Мали (француски: Mali) или официјално Република Мали (француски: République du Mali) е држава во Западна и Северна Африка, каде е и седма најголема држава на континентот. Мали граничи со Алжир на север, Нигер на исток, Буркина Фасо и Брег на Слоновата Коска на југ, Гвинеја на југозапад и со Мавританија на запад. Вкупната површина на Мали изнесува 1.240.192 км2 каде живеат околу 14.517.176 жители. Главен град на државата е Бамако.

Република Мали
Знаме Грб
Гесло"Un peuple, un but, une foi"
„Еден народ, една цел, една вера“
ХимнаLe Mali
„Мали“[1]
Местоположбата на  Мали  (зелено)
Местоположбата на  Мали  (зелено)
Местоположбата на  Мали  (зелено)
Главен градБамако
12°39′N 8°0′W / 12.650° СГШ; 8.000° ЗГД / 12.650; -8.000
Најголем град главниот град
Службен јазик француски
Поголем јазик: бамбара
Демоним Малиец
Уредување полупретседателска република
 •  Претседател Ибрахим Бубакар Киита (вршител)
 •  Премиер Бубу Сисе
Независност од Франција 
 •  Објавена 22 септември 1960 
Површина
 •  Вкупна 1,240,192 км2 (24-та)
 •  Вода (%) 1.6
Население
 •  Попис 2020 19 553 397 (62-ма)
 •  Густина 11.7 жит/км2 (215-та)
БДП (ПКМ) проценка за 2008 г.
 •  Вкупен $15.084 милијарди[2] 
 •  По жител $1.129[2] 
БДП (номинален) проценка за 2008 г.
 •  Вкупно $8.774 милијарди[2] 
 •  По жител $656[2] 
Џиниев коеф. (1994)50.5
висок
ИЧР (2013) 0.407[3]
низок · 176та
Валута Франк (XOF)
Часовен појас GMT (UTC+0)
 •  (ЛСВ) н/п (UTC+0)
Се вози на десно[4]
НДД .ml
Повик. бр. 223

Мали се состои од осум региони и северниот дел е составен од пустината Сахара, додека јужниот дел се наоѓаат реките Нигер и Сенегал. Економијата на Мали се заснова на земјоделството и риболовот. Како дел од природното рудно богатство на Мали е златото, ураниумот и солта. Сепак, Мали е една од најсиромашните држави во светот.

Денешното Мали порано било во склоп на три африкански држави: Ганското царство, Малиското царство (чие име го носи) и Сонгајското царство. Во XIX и XX век Мали било под француска власт и дел од Француски Судан. Во 1959 година Мали и Сенегал се стекнале со независност и ја создале Федерацијата Мали. По една година, Мали се отцепил од федерацијата и станал независна држава.

Потекло на името уреди

Потеклото на името на Мали не е познато и сè уште е дебата за историчарите. За време на Малиското царство, Мандинка народот се именувал како Малинке од Мали наместо Мандинка од Манден, односно со тек на времето зборот еволуирал. Така околните народи почнале територијата да ја нарекуваат само како Мали.

Историја уреди

Денешната држава Мали порано било во склоп на три африкански држави: Ганско царство, Малиско царство и Сонгајско царство. Овие царства во текот на своето постоење целосно ги контролирале териториите на транс-сахарската територија со злато, сол и други скапоцени артикли, и притоа биле во директен допир со Средоземјето и Блискиот Исток, место каде постоеле големи цивилизации. Во околу 600 година, сонгајските трговци создале сопствени пазари во Кукаја и Гао, со кое го ставиле почетокот на Сонгајското царство. Првите позначајни земји на територијата на денешната држава Мали главно се наоѓале во нејзините планински предели, главно на запад.

Така, во околу 790 година е основано Ганското царство чија престолнина била Кумби Салех. Ганското царство станало едно од најсилните во регионот во периодот од 700-1075 година. Царството ги опфаќало териториите на денешните земји Мавританија, голем дел од Мали и делови од Сенегал. Исламот како религија бил одбиен во земјата, и покрај тоа што соработката со муслиманските земји била на големо ниво. Во 1078 година, Гана се распаднала, главно поради меѓудинастички пресврти и голема промена на политичката структура. Алморавидската династија дополнително придонела за распаѓање на Гана.

Царството Мали е формирано во текот на XIII век. Таа била муслиманска земја. Центарот на империјата се наоѓал во горниот дел по текот на река Нигер. Моќта на царството се гледала главно во трговијата со злато со арапскиот свет. Најголеми градови биле Гао и Тимбукту. Во текот на XIV век, царството го достигнало најголемиот територијална опфат, дури до Атлантскиот Океан, за во следниот XV век да започне полека да се распаѓа. Во XVII век царството се распаднало. Било формирано друго царство познато како Бамбарско царство. Бамбарското царство постоело како централизирана држава во периодот од 1712-1861 година, главно во централниот и јужниот дел на Мали. До крајот на XIX век на овие простори постоеле уште Масинско царство, Тукулерско царство и Васулско царство.

Во 1960 година, Француски Судан и Сенегал станале независни држави под името Федерација Мали. По една година, Сенегал се повлекол од сојузот, по кое Суданската република го преименувала своето име во Мали. Прв претседател на земјата станал Модибо Кеита. Во 1968 година се случил државен удар, а од 1974 година бил изгласен нов устав со кое бил создаден еднопартиски систем. По две години сепак била формирана првата демократска партија. На изборите од 1979 година партијата освоила најголем број на гласови. Политичката состојба во земјата се стабилизирала во 1981 година. Во 1985 година, поради граничен спор избувнал конфликт помеѓу Мали и Буркина Фасо.

Географија и клима уреди

 
Хомбори.

Мали е држава без излез на море во Западна Африка и дел во Северна Африка. Со своите 1.240.000 км2 Мали е 24 најголема држава во светот. Голем дел од земјата се наоѓа во јужниот дел од Сахара, каде има топли и суви савани.[5] Мали е претежно рамна земја.

Климата на Мали е тропска и сува.[5] Голем дел од земјата има слаби врнежи од дожд и сушите се честа појава.[5] Врнежливата сезона во Мали е од јуни до декември. За време на овој период, реката Нигер се прелива и создава делта.[5]

Државата има залихи од неколку природни ресурси, како на пример злато, фосфат, каолинит и сол. Големи проблеми жителите во Мали имаат со ерозијата, сечата на шуми и ширењето на пустинските предели, но и проблеми со вода за пиење.[5] Martin, p. 134.</ref>

Политички систем уреди

Мали е полупретседателска република со усвоен последен устав на 12 јануари 1992 година. Според уставот, власта во Мали е поделена на извршна, законодавна и судска.[6]

Извршната власт е во рацете на претседателот кој е избран за мандат од пет години и можност за два мандати.[6][7] Премиерот е назначен од страна на претседателот и тој го назначува Советот на министри.[6][8] Законодавното тело во Мали, собранието, е еднодомно со пратеници избрани за петгодишен мандат. Уставно, судската власт е независна.

Административна поделба уреди

 
Карта на Мали.

Мали се дели на осум региони и главниот град (како престолнински округ). Регионите се поделени на околии, околиите се поделени на окрузи. Окрузите пак, се делат на општини.

Регионите се:

Стопанство уреди

 
Пазар во Кати.

Мали е една од најсиромашните држави во светот.[9] Просечната годишна плата изнесува 1.500 долари. Помеѓу 1992 и 1995 година, Мали промовирал програма со која за нијанса се подобрила економската слика и тоа резултирало со тоа што Мали станал член на Светската трговска организација.[10]

Главната индустриска гранка на Мали е земјоделството. Најизвозена суровина е памукот и се извезува во Сенегал и Брегот на Слоновата Коска.[11][12] Додатно на памукот, Мали произведува ориз, пченка, зеленчук и тутун. Златото, земјоделството и сточарството сочинуваат 80% од економијата.

Население, јазик и религија уреди

Религија во Мали
религија процент
Ислам
  
90 %
Христијанство
  
5 %
Локални религии
  
5 %

Во јули 2009 година населението на Мали броело околу 13 милиони жители, со годишен природен пораст од 2.7%. Населението е претежно рурално, односно 68% живеат во рурални средини и 5-10% се номади.[13] Повеќе од 90% од населението живее во јужниот дел од земјата. Повеќе од 48% од населението се помлади од 15 години.

Во Мали живеат значителен број африкански етнички групи. Најголема етничка група се Бамбара кои сочинуваат 36,5% од населението. Бамбара, заедно со Сонинке, Хасонке и Мандинка се дел од Манде групата народи и се 50% од населението во Мали. Други позначајни етнички групи се Пеул со 17%, Волтајци со 12%, Сонгаи со 6% и Туарези и Мори со 10%.

Службен јазик е францускиот, но над 40 јазици се зборуваат во земјата. Лингва франка е јазикот бамбара. Над 90% од населението се муслимани.

Култура уреди

Музичката традиција на Мали главно потекнува од гриотите, односно наречени „чувари на спомените“. Музиката е разновидна и вклучува повеќе елементи и жанрови. Најзначаен музичар е Тумани Диабате.

Иако литературата е послабо промовирана во Мали, секогаш Мали бил еден од центрите за интелектуалност во регионот.

Наводи уреди

  1. „Presidency of Mali: Symboles de la République, L'Hymne National du Mali“. Архивирано од изворникот на 2008-12-20. Посетено на 2010-03-03.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 „Mali“. International Monetary Fund. Посетено на 2009-10-01.
  3. „2014 Human Development Report Summary“ (PDF). United Nations Development Programme. 2014. стр. 21–25. Посетено на 27 July 2014.
  4. Which side of the road do they drive on? Brian Lucas. August 2005. Retrieved 2009-01-28
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Mali country profile, p мај
  6. 6,0 6,1 6,2 Mali country profile, p. 14.
  7. Constitution of Mali, Art. 30.
  8. Constitution of Mali, Art. 38.
  9. Central Intelligence Agency (2009). „Mali“. The World Factbook. Архивирано од изворникот на 2015-11-10. Посетено на 12 јануари 2010.
  10. „Mali“. U.S. State Department. 2008-05. Посетено на 2008-06-04. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  11. Hale, Briony (1998-05-13). „Mali's Golden Hope“. BBC News. BBC. Посетено на 2008-06-04.
  12. Cavendish, p. 1367.
  13. Mali country profile, p јуни

Користена литература уреди

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди

Општо
Туризам