Аеродром Сараево
Аеродромот во Сараево (IATA: SJJ, ICAO: LQSA), исто така познат и како аеродромот Бутмир, е најголем аеродром на територијата на Босна и Херцеговина, лодиран неколку килоемтри југозападно од главниот град Сараево. После Дејтонскиот договор во 1996 година, аеродромот беше повторно отворен, и меѓу првите авиокомпании кои почнаа да сообраќаат беа B&H Airlines, Austrian Airlines, Луфтханза, Turkish Airlines и Croatia Airlines. Во 2006 година, 466.186 патници беа превезени преку аеродромот, во споредба со само 25.000 во 1996 година. Во 2005 година, Меѓународниот совет за аеродроми ја додели наградата Најдобар аеродром во категоријата до 1 милион патници на годишно ниво.
Аеродром Сараево Međunarodni Aerodrom Sarajevo Sarajevo International Airport | |||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
![]()
| |||||||||
Писти | |||||||||
Правец | Должина | Површина | |||||||
ft | m | ||||||||
12/30 | 8,666 | 2,641 | Асфалт |
Историја уреди
Потребата за аеродром во Сараево беше нагласена во 60-тите години од минатиот век. Аеродромот Сараево - Илиџа беше отворен на 2 јуни 1969 година. Во 1970 година, Франкфурт беше првото одредиште кое беше воспоставено од аеродромот. Исто така, аеродромот служеше како помошен на аеродромите во Загреб и Белград. Првото проширување на аеродромот беше направено пред почетокот на Зимските олимписки игри во Сараево, 1984 година. Во првите недели на војната во БиХ, аеродромот беше преземен од страна на српските сили кои му нанесоа сериозни штети на аеродромот. Од јуни 1992 година до крајот на војната, аеродромот беше под контрола на Обединетите нации, кои го користеа за транспорт на хуманитарна помош. Аеродромот беше отворен за цивилна авијација повторно на 16 август 1996 година, и од тогаш постепено е реновиран.
Авиокомпании и одредишта уреди
- Adria Airways (Љубљана)
- Austrian Airlines (Виена)
- B&H Airlines (Бања Луја, Келн/Бон, Франкфурт, Истанбул Ататурк, Мостар, Скопје, Штутгарт, Цирих)
- Croatia Airlines (Загреб)
- Germanwings (Келн/Бон, Штутгарт)
- Jat Airways (Белград)
- Луфтханза
- оперирано од Lufthansa CityLine (Минхен)
- Малев (Будимпешта)
- Norwegian Air Shuttle (Осло, Стокхолм) [завршуваат 25 октомври]
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк)
Чартер
- Air Cairo (Хургада)
- Atlasjet (Анталија)
- B&H Airlines (Анталија, Бодрум, Истанбул Ататурк, Ларнака)
- Ghadames Air Transport (Триполи)
- Jordan Aviation (Акаба)
- Onur Air (Истанбул Ататурк)
- Sky Airlines (Анталија)
- Spanair (Палма де Мајорка)
- Tunisair (Монастир)
- Turkish Airlines (Истанбул Ататурк, Газиантеп)
Карго