските хуманисти. Нејзината порака до денес не изгубила од својата актуелност.

Гоце е еден од гранитните столбови на самостојноста на македонското ослободително дело. Тој секогаш бескомпромисно стоел на браникот на самостојноста и самобитноста на македонското револуционерно движење. Христо Андонов Полјански истакнува дека Гоце Делчев е трибун на македонската самостојност и самобитност. Гоцевиот идеал е слободна и независна Македонија со широки права за сиромашното населени. Негова максима е: Ослободувањето на Македонија лежи во едно внатрешно востание. Кој мисли поинаку да се ослободи Македонија, се лаже и себеси и другите. За да се дојде до саканата цел, според Гоце: секој треба да ја засили својата енергија, да ги оптегне заспаните струи на робјето, да се раздвижат нивните чувства кон жртвување. Затоа Гоце смета дека: моралната револуција, револуцијата на умот, срцето и душата на еден ропски народ, е најголема задача.

Гоце сосема јасно ја увидел опасноста од поделба на Македонија од страна на балканските држави. Тој бил противник на секакво мешање на надворешните фактори во македонското ослободително движење. Тој одбивал секаква надворешна помош, поврзана со амбиција за манипулирање со македонското дело. Тој истакнува: Организацијата на македонскиот народ е нужна да го собори ропството над себе, а не да тргува. Гоце смета дека револуционерната борба треба да се води единствено со сопствени сили. Укажувајќи: Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и Организацијата, тоа е првиот услов за нашиот успех. Ако тоа не го направиме, Македонија ќе падне под некоја од балканските држави, или ќе биде разделена помеѓу нив.

Гоце пледира за проширување на базата на македонското револуционерно движење преку барање на внатрешни сојузници. Организацијата се отворила за сите незадоволни елементи, без оглед на нивната етничка и конфесионална припадност. Тој меѓу првите се залага за вклучување на жените во револуционерната борба, со што ослободителното движење добило општочовечка димензија.

Гоце одиграл позитивна улога за инкорпорирањето на социјалистичката група на Веле Марков и Никола Петров Русински , со што придонел во блесокот на личноста на Никола Карев при обликувањето на Крушевската република. Гоце се пројавил како голем револуционер. Тој е еден од главните дејци за активно вклучување на селото во македонската ослободителна борба. Тој е голем противник на расчекорот и делата. Истакнува: Ќе бидете наивни, ако им верувате на нашите зборови, гледајте ги нашите дела. Тој се пројавил како голем организатор, масовник на ослободителното движење. Оттаму произлегува неговата огромна популарност и нескршлив авторитет сред македонското население. Тоа го обви неговото име со ореол на легенда. Неговиот визионерски поглед е трајно свртен длабоко кон иднината: Ќе удри утринската зора и за нас.

Чествување на ликот на Гоце Делчев

Делчев се зафати да ги исправи работите и тоа прво во Кономлади. Таму имаше подметнувања, крадење, блуд. Селаните од ова село беа добри само во едно: беа храбри и подготвени да помогнат. Делчев детално ги испитуваше сите пороци во селото - кражбите, блудничењето... Целото село разбра дека дошол најголемиот човек, началникот на Организацијата. „Поголем од него нема". Делчев ги викна селаните кои имаа проблеми, кои сакаа да се пожалат за нешто и на некого, да дојдат кај него. Тогаш првпат се постави начелото судските работи да се решаваат во раководното тело, а на селаните им се забрани да одат во турските судници. Делчев во мое и во присуство на Марко, на Чакаларов, Москов, Стефо Кузов и на Георги Пешков. тогашен битолски раководител - во приватна куќа спроведуваше испитувања, донесуваше пресуди кои четата потоа ги реализираше. Делчев беше дојден само со еден другар, Иван Манолев, а четата на Марко броеше 13 души. Луѓето без збор ги извршуваа одлуките на Делчев. Брзо се одлучуваше - најголемото дело за еден час. Се викаа сведоци. Имаше многу смирувања. Откако се заврши, се организира собрание за целото село - само мажите. Се покрстија сите непосветени. Одеднаш беа покрстени 30 души, дадоа клетва в црква, навечер, во групи од по 4-5 души пред сите, на заедничкото собрание. Најчесто Марко ги заколнуваше, а Делчев, како и Москов, држеше говор. Делчев, речиси им ја исцрта состојбата, им го прераскажа минатото на селото опишано во разни книги, ги покани да се сплотат...

— Пандо Кљашев, Спомени[106]
    Податотека:Gotse Delchev Varna.JPG
Останките на Гоце во 1944 г.
Споменикот Гоце Делчев во Благоевград
Биста на Гоце Делчев во Варна.

Ретки се народите кои имаат личности од форматот на Гоце Делчев. Со право, современа Македонија има длабок пиетет кон Гоце Делчев, првенецот на македонското револуционерно национално-ослободително движење кон крајот на 19 и почетокот на 20 век [12]. Чествувањето на ликот на Гоце Делчев е тесно поврзано со неговата револуционерно национално-ослободителна борба. Едно од најголемите чествувања е пренесувањето на Гоцевите останки од Софија во црквата „Св. Спас“ во Скопје, ова чествување било една од најголемите манифестации во историјата на современата македонска држава со највисоки државни и воени почести. Во конаците на црквата Св. Спас е сместен Музејот на Гоце Делчев, во кој се изложени парчиња на оружје и други експонати. Може да се најде комитска облека, може да видите парчиња оружје од приватни колекции, јатагани, куршуми, пушки и др.[107].

По Гоцевата смрт, во 1904 година во Бугарија бил изработен комеморативен медал од страна на Димитар Ѓолев, во име на Внатрешната македонска револуционерна организација, а Пејо Јаворов ја напишал неговата биографиja. Денес во Македонија и Бугарија, Гоце е национален херој и оттука се подигнати голем број на споменици каде што се чествува неговиот лик и дело. Во Македонија тој се слави како еден големите чинители во создавањето на македонската национална држава. Гоце е опеан во голем број на македонски народни песни, една од нив е песната Поле широко (Пирин планино):

Поле широко,
кој ќе по тебе да се шета,
като го нема Делчев Војвода?
Пирин Планино,
кој ќе по тебе чета да води,
като го нема Делчев Војвода?
Моми јубави,
кој ќе ве вази од враг пази,
като го нема Делчев Војвода? [108]

Во Бугарија Гоце се смета за еден од најголемите бугарски револуционери. Во периодот помеѓу 1944-1957 година тој бил почитуван како македонски национален херој [109], но во 1957 година оваа политика била напуштена.

На 7 октомври 1946 година со голема свеченост и со највисоки почести од Софија биле испратени посмртните останки на Гоце во главниот град на тогашната Народна Република Македонија, Скопје.[110] По повод испраќањето на останките, регентот и член на Бугарската академија на науките, Тодор Павлов одржал говор[111] на свечено собрание одржано во Народниот театар во Софија.[112] Откако поминале низ Пиринска Македонија и низ повеќе градови во слободна Македонија, посмртните останки со највисоки државни и воени почести биле пречекани во Скопје и положени во црквата „Св. Спас“, во чии конаци е сместен Музејот на Гоце Делчев.[113]

Податотека:Goce-Delčev.jpg
Пејо Јаворов и Гоце

Во Бугарија во чест на Гоце Делчев во 1951 година е преименуван градот Неврокоп, а две села го носат името Делчево. Постојат повеќе споменици на Гоце Делчев и исто така еден рид и еден врв во Антарктикот го носи името Делчев, крстени од бугарската антарктичка експедициjа. Највисокиот врв на планината Алиботуш на границата помеѓу Бугарија и Грција, исто така, го носи неговото име. Долгогодишните иницијативи на Бугарија да постави плоча на местото каде што бил закопан Делчев во село Баница се остваруваат во јули на 2013 година и ваква спомен-плоча е поставена со дозволата на грчките власти по повод 110 години од смртта на Делчев и од Илинденското востание, како и 120 години од формирањето на ТМОРО.[114][115][116] Пејо Јаворов ја создава стихотворбата Ајдучки песни посветена на Гоце Делчев. Една од најдобрите негови творби:

Ден денувам - патишта незнајни
ноќ ноќувам - краишта потајни;
немам татко, ниту мајка-
татко да ме фали, мајка да ме жали...
еј, море ти Пирин Планино!
Море црно
цариградско вино.
Со непријател непријателувам - мера според мера,
со благ благувам - вера заради вера
немам братец, ни сестрица -
братец да ме фали,
а сестра да жали...
Леле моја
сабја халосија!
Море лута
одринска ракија... [117]

Делчевологија

Нему, на моменти му се чинеше, дека со еден замав ќе ги уништи, само да можеше своите чувства да ги направи достапни секаде и така да ја изнесе својата омраза. Неговиот ум беше преполн со толку мисли и желби, што веруваше дека може да го прероди светот и во него да блеснат слободата и правдата...

— Ѓорче Петров, Беседа за Гоце
     
Разгледница посветена на Гоце
Пренесување на Гоцевите останки во седиштето на Илинденската организација
Споменик на Гоце во Скопје

Делчевологијата се занимава со животот и делото на Гоце Делчев. За Гоцевата дејност се објавени повеќе биографии, статии, прилози и други материјали. Неговата дејност може да се најде и во одделно објавени биографии на македонски револуционери или личности кои имале контакти со македонското револуционерно движење, освен овие биографии, Гоце може да се сретне во одделно објавени книги, странски студии и енциклопедии. Сите овие трудови на свој начин го осветлуваат ликот и делото на македонскиот револуционерен апостол.

За животот на Гоце Делчев се објавени повеќе биографии. Меѓу нив прво место зазема биографијата од Пејо Јаворов со што започнува т.н. делчевологија. Одделните прилози за живот и делото на Делчев, неговата улога во македонското револуционерно движење и време во кое егзистирал, заземаат посебно место во делчевологијата. Биле објавени голем број на прилози, статии и други материјали кои ги разгледувале овие прашања. Тие биле објавувани веднаш по убиството на Делчев, зачестиле во периодот помеѓу двете светски и особено по Втората светска војна. Кратки прегледи за Гоцевата револуционерна дејност се претставени и во одделни книги во кои се изложени биографии на истакнати револуционери и дејци од македонското револуционерно движење. М. Антонов и Ив. П. Кепов во 1910 година објавиле една биографска скица за Делчев [118]. Слични дела објавиле Георги Баждаров [119], Ст. Аврамов [120] и Стефан Каракостов [121]. Епохата во која Делчев живеел и дејствувал е одделно обработена во историските прегледи за Македонија, македонското прашање, македонскиот народ и македонското револуционерно движење.

Дејноста на Делчев е забележана и во енциклопедиите и лексиконите. Во разни енциклопедии и лексикони, Делчев зазема виден простор. Неговиот живот и дело се сретнуваат во: Енциклопедија на Југославија [122], Енциклопедија на Лексикографскиот завод [123], Мала Енциклопедија на Просвета [124], Воена Енциклопедија [125], Лексикон по историја [126], Прирачник Лексикон [127], Енциклопедиски Лексикон Мозаик [128], Македонска Енциклопедија [129].

Мисли

Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите
Ќе удри утринската зора и за нас...
Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива
Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата - тоа е првиот услов за нашиот успех!
Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија
Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух
Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население
Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; - или ќе водиме говеда на касапница
Делото на ослободувањето на еден народ, е пред сè негово сопствено дело, на неговите сопствени раце
Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите
Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците
Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови - изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа...
Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?

Гоце Делчев како тема во уметноста

  • „Гоце Делчев“ - поема на македонскиот поет Анте Поповски.[130]
  • Гоце Делчев“ - роман за деца на македонскиот писател Ванчо Николески од 1964 година.[131]
  • „Го фатиле клети Турци“ - македонска народна песна.[132]
  • „Абер ми дојде од Солуна града“ - македонска народна песна.[133]
  • „Пирин планино“ - македонската народна песна.[134]
  • „Гоцева“ - песна на македонската етно група „Synthesis“.[134]
  • „На Гоцевото колено“ — расказ на македонскиот писател Глигор Поповски.[135]

Галерија

Белешки

  1. Крилест ѓавол
  2. Во Османлиското Царство не постоел редовен ситем за попис на населението со утврдени методи и принципи како во западноевропските држави. Османските власти го евидентирале само машкото население и тоа не по национална основа туку по вероисповед. Мажите муслимани биле запишувани поради воената обврска, а христијаните поради даноците. Меѓутоа постоеле еден вид на матични книги т.н. нуфуз дефтери во кои биле запишувани датумот на раѓање, името, името на родителите и презимето, меѓутоа од нуфузите не може да се утврди националниот состав на населението во Македонија. Под графата Муслимани биле запишувани: Турците, Циганите, исламизираните Македонци, Арнаутите, Черкезите, Арапите и други, односно припадниците на муслиманската вероисповед. Во графата Рум Милет (Грци) биле запишувани сите православни христијани во Отоманското Царство кои биле под духовна јурисдкција на Цариградската патријаршија, тука спаѓаат Македонците-патријаршисти кои биле нарекувани и како Грци. Христијанското население кое било под духовна власт на Бугарската егзархија било запишувано како Бугар милет, тука спаѓаат Македонците-егзархисти кои биле нарекувани како Бугари. Од национален аспект само за Евреите постоела посебна графа како Јауди, но и тука имало исклучок. Евреите-муслимани биле впишувани како Турци, види: Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или Смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  3. Македонската национална свест во 19 и почетокот на XX век бил слабо развиена. Тоа го потврдуваат повеќе странци: Сеќавањата за минатото потполно исчезнале и кај селаните останале само нејасни преданија за дамнешната слобода која тие ја уживале. Во едно зафрлено село во близината на Охрид, во кое нема ни учител ни свештеник, а неговите жители не знаат ниту да пишуваат ниту да читаат, говорев со неколку дечиња за да дознаам колку тие знаат за минатото. Ги однесов кај едно осамено и необично закосено ритче на чиј врв се наоѓа урнатините на бугарскиот цар, тие се наоѓаат над езерото и долината. Кој го изградил ова? Ги запрашав. Одговорот беше впечатлив: Слободните луѓе. А кои биле тие? Нашите дедовци. Да, ама дали тие биле Срби, Бугари, Грци или Турци? Не, не биле Турци, тие биле христијани. И тоа беше изгледа сè што тие го знаеја, види: Доживувањата на Х. К. Бреилсфорд, Во Македонија не се поистоветуваат со својата нација (1905). Од друга страна пак повеќето странски пропаганди на територијата на Македонија го попречувале национално-конститутивниот процес на Македонците, види: Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006, Слобода или Смрт, д-р Ванчо Ѓорѓиев, Скопје 1997, Славко Димевски, За развојот на македонската национална мисла до создавањето на ТМОРО, Култура - Скопје, 1980
  4. По создавањето на Бугарската егзархија Македонците не се откажало од стремежот за обнова на Охридската архиепископија. Во првата половина на 70-те години на XIX век силна активност пројавило солунското граѓанство. Борбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придружил епископот Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија. Општините соодветно на ова обраќање дале свој одговор, а македонската колонија од Цариград на чело со Харитон Карпузов, застанале на гледиштето дека само преку создавање на: самостојна македонска црква може да се реши македонското црковно и национално прашање. Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на претставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале претставници на 6 јужномакедонски општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската, види Отпор на Македонците кон туѓите пропаганди
  5. Александар Кожев истакнува дека: Сите човечки антропогенетички желби - желбите кои ја создаваат самосвеста, човечката стварност - се, конечно, функција на желбата за признавање. И ризикувањето на животот, преку кое човечката стварност излегува на виделина е ризик во името на таа желба. Затоа за да говориме за потекло на самосвеста, нужно е да говориме за борбата за признавање - до смрт..., види Александар Кожев, Увод во читањето на Хегел
  6. Оригиналната фотографија на која Гоце Делчев е во друштво на видни прилепчани од семејството Бабоски, настанала на митровденска слава на 8 ноември 1901 година во Прилеп. Бабовци биле позната прилепска бакалска фамилија, а Делчев, кој од конспиративни причини избегнувал да се фотографира, правилото го прекршил поради наводната блискост со Јанка Каневчева, братучетка на Кузман Шапкарев. Централна фигура е Алекса Бабе, со ќурк на рамениците и фес на главата, лево и десно од него седат неговите браќа: Владо, Ицо и Ѓоре. Делчев седи долу десно, а над него стои најверојатно некој од чираците на Бабовци. Во средината на фотографијата има бочва на која со бела боја или со креда е напишан датумот 2.2.1892, кој веројатно означувал некој важен датум за семејството. Сите мезат колбаси, млад кромид и леб. Една од кристалните изгравирани чаши од кои пијат домаќините на Гоце. Снимката е изработена во кафеникава, платинеста нијанса, со темнозелена рамка. Во долниот дел на рамката е втиснат амблемот на фотофирмата на Д. А. Карастојанов со златести кирилични и латинични букви, со седиште во Софија. Се претпоставува дека таа фирма имала своја филијала во Прилеп, зашто има сведоштва дека Карастојанови му биле дворски фотографи на бугарскиот кнез Фердинанд. Фотографија ја поседува Диме, внук на Владо од фотографијата и син на Гога Бабоски. Во 2003 година тој дозволил историчарот Димитар Димески да го разгледа семејниот албум на Бабовци и ја раскажал историјата на оваа фотографија. Првпат таа фотографија ја објавил Мартин Треневски во илустрираното списание „Македонија“, во ноември 2000 година
  7. Писмо од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1899 г., во кое се изjаснува како Бугарин: Действително жалко е, но що можемъ да правимъ, когато си сме българи и всички страдаме отъ една обща болѣсть! (Текст.)(македонски: Навистина е жално, но што можеме да направиме кога сме Бугари и сите страдаме од една иста болест!)
  8. Писмо од Гоце Делчев до Никола Малешевски од 1897 г. (втора страница): Надали има народъ, който толкова много да е търпѣлъ отъ своитѣ синове изроди, колкото македонския!... (Текст.) (македонски: Тешко да има народ кој толку многу да трпел од своите синови изроди, колку македонскиот.)

Архивски материјали, спомени, печат и друго

A
  • A travers la Macedoine, La Temps, Paris, 5. V. 1903, 2
  • Андоновски-Полјански Х. Г, Псевдонимите во македонското национално-револуционерно движење, Гласник I/2, 1957
  • Андоновски-Полјански Х. Прилог кон библиографијата на Гоце Делчев, Гласник, VII/1, 1963
  • Андоновски-Полјански Х. Гоце Делчев во спомените на современиците, Избор, редакција и коментари Христо Андонов-Полјански, Скопје, Култура, 1963
  • Андоновски-Полјански Х. Британска библиографија за Македонија, Скопје, 1966
  • Андоновски-Полјански Х. Втор прилог кон библиографијата на Гоце Делчев, Историја I/1, 1965
  • Андоновски-Полјански Х. Трет прилог кон библиографијата на Гоце Делчев, Историја 1, 1968
  • Андоновски-Полјански Х. Четврт прилог кон библиографијата на Гоце Делчев, Историја V/2, 1969
  • Андоновски-Полјански Х. Петти прилог кон библиографијата на Гоце Делчев, Историја XV/1, 1971
  • Андоновски Г. Х. Ковач Б., Мокров Б. и др. Странскиот печат за Илинденското востание, Скопје, 1953
  • Антов П. Христов, Гоце Делчев в Тиквешко, 50-години от Илинденското въстание, София, 1953
  • Арсов Славейко, Въстаническото движение въ югозападна Македония (до 1904), София, 1925
Б
  • Баждаров. Г., Из бележника на еден четник, Ил. Илинден 1903-1926, 1926, - Гоце Делчев, 29-32
  • Баждаров. Г., При Гоце (Спомени), Македонија II, 1928, 470
  • Balkan-Slovenec 14. V. 1903, 3
  • Balkan Crisis Further conflicts. Salonica 6 маy, The Daily News, 7 маy, 1903, 7 - За убиството на Гоце Делчев според Ројтер
  • Balkan Crisis, Constantinopols May 6, The Daily Hes, 8 May, 1903, 7 - За Гоце Делчев според Ројтер
  • Balkan Disorders - The Daily News 9 May 1903, 7 - За убиството на Гоце Делчев
  • Balkan Disorders. Salonica May 9 - The Daily News 13 May, 1903, 4 - За убиството на Гоце Дечев
  • Бансаклия, Гоце Делчев - очите на детето и юноша (лични спомени), Македонско дело 3, 1928
  • Безсрамни лъжци, Право 26, 15. VIII. 1902, 3 - Гоце Делчев
  • Бој у селу Бањици, Београдске новине, 25. IV. 1903, 1 - Гоце Делчев
  • Боя на Делчевата чета, Реформи, 10. V. 1903, 3
  • Бръзицов Христо, Бащин край, Варна, 1968
  • Бој у селу Лањици, Београдске новине, 25. VI. 1903, 1 - Гоце Делчев
В
  • Влахов Димитар, Мемоари, Скопје, 1970
  • Възстанието в Македония. Унищожението на с. Баница. (Сведение на еден очевидец), Вечерна поща, 14 V. 1903, 3
Г
  • Георги Делчев, Македоно-Одрински куриер, 22. IV. 193, 3 - Гоце Делчев - фотографија
  • Георги Делчев, Изгрев, Кюстендил, 1903 - Гоце Делчев - некролог
  • Георги Делчев, Свято дело, Кюстндил, VIII. IX. 1903 - Гоце Делчев - некролог
  • Героги Делчев, Бунтовник, София, III, 1903
  • Гоце во Кавадарци, Нова Македонија, 31. VII. 1951, 2
  • Гоце Делчев, Революционен лист, Вътрешната македоно-одринска революционна организация, София No 1, 12 авг. 1904, 3-4
  • Гоце Делчев, Македонски преглед, София, I/1, 25. V. 1905, 4, Литературно илустрована прибавка
  • Goce Delčev poginuo, Narodni list, Zagreb, 158, 1903 (Пренесено од Реформи 3. V. 1903
  • Григоров Д. Инетрвю с трима Гоцеви другари: Туше Делииванов, Мих. Герджиков и Мих. Чаков, Работническа борба 3/6, 1905
  • Гйорче Петров за македонското движение, Македонско дело, 1929
Д
  • Д. М., Раскажуваат обичните луѓе за Гоце, МАкедонија, мај-јуни 1971
  • Дамянов А., Гоце Делчев в Костурско, Ил. Илинден, 3/2 (22), 1930
  • Движението отсам Вардара и борбата с върховистите, По спомените на Яне Сандански, Черньо Пеев, Сава Михаилов, Христо Куслев, ИВан Атанасов-Гърчето, Петар Юруков и др. София, 1927
  • Делииванов Туше, Гоце Делчев - повърхности спомени, Гоцев лист I/1, 1933, 3-5
  • Делииванов Туше, Спомени за Гоце Делчев — учителствуване в Щип, Македонска мисъл кн. 9-10, год. 1, 1946
  • Димески Димитар, Прилог кон библиографијата за Македонското националноослободително движење, 1893 - 1903, Историја 1, 1969
  • Димевски Славко, Поп Алексо Шлеговски за македонската национална историја, Разгледи XI/5, 1969, 526-532
  • Димитров Лазар, Моето участие в ревою. движение в Македония, Ил. Илинден XIV/9, 139, 1942, 2-6
  • Димитров Лазар, С поръчението в Солун и Битола, Ил. Илинден, 10/140, 1943
  • Димитров Вл., Гоце Делчев - Биографија, Скопје, 1964
  • Dogadaji na Balkanu, Voda pokreta, Hrvatsko pravo, Zagreb, 8. V. 1903, 1-2
  • Dogadaji na Balkanu, Edinost, Trst, 11. V. 1903, 2
  • Dogadaji na Balkanu, Slovenski narod, Ljubjana, 5. V. 1903
  • Другарите за Гоце Делчев, Вечер, 30. IV. 1-2 V 1968, 9
  • Думбалков Михаил, През пламъците на живота и революцията, София, 1933
  • Думев В., Към съобщеннието Из протокола на извънредния таен революционен конгрес на 4 януарий 1903, Сб. Илинден (1903-1926), София, 1926
Ѓ
  • Ѓорѓиев Т., По трагите на минатото, Скопје, 1967
Е
  • Един спомен за Гоце Делчев, Македонски вести II/57, 1936
  • Едно писмо за Гоце Делчев, Сб. Илинден 1903-1926, 1926
  • Едно писмо за Гоце Делчев, Нова Македонија 486, 1946
З
  • Завоев Петър, Първият бунт, Сб. Илинден. 1903-1929, София, 1929
  • Загоричанин Спиро, Костурско в македонското освободително движение до 1903 година. - 50 години от Илинденското въстанието, София, 1953
  • Зарков Ѓ., На рамо го носев Гоцета Делчева преку Вардар, Нова Македонија, 31. VIII. 1969
  • Заров Д., Един час при жената, която 40 години непрекъснато носи траур. Гоце. Възспоминателен лист, 1938
  • Зборник АСНОМ 1944-1964, Скопје, 1964
  • Знаеш ли ти, несреќна Македонија, кого го изгуби, Нова Македонија 5. V. 1968, 8
  • Зографов Н., Неколку думи за борбите в М. - Одринската организация, Кюстендил, 1901
  • Зографов Н., Строеже на живота, София, 1927
И
  • Ив. Ил., Македонска хронология, Сб. Илинден 1903-1925, София,, 1925
  • Иванов Илия, Моменти из живота на Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933
  • Иванов Д., Спомен, Сб. Илинден 1903-1926, 1926
  • Извори за ослободителната војна и револуцијата во Македонија 1941-1945, I, Скопје, 1968
  • Имов Г., Един спомен за Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933
К
  • Казанџиев Никола, Спомени (Архив на Македонија - Скопје: Зборник биографии, афтобиографии и мемоари - К 1/11)
  • Кепов П. Иванов, Обиск в жилището на Гоце Делчев, Ил. Илинден 4/9 39, 1931
  • Кляшев Пандо, Освободителната борба в Костурско (до 1904), София, 1925
  • Константинов Хр. Д., Неколку сеќавања за Даме Груев, Развиток, Битола, III/1, 1966
  • Къосев Дино, Гоце Делчев, Писма и други материали. Издирил и подготвил за печат Дино Къосев, София, 1967
  • Къосето Андон, Гоце Делчев с дружината с задига струмишкото бегче, Гоцев лист I/1, 1933
  • Към борбите в югозападна Македония (Кичевско, Битолско, Леринско, Преспанско, Дебърско). По спомени на Георги Поп Христов, София, 1926
Л
  • Лапе Љ., Неколку писма на Гоце Делчев, Нов ден, IV/5, 1948
  • Лапе Љубен, Писмата на Гоце Делчев, Скопје, 1951
  • Лапе Љубен, Неколку нови документи за 1903 година, Годишен зборник 7, 6, 1953
  • Лапе Љубен, Српскиот конзул во Македонија за Гоце Делчев, Нова Македонија, 2631, 1953
  • Лапе Љубен, Најран некролог за Гоце Делчев, Нова Македонија, 9. V. 1971
  • Лапе Љубен, Непознати писма на Ѓорче Петров, Нова Македонија, јуни 1971
  • Лозанчев А., Спомени, Култура, Скопје, 2003
М
  • Македония и Одринско (1893-1903), Мемоар за Вътрешната Организация, София, 1904
  • Манджуков П. Г., Отворено писмо до Г-на Иван Цончев, Пловдив, 1901
  • Манолев Никола, Гоце напушта гимназията и заминава за Българија, Спомен, Македонски вести, I/53, 1935
  • Марков Б., Гоце в Гевгелиско, Спомени, Нова Македонија, забавен прилог, 8. I. 1956
  • Мартулков Алексо, Моето учество во револуционерните борби на Македонија, Скопје, 1954
  • Матов Христо, Възстанишки действия, София, 1925
Н
  • Настев Хр., Виница като първи покрайграничен пункт и канал на В. М. О. Р. Организация, Ил. Илинден, XI/5, 105, 1939, 5-7
  • Настев Хр., Въо Виница. (Винишкиот шпионин). Ил. Илинден XII/6/616, 7/717, 1940
  • Николов Х. Ив., Спомен за Гоце, Гоцев лист 1/1, 1933, 8
О
  • Од илегалната коресподенција на Гоце Делчев, Нова Македонија, 1. V. 1948, 5
П
  • Пандевски Манол, Две нови писма на Гоце Делчев, Нова Македонија, 4. V. 1961, 4 (Пиринско дело, 28. I. 1959)
  • Петров Ѓорче, Спомени, Скопје, 1950
  • Петров Ѓорче, Македонското ослободително дело, (редакција: Гане Тодоровски), Скопје, 1971
  • Преображенското въстание, София, 1955
Р
  • Р. Р., Мъката на Гоце, Македонско дело 2/41, 1927, 6-7
  • Радев Сименон, Ранни спомени, София, 1967
  • Раздолов А., (Генерал) Цончев или (Поручник) Сарафов ? Кюстендил, 1903
  • Радев Душко, Гоце Делчев каков го паметиме, Културен живот 3, 1961, 26-28
  • Русински Петров Никола, Нашата първа среща и запознанството с Гоце Делчев през първите дни на месец май 1896 г. (ракопис - Институт за национална историја Скопје Сл. IV. 1930)
С
  • Сами ние Македонците да се бориме за нашата Македонија, (необјавено писмо на Никола Карев до Гоце Делчев), Нова Македонија, 5. V. 1968
  • Силянов Х., Писма и изповеди на един четник (1902), София, 1927
  • Симеонов Ан., Гоце во Костурско и Леринско, Гоцев лист, 1936, 3
  • Спомени на Дамян Груев, Борис Сарафов и Иван Гарванов, София, 1927
Т
  • Татарчев Хр., Спомени от миналото, Сб. Илинден 1903-1922, София, 1922
  • Тодоровски Гане, Формирањето на ВМРО според ракописните мемоари на Иван Хаџи Николов, Разгледи XI/10, 1969
  • Томовски Томо, Документи од Виенската архива за Македонија од 1879-1903, Скопје, 1955
  • Три необјавени писма на Гоце Делчев, Нова Македонија 4. V. 1953, 2
  • Трифонов Т., Две непубликувани писма на Гоце Делчев, Исторически преглед, София, XVII/4, 1961, 108-109
Х
  • Христов П. Георги, Революционната борба в Битолския окръг. Спомени. София 1953
  • Хърлев Андрей, Кой предаде Гоце Делчев (Спомен). Македонски вести I/22, 23 (1935), 5-6, 8-9
Ч
  • Чаков М., Последните часове на Гоце Делчев, Ил. Илинден V/5 (45) (1933), 2-3
  • Чаков М., Прибирането костите на великия революционер-апостол Гоце Делчев, Ил. Илинден V/6 (46) (1933), 6-7
  • Чернопеев П., Последните дни на Гоце, Македонско дело 3 (1928), Гоцев број, 12
  • Четата на Делчев, Реформи (София) 2. V. 1903, 3
Ш
  • Ш. К., Гоце Делчев и бежанци, Нез. Македония, 17. VII. 1925, I
  • Шапкаров К., Редко е испитва подобно щастие. (Спомен). Ил. Илинден 1/9 (1928), 5-6
  • Шатев П., Солунскиот атентат и заточениците во Фезан, Култура, Скопје, 1994
  • Шатев П., В Македония под робство, София, 1934
  • Шкендер Бей, Еднин гръцки рапорт за Гоце Делчев, Илинден III/18 (6. V. 1923), 2-3

Литература

А
  • А. Хр., Тука во слободниот дел на Македонија се реализирани идеалите на Гоце Делчев, Нова Македонија, 15. VI. 1969
  • Абаџиев Ѓорѓи, Гоце Делчев, организатор на македонската револуционерна борба, Нова Македонија, 1. V. 1948
  • Аврамов Ст., Апостолът, Гоцев лист, 7. V. 1945
  • Андонов-Полјански Х., Гоце Делчев. Идеолог и организатор на македонското-национално движење, Нова Македонија, 8-16, V. 1968
  • Андонов-Полјански Х., Идеолошките погледи на Гоце Делчев, Нова Македонија, 23-28. I. 1971
  • Андонов-Полјански Х., Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978
  • Апостол Миладин, Яне Сандански, София, 1967
Б
  • Бадев Йордан, Даме Груев, София s.a
  • Баждаров Г., Гоце Делчев, Независима Македония, I/5 (1923), 2-3
  • Бащата на Гоце, Македонски вести I/15, 1935
В
  • Ванчо Ѓорѓиев, Петар Поп Арсов - прилог кон проучувањето на македонското национално ослободително движење, Скопје, 1997
  • Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  • Веселнинов Коста, Борци за национална свобода, София, 1940
  • Видов Б., Един разговор, Македоно-одрински преглед I/15-16, 1906
  • Влахов Димитар, Македонија. Моменти од историјата на македонскиот народ. Скопје, 1950
  • Влахов Туше, Родният град на Смирененски, Кратък исторически очерк за град Кукуш през XIX и началото на XX век, София
  • Влахов Туше, Кукуш и неговото историческо минало, София, 1963
  • Върховизма како идея, Македонско дело 2/41, 1927
Г
  • Георгиев Г., Шопов Й., Илинденското въстание, София, 1969
  • Герджиков И. Мих., Гоце Делчев, Революционен профил, Гоцев лист, 7. V. 1945
  • Глигоров Филип, В Македония с Гоце Делчев, Ил. Илинден, V, 1933
  • Гоце Делчев во Кавадарци, Нова Македонија 31. VII. 1951
Д
  • Димитар Димески, Гоце Делчев, Мисирков, 1988
  • Димитар Димески, Гоце Делчев, Скопје, 1994
  • Dimitar Dimeski, Goce Delčev, Macedonian Review, 1997
  • Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смртта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003
  • Димитар Димески, Македонското национално-ослободително движење во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1981
  • Димитар Димески, Аферите во Битолскиот вилает (1893–1903), Скопје, 1993
  • Динев Ангел, Гоце Делчев и македонската книжевност, Гоцев лист, 1936
  • Динев Ангел, Човеът и революционер Гоце Делчев, Ил. Илинден, 1938
  • Динев Ангел, Илинденска епопеја I Архивирано на 5 март 2016 г., София, 1946

Наводи

  1. Павел Делирадев, Яне Сандански, Софија, 1946
  2. 2,00 2,01 2,02 2,03 2,04 2,05 2,06 2,07 2,08 2,09 2,10 Христо Андонов - Полјански, Гоце Делчев и неговото време, Култура, Скопје, 1978
  3. Димо Хаџи Димов, Македонско дело, 25. XI. 1930, 3
  4. Х. А. Полјански, Псевдонимите во македонското национално-револуционерно движење, Гласник, I/2, 1957
  5. Евтим Спространов. Дневник, Т.I (1901-1907), Предговор Александър Гребенаров, Съставители: Гребенаров, Ал., Милкана Бошнакова, Георги Царев. С. 1994
  6. 6,0 6,1 Димитар Димески, Македонското национално движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  7. 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 7,5 7,6 7,7 7,8 Крум Христов, Гоце Делчев, София, 1955
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 8,4 8,5 8,6 Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското националноослободително движење во Солунскиот вилает 1893 - 1903 година, Табернакул, Институт за историја - Филозофски факултет, Скопје, 2003
  9. Димитар Димески, Гоце Делчев, Битола, 1990
  10. Гоце Имов, Един спомен за Гоце Делчев, Гоцев лист I/1, 1933
  11. Юрукова Лика Чопова, Спомени за семейството на Гоце Делчев, Септември VI (1953)
  12. 12,00 12,01 12,02 12,03 12,04 12,05 12,06 12,07 12,08 12,09 12,10 12,11 12,12 12,13 12,14 12,15 12,16 12,17 Димитар Димески, Гоце Делчев, Јубилејно издание 100 години од смртта на Гоце Делчев (1903-2003), Матица македонска, Институт за историја - Филозофски факултет Скопје, 2003
  13. Bulgaria, Oxford history of modern Europe, R. J. Crampton, Oxford University Press, 2007, ISBN 0198205147, p. 74-77.
  14. Туше Влахов, Възраждането в г. Кукуш, Исторически преглед XVI/6, 1960
  15. R. Mach, The Bulgarian Exarchate, Its History and Extent of its Autority in Turky, London, 1907
  16. , Еднин час при жената, която 40 години непрекъснато носи траур. - Гоце. Възспомнителен лист 1938 (Во листови - НУБ, Скопје)
  17. 17,0 17,1 17,2 17,3 Ст. Стаматов, Спомени за Гоце Делчев, София, 1935
  18. П. К. Яворов, Съчинения в три тома, т. 3 проза /ГОце Делчев/, София, 1971 г.
  19. 19,00 19,01 19,02 19,03 19,04 19,05 19,06 19,07 19,08 19,09 19,10 П. К. Яворов, Гоце Делчев. Издание на Олчевата книжарница, 1904
  20. 20,0 20,1 20,2 Димитар Димески, Македонското националноослободително движење во Битолскиот вилает (1893-1903), II издание, Скопје, 1982
  21. Христо Андонов Плијански, Гоце Делчев, Истарска наклада, Пула, 1985
  22. К. Кондовъ, Гоце Делчев и другаритеж му, Сборник Илинден, София, 1926, 139-140
  23. Н. Манолев, , Македонски вести 153 (1936)
  24. Б. Мокрев, Развој на македонскиот печат и новинарство, Скопје, 1980
  25. 25,0 25,1 Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Универзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско - историски науки, Скопје, 1981
  26. 26,0 26,1 26,2 Туше Делииванов, Спомени за Гоце - учителствувањето во Штип, Гоце Делчев во спомените на современиците, избор, редакција и коментар: Христо Андонов Полјански, Скопје, 1963
  27. 27,0 27,1 Хр. Андонов Полјански, Гоце Делчев, Скопје, 1971 г., т. 1
  28. Хр. Андонов Полјански, Гоце Делчев, Документација, Скопје, 1972, т. 4
  29. 29,0 29,1 29,2 Спомени на Дамянъ Груевъ, Борисъ Сарафовъ и Иванъ Гарвановъ, сообщава: Љ. Милетичъ, София, 1927
  30. К. Пандев, Националноослободително движење во Македонија и Тракија од 1879-1903, Софија, 1979
  31. Историја на бугарската дипломатија..., 208.
  32. Спомени на Иван Хаџи Николов....,59.
  33. Гоце Делчев. Писма и други материјали
  34. Документи и материјали за историјата на бугарскиот народ, Софија 1969, 268
  35. s:Устав на ТМОРО
  36. Даме Груев - Спомени. Коресподенција, Предговор, съставителство и бележки: Цочо Билярски, София, 1999
  37. 37,0 37,1 Димитар Димески, Аферите во Битолскиот вилает 1895-1903, Скопје, 1993
  38. 38,0 38,1 Ѓорче Петров, Македонското ослободително дело, Скопје, 1971
  39. Константин Пандев , Национлнотоослободително движение в Македония и Тракия 1893-1903, София, 1979
  40. Cf. Турска паника, Право, II/7, София, 10 май 1896 г., 2
  41. Икономъ Тома Николовъ, Какъ се дойде до Илинденското възстание, Илюстрация Илинденъ, VIII/9 (79), София, 1936 г., 5
  42. Лазар Томов, Гоце Делчев сред Разлошката котлина, Хрр. Андонов Полјански, op. cit., III, 82.
  43. Басканлија, Гоце Делчев во очите на едно дете и момче, Хр. Андонов Полјански, op. cit., III., 79-80
  44. Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев (I-VI, Култура, Скопје, 1972)
  45. Ѓ. Петров, Спомени - коресподенција..., 88.
  46. Освободителните борби на Македония, том I
  47. Ѓорче Петров, Спомени - коресподенција..., 88
  48. Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција. . . , 84
  49. Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција. . . , 92
  50. Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција. . . , 94
  51. Ѓ. Петров, Спомени-коресподенција. . . , 109
  52. Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев, II, Култура, Скопје, 1972
  53. 53,0 53,1 53,2 53,3 Борис Сарафов, Спомени
  54. Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев, III, Култура, Скопје, 1972
  55. Спомени на Константин Кондов
  56. Спомени на Јане Сандански
  57. Спомени - Ѓорче Петров
  58. 58,0 58,1 Христо Андонов-Полјански, Гоце Делчев, I, Култура, Скопје, 1972, 178
  59. Писмо на Никола Малешевски од Ахил. Софија, 18 декември 1897 година
  60. Писмо до Георги Поп Цветков и Никола Зографов (1898 г.)
  61. Константин Пандев , Национлнотоослободително движение..., 162
  62. Шифрирано писмо до Никола Зографов од 21 јули 1989 г.
  63. Писмо до Никола Малешевски, Ќустендил, 4 март 1898 година.
  64. Писмо до Никола Малешевски, Софија, 22 април 1897 година
  65. Документи за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том еден, Универзитет Кирил и Методиј - Факултет за филозофско-историски науки, Скопје, 1981
  66. Г. Ив. Бѣлевъ, Въстанието въ Североизточна Македония презъ 1895, Ил. Илинденъ, г. VIII/ 2-3 (62-63), София, 1935
  67. Петров Ѓорче, Спомени, Коресподенција, (вовед, коментар и редакција Љубен Лапе), Скопје, 1984
  68. Ѓорче Петров, Спомени - коресподенција..., 100
  69. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,118.
  70. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,120.
  71. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција...,117
  72. Пандев К., Националноослободително движење..., 229
  73. Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција...,123
  74. Ѓ. Петров, Спомени, Коресподенција...,124
  75. К. Пандев, Националноослободително движење..., 135.
  76. Д. Димески, Гоце Делчев..., 106-107
  77. Ѓорче Петров, Спомени - коресподенција..., 121
  78. Д. Димески, Гоце Делчев...,111 - 112
  79. Спомени на Иван Гарванов
  80. Гоце Делчев, Писма и други материјали, 215 и 248
  81. Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција..., 135
  82. Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција..., 158-159
  83. Д. Димески, Гоце Делчев, Битола, 1990, 109.
  84. 84,0 84,1 Д-р, Христо Татарчев, Вътрешна македонско-одринска революционна организация като мит или реалност, Цочо Биљарски и Валентин Китанов, София, 1995
  85. К. Пандев, Националноослободително движење..., 261
  86. Гоце Делчев, Писма и други материјали...
  87. К. Пандев, Националноослободителното движење..., 272
  88. Ѓорче Петров, Спомени, Коресподенција..., 272
  89. K. Пандев, Националноослободителното движење..., 277
  90. Ѓорче Петров, Спомени. Коресподенција..., 147.
  91. К. Пандев, Националноослободителното движење..., 281
  92. Христо Силјанов, Ослободителните борби на Македонија..., 169
  93. Г. П. Христов, Революционната борба в Битолския окърг..., 38
  94. (Како во оргиналот б.н) Тоа беше во текот на летото 1902 година.
  95. Въ станичкото движение в югозападна Македония, по спомени на Славейко Арсов, София, 1925
  96. Спомени - Михаил Герџиков
  97. Д. Димески, „Солунски јануарски конгрес на македонската револуционерна организација 1903 година“, ГИНИ, бр. 2, Скопје 2001
  98. Станува збор за шифрирано писмо под бр. 22 од 29.11.1902
  99. Биографски податоци. Конгресот во Солун на 1.1.1903
  100. 100,0 100,1 Спомени - Ѓорче Петров
  101. Г. П. Христов, Революционната борба в Битолския окърг..., 45
  102. Даме Груев - Живот и дело, I част..., 228-229
  103. Жив е тој, жив е
  104. Последнитъ часове на Гоце Дълчевъ, Ил. Илинденъ, V/5(45), София, 1933
  105. Христо Андонов Полјански, Гоце Делчев, I, Култура, Скопје, 1972, 250
  106. Спомени - Пандо Кљашев
  107. „Црква Свети Спас и музеј на Гоце Делчев, Скопје“. Архивирано од изворникот на 2011-09-18. Посетено на 2013-11-04.
  108. Поле широко (Пирин планино)
  109. Дино Кьосев, „История на македонското национално революционно движение“ (1954)
  110. Loring M. Danforth (1997). The Macedonian conflict: ethnic nationalism in a transnational world. Princeton University Press. стр. 68. ISBN 0691043566. Посетено на November 20, 2011.
  111. сп. Македонска мисъл, кн. 1-2, год. 2, 1946, Тодор Павлов, Гоце Делчев.
  112. Документи за борбата на македонскиот народ за независност и национална држава - страна 705 ЦИП - НУБ „Климент Охридски“, Скопје 949.717.02/.07(093.2) Том 2: Од крајот на Првата светска војна до создавање на национална држава Уредник: Христо Андонов - Полјански, Скопје 1985 Култура, Македонска Книга
  113. P. H. Liotta (2001). Dismembering the state: the death of Yugoslavia and why it matters. Lexington Books. стр. 292. ISBN 0739102125. Посетено на November 20, 2011.
  114. Поставена плоча на гробното место на Гоце Делчев во Баница
  115. Бугарите поставија спомен-плоча на Гоце Делчев во Баница
  116. Плоча в памет на Гоце Делчев - с.Баница, Егейска Македония on www. youtube.
  117. На Гоце Делчев
  118. М. Антонов и Ив. П. Кепов, Български дейци, София, 1919
  119. Г. Баждаров, Духът на Македония, Софија, 1923
  120. Ст. Аврамов, Героични времена, София, 1939
  121. Стефан Каракостов, Революционери и Просветители, Софија, 1940 (Гоце Делчев, 53-56)
  122. L. Lj. Delcev Goce, Enciklopedija Jugoslavije 2 (1956)
  123. Delcev Goce, Enciklopedija Leksikografskog Zavoda 2 (1956)
  124. Делчев Гоце, Мала Енциклопедија Просвета, Београд, 1959
  125. I. Kv. Del;ev Goce, Vojna Enciklopedija 2 (1959)
  126. O. Salazer, H. Matkovic, Povijest, Zagreb, 1963
  127. Delcev Goce, Prirucnik Leksikon, Zagreb, 1967
  128. Delcev Goce, Enciklopedijski leksikon Mozaik znanja - istorija, Beograd, 1970
  129. „Македонска Енциклопедија“. Архивирано од изворникот на 2021-04-20. Посетено на 2011-07-30.
  130. Анте Поповски, Дрво што крвави. Скопје: Детска радост, Наша книга, Македонска книга, Култура, Мисла, 1991, стр. 162-169.
  131. Ванчо Николески, Гоце Делчев. Скопје: Македонска книга, Детска радост, Култура, Мисла, Наша книга, 1993.
  132. Ѓорѓи Доневски, Сокол ми лета високо. Скопје: Културно-уметничкото друштво „Гоце Делчев“, 1978, стр. 13.
  133. Антологија на македонската чалгија / Antology of Macedonian Chalgia, Македон мјузик, МАКМ 00106, 2006.
  134. 134,0 134,1 ТЕА Модерна колеција, „Кон традицијата“.
  135. Глигор Поповски, Маслинови гранчиња. Просветно дело, Редакција „Детска радост“, Скопје, 2004, стр. 72-74.

Ванчо Ѓорѓиев, Слобода или смрт, Македонското револуционерно националноослободително движење во солунскиот вилает 1893-1903 година, Скопје, 2003.

Надворешни врски

  Статијата „Гоце Делчев“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии).