Франко Пелицоти

италијански велосипедист

Франко Пелицоти (италијански: Franco Pellizotti; р. 15 јануари 1978) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2001-2018 година. Фелицоти сега е спортски директор на екипата Тим Бахреин Викториус.[1]

Франко Пелицоти
Пелицоти на Џиро д’Италија 2017
Лични податоци
Цело имеФранко Пелицоти
ПрекарПело; Ил Делфино (Il Delfino)
Роден15 јануари 1978(1978-01-15)(46 г.)
Латизана,  Италија
Висина1,75 м
Маса64 кг
Податоци за клубот
Мом. клубТим Бахреин Викториус
Дисциплинадрумски велосипедизам
Улога
  • Возач (повлечен)
  • Спортски директор
Вид на возачспецијалист за искачување
Професионални клубови
2001–2004
2005–2010
2012–2016

2017-2018
Алесио
Ликвигас-Бјанки
Андрони Џокатоли-Венецуела
Бахреин-Мерида
Менаџер на клубови
2019–Бахреин-Мерида (спортски директор)
Значајни победи
Големи трки
Џиро д’Италија
2 поединечни етапи (2006, 2008)

Етапни трки

Сетимана Копи е Бартали (2005)

Еднодневни трки и класици

Национален друмски првак (2012)

Кариера

уреди

Пелицоти е познат како специјалист за искачување и ги освоил етапите 10 на Џиро д’Италија 2006, 16 на Џиро д’Италија 2008 и 17 на Џиро д’Италија 2009. Откако завршил трет во генералниот пласман на Џиро 2009, го освоил и планинскиот пласман во Париз како најдобар искачувач на Тур де Франс 2009 и бил именуван за најборбен возачи на етапите 9 и 17. На почетокот на секоја трка, Пелицоти прави знак на крст и го бакнува распетието кое го носи на својот врат.

 
Пелицоти на Џиро д’Италија 2009

На 3 мај 2010, името на Пелицоти било објавено во весникот La Gazzetta dello Sport како еден од неколкумината возачи кои се под истрага од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) поради „неправилни вредности во крвта“. Пелицоти бил пријавен поради „сомнителни вредности“ на Тур де Франс 2009 и било побарано од UCI да спроведе истрага.[2] Подоцна ова било потврдено во извештајот за печатот од UCI.[3] Тој бил еден од предводниците на екипата Ликвигас-Доимо на Џиро д’Италија 2010, но веднаш бил повлечен од екипата и заменет со Винченцо Нибали. Неговата екипа изјавила дека имаат верба во објаснувањето на Пелицоти и бараат понатамошна истрага.[4] Кратко по крајот на сезоната, суспензијата му била укината поради недостиг на докази и Пелицоти објавил дека ќе бара финансиски надоместок од UCI.[5] Ликвигас-Доимо објавиле дека ќе потпишат со Пелицоти по сезоната 2010. Случајот на Пелицоти стигнал со Арбитражниот суд за спорт во март 2011. Откако судот донел брза пресуда, тој бил суспендиран на две години по прифаќањето на жалбата на UCI. Неговата забрана траела до мај 2012. Судот исто така ги поништил сите резултати од 17 мај 2009, што значело дека Пелицоти загубил етапна победа и третото место во генералниот пласман на Џиро д’Италија и етапна победа, освојување на планинскиот пласман и најборбен возач на Тур де Франс.[6]

По завршувањето на неговата забрана, Пелицоти потпишал со екипата Андрони Џокатоли-Венецуела.[7][8]

Во август 2013 година било објавено дека по две години со Андрони Џокатоли-Венецуела, Пелицоти ѝ се приклучил на Астана за сезоната 2014.[9] Меѓутоа, Пелицоти можел да се натпреварува само од мај 2014 година поради тоа што Астана била член на движењето за заштита на велосипедизмот[10] и дека Пелицоти претходно имал двегодишна забрана за прекршување на биолошкиот пасош.[11] Понатамошни разговори помеѓу Пелицоти и Астана предизвикале неговиот договор со екипата да биде раскинат[12] и Пелицоти можел да се врати во Андрони Џокатоли-Венецуела во 2014 година.[13]

Достигнувања

уреди
2002
1. Тур де Фриул
1. Етапа 6 Тирено-Адријатико
1. Етапа 4 Трка околу Баскија
1. Етапа 5 Трка околу Полска
2003
2. Милано-Торино
3. ГП де Ларчано
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2004
1. Гран Премио ди Кјасо
2. Копа Сабатини
2. Тур де Фриул
2005
1. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
1. Етапа 2
2. Трофео Леигвелја
3. Краен пласман Средоземна трка
2006
2. Милано-Торино
8. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 10
10. Класика де Сан Себастијан
2007
1. Меморијал Марко Пантани
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 3
1. Бодовен пласман
9. Краен пласман Џиро д’Италија
2008
3. Краен пласман Трка околу Полска
4. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 16
2009 (поништени резултати)
3. Краен пласман Џиро д’Италија
1. Етапа 17
37. Краен пласман Тур де Франс
1.   Планински пласман
  Најборбен возач
2012
1.   Национално друмско првенство
2. Гран Премио Чита ди Камаиоре
3. Краен пласман Џиро ди Паданија
3. Џиро дел’Емилија
4. Краен пласман Вуелта а Бургос
5. Сиркуито де Гечо
2013
2. Краен пласман Рут ду Суд
4. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда
4. Копа Сабатини
4. Џиро дел’Емилија
5. ГП Индустрија е Комерчо ди Прато
6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
6. Тре Вали Варезине
8. Џиро ди Ломбардија
8. Копа Уго Агостони
10. Милано-Торино
2014
3. Копа Сабатини
3. Џиро дел’Емилија
6. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали
9. Краен пласман Џиро дел Трентино
10. Трофео Лаигвелја
2015
4. Џиро дел’Апенино
6. Гран Премио ди Лугано
7. Џиро дел’Емилија
7. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали
9. Краен пласман Хералд Сан Тур
2016
7. Копа Сабатини
2018
6. Меморијал Марко Пантани

Распоред на резултатите на големите трки

уреди
Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018
  Џиро 16 9 11 8 9 4 ДСК 11 12 24 21
  Тур 75 47 ДСК 60
  Вуелта 20 37 25 50

СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван; — = не учествувал

Наводи

уреди
  1. Фаранд, Стивен (28 ноември 2018). „Pellizotti swaps the saddle for directeur sportif role at Bahrain-Merida“. Cyclingnews.com. Immediate Media Company. Посетено на 1 јануари 2019.
  2. „Пелицоти надвор од Џиро поради пронајдоците во биолошкиот пасош“.
  3. „UCI ја потврди истрагата за Пелицоти“.
  4. „Ликвигас имаат верба во Пелицоти“.
  5. Franco Pellizotti cleared to race Cycling News октомври 2010
  6. Пелицоти со забрана на две години со одлука на Арбитражниот суд за спорт
  7. Браун, Грегор (1 мај 2012). „Savio defends Pellizotti's Androni signing after ban“. VeloNews. Competitor Group, Inc. Архивирано од изворникот на 2013-05-18. Посетено на 8 мај 2012.
  8. „Пелицоти потпиша за Андрони-Венецуела“. Cycling News. Future Publishing Limited. 30 април 2012. Посетено на 8 мај 2012.
  9. „Нови возачи во Астана“. Астана. Abacanto SA. 1 август 2013. Архивирано од изворникот на 2013-08-06. Посетено на 1 август 2013.
  10. Фаранд, Стивен (1 август 2013). „Астана одлучи да потпише со Пелицоти и покрај правилата на МПЦЦ“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 декември 2013.
  11. Фаранд, Стивен (28 октомври 2013). „Астана прифати дека Пелицоти не може да вози до мај 2014“. Cyclingnews.com. Future plc. Посетено на 27 декември 2013.
  12. „Астана и Франко Пелицоти се разделија“. Cyclingnews.com. Future plc. 9 декември 2013. Посетено на 27 декември 2013.
  13. „Пелицоти остана дел од Андрони Венецуела откако пропадна договорот со Астана“. VeloNation. VeloNation LLC. 23 декември 2013. Посетено на 27 декември 2013.

Надворешни врски

уреди