Јаја Саного
Јаја Саного (роден 27 јануари 1993) — француски професионален фудбалер кој игра за англискиот клуб од Премиер лигата, Чарлтон Атлетик, како позејмен играч од Арсенал, на позицијата напаѓач.
Јаја Саного | |||
---|---|---|---|
Саного со Чарлтон Атлетик во 2016 | |||
Лични податоци | |||
Роден на | 27 јануари 1993 | ||
Роден во | Маси, Франција | ||
Држава | Франција | ||
Висина | м | 1,93||
Позиција | напаѓач | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Тулуза | ||
Број | 9 | ||
Младинска кариера | |||
Осер | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010-2013 | Осер | 21 | (10) |
2013-2017 | Арсенал | 11 | (0) |
2015 | → Кристал Палас | 10 | |
2015–2016 | → Ајакс | 3 | (0) |
2015 | → Јонг Ајакс | 3 | (0) |
2016 | → Чарлтон | 8 | (0) |
2017- | Тулуза | 61 | (12) |
Репрезентација ‡ | |||
2008-2009 | Франција 16 | 18 | (18) |
2009-2010 | Франција 17 | 16 | (9) |
2010-2011 | Франција 19 | 9 | (2) |
2013 | Франција 20 | 10 | (5) |
2011-2014 | Франција 21 | 8 | (5) |
* Ажурирано на: 6 јануари 2011 ** Ажурирано на: 17 ноември 2010 |
Тој ја претставувал Франција во селекциите до 16, до 17, до 19, до 20 и до 21 година.
Кариера
уредиОсер
уредиОткако неуспеал да заработи место во престижната Клерфонтејн академија, Саного му се приклучил на локалниот клуб Лес Улис, истиот клуб во кој како млад играл и се развивал легендата на францускиот фудбал Тјери Анри.[1] По една година во клубот, Саного го напуштил и дошол во академијата на Осер на возраст од 13 години. Во 2009 година го направил своето деби за вториот тим на Осер во Првенство де Франс аматер. На 24 јануари 2010, тренерот на Осер Жан Фернандес го повикал Саного во првиот тим за натпреварот од Купот на Франција против Седан кој бил одигран на 26 јануари, еден ден пред неговиот 17-ти роденден. Исто така му бил доделен дресот со број 19.[2] Саного го направил своето професионално деби влегувајќи од клупата во 108-мата минута, а Осер го добил натпреварот по изведувањето на пенали со вкупен резултат 3-0.[3] На 5 мај 2010, тој го имал своето лигашко деби влегувајќи како замена во поразот со 2-1 од Лион.[4] На 6 ноември 2011, Саного го постигнал својот прв преофесионален гол во кариерата стрелајќи во мрежата на Тулуза при победата со 2-0.[5] За време на неговата последна сезона (2012-13) во Осер постигнал 10 гола на 13 настапи во Лига 2.
Арсенал
уредиНа 5 јули 2013, Саного потпишал за англискиот премиерлигаш Арсенал и го добил дрессот со број 22, кој претходно бил носен од неговиот сонародник Франсис Коклен.[6] На 24 август, Саного го направил своето официјално деби за Арсенал против Фулам на Крејвен Котиџ појавувајќи се како замена за Лукас Подолски во 81-вата минута од натпреварот кој "топџиите" го добиле со 3-1.[7]
Титули
уредиКлупски
уредиАрсенал
уреди- ФА Куп (1) : 2013-14.
- ФА Комјунити Шилд (1) : 2014.
Репрезентација
уредиНаводи
уреди- ↑ „Yaya Sanogo, l'Aiglon de Bourgogne !“. Mali Football (француски). 28 October 2009. Архивирано од изворникот на 2013-11-06. Посетено на 26 January 2010.
- ↑ „N°25 pour Bourgeois et N°19 pour Sanogo“. AJ Auxerre (француски). 26 January 2010. Архивирано од изворникот на 2011-07-27. Посетено на 26 January 2010.
- ↑ „Auxerre v. Sedan Match Report“. L'Equipe (француски). 26 January 2010. Архивирано од изворникот на 2010-01-29. Посетено на 26 January 2010.
- ↑ „Lyon v. Auxerre Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 5 May 2010. Посетено на 5 May 2010.
- ↑ „Auxerre v. Toulouse Match Report“. Ligue de Football Professionnel (француски). 6 November 2011. Посетено на 6 November 2011.
- ↑ Twitter / Arsenal: New French striker Yaya Sanogo
- ↑ Phillips, Owen. „Lukas Podolski grabbed a goal in each half as Arsenal secured a slick and clinical victory over Fulham in the teeming rain at Craven Cottage“. BBC. Посетено на 26 August 2013.