Рикардо Монтоливо

италијански фудбалер

Рикардо Монтоливо (роден на 18 јануари 1985 во Керала Индија, Италија) — италијански професионален фудбалер кој моментот е слободен играч, а за последно настапвал за ФК Милан, како и за Репрезентацијата на Италија.

Рикардо Монтоливо
Монтоливо играјќи за Италија на Еуро 2012 година
Лични податоци
Полно име Рикардо Монтоливо[1]
Роден на 18 јануари 1985(1985-01-18)(39 г.)[2]
Роден во Милано, Италија
Висина &100000000000001820000001,82 м[3]
Позиција среден ред
Младинска кариера
1992–2003 Аталанта Аталанта
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
2003–2005 Аталанта Аталанта 73 (7)
2005–2012 Фјорентина Фјорентина 219 (17)
2012–2019 Милан Милан 129 (8)
Репрезентација
2004–2006 Италија U21 19 (3)
2008 Италија 4 (1)
2007– Италија 64 (2)
* Ажурирано на: 13 мај 2018
** Ажурирано на: 5 септември 2017

Животопис

уреди

Монтоливо ја започнал својата кариера во Аталанта во 2003 година, пред да биде префрлен во Фиорентина во 2005 година каде што забележал повеќе од 250 настапи за клубот во последните седум години. Во 2012 година, тој потпишал за Милан како слободен играч, а подоцна му била дадена капитенската лента на клубот, по заминувањето на Масимо Амброзини.

Монтоливо дебитирал за италијанскиот сениорскиот тим во 2007 година против Јужна Африка и оттогаш ја претставувл земјата на две Конфедерациски првенства (2009 и 2013 година, со освојување на бронзениот медал во второто издание на турнирот), како и во ФИФА 2010 Светското првенство и УЕФА Евро 2012 година, каде што тој настапувал како стартер во финалето. Тој, исто така учествувал на Летните олимписки игри во 2008 година.

Клупска кариера

уреди

Аталанта

уреди

Монтоливо дипломирал во младинската академија на Аталанта. Своето деби за клубот го имал во еден натпревар во Серија Б против ФК Пјаченца со влегување на теренот на 81-минута, како замена за Мишел Марколиниего. Неговиот прв почетен натпревар бил во победата од 2-1 против ФК Верона. Од тој натпревар па натаму, тој станал редовен член на почетната постава и го постигнал својот прв гол против ФК Бари во победата од 2-0.

Монтоливо ги пропуштил првите натпревари во својата дебитантска сезона во Серија А, поради повреда, но своето деби во Серија А го имал во ремито 2-2 против Лече. Тој ги постигна првите голови во последователни натпревари против Каљари и Парма.

Фјорентина

уреди
 
Монтоливо како капитен на Фјорентина.

Во текот на летото на 2005 година, Фјорентина потпишала договор со Монтоливо во ко-сопственост за 3,5 милиони €. Тој потпишал пет-годишен договор. На Рикардо Монтоливо му бил даден дресот со број 18. Во текот на сезоната 2005-06, во првиот тим, шансите за напредок на Монтоливо биле ограничени, делумно тоа се должело на фактот дека тој сè уште бил неискусен играч, а делумно поради менаџерот Чезаре Прандели, кој имал релативно стабилен и сигурен тим на играчи на располагање. Тој го направил своето деби во дресот на Фјорентина во поразот од 2-1 против Интер.

Во почетокот на сезоната, 2011-12, Монтоливо најавил дека ќе ја напушти Фјорентина, откако неговиот договор истекол, со намера да игра во екипа со повисок ранг. Како резултат на тоа, тој бил лишен од неговата капитенска лента, а истата му била доделена на Алесандо Гамберини и со Стеван Јоветиќ, како заменик-капитен. Тој го забележил својот 200-ти настап за клубот во поразот од 2-0 против Палермо на 27 ноември 2011 година.

Милан

уреди
 
Монтоливо со Кевин-Принц Боатенг во 2012 година.

Во мај 2012 година, тренерот на Милан Масимилијано Алегри најавил дека Монтоливо ќе се приклучи на клубот како слободен фудбалер. Тој потпишал четиригодишен договор со клубот од Сан Сиро. Тој одбрал да го носи дресот број 18 кој го носел пред тоа во Фјорентина и кој последен во Милан го носел Алберто Аквилани.

Во дербито за Милан иако добил многу пофалби за неговиот настап, судијата го поништил неговиот прекрасен гол од шеснаесетникот поради недозволената игра од страна на Урби Емануелсон. На 30 октомври, Монтоливо го постигнал својот прв гол за Милан, во 69-та минута на натпреварот со Палермо каде што Милан ремизирал со 2-2.

На 25 ноември, на натпреварот против Јувентус, каде што победил со 1-0, Рикардо Монтоливо го одиграл својот прв натпревар како капитен на Милан бидејќи Даниеле Бонера и Масимо Амброзини биле суспендирани, додека Кристијан Абиати бил повреден. На 11 јуни 2013 година, потпретседателот на Милан Адријано Галијани изјавил дека Монтоливо ќе биде следниот капитен на Милан, откако претходно најавил дека сегашниот капитен на клубот Масимо Амброзини нема да го продолжи неговиот договор со Милан.

По добивање на капитенската трака, тој го отвори профилот постигнувајќи погодок против Катанија, а потоа постигнал гол и во поразот од Сасуоло од 4-3. По кршење на ногата на пријателскиот натпревар против Република Ирска на 31 мај, Монтоливо бил надвор од терените шест месеци, каде што го пропуштил Светското првенство во Бразил. Своето враќање го направил во победата од 2-0 над Удинезе на 30 ноември.

Пред сезоната 2018-1919, тренерот Џенаро Гатузо го исклучил Монтоливо од составот поради технички причини. По сериозна повреда на Лукас Биља, Монтоливо бил за првпат вклучен во составот на Милан на 3 ноември 2018 година. По крајот на сезоната на Монтоливо му завршил договорот со Милан.

Репрезентативна кариера

уреди

.

 
Монтоливо против Чави на Евро 2012.

За репрезентацијата на Италија има настапено 64 пати и постигнато 2 гола.

Приватен живот

уреди
 
Монтоливо на прес конференција

Моноливо е роден од мајка Германка и татко Италијанец. Неговиот брат, Лука, кој е четири години постар од него, е адвокат.

Во прилог на италијанскиот пасош, Монтоливо исто така, поседува и германски пасош. Неговата мајка е од Ашенберг, додека неговите баба и дедо се од Хеидкаде на брегот на Балтичкото Море, каде што ги поминал сите негови лета како млад. Во младоста тој гледал на Франческо Тоти, Зинедин Зидан и Френк Лампард, како негови идоли.

Монтоливо течно зборува германски јазик.

Статистика

уреди
Клуб Сезона Лига Куп Европа Вкупно
Дивизија Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови Натпревари Голови
ФК Аталанта 2003–04 Серија Б 41 4 1 0 0 0 42 4
2004–05 Серија A 32 3 6 0 0 0 38 3
2005–06 Серија Б 0 0 2 0 0 0 2 0
Вкупно 73 7 9 0 0 0 82 7
ФК Фјорентина 2005–06 Серија A 20 1 2 0 0 0 22 1
2006–07 Серија A 36 2 0 0 0 0 36 2
2007–08 Серија A 34 2 2 0 11[lower-alpha 1] 1 47 3
2008–09 Серија A 34 4 0 0 8[lower-alpha 2] 0 42 4
2009–10 Серија A 36 2 4 0 10[lower-alpha 3] 1 50 3
2010–11 Серија A 29 2 0 0 0 0 29 2
2011–12 Серија A 30 4 3 0 0 0 33 4
Вкупно 219 17 11 0 29 2 259 19
ФК Милан 2012–13 Серија A 32 4 1 0 6[lower-alpha 3] 0 39 4
2013–14 Серија A 29 3 1 0 7[lower-alpha 3] 0 37 3
2014–15 Серија A 10 0 2 0 - - 12 0
2015–16 Серија A 31 0 4 0 - - 35 0
2016–17 Серија A 7 0 0 0 - - 7 0
Вкупно 109 7 7 0 13 0 130 7
Вкупно 401 31 27 0 42 2 472 33
  1. Appearances in the UEFA Europa League
  2. 6 appearances in the UEFA Champions League, 2 in the UEFA Europa League
  3. 3,0 3,1 3,2 Appearances in the UEFA Champions League

Меѓународни натпревари

уреди
Обновено на match played on 6 October 2016.[4]
Италија
Година Натпревари Фолови
2007 1 0
2008 2 0
2009 8 0
2010 8 0
2011 12 1
2012 9 1
2013 16 0
2014 2 0
2015 3 0
2016 3 0
Вкупно 64 2

Наводи

уреди
  1. „FIFA World Cup South Africa 2010 – List of Players“ (PDF). Fédération Internationale de Football Association (FIFA). Архивирано од изворникот (PDF) на 2010-06-16. Посетено на 5 June 2013.
  2. „Riccardo Montolivo“ (италијански). A.C. Milan. Посетено на 3 March 2013.
  3. http://www.acmilan.com/it/teams/roster_player/2916
  4. „Riccardo Montolivo“. National Football Teams. Посетено на 10 August 2011.

Надворешни врски

уреди