Станко Липша (13 ноември 1915 во Задар17 јануари 1986 во Скопје) — македонски оперски пејач, повеќе од три децении носител на баритонскиот репертоар на Операта при Македонскиот народен театар и долгогодишен вокален педагог.

Дебитираше со ликот на Ескамилио во „Кармен“, а последен пат на сцената настапи како Амонасро во „Аида“. Речиси нема оперски пејач кој бил или е член на Операта при МНТ кој не поминал низ „студиото“ на Липша.