Мира Фурлан (7 септември 1955, Загреб20 јануари 2021, Лос Анџелес) — една од најголемите ѕвезди на југословенскиот филм во 1980-ите, па до нејзината смрт. Била позната на меѓународен план по нејзините улоги во сериите Вавилон 5 и Изгубени[2].

Мира Фурлан
Мира Фурлан во 2008
Роден(а)7 септември 1955(1955-09-07)
Загреб, СФРЈ
Починал(а)20 јануари 2021(2021-01-20) (возр. 65)[1]
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимањеглумица, пејачка
СопружникГоран Гаиќ (1998-2021)
Мреж. местоhttp://www.mirafurlan.com

Животопис

уреди

Фурлан е родена во 1955 во Загреб, каде што дипломирала глума на Академијата за драмски уметности, а во 1978 станала членка на Хрватскиот народен театар. Филмското деби го имала во „Киклоп“ во 1982 година, за што освоила Златна арена за најдобра споредна улога на Филмскиот фестивал во Пула, по што станала една од водечките југословенски глумици. Во 1986 година била наградена и со Златна арена за најдобра глумица за „Убавината на порокот“[3].

Од крајот на 1980-ите главно работела во Белград, а во 1991 се преселила во САД, каде што продолжила да глуми, остварувајќи ги најзабележителните улоги во сериите „Вавилон 5“ и „Изгубени“[4]. Од 2004 до 2008 година глумела во американската серија „Изгубени“, серија со планетарен успех.[5]

Во Хрватска се вратила во 2002 година, играла главна улога во претстава во режија на Раде Шербеџија[6].

По враќањето во поранешна Југославија, Мира Фурлан глумела и во српски филмови и серии, а најмногу се истакнала во филмот „Тур“ и ТВ-серијата „Се вратија штрковите“.

Таа повремено пишувала и колумни за списанието Ферал трибјун од Сплит[7].

Истакнатиот режисер Рајко Грлиќ за неа изјавил „Мира беше најголемата југословенска и хрватска глумица од мојата генерација“. „Кревка и силна, исклучително чувствителна и истовремено храбра жена“.

Филмографија

уреди
Филмографија на
Год. Назив Улога
1970
1975 Кнез
1976 Тројцата
1977 Премини ја реката ако можш
1978 Истарска рапсодија Кате
1979 Новинар Вера
1980
1980 Патот за Кумровец
1981 Раното созревање на Марко Ковач
1981 Непокорен град Зденка
1980−1981 Вело мисто Кате
1982 Киклоп Енка
1983 Дете и зајак
1983 Престројавање
1983 Киклоп (ТВ-серија) Енка
1983 Писмо - глава Финка
1983 Дундо Мароје Петруњела
1984 Во вилиците на животот Маријана
1984 Штефица Цвек во вилиците на животот (ТВ-серија)
1984 Задарскиот мементо Кармела
1985 Тоа не е мојот живот, тоа е само привремено
1985 Хорватовиот избор Ева
1985 Здраво, инспекторе Ружа
1985 Таткото на службен пат Анкица Видмар
1985 Посета
1985 За среќа, потребни се тројца Зденка Робиќ
1986 Од злато јаболко Мирјана
1986 Убавината на порокот Јаглика
1982−1986 Смоговци Мира
1986. Путовањето во Вучјак Ева Хорватек
1986 Шпадијер еден живот Здравка
1987 Домот на Бергманови Лаура
1987 Осудени Мира
1987 Љубовите на Бланка Колак Бланка
1988 Засега без добар наслов глумица
1988. Шпион на штикли Весна Логан
1987−1988 Вук Караџиќ Петрија
1988 Пат за југ Беси
1988 Браќа по мајка Вранка
1989 Полтрон Милена Крталиќ
1989 Подобар живот Финка Пашалиќ
1989 Бункер Палас хотел
1989 Другарица министарка Зденка
1990
1990 Туѓинец (мини серија) Анѓелија
1990 Стела Луција
1990 Глув барут Јања
1991 Сараевски приказни Милена Газивода
1991 Видео елка, зелен бор Јованка
1990−1991 Подобар живот 2 Финка Пасалиќ
1993 Вавилон 5: собирани Делен
1995 Јас Антонија
1996 Црни мачки
1997 Спајдермен
1998 Вавилон 5: на почетокот Делен
1998 Вавилон 5: Третата вселена Делен
1994−1998 Вавилон 5 Делен
2000
2001 Шина
2004 Диши длабоко Лила
2006 Ноќен Сталкер Марлин Шилдс
2007 Апологија Жаклина Слејтман
2004−2008 Изгубени (ТВ серија) Данијел Русо
2008 Ќе се вратат штрковите Јагода
2008 Турнеја Соња
2009 Гола кожа Цица
2010
2010 Циркус Колумбија Луција

Награди и признанија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Babylon 5 Star and Lost Actress Mira Furlan Passes Away“. SuperHeroHype. 2021-01-21. Посетено на 2021-01-22.
  2. Mira je bila najveća jugoslavenska i hrvatska glumica
  3. Mira Furlan
  4. „The Babylon Project“. Архивирано од изворникот на 2021-01-22. Посетено на 2021-01-22.
  5. „Mira Furlan“. Архивирано од изворникот на 2021-01-26. Посетено на 2021-01-22.
  6. Mira Furlan, kazalisne uloge
  7. Mira Furlan u Sarajevu govorila o ludilu nacionalizma: Pomislim da ne znam gdje sam živjela[мртва врска]

Надворешни врски

уреди