Скопски Санџак
Скопскиот санџак на почетокот од османлиските освојувања на Балканот припаѓал на Румелискиот вилает. 1392 година Скопје потпаѓа под османлиска власт и станува административе центар на новоформираниот санџак. Скопскиот санџак бил прва организирана османлиска провинција на територијата на балканските земји и база за навлегување кон север и запад.
Скопски санџак Üsküb Sancağı | ||||||
Санџак на на Отоманското Царство | ||||||
| ||||||
| ||||||
Главен град | Скопје | |||||
Историја | ||||||
- | Основана | 14 век | ||||
- | Лондонски договор (1913) | 30 мај 1913 | ||||
Денес во | Македонија |
Скопје, станува дел од Отоманското Царство на 6 јануари 1392 година.[1] Прв отомански управител на Скопје бил Паша Јигит Бег.[2] Следен управител бил Исак-бег, кој бил испратен да ги предводи воените операции во Србија во текот на 1439 година. Подоцна Исак-бег бил заменет од неговиот син Иса-бег Исаковиќ на позицијата санџакбег на Скопскиот санџак.[3]
Скопскиот санџак е формиран околу 1553/54 година, т.е. во средина на 16 век. Во рамките на Скопскиот санџак влегувале четири нахии, како и вакафските имоти во Скопје, Скопско, Тетово и Тетовско. Во склоп на Скопскиот санџак влегувале нахиите:
Пред создавањето на Скопскиот санџак, споменатите четири нахии биле во составот на Паша-санџакот. Оригиналот на Опширниот пописен дефтер за Скопскиот санџак (Defter-i mufassal liva-i Uskup) се чува во Главната катастарска управа во Анкара.
Во 1875 година Скопскиот санџак влегува во состав на Битолскиот вилает, а под негова ингеренција биле казите во: Скопје, Кумоново, Штип, Крива Паланка, Радовиш, Кочани и Кратово.
На почетокот од 20. век Скопскиот санџак му припаѓал на Косовскиот вилает.
Афуз-паша изградил повеќе објекти во тогашно Скопје. Подигнал занаетчиско училиште „Ислахане“, во кое учеле сиромашните деца од градот. Во училиштето имало и интернат. Ја изградил и гимназијата „Идадија - мектеби“. Ги уредил коритата на реките Вардар и Серава.[5]
За време на Илинденското востание, 1903 година во Скопскиот санџак, биле опожарени и подложени на поголеми или помали клања селата: Долно Трогерци (Штипско), Ново Село, Витоша, Вранинци, Просек (Кочанско), Луково (Штипско) и др. Вкупно во санџакот биле опожарени 94 куќи и испоклани 60 души.
Согласно Мирцштешките реформи, турската влада била приморана да направи реформи во управувањето со Македонија, според кои Скопскиот санџак им бил доделен на австриски офицери.
Расформирање
уредиВо текот на Првата балканска војна, 1912 година и на почетокот од 1913 година Скопскиот санџак бил окупиран од Кралството Србија. Врз основа на Лондонскиот договор, потпишан на Лондонската конференција 1913 година, неговите територии станале дел од Србија.
Наводи
уреди- ↑ „Archeological exavations "Skopsko Kale"“. skopskokale.com.mk. Архивирано од изворникот на 2011-02-07. Посетено на 2011-02-07.
The handwriting of the triod of the Khludov collection in the Moscow Historical Museum no. 162, completed on 6 January 1392, on the day of the Ottoman conquest of Skopje.
- ↑ Houtsma, Martijn Theodoor (1993), Encyclopaedia of Islam, VIII, Netherlands: E.J. Brill and Luzac and Co., стр. 876
- ↑ Godišnjak (српскохрватски). Sarajevo, SFR Yugoslavia: Društvo Istoričara Bosne i Hercegovine: 46. 1953.
To se najbolje vidi iz sadržine vijesti na osnovu koje znamo za njihovu prisutnost u Bosni 1438 godine, a još bolje iz činjenice da se u proljeće sljedeće godine ovdje pojavio novi skopski sandžakbeg Isa-beg, sin dotadašnjeg skopskog sandžaka Ishak bega koji je bio upućen na akcije u Srbiji
Отсутно или празно|title=
(help);|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Турски документи за историјата на македонскиот народ, Архив на Македонија, Скопје, 1984, том VI, книга I, стр. 7.
- ↑ vest.com.mk Архивирано на 2 август 2014 г., Улицата Афуз-пашина е крстена по турскиот паша Афуз, пребарано на 24 мај 2010 г.